Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Абе пред да добијам да, и мене ме болат секогаш, ама овојпат на средината од циклусот. Читав на нет, пишува дека може да се случи и за време на овулација. Очекувам да престане деновиве
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Може, ич не се плаши.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Помош!
    Не знаев каде да го ставам прашањево, па мислев дека може и тука.
    Имам проблем со кожата и ми препишаа еден шампон, но проблемот е што не знам каде да го најдам.
    Ако има некој информации нека сподели.
    Однапред благодарам!

    Шампонот се вика Selsen-1% Селениум сулфид- 125 МЛ
    и би требало да изгледа вака

    [​IMG]
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ако ти е препишан од доктор, значи го има во аптека. А ако воопшто го нема во аптеките, тогаш ќе ти дадат аптекарките замена за него, некој со истите состојки
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека имаш проблеми со првут, кажи на кои места ти се јавува, не мора да биде баш тој шампон, за првут јас употребувам реконазол, многу е ефикасен, користи го според упатството, можеш да мачкаш и антимикотични масти, било кои, само побарај во аптека. Реконазолот го има во зегин, околу 155 денари беше. Реконазолот нема да го употребуваш секојдневно, ќе го комбинираш со други шампони, нај добро бебешки, и ќе триеш со прстите по кожата.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    луѓе, некои луѓе мака си мачат во вц по голема нужда да одат, јас па обратно, од вц не можам да излезам.
    дај кажете нешто, што да правам барем по 2 пати да одам, јас многу одам во вц :D
    Не дај боже надвор да сум, или кај некој дома? :D
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ^

    Сличен проблем.
    Мислам дека не внесувам толку храна колку што исфрлам...
    Кај мене е често ,лесно ,брзо и експресно :D
    Одам најмалку 2 -4 пати на какање :D
    А имам другарки кои одат еднаш на три дена :o
    Имал некој ваков ''проблем'' ако е проблем и како го решил или го нормализирал... :wasntme:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Да ви се придружам и јас. Серки бе :lol: Се шалам
    Јас јадам, и одма одам по голема нужда. Дури некогаш ми се случува уште недојадена, а морам да отидам во веце. :D
    Море супер што сме такви, замислете како некои што одат ете еднаш на 2-3 дена? Па подуен стомак, ужас бе.
    Јас 3 пати одам во денот, некогаш и 2 пати, ама еднаш нема шанса. :D
     
    На ludoto19 и kate-the-great им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.332
    Не се решава, јас и хемороиди добив од толку често одење во wc :D .
    Ако ти пречи, а пречи, избегнувај млеко, јогурт, течна храна. Јади компир и двопек. Кај мене немаше ефект и оваа, ама пробај.
    Јас сега сум подобра до 2 пати на ден одам, наутро пијам кафе и трчам во wc. Пред неколку недели не излегував од купатило и маки видов, се чуствував дехидрирано, а и да не ги спомнувам маките со хемороидите.
    Кога имате ваков проблем внимавајте на хигиената, значи после секое одење во wc обавезно се подмивајте со ладна вода.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас прекинав да јадам по гости ради ова (незгодно е мајке ми). Килце неможам да качам, уште недојадена, вцто ме вика.
    Подобро е сепак течна храна да јадеш, поготово за хемороидите, побрзо и полесно ќе поминеш во вц. Ако јадеш двопек и компир пак ќе ти се иде во вц, ама ќе се мачиш саат време и тука се шансите да си добиеш хемороиди, пошто ќе се напнуваш. Јогуртот колку и да е здрав почнав да го избегнувам, ми се чини од мирисот ми се иде у вц не па да пијам. Пробав и со промена во исхрана, пиев некое време и медицински јаглен, ма ништо бре, 2 пати на ден обавезно со телефонот или книга у вц :sweat: само ми е мило што стомакот не ми се подувува, тоа порано често ми се дешаваше.
    За оваа ствар уште неам лек најдено, ако се појави некој со олеснително искуство, нека известува :D
     
    На kate-the-great и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Девојки имате многу брз метаболизам, што од една страна е супер за линија, од друга е лошо затоа што храната ја исфрлате без претходно доволна количина од хранливите материи од неа да се ресорбираат.
    Посликовито да ви објаснам вашата храна во желудникот набрзина се меша со соковите и многу брзо преминува во цревата во кои не се задржува туку поминува како брза кола низ тунел :wasntme:
    Јадете во помали порции повеќе пати на ден, ако имате обврски јадете посува храна, ѓеврече, двопек, затоа што е посува и повеќе време ќе треба да се натопи во желудникот, па да помине во цревата. Кај вас тоа може ќе бидат плус 15-30 мин, ама кој ви ги дава и тие :D
     
    На JuLleE, kate-the-great и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81


    Не ми е за првут туку ми го препишаа за проблем со кожата на телото.
    Имал фунгицидно дејство. Само што не можам да го најдам по околниве аптеки.
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    И Реконазолот е добар за габи, пробај го. Околу 160-70 денари е и го има насекаде. Можеш да си направиш и раствор во 100 мл јод (1%) да ставиш 3 грама сулфур, е сега сулфур има по земјоделскиве аптеки и се продава на кило (околу 200 денари е) за помала количина не знам..
    Сепак пробај прво со Реконазолот, би требало да ти помогне.
     
  14. Unnknown

    Unnknown Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас ќе ве прекинам во разговорот со какањето :Р
    Значи вака ... имам проблем, ми излегуваат поткожни акни на рацете од рамењата па се до лактите.

    Тоа изгледа вака...
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дај кажете некој совет, што да правам, со што да ги мачкам зошто стварно ме нервираат! :sweat:
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    читајќи го ова....ми текна да си прашам......
    имам некоја алергија на сонце, и 2мин да постојам на сонце веднаш горам. Ама, не е баш она како изгореница, туку ми е како исфрлано. Навечер го снемува и следниот ден пак иста приказна. И кога бев летово на одмор ми беше страв да се сончам, цело време седев под чадор и пак ништо, пак си бев така "изгорена". Поради ова веќе не сакам никаде да одам преку ден.....не знам што да правам. Пробав со некоја маст, се мачкав навечер за следниот ден да не "изгорам" така, ама не ми помогна..... Имал/а некој/а сличен проблем? м? што да правам? :(
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.813
    Пол:
    Женски
    И јас имав сличен проблем. Мене многу ми помогна едно коктелче од магдонос. Значи, 2 китки магдонос ги потопуваш во 2 литри вода и ги оставаш да отстојат 1- 1,5 недела. Потоа го вадиш магдоносот и со смесата со ватичка се мачкаш секој ден колку можеш почесто во текот на денот.
    Не ми помина целосно, ама многу ми се смири. И црвенилото го снема.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Селсун има во Грција, некој ако оди натаму нека ти го купи.
    Цената се движи од 10-15 евра, зависи кој.
    Мало шишенце, течноста е светло сина. Порано имаше многу одвратен мирис, но сега форумулата е подобрена и се трпи.
    Инаку е многу ефикасен.
    Ние го употребуваме со татко ми за флеките на грбот, и после неколкудневна употреба исчезнуваат.
    Меѓутоа кај нас го нема.
    Најдобро е да се мачкаш навечер, силно го втриваш, оставаш да се впие, а течноста се суши. Со чиста маица преспиваш цела ноќ.
    Ако имаш можност така намачкана да се посончаш малку, поминува дупло побрзо.
    :)
     
    На gwen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. feferona

    feferona Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    94
    ^ Селсун шампонот го има тука во Скопје, околу 500 денари е. И јас имам бели флеки на рацете, нозете и торзото, тек сега т.е. пред неколку дена почнав да го употребувам и нема уште ефект, дури почнав да се нервирам, не ги сакам флекиве по телово, ама терапијата според докторката треба да ми трае со месеци |( .




    Јас не горам, ама се исфрлувам целата со црвени брунки по телото кои ужасно ми ја иритираат кожата ме чешаат и печат( случај како твојот). Матичната ми рече као демек алергијата не била опасна доколку не ти се појават пликови со гноеви кои истотака крварат и сонцево било многу јако, па ми препиша некои масти кои не ми помогнаа воопшто, пиев и лоратадин и шумливи таблетки од калциум и ништо. Бев кај дерматолог, ми рече дека тие масти уште толку ми ја иритирале кожата, па ми препиша некоја крема. Затоа најубаво право на дерматологија, консултација, што, како ти е, па тие ќе ти дадат рецепта.

    И да не заборавам, нема сончање од 12:00 до 17:00.
     
  19. Unnknown

    Unnknown Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Многу ти благодарам :) , ќе го пробам ова и после ќе ве известам за резултатите ;) . Инаку, ако може некој друг да ми каже нека пише. :)
     
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Денес имам најмалку 8 пати појдено по мала нужда, во мали количини и по малку крв :(
    Последниве 2-3 месеци наназад се сеќавам сум имала повеќе вакви денови со често мокрење ама сега и крв. Сега ќе пијам увин чај за прочистување на мочните патишта.
    Најтрагично за овој месец немам картони :(
    Некој со вакво искуство? Што може да е и што да правам? :(