Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Епа помислив јас да не е некое камче ама дека не спомна остра болка,кај половината и се си помислив да не не е толку сериозно :) Ајде,сега повеќе течности,таму терапија ако препишаа и ќе се опоравиш.

    Иначе ихтиозата си е наследна,како лушпеста покривка на кожата,се повлекува по малце и пак продолжува,хронична е и трае цел живот,со времени подобрувања.Ако е полесна форма тогаш лечењето можи да даде некаков ефект,со даваат витамини Б,А и Е,се примаат гамаглобулини (за имунитетот),кремчиња за омекнување на кожата,отприлика тоа.ТЕшка е,уште од бебиња се појавува.Тоа е ,со правилна терапија можи и да има подобрувања.
    Ако некој има искуство,можи и да пиши :)
     
  2. Ane.85

    Ane.85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Бев на матичен завчера да ме слушне. Некои 2, 3 месеци поткашлувам сабајлечки, вадам шлаем, де зеленикаво, де проѕирно, но сето тоа одкога ќе испијам кафе или чај. Викав, ништо озбилно, може е од цигарите ( кутија на 4-5 дена). Во истиот период некако ги осеќам и синусите и имам отежнато дишење на моменти. Носот ми се затнува некаде внатре, ко да ми се запушува. Пред 2 недели правев микро на нос и грло, немаше ништо.
    Матичнава ме слушна и вика цела лева страна е со шлаем, напред и малку позади.
    Вчера ми стигна резултатот од крвната слика, одличен е.
    Ми даде цефуроксим и сируп бронлес мислам беше, и ми вика да одам за некој ден да ме слушне пак.
    На крај ми вика, ако не се подобрам, да направам снимка на плуќа и на синуси и тука ме извади од памет.
    Зашто би правела снимка? Се исплашив да не е нешто посериозно? Крвта е добра не би требало...

    Дали некој имал ваква слична ситуација или јас непотребно се вадам од памет?
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^ Па не е ништо страшно, убаво ти кажала, можеш и порано да си направиш снимка на синуси, зашто гарант тоа е, мене еве од декември откако настинав сеуште ми е затнат носот, наутро искашлувам, без капки не заспивам, некогаш имам главоболки и често чувствувам некоја подуеност во делот под очите каде што ми е воспалението. Снимај и бели дробови, не се плаши, овој период сите сме некако болни, особено снегов додека траеше, ама јас не поткашлував туку убаво се одрав кашлајки.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мене кога ме касна крлеж ми се направи огормна убаво оформена модрица заоблена. Потечено, и суво. Местото ми беше жешко. Ми ставија знам инекција веднаш и лоратидин ми дадоа ух не знам уште што и беше исто како на сликата..
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Абе не сум се валкала на сомнителни места ич во последно време за да е крлеж на стомакот. :D
    Се шалам, денес еве не ме чеша и не е потечено па мислам дека е само некоја реакција на нешто, а ми се врти и еден друг филм во глава...
    Бидејќи пијам лекови за витилиго кои би требало да ми ја вратат пигментацијата кај што ја нема, си мислам да не делуваат тие со вишок пигмент кај што не треба? :^)
    Ова ми е ко можно сценарио, а на лекар ќе одам секако, иако освен афлодерм никогаш друго ништо не ми препишале за секакви можни симптоми, а имало и ситуации кога ми направиле поголеми проблеми, па со право не им верувам.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И јас приметив исто кај мене на стомак две точки со пигментација. Ќе одам да видам немам никаква рекација или нешто само како две фелкички. Бу! Пиши како си поминала..
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    11.812
    Пол:
    Женски
    Пишав во темата за цисти на јајници, никој не одговори. Имено, вчера ми открија цисти на двата јајника. Полни ми се. Читав по интернетов и се испоисплашив. Прочитав последици од хормонални пореметувања, дијабет, до спонтани абортуси. Докторката ми рече дека може и само од себе да се среди, а ако не успее така ќе почнам со терапија.
    Прашањето ми е, дали ќе имам некои посериозни последици понатаму?
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Ти дијагностицираа полицистични јајници? Или само по една-две цисти? :?:
    Едит: сега прочитав што си пишала во другата тема. И јас имам полицистични јајници , сум пиела и терапија па пак не се исчистија, мене ми се од оние како фоликули што пукаат, ама не пукаат секогаш и затоа немам редовна менструација. Баталив апчињата и сега почнав да пијам чаеви за кои прочитав на интернет дека помагаат. Треба да си ги провериш хормоните и шеќерот обавезно, затоа што тој е една од причините за појава на овој синдром. Последици какви ќе има не знам, некои жени тешко забременуваат , некои немаат проблем , кај секого е различно. :|
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    11.812
    Пол:
    Женски
    Микроцистични ми рече. Многу цистички има. Ме плаши да не не се водени. Сега ги чекам резултатите од брис и пап, па Ќе видиме што понатаму. Цело време мислите ми се таму.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сите кои некогаш сте имале рана и ви била шиена, дали по неколку месеци (или година дена) сте почуствувале некоја слаба болка на местото кај што ви била раната?

    Бев шиена пред една година на раката, и ми се има случено повеќе пати како да чувствувам (слаба) болка баш на тоа место.
    Можно ли е, или си умислувам?
    Значи помина многу време и раната си е зарасната скоро не се ни познава, ќе напоменам дека во тој дел од раката има и мускул, ама се си е зараснато.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.764
    Пол:
    Женски
    Раната боли од промена на времето. Мајка ми има од пред 30тина години и стално ја боли при промена на времето. Дедо ми има 3,4 и кога се менува времево неиздржливо го болат. Ако сакаш пиј си нешто против болки.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    И јас нешто имам слушанто, но мислев тоа дека важи само за скршеници. Ама веројатно местото е чувствително кога еднаш било повредно, па затоа боли. Баш ќе проверам дали ми се случува при промена на времето... За среќа не е некоја јака болка, ама чисто сакав да видам дали има и други случаеви како мене
     
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Луѓе, мене изгледа ме фаќа грип, ме боли главата и грлото неможам да зборам. Лижев Трахисан али не ми помага тоа, давајте нешто док е време да се излечам, неќам викендов дома да лежам болна :worried:
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Домашен прополис, Витамин Ц-лимони во изобилство, Фервекс, топла супа или чај и презнојување, гаргара со чај од жалфија, топла облога со ракија и држи на врат околу 2 часа, прегори 1-2 лаж шеќер и стави 1 чаша млеко откако ќе зоврие тргни на страна да се олади и пиј (исто ова само со вода и добиваш чај).......домашни лекови
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.842
    Боли.
    Јас имав операција пред 6 години, и уште повремено ме боли на тоа место, обично ако наравам нагли движења, а понекогаш и кога не се движам. Го прашував и докторот, ми рече нормално било.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Веке две години како повремено чувствувам некоја внатрешна болка на десната страна на главата блиску до темето. Прво чувствувам болка, а потоа ке почне да ме пече. Дали некој знае што би можело да е ова, веке почнува сериозно да ме загрижува?
     
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Поминале 2 години и сеуште немаш отидено на лекар???
    Под итно оди нека те прагледаат,може си се удрила а не си приметила па ти се појавил некој хематом.....незнам што друго може да биде на лекар најсигурно ке ти кажат што е ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски

    Да сум се удрила и тоа одамна. Ама болките не се толку чести, а што е тоа хематом? Да ке одам на лекар обавезно. Фала ти.
     
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Па незнам баш медицински да ти објаснам,вака народски...при ударот дошло до внатрешно крварење и крвта се згрутчила надвор од крвните садови и се створил хематом,тоа е уствари хематомот згрутчена крв...бар ја така знам :?:
    Некоја од феминкиве што е медицинско лице може поубаво да ти објасни :) :*
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ахх јас сум готоваааа, се разболев, изнастинав, кренав температура 39 жешко ми е во главата здивот ми е жежок мислам дека ако заспијам и никогаш нема да станам, многу ми е тешко лелеееее :sweat: освен парецтамол нешто друго за температура знаете ли? оти парецтамол не помага