Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Само за две единици покачен и одма на метформин?
    Како вака лесно даваат терапија, не се нормални.
    А зависи и за што ти дала, поради што. Симтоми имаш некои?
    Други хормони проверуваше?
    Онака само покачен глеа и одма терапија? Притоа викаш и не си била гладна.

    Ја не би почнувала терапија, повтори ги тестовите, инсулин, тромесечен просек, па и скриен шеќер. Тек тогаш ќе видиш на што си. Со 6 шеќер и малку покачен инсулин не знам како терапија се дава одма..
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Здраво.:D
    Дали периодов се чувствувате лошо онака, како да ви се лоши, како да сте зашеметени, вознемирени? Денес цел ден ми е така, не знам ни сама како издржувам на работа.;( Дали е можеби до времето што е вакво екстра променливо или па е на психичка база? ;( Не е дека имам претрпено којзнае каков стрес, меѓутоа секогаш има за нешто да се секирам. Така да анксиозноста не е исклучена од игра иако само денес ми е вака.

    Како да се накренам од состојбата, шо би можела да направам?
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zasekogas123

    zasekogas123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Немам никакви симптоми ,за нешто друго одам па и тоа ми го даваат да го испитам успат. Пред 7 месеца шеќерот ми беше 6,28( сега е 6,14) а инсулинот тогаш беше во нормала. Ама и тогаш мислам дека не бев гладна за тестот.
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Мораш гладна да си. Во иднина само така проверувај.

    Ниту 6,2 не е алармантно висок па дури и да не си била јадена, но сепак под 6 најдобро да биде.

    Повтори ги пак но гладна, едно 10 часа да немаш јадено.

    Чудно ми е што одма ти дала терапија.

    Не знам индикации за ПЦОС дали имаш, да не ради тоа ти дала. Јас поради истово го пијам, но инсулинот ептен висок ми беше кога ја почнав терапијата, шеќерот нормален.
     
  5. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Кажувајте решение за јачмен на око? До сега не сум имала ваков проблем, малце ми е капакот на окото како спуштен среќа не сум на работа цел викенд ми е срам да излезам вака, што да ставам, поминува ли ова??? Лук се става ли?
     
  6. zasekogas123

    zasekogas123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за ПЦОС, она само ми рече дека сум во преддијабетна состојба.
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Провери тромесечен просек и скриен шеќер?

    Само гликемија два пати и инсулин ако имаш проверено, и овие резултати ги доби, стварно не знам како инстантно го поврзала со преддијабетес..

    Побарај второ мислење.

    Пошо така лесно не ставаат на терапија.
     
  8. zasekogas123

    zasekogas123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ги направив денеска тестовите на гладно , резултатите се следни:

    гликоза(серум)-6.00 ( граница 5,9)
    HbA1C- 5.4 ( граница 6)
    инсулин - 11.8 (граница 29.1)
    Во ред ли се, нема потреба да пијам ?
     
  9. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Нема, јас прекинав да пијам Глукофаж на 60ка инсулин...
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Па малце треба пооптимални да ти се али ок. За терапија јас не мислам дека е ова. Би требало да ти кажат на исхрана да повнимаваш месец два, па пак да видиш.
    Како на 60 ка прекина?

    А ја со години ми е инсулинот околу 6 па и под, гликемијата поише од 5 не е, и пијам 5 години.. Не сакаат да прекинат. :| Е сеа ја поради полицистични јајници почнав и одлично си ја заврши работата, инсулинот го симна, баш ко што треба.

    Кај неколку доктори сум идела, и све ќе речат пиј го, безбеден е бла бла. Ме нервира што можеби џабе го пијам веќе и се трујам толку долго.

    Па конечно иам термин скоро кај ендокринолог, ќе видам и сеа што ќе кажат резултатите.
    Ако пак заебава, ја на своја рака го прекинувам, па шо сака нека биде. На исхрана ќе си пазам, вежбање и тоа е тоа.

    Дали ти ослабна коа го пиеше?
    Ја многууу премногу, се стопив буквално.
     
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Па почнав со 400 и кусур, на 60ка веќе не ми беше проблем, се симна сам со исхрана... упс...
    Безбеден е да, ама не знам, мене само ми пре.... едно време затоа мора да јадеш и да пазиш и глупости.
    Уствари си знаеш.
    Отиди на ендокринолог секако, јас го пиев за хипер-инсулинемијам и не ослабнав нешто драстично 10-15 килограми за година и кусур, ама тоа затоа што намалив од некои 3500, 4000 калории на ден на 2500.
     
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    13.099
    Пол:
    Женски
    Ооо доста висок ти бил тебе, се надевам го држиш под контрола сега. Не се зезај, внимавај.

    Не памтам колку висок ми беше али ми беше висок. На ОГТТ тестот открија и ајде одма од 1000 мг со продолжено ослободување.

    За нецели два месеци 20 минус.. апетит 0 :sweat: Претерано беше ова, и со низа други симптоми, потоа си се повлекоа, и немав такви проблеми понатаму.

    Од коа го зиам значи инсулинот е секад е нормален, не се поместил. Ајде ќе видиме коа би го откажала шо ќе биде. Скраја да е пак да се качи, и да се здебелам.. Ќе мора внимавање, нема друго што.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.051
    Пол:
    Женски
    Штом има збор како "квантно" во описот, 99% е продавање магла.
     
  14. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас знам топла облога, пр.загреана монета во крпче или топла ќесичка чај пр.камилица, дирекно на местото
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    170
    Пред се се извинувам поради сликата и поради тоа што пишувам тука,но не најдов соодветна тема, ми излезе ова нешто на главата пред некое време ама ајде си реков со текот на времето ќе го снема ама ништо,сега ме фаќа премногу страв,дали некој знае што може да е,на каков лекар да се обратам?
     

    Прикачени фајлови:

  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    18.026
    Дерматолог.
     
    На idontwannabeyou му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.323
    Ај да си пишам овде пред да кренам аларм.
    Забележувам последните 2 месеци промени во столицата, односно во честотата. Порано обично одев секој ден или преку еден ден, ама сега се случува да одам 2-3 пати дневно, цело време имам чувство како да не сум се испразнала. Некогаш и одам пошто осеќам притисок, а нема ништо.
    Се случи исто неколку пати да имам пролив проследен со болка во стомакот.
    Имав и болки во задниот дел на половината кои се ширеа долж ногата, др. рече најверојатно е ишијас и добив таблети за смирување на болката.
    Некогаш при бришење има малце крв на тоалетната, но тоа е ептен малце, две три точки и мислам дека е хемороид.
    Сумирани симптомиве мене лично ми креваат паника, дури и ми е страв да се јавам на доктор да закажам.
     
  18. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    170
    Фала ти :angel:
     
  19. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    80
    Здраво, дали некој има искуство при воведување пробиотик за прв пат да има постојано гасови коишто траат веќе 10 дена - дали е тоа нормална реакција кај некој кој на 50 години прв пат воведува пробиотик или може да значи дека личноста не го толерира пробиотикот и би требало да се промени?
     
  20. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    11.513
    Колку отприлика чини преглед кај гинеколог во Систина?
    Само ехо и консултација.