Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
     
  2. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Постојано се вцрвувам во лицето и како да ми гори исто така и устата ми пука дали есе работи за внатрешна температура (а кога мерам на топломер 35-36 ми покажува)и дали е страшна или пак е обична појава ова што ми се случува?
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Трибиани еве повели имаш цела тема за твојот проблем.
    Испукана уста
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Мислам дека Трибиани не бара совет за испукана уста, туку дали е во прашање внатрешна температура или нешто друго.
    Можеби си дехидрирала, организмот ти бара течности, и заради тоа се суши устата и пука.
     
  5. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Не сум сигурен дали форумов е за машки(се извинувам ако не е) но барав по гугл за истиов проблем и налетав на твојот проблем.истиот проблем го имам и јас.кај мене почна со малото прсте на десната рака,ми отече,но не ме болеше,сега веќе 3 прста ми се отечени и кога правам тупаница ме боли,исто ме боли при притисок,али чувстувам како коската да ме боли кога притискам со другата рака на зглобовите на прстите од десната.проблем е што ми е страв да одам на лекар.ако си била на лекар кажи ми што ти кажаа.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас го имам истиов проблем долги години наназад ,но за разлика од тебе јас никогаш не сум се бричела под мишки туку секогаш сум се депилирала со восок(ми потекуваше и предходно пред да почнам со депилирање).Мене жлездата ми отекува од стикови и антиперспиранти и ми се прави како топка која навистина боли и ме спречува нормално да ја движам раката ,но никогаш не сум отишла на доктор .Кога ќе ми потече не користам никаков стик , по неколку пати во денот се бришам со влажни марамици или се замивам само со вода и сапун и за 5-6 дена се смирува .Веќе една година користам крема на јака 80 ( антиперспирант од рубин кармин 24 денари) и не ми потекла од тогаш .Мислам дека антиперспирантите во себе содржат и пудра која ги затвара порите и го прекизвикува ова потекување.
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Лукс нема потреба за загриженост најверојатно е реакција на поголем подсвесен психички стрес, олабави се, релаксирај се, Б6 витамин пред легнување. Психичкиот замор дава такви реакции, чуство на тресење во полусон, раздразливост, чувство на измореност.

    Мачкица и Аит ова е воспаление на потна железда. Препорачува да си одиш на лекар, само со директна испекција и палпација може да се одреди дали е потребен зафат или не. А и ако треба тоа не страшно бидејќи тоа е само дренажа извлекување на гнојот од жлездата. Значи не е типичен хируршки зафат. После тоа следат пак антибиотици. Ако е поголемо воспалението потешко е антибиотикот да навлезе внатре и да делува против бактериите. Кога ќе се извади содржината плус антибиотикот помала е површината на која треба да делува антибиотикот и може целосно да се истретира инфекцијата. Аит мој совет да одиш на лекар, а и јас искрено не препорачувам депилација во пазуви, тука има многу лимфни јазли.

    Анонимен прво нема потреба од страв. Колку се одложува одење на лекар, толку си правиш поголема штета на самиот себе. Кај тебе мислам дека не е истиот случај бидејќи кај тебе како што кажа проблемот е само на десната рака, а кај 1209 проблемот е системски зафатен е зглобот на ногата. Кај тебе е локализирано само на десна рака. Кај тебе би препорачала прво рендген слика на раката и реуматиден фактор, и седиментација на крв. И пак ќе повторам нема никаква потреба од страв. :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Zlatusko страв ми е од лекар поради тоа што минатата година имав мали сипаници,они ме третираа као алергија да имам и ме клукаа со лоратадин.за среќа роднините ми кажаа дека се мали сипаници и после месец со течна пудра поминаа.баш поради ова сега баш не им верувам,али ќе одам во понеделник пошо денес се и сешто прочитав по гугл.иначе да кај мене е само на десната рака т.е прстите.вчера ме болеа сега не ме боли,само се отечени,ништо друго не ме боли,никакви тегоби немам.
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Немој да се ослонуваш на гугл многу, бидејќи таму најчесто први излегуваат најтешките и насериозните случаи. Алергиска реакција и мали сипаници се разликуваат многу само на изглед, па навистина не ми јасно како било возможно да се направи грешка таква. Јас од твојот прв пост заклучив дека имаш отоци подолго време, а сега од вториот дека е нешто акутно. Стави мраз на отокот, и земи аспирин. Сепак ако отокот трае до понеделник, направи барем рендген слика обавезно.
     
  10. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Денеска три пати ги мачkав со народен лек ракија и ореви стоени некое време на сонце или така нешто.сега мислам дека отокот попушта,а и приметив дека можам да ги свиткам повеќе прстите.исто попладнево спиев и после спиење не ме болеа,и не ми беа како укочени,обично такви ми беа секогаш после спиење.фала за инфото и за утехата zlatusko :)
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Последнава недела нон стоп ми се затнуваат ушите.Кога голтнувам нешто ми крцка во ушите ( :rofl: ) и исто кога се прозевам ме пресечува во ушите и грлото и после тоа некое време ми се затнати ушите,не слушам добро. :^) .Се надевам ме разбравте што сакав да кажам. :lol:
    Anyone ? :?:
     
  12. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Мислам дека се работи за некое воспаление или можно е да ти влегла вода во ушите за време на бањање, најубаво во понеделник ако не ти помине да отидеш на оторинголаринголог и тој ќе те прегледа :). Во секој слчај мислам дека не е ништо страшно :hai:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Мене од саботата ме боли местото каде што се наоѓа вената на левата нога. Ме боли од стапалото негде до пред коленото. Не се имам удрено колку што знам :worried: Знае некој во врска со ова?
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да не имаш носено штикли ??? Па од нив да те боли целиот дел.
     
  15. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Знае ли некој некаков лек за спадување на оток на заб? На дечко ми му е расипана 6-ката, ја поправа, му ставија некој лек ама многу го боли, денес му отекол и качил температура? Има ли нешто што привремено ќе му ја намали болката и отокот ? Ако знае некој молам да пише :)
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    брашно обично ке измесиш со мед,и од тестото ке ставите кај забот,по малку :)
    п.с испробано :P
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски

    Да се извади лекот (да се остави забот „да дише“), антибиотик и аналгетик (кафетин или аналгин) и ладни облоги однадвор. Штом спадне отокот, да се направи снимка и да се види дали е за вадење или вреди да се спасува.
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Фала ти многу Annath, ќе му кажам сега да стави облоги, барем ноќеска да не го боли. Инаку забарката му рекла дека бил за вадење(зошто му е многу расипан), ама имало таму некој си нерв или не знам што, па можело да се искомплицира отпосле, затоа рекла дека било подобро да се лечи :?:
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли едната страна од јазикот да ја чувствувате како отечена?

    Денес кога станав левата страна, под јазикот, некако ме боли,чудно ми е. Не ми смета во јадење, зборување и сл. само така ми е непријатно во устата. Вчера ме дуваше промаја, така поприлично многу, па се рпашувам дали е од тоа. :?:
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Нарочно во темава, сакам да напишам - никогаш немојте да се дијагностицирате на гугл. :tmi:

    Јас го правев тоа, и сфаќам дека Миранда од Сексот и градот си беше во право:
    you just type and wait the word cancer to come out.

    Сериозно, невидена параноја ме маваше порано од тоа.
    Најлошите можни прогнози ги покажуваат, за едни исти симптоми, огромен дијапазон на болести - од осип, до мигрена, стрес, тумор, покачен крвен притисок, итн, итн...

    Подобро појдете на лекар ако сметате дека е посериозно, отколку чичко Гугл да ви биде матичен. Од искуство ова. ;)
     
    На Zlatusko, Annath, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.