Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да не си јадела риба,или нешто друго што има поситни коски, па да ти залетне некоја мала?
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Луѓе зашо ме боли грбов после секое вежбање? :(
    И кога одев на јога после тоа ме болеше, и сега на зумба, и коа правам како полустомачни на сите ги болат стомачните а мене грбот ме кине... еве и сега не знам како да застанам, ептен боли.
    Некои ми викаат дека тие што имале големи гради ги болело грб, али мене ме боли после вежби не знам.
    Ако знае некоја што би можело, и лек ако има некој... |( А одам исправено, немам проблем со грбавост да речиш ама ич.
    Ако не правец на лекар |(
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Значи вака пред да ме оперират бев модра т.е. имав модри нокти и уста и многу се заморував, откако ме оперисаа се беше во ред мислам на тоа го снема модрилото и не се заморувава али во последниов месец често се заморувам и некако пак ноктите ми се модри добро не толку како пред тоа али :?:
    ме фаќа паника дали е можно да се врати болеста, ме страв да појдам на лекар, ме страв да не ми кажат дека повторно треба да се оперирам, ако НЕДАЈ БОЖЕ е така девојки ќе си умрам.. Исплашена сум некој совет
     
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Имам една бемка на грбот веќе неколку години. По боја е темно црвена накај кафена, подигната е и се досега немав никакви проблеми со неа, односно не ми сметаше, ниту чешаше. Симетрична е, со добро дефинирани рабови, една боја. Е сега, вистина е дека почна како мала црвена точка која мноогу бавно растеше. Пред можеби две години несакајќи си ја закачив, малку си ја разранив и се мислам дека тогаш ми порасна до оваа големина што ми е сега и од тогаш па наваму си е истата големина. Инаку не е голема, околу 5 мм е. Но, во последно време почна многу да ми смета, некако поинаку ја чувствувам, имам непријатно чувство кога е во контакт со облеката и кога ќе се навалам на цврста површина малку ме наболува. Си ја испитував и забележав дека на еден дел од бемката имам како бела обвивка, односно не знам дали е баш бела, оти на незгодно место се наоѓа и не можев да видам убаво, но ја сликав со мобилен и така изгледа. И баш тој побелен дел беше рапав, а другиот дел мазен. Бидејќи ми сметаше ја залепив со фластер и така немам проблеми со неа, не ми смета, освен што ме чеша чат-пат. И после неколку дена, т.е. вчера си ја сликав пак и тоа белото е намалено, скоро исчезнато и помазно е од предтоа, не е уште како другиот дел од бемката но е помазно.

    Еве и слики:

    Пред неколку дена:





    Вчера:


    Значи пред сето ова, бемката си беше еднобојна. И не сум сигурна, но мислам дека кога почна да се развива пред неколку години беше многу посветла, како точката која што е близу до неа, па со тек на време си потемни. А инаку точката до неа не е акна, туку е баш тоа, точка/бемка, ептен малечка и имам многу многу такви низ целото тело, за кои не сум сигурна но мислам дека се развија после едно лето каде што премногу се исончав, јас имам светол тен, но обично кога се сончам прво црвенеам па за неколку дена отемнувам, ретко се лупам. А тоа лето имав екстремно темна боја, намерно се сончав скоро и без заштитен фактор, значи 3-4 дена со СПФ 15, а после тоа си купував од тезгички маслиново масло и само со него се мачкав :x А имав болки, ме болеше и печеше изгореното, но помина неколку дена откако се вратив од одмор.
    И се си мислам дека црвените точкички ми се развија како последица од таа траума.
    А бемката за која што сега прашувам, беше таква мала црвена точка. Меѓутоа, како што кажав, беше пред околу 4 години, и растот не и беше константен, туку како на два налети да ми порасна :D

    Што може да е? Дали е можно да си е само обична бенингна бемка која ете, можеби заради некоја иритација за која што јас не сум свесна, се променила?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG1017.jpg
      IMAG1017.jpg
      Големина на фајлот:
      104,2 KB
      Прегледи:
      466
    • IMAG1020.jpg
      IMAG1020.jpg
      Големина на фајлот:
      103,4 KB
      Прегледи:
      466
    • IMAG1023.jpg
      IMAG1023.jpg
      Големина на фајлот:
      87,7 KB
      Прегледи:
      467
  5. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19


    Moжеби е само бенигна бемка која си ја повредила, или пак несвесно исгребала па се иритирала, од сликите многу малку се гледа.
    Но искрено би те советувала да се јавиш на лекар, само да ти ја видат, ако ти смета може многу лесно да ја отстранат ( безболно) или пак недај боже ако е нешто посериозно да си видиш на време ( имам пишувано и порано за вакви бемки )
    поздрав и секое добро.
    Незнам колку год имаш но сепак мислам дека една контрола од дерматовенеролог не е на одмет.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Мај грл, не е страшно ... оди кај матичниот да ти даде упат за на пластична хирургија па таму ќе ти кажат каква е и дали ќе треба да се преземе нешто. Може да е само бенигно.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.813
    Пол:
    Женски
    Мајгрл не на пластична хирургија, за на кожно земи упат, па ако има потреба од таму ќе те препратат.
    Од сликиве јас ништо неможам да видам.
    Можно е да е бенигна промена, која пораснала заради некоја иритација. Ама од друга страна чудно што толку многу пораснала.
    Оди кај дерматолог, нека ја види, па и да е потребно вадење не е ништо страшно. Ама среди си ја ситуацијава на време.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А од што те оперирале? И бараш нешто невозможно од било која девојка тука. Оди на лекар, може не ти е ништо, може модрите нокти може да се резултат на нешто друго, може да си заморена од времево сите се осеќаат така, може па само си мислиш цело време на тоа и затоа ти е така. Има 101 причина, не помислувај одма на најлошото.
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Да, да, секако планирам да одам да ја проверам, но моментално не сум во Мк и нема да бидам барем најмалку 10 дена, а малку ме загрижи па затоа пишав. Инаку и јас не верувам дека е нешто страшно, според се што прочитав не се вклопува во ниеден профил на рак на кожа. На изглед е како нодуларен меланом, меѓутоа сигурна сум дека не е тоа заради тоа што нодуларниот меланом расте многу брзо, од неколку недели до месеци, а мојава бемка и требаа години за да стане ваква.
    Ајде, ќе пишам што е кога ќе ја проверам. Фала на одговорите :)
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.330
    Девојки од што може да боли лева рака?
    Значи вака, проблемот не е од сега, повеќе години ме мачи, од времето кога има сообраќајна незгода, значи раката односно рамото беше само набиено. Од тогаш мислам, раката ми отрпнува, ме болат зглобовите, и прстите ми се кочат и тоа малиот и тој до него, а по некогаш и цела дланка. Летото го повредив и лактот плус. Болката, пецкањето се јавува и по пазувите, на левата града. Пред 2 години си ги проверив градите на ехо и немаше ништо. Некни пак правев ЕКГ и тоа е во ред. Не сум напипала грутка на градата. Се мислам пак да одам сега. Инаку болката се јавува и под градата, во левиот предел, кај ребрата, ме разбирате каде. Хеликобактеријата не е покачена, а желудникот сеуште ме боли понекогаш. Тоа ќе да е резултат од диетите и антибиотиците. Не знам дали ова е поврзано. Не знам што да правам. Да се снимам сега на МР неможам, бев скоро за друго.
     
  11. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Последниве неколку дена целата уста ми е горчлива...веќе не можам да ја поднесам...ако се напијам нешто(освен обична вода од чешма) ќе престане да горчи неколку минути и после пак ќе си продолжи, а ако пијам вода од чешма уште повеќе горчи....што може да е ова? м?? :)
     
  12. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    девојки многу би ми значела вашата помош,доколку имате искуство или знаете повеке за акни кои ми се јавуваат како причина за надворешни алергиски реакции. Дали знае некој некоја крема,маст или таблети за смирување на акните?? :((
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Клиндацин :) :)
     
  14. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6

    Напиј се Палин и за ден,два,готово е :D
     
  15. CarrieBradshaw93

    CarrieBradshaw93 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    6
    Веќе две недели увото ме чеша и да не го чешам со прсти земам чепкалка и речиси секој пат крв имам..Не е многу количински ама е често..Имал некој вакво искуство..? ;(
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Девојки дали плодните денови отприлика започнуваат од 9 до 16 ден од циклусот?
    Знам дека кај секоја е различно,ама отприлика тогаш би требало кај сите да се со редовен циклус.
    На фемина календарот рачунав, последно добив на 30 Март, а пред тоа имав добиено на 26 Февруари, значи времетраење на циклусот 34 дена.

    Е сега ризичниот однос беше на 6 Април, а на 3 Април ми заврши менструацијата.
    Според календарот на фемина не ми се плодни денови, ама сега дека сум во паника и сакам да се осигурам.
    Дали може по 3 дена од завршување на циклус да ми се плодни денови?
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас го имам многу често тој проблем , и користам декотал крем , многу е ефикасен пробај ;)
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    carrie ne go cesaj,si go razranila mozebi,a ako prodolzi da teci krv,odi na uvo,nos i grlo,ke te zirnat i ako treba i kapki ke ti prepisat,da ne e vaka na svoja raka.lacrimossa togas ima nalmalku sansi za zabremenuvanje,plodni se najmn. od 13den (racunato od prviot den na menstruacijata) i nekolku dena posle toa,taka da ne bi trebalo da se plasis(osobeno ako ne bilo vo tebe) sepak ako tolku ti e strav eden test ke zavrsi rabota :)
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ве болат ли градите за време на овулација?
    Осеќам болка кај едната од вчера, а според календаров негде деновиве треба да сум во тој период, па се мислам дали да одам на лекар.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^Мене да,но не секогаш.Еве баш овој последен пат,ме болеа толку многу што не можев да спијам.Добив и болките престанаа.Така да ете мене ми с еслучува а сигурно и на многу други,нормално е