Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Девојки веќе три дена тече крв од носот, денес бев на лекар, таа ми рече дека не е ништо но се плашам од што може да биде? :(
     
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    48.343
    Пол:
    Женски
    И мене така ми се случува понекогаш ама не толку често, на различни делови на главата осеќам како нешто жешко, баш како печење коа поминува после тоа. Имам идено на лекар ЕЕГ правев и беше добро, за удирано се имам ама кој па се нема удрено :) Иди си на лекар и се надевам дека не е хематом :(
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ај јас пак ке прашам нешто.Мислам дека порано сум го поставила ова прашање ама сега почнува да ме фака страв.

    Значи претерано почнав да заборавам.Не знам што ми се случува...Почнав да не паметам .Ни телефонскиот број,ниту што сум правела денес.Се пожалив на мајка ми но таа ми рече дека се случува речиси тоа на сите да забораваат основни работи но кај мене не се случува прв пат...Односно,ова почнува да е секојдневно.Да кажам дека некогаш имам и силни болки на главата.Бев еднаш на доктор да ме прегледа ми кажа дека не ми е ништо а мене просто не ми се верува..

    До што може да биде? :worried:
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    се мислев кај да го поставам прашањево, ама ајде нека биде тука, се надевам ке ми помогнете ;) ми заврши менструацијата саботата, ама сега осеќам во делот кај јајниците некоја чудна болка, и одвреме навреме како некоја топлина во јајниците, а исто имам понекогаш мала болка позади , под половината, исто како пред добивање се чувствувам :(
    се надевам ме разбравте ;)
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Можеби е настинка или пак си во овулација, најчесто тоа се симптомите, за друго не знам :worried:
     
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Посети невролог и психијатар.
    Причина може да биде некој проблем на кој го посветуваш целото внимание или можеби недостаток на некој витамин. Ти си млада не треба да имаш вакви проблеми.
    Не се плаши, сигурно не е нешто сериозно... :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.066
    Допаѓања:
    257.104
    Провери си најпрво крвта, може да ти е намалено серумското железо. И јас имам сличен проблем, имам ниско серумско железо па брзо заборавам, слабо паметам и немам концетрација, понекогаш мешам зборови, а претходно имав добра меморија. А и понекогаш имам главоболки.
    Не паничи, не би требало да е нешто страшно.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ви благодарам најпрвин на одговорите.Во најбрз можен рок ке посетам доктор бидејки ова е веке 2 години кај мене.Најпрвин имав благи болки.Мислев дека е пролада но потоа продолжија со силни болки кои не се трпеа.За крвта немам спомнато дека летото ми додаваа па потоа кога бев во Филип 2 пред 2 месеци ми кажаа дека е се во ред.Се надевам дека се е во ред. :)
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mене ова често ми се случува,а сега си ја проверував крвта и супер ми е,наеднаш ке ми се слоши и ми се врти,она да не можам на нозе да стојам,ако постојам можам да паднам,и ми се сојадува наеднаш балго благо,сега пола чоколада изедов и се потсмирив,му се случило на некој вака и што може да биде? :^)
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Веројатно имаш проблеми со притисокот.
    Претпоставувам дека ти е низок, колку кафе пиеш дневно?
    Си го измерила притисокот во последно време?
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Да имам низок притисок како не ми текна дека може да е ова,пијам 2-3 кафина во денот,треба да намалам? :?:
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Или ти се спојуваат притисоците? Мене така ми се случува и кога ми е пулсот забрзан, а притисокот низок....
    Пробај да пиеш на гладно секое сабајле ѓумбир растворен во вода, ќе видиш како ќе ти го крени притисокот без кафиња и слични стимуланси.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Едно прашање верувам премногу често, но ете ете кога ке дојде моментот незнам што да правам..

    Вчера изгледа поднастинав кога бевме вечерта искочени, и еве денес ме боли грло, гребе, одвај голтам, ко камења да голтам..верувам знаете како е.. :(
    И малку се осеќам омалаксано изгледа имунитетот ми опаднал у последно време..

    Пиев чај, и мед земав за грлото, и трахисан лижам исто.. нешто друго што можам да превземам, што ке помогне? Несмеам да се разболам сега, едноставно несмеам!! :worried:
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Витамини и многу течности. За грлото направи си прегорен шеќер. Можеш да си купиш и Стрепсилс или Септолете, многу помагаат.
     
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.238
    Пол:
    Женски
    Во вторникот ја примив последната вакцина за тетанус, раката веќе неколку дена има мал оток и ме боли, шо значи то? :worried:
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.507
    Допаѓања:
    92.074
    Пол:
    Женски
    Можеш и на крпа да ставиш ракија и бибер и да ја врзеш на грлото. Мене ова најмногу ми помага. Знам лошо мириса ама за здравје е.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ништо не значи, почекај за некој ден ќе помине, нормално си е е тоа, телото си реагира. Не се секирај... и мене исто ми отече и ме болеше на допир, не само со последната 3-та доза, туку и со втората ревакцинација, за два-три дена го снема отокот. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нагло ти паѓа шеќерот. Мене ова ми се случува од 5то одд, од кога ме мавнаа бубачките па држев диети и си направив проблеми! Секогаш носи си нешто благо во ташна, ако не ти провериле шеќер оди нека ти проверат и тоа. Некој посебен третман нема.. тоа е тоа. Да имаш секогаш нешто благо и чим приметиш дека ти се слошува одма да каснеш, да не дојде до тоа пресекување нозе, црно пред очи и сл.
    Сега видов и дека имаш низок притисок исто, може и од тоа да е. Кафе немој да пиеш, кафето ти прави само бетер за притисокот. Пиј доволно течност, ако осетиш дека ти паднал притисокот место кафе испи две чаши вода одеднаш. Притисокот паѓа кога се шират крвните садови, кафето ги собира ама после 2-3 саати нагло одеднаш повторно се шират.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Последниве неколку дека имам бел кремав секрет. Погуст е од обично, инаку нема непријатна миризба, чешање или печење. Само количеството и густината се сменети, па ми дојде чудно. Планирам во најскоро време да посетам гинеколог, ама би сакала да слушнам и некое мислење од вас, од што може да ми е вака. Многу ме нервира и ми пречи. :doh:
     
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    4.620
    Пол:
    Женски
    Да не си пред добивање? Многу често и од тоа може да се појача секретот