Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Секако мораш на лекар. Да не имаш проблем со бубрезите? Или бешиката ... Можно да имаш камчиња, а и не мора. Чаеви обавезно пиј, ама на лекар најдобро да одиш.
     
    На kate-the-great и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Откако станав, веќе неколку часа имам болка во пределот на градите, поточно на средината. Ме боли и кога вдишувам длабоко, но повеќе ја чувствувам кога издишувам.
    Исто и при нагло станување или вртење на телото.
    Се напив аналгин, нешто друго во моментов не знам дали имам по дома...
    Од што може да биде болката?
    Единствено ми текнува да ме фатило промаја и да сум преладена... :worried:
     
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сигурно си преладена don't worry
    повеќе одмор и релакс :)
     
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Девојки, во последно време се соочувам со прекумерно губење на тежината, а јадам нормално, не прескокнувам оброци, не пребирам. Јадам се, и мрсно, и благо, и висококалорична храна, апетитот ми е супер. Но ништо од тоа... Станав преслаба. Имала ли некоја од вас сличен проблем, и која била причината? Крвната слика ми е во ред, незнам од што може да е ова. :worried:
     
  6. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Колку е тоа прекумерно? Кога има драстични промени на тежината или може да биде премногу стрес или пак болест. Што точно ти провериле во крвта? Може треба да направиш целосна проверка... во секој случај не е нешто во ред.

    Лично не ми се случило. Само кога имам многу обврски/стрес може да ослабам кило или две, иако јадам нормално. Само што кај мене се приметува поради тоа што сум слаба.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Девојки имам проблем т.е. поточно го има мајками но сакам да и помогнам.Во последно време се запаѓа во депресија, има непотребен страв.Понекогаш знае да заплачи а да не знае за што плачи.Од како тетка ми се затру со ациди борици киселина која по грешка ја испи мислејќи дека е вода,мајками доби неопислив страв.Што и да допре веднаш оди и ги мие рацете од страв да не не затруја нас дома приготвувајќи јадење.Секое тенџерче,сад или што и да е по сто пати го премива.Најискрено почнав да се загрижувам.И самата е свесна за тоа дека не треба така но вика дека ја тера внатрешно стравот да прави така.Ја убедив и појдовме на лекар.Матичната и препиша хелекс и уште едни капсули.Вика дека и е страв од тоа што и се случило на тетками и некоја блага депресија.Моментално ги пија апчињава и депресијата скоро и да ја нема но ова со рацеве мијање и стравот сеуште е присутно :( Планирам од како ќе ги допија да побарам упут и да одиме на психијатар чисто онака за разговор,информативно.Е сега ме интересираше дали на некој од вас или на вашите блиски му се случило ова, и за колкав период исчезнало.Како си помогнале,што примале?
     
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Може треба да ја провериш тироидната жлезда. Не сакам да те плашам или нешто, ниту пак се разбирам од медицина, него другарка имаше ваков проблем и мислам дека од таму потекнуваше проблемот нешто со жлездата не беше во ред. Оди на лекар чисто на преглед, остави форумов и мислења од лаици :D
     
  9. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    TediGirl мислам дека мајкати има почетна форма на анксиозност, има таква тема ке видиш ке ги пронајдеш симптомите на мајкати во темата. Во кратки црти анксиозност е нереален страв, нешто што сами си увртуваме во главата. Не се секирај не е психичко растројство, туку состојба што се надминува со разговор со психијатар и со соодветни лекови, а понекогаш можe и без лекови.
    Се надевам дека се ке биде во ред,
    позз и добра ноќ :)
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Да имаш право! Не ми текна на тоа! Мораш на доктор ние тука може да погаѓаме до утре.
     
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Мислам дека анксиозност не е нереален страв туку зголемено чувство на вознемиреност,паника.А за ова со проблемот на Теди мислам дека е опсесивно компулсивно нарушување според симптомите.Има тема на фемина и за ова,провери.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Имам проблем најверојатно со слепо црево веќе 5 6 месеци една недела до две не прекинува болката некогаш е неиздржлива некогаш не...сега во последни 2 месеца имам запек неможам да одам 15 дена во вц..Што мислите вие да не имам некој друг проблем,бев и на лекар ми рекоа дека имам некое воспаление на слепото црево но ми го смируваа со инфузии и апчиња но тоа сеуште ме боли..ако знаете нешто околу ова ве молам пишете ми. фала однапред
     
  13. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сепак најубаво ти е да одиш на лекар само јас би те советувала да си провериш и гликоза ако немаш проверено!
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Devica88

    Devica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Луѓе во која приватна амуланта ( во Скопје) да направам обично испитѕвање на крв ама да не биде скапо.Во мојот град го правам за 300ден. но сега неможам специјално за тоа да одам дома :( помош
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Најдобро решение е вадење со оперативен зафат, се живее без слепо црево. А вака само ќе имаш проблеми или ќе се смири ... во случај ако имаш се поголеми болки најлошо е што може да прсне внатре и не сакам да кажам што е последицата. Разговарај со доктор и ако е за вадење реши се, ќе бидеш раат.
     
  16. spasovskaa

    spasovskaa Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Ке одам на лекар наредната недела и доколку треба операција веднаш се сложувам бидејќи не се намалуваат болките..
     
  17. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.896
    Девојки ај ве молам некој лек против гадење на дечкоми му е стварно мн лошо а не знаеме што да правиме, преѓе јадеше тост па се сомневаме дека е од тоа. Ајде ако некој знае нека каже.. :(
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Дечки, ова моево не е баш здравствен, ама дефинитивно е проблем. :?:
    Од пред некој ден ми излегоа на лице (лево и десно од устата, нешто подоле од страните на носот) некакви нити брунчиња, нити лиши. Зацрвенети ми се тие области и ко нафрлани со минијатурни брунчиња, тука таму некое ептен ситно со беличко како од акна, ама не ми личат на акни - не ме болат. Синоќа приметив дека ми испаднале и под очите, поточно кај надворешните агли баш под долните трепки, исто ситни точкички и ме печеа преги кога се бришев со влажна марамица.
    Не ми е од пудрата, плус пудра не ставам околу очите, ниту ги шминкам преку неделата, нема шанси да е од тоа и ме буни зошто воопшто ми се појавило такво нешто.
    Сумњав да не е од Лала-та, ама ми текна дека на лицето ми се појавија и пред да почнам да ја користам. :worried:
    Не знаев што да им правам и намачкав маст од невен. Сега гледам очите малку ми се смирени, ама оние области на лицето си се исти. :worried:
    Имала некоја сличен проблем?
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Целосна проверка на крв имам направено, и резултатите се во ред. Јас сум и онака слабичка, а сега симнав уште 2-3 кила и за мене тоа е драстично бидејќи премногу ми се приметува. :(
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Морав да си се самоцитирам - значи денеска тотално обратна ситуација, очите доле ми се вцрвени ко жар сто кила маст од невен ставив и ме чешкаат малку, а делчето на лицето како да е смирено, не ме чеша ама си стои така ко изгорено. Страв ми е да не е егзема, утре одам на болница, ама нема да е лошо некоја да сподели ако имала слично искуство. :worried: