Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ThrinaMist

    ThrinaMist Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2025
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Периодов мислам дека ќе полудам..
    Година дена не сум рает од сѐ некои процеси што ми се случуваат.
    Проблеми со дискусхернија на вратот па одев на физикални (сѐ уште не е досредено), па проблеми со воспаление на непцата, па дискусхернија на кичмата сега имам така некои издржливи болки и како вкочанетост, уринарна инфекција што 4 пат ми се активира во рок од два месеци и хемароид кој ми се активира тек тук…
    Кога ќе ги кажам сите овие работи звучи како да имам 70 години, а не 28..
    Кај да барам решение веќе да се запрат сите овие работи.
    Не сум пушач, алкохол скоро ич, шеќери на минимум последниве неколку месец, тежината ми е ок во однос на висината…
    Не знам дали некој ќе даде некој совет, но барем да споделам да ми се ослободи од душава :(
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  2. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.745
    Од кој дерматолог сте задоволни на Клиника? Има доста слободни термини ама ниту еден не знам.... За црвенило на лице ми е?
     
  3. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.190
    Допаѓања:
    13.623
    Пол:
    Женски
    3та доза за тетанус, мора на точно 6 месеци, или може покасно на пример 6 месеци плус 10-15дена?
    Или може ама само порано?
     
  4. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Дали може да има промена на ареолите на градите да потемнат, при примање лекарства, поточно инекции измешано антибиотик со декстаметазон? Му се случило ли на некој ?
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.831
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Прв симптом на бременост ми беше потемнети ареоли со првата бременост. Од антибиотик и котикостериод не би требало да е.
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.584
    Допаѓања:
    5.912
    кожата околу клиторисот ми е црвена , врела и чеша
    тоа се појави после претходната менструација.

    што може да е
    додека да добијам термин ( беше се смирило)
     
  7. Thirlwall<3

    Thirlwall<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Некој што правел антибиограм да сподели искуство од каде сте задоволни и колку е истиот веродостоен?
     
  8. Vodolija89❣️

    Vodolija89❣️ Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2023
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Дали некој има мака како мене овај период помагајте...Дали е од синуси или пак и нешто плус незнам.Значи од симптоми имаме главоболка затнат нос зуење во уши очите како да ке ми излезат ги чуствувам отечени отежнато дишење и најмногу од све ме плаши што некогаш имам чуство како да неможам да дишам
    Пијам амоксиклав прскам фликсоназе и секакви витамини....
    Молам за некој совет дали има некој сличен како мене
     
  9. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Мене истово ми се случува, ама ја знам причината за тешкото дишење, седев во МНОГУ задимена просторија и почнав да се гушам од тој воздух, еве 2 дена од тогаш, почнува и грло да ме гребе, носот малку затнат, а тогаш одма ме фати мигрена над очите,веѓите со ненормално пулсирање во тој дел. Не сум пушач, а ни тип што чести седи во такви простории и кога е такво баш тешко ми паѓа...
     
    На Vodolija89❣️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Дали некој до сега чувствувал како главата да не е ваша?
    Не знам како поинаку да опишам, како тешка ја осеќам на момент и освен што ми се врти, ме влече повеќе на десно :| на што може да укажува ова?

    ЕЕГ имам правено, не видоа ништо ама ова продолжи. Да не спомнувам чести вртења, проблеми во кола, а последен пат и во авион, а и неколку пати до сега со ставена глава на перница на десна страна ми се движи цела соба, на лева е океј.

    Некој со слично искуство? Страв почна да ме фаќа по малце :(
     
  11. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Да ме имаш ниско железо?:wasntme:
    Мене ми се вртеше цела спална кога ќе отворев очи од сабајле, преку ден не ама на сабајле многу..
     
  12. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    На граница ми е ама не ми се случува вртењево наутро, секогаш до сега било пред спиење. Најчесто на десна страна шанси нема да заспијам кога ќе дојдат тие моменти, на лева се вртам и се е океј. Заспивам без проблем.

    Да е до железото лесно ќе решам, ми оди паметот на посериозни работи.
     
  13. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Железо знае да прави и други проблеми, појачани пмс симтоми, опаѓање на коса, чувство на слабост и малаксаност.. Испитај или некое време јади семе од коприва со мед и какао + витамин Ц за подобра апсорпција или чај од коприва.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за советот, ќе применам :hug::l:
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Нема проблем:$ Ова ти кажувам од искуство затоа што сум тип што секој месец си измислува некои дијагнози а се е во најдобар ред, среќа. А не бев свесна ниското железо на што се влијае, кога почнав да истражувам излезе дека се од тоа ми се дешава. Ако треба нешто плус тука сум:l:
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Јас не сум човек што придава значење нешто кога ме боли или одма трча на лекар, баш напротив, си седам и гледам до каде ќе оди ама ова малце ми влеа страв дека почна почесто и почесто да се случува и дека сепак не е грло, колено туку глава па не дај Боже нешто посериозно.
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    691
    @Amelia. да видиш на ушен лекар да ти го проверат средното уво, најчесто ако има некое воспаление се јавуваат вртоглавици
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Прво таму и ми отиде паметот, дека нешто не е во ред со центарот за рамнотежа.

    Ти благодарам :l:
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.478
    Слаба циркулација од вратот е најчест проблем или спондилоза. Не е страшно,се средува со вежби за истегнување а најмногу помогнува физичка активност,пешачење.
    Не е лошо да си земиш бета аланин или цитрулин,драстично го намалува тоа чувство на отсутност,зашеметеност,подобрува циркулациа. Иначе тие се суплементи додатоци во исхраната.
     
    На Rozevata, FreeToGo и Amelia. им се допаѓа ова.
  20. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одвоеното време и одговорот :)

    Спондилоза со сигурност не е, а бета аланин пијам, имаше капсули и прашок, одбрав прашок.