Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    28
    devojce ne se sekiraj.i mene ednata mi e pogolema od drugata.
     
  2. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    А ти колку години си bllakce?

    btw: Како да не се секирам..Ако е некој рак или бог да чува нешто друго ;( .леле многу ми е страв ;(
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не е сериозно, не знам зошто мајка ти се испаничила, па и тебе додатно те исплашила. Нема жена на светот со природни гради на кои и се скроз еднакви. Ти кажав, кај некој таа разлика останува повоочлива, кај некој со тек на време не се приметува толку. Ако подобро загледаш ќе видиш и дека ни двете очи, ни двете дланки, ни двете уши не ти се скроз исти, со многу ситни дури и незабележливи разлики но постојат. Така е и со градите, кај кои понекогаш разликата е повоочлива. И при посилно стискање нормално дека боли и раката да си ја стиснеш посилно ќе осетиш болка, а не па градата која е поосетлива. Не се секирај ич.

    |( |( |( Не зборувај глупости. Ако толку не веруваш побарај на Гугл и увери се. Не си дозволувај на 15 години да размислуваш за вакви глупости. Јас искрено мислам дека мајка ти те испаничила, а не знам како може она да не знае дека градите на сите им се различни, кај некој повеќе кај некој помалку. Еве наједноставно што можеш спореди си ги прстите, или ноктите на прстите на дланките ќе видиш дека не ти се целосно исти. Значи двете половини на телото имаат разлики, само што кај некои органи се повоочливи кај други не.
     
  4. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    CrazyStupidLove да знаеш само колку ме смири. Ох... Цела бев испаничена целиот ден, сега малку се смирувам. :) Тогаш нема да се секирам и нема да обрнувам внимание, иако сеуште не ми е сеедно и пак длабоко во мене си имам некој сомнеж дека има нешто повеќе :worried: .
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Еве денес бев на лекар, лекарот ми рече 99,9% нема ништо, ама сепак за да го осигураш и она 0,1% добро било да се направи ехо, па оваа недела ќе направам и ќе ви пишам. Држете ми среќа! :worried: :)
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Немој да паничиш. Нема ништо. Градите во димензии не се исти, едната е поголема од другата како и што впрочем има разлика во телото ... зависи која страна е поразвиена. Плус имаш 15 год а тоа значи дека се уште си во пубертет и во развој затоа и те болат градите, растат се развиваш и сигурно веќе имаш циклус. Се се тоа физиолошки и хормнски промени. Ајде не мисли, не паничи опушти се и уживај. :)
     
  7. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Оф многу сум исплашена julie77 :worried: . И сега секоја мала болка во градите и веднаш помислувам : „Ах, сигурно имам нешто ;( Неможам никако да се смирам ни да се осигурам дека сум во ред, и дека тоа е нормално, штом ме пратија на ехо, не е се во ред со мене...зар не? :worried:
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.794
    Пол:
    Женски
    Психата е страшна работа, немој ни да помислуваш одма на најлошото штом те пратиле на ехо. Тоа е само за да се уверат дека навистина нема ништо. А според годините, се' уште си во пубертет кога телото се менува под влијание на хормоните. Опушти се малку.
     
    На bella.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Кратко и јасно НЕМАШ ПРИЧИНА ЗА ГРИЖА. :)
     
  10. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Annath мило ми е што се запозна со мојот проблем, бидејќи нели за оваа област ти си ни стручњак :) . Инаку, да, стварно психата е страшна работа, цел ден сум како пореметена хД. Ќе пробам да се смирам, и да не мислам на најлошото се додека не отидам да направам ехо...

    julie77 да се надеваме дека нема причина, и дека само без потреба сум кревала паника. :?:

    Инаку девојки, се извинувам стварно ако замарам со постовиве, но ептен сум исплашена, испаничена до немај каде, и немав со кој да го споделам проблемов освен со вас, да слушнам искуства, совети... Фала ви многу! :*

    Кога ќе направам ехо, ќе пишам резултати како помина, инаку меѓувреме не се на одмет и некои искуства на други феминки... :)
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    bella.honey искрено мислам дека непотребно креваш толкава паника. Само да ти кажам, додека градите ми растеа, и мене не ми беа со иста големина, а потоа постепено си се изедначија. Така е кај многу девојки, сосема е нормално. А болки може да чувствуваш затоа што градите ти растат. Опушти се, ќе биде во ред. :)
     
    На bella.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Се надевам дека и кај мене ќе биде така, и дека нема да дојде до нешто посериозно,
    или некоја операција за рак на дојка бог да чува :x .
    пу пу скраја да е. :|
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Еден интересен податок за човековото тело гласи : Кај повеќето од жените, левата е поголема за разлика од десната града.

    Епа и кај мене така. Па и пред да добијам повеќе ме боли левата :D Ништо страшно, башка млада си за ракови и такви ствари , најчесто се појавуваат кај постарите ;)
     
  14. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Кај мене е десната поголема од левата, исто така еве во моментов имам циклус и десната ме наболува. А инаку за тоа дека сум млада за ракови и такви работи, го прашав и докторот тој ми рече дека ракот не бира жртва спроед возраст... :worried:
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Какви ракови Бог да чува, девојче не зборувај така. :x Ќе видиш дека се ќе биде во ред. Ракот на дојка е застапен кај девојки и жени над 20 годишна возраст, под тоа е многу, многу ретко.
     
  16. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Тоа е многу многу ретко, но сепак го има. А јас како што можете да видете сум таков песимист, што ако ми кажат дека 1 тинејџерка од 1.000.000 тинејџерки може да има рак на дојка, веднаш ќе почнам да се туфкам дека сум тоа баш јас!

    Тоа е шта чеш, со Господ напред, се надевам дека се` ќе биде добро и на ова само ќе се смешкам... :)

    Фала ви многу за подршката, ова многу ми значи... :l:
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    исто и кај мене.. а мислам дека и кај сите е така кај некој помалку се познава кај некој повеќе..
     
    На bella.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Ох, само јас да сум така и да се познава повеќе не ми е проблем, само да не е нешто сериозно... :|
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.814
    Пол:
    Женски
    Бела, те читам овде од вчера. Дузина девојки ти кажаа дека е нормално тоа. Кај сите е така. И кај мене едната е поголема и прилично се приметува.
    Какви ракови, какви глупости. Нема шанси. Смири се, олади ја главата.
    Нема потреба од паника. Ете, ќе одиш на ехо и ќе видиш дека СЕ Е ДОБРО.
    Смири се!
     
    На bella.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Утрово се разбудив со ненормални болки во десниот дел од стомакот. Болката беше остра, буквално како ножеви да ме прободуваа. Не можев ни да се исправам, бев свиткана како кифла! Татко ми помисли дека во прашање е инфекција на слепото црево, и веќе ми бараше доктори за операција на клиника. Ама најпрво отидов во амбуланта и ми земаа крв за да ми ја проверат крвната слика. Резултатите беа и повеќе од добри, се беше во граници на нормалата. Матичниот лекар ми рече дека најверојатно имам проблеми со желудникот од мојата нередовна исхрана и дека поради гасовите кои не може желудникот да ги исфрли, ми се ствараат такви страшни болки. Цревната флора ми е ужас и желудникот не ми ја вари добро храната. Кога ќе станам насабајле, стомакот ми е рамен, а ако каснам нешто одма ми се дуе.
    Матичниот ми рече да пробам прво преку природни лекови, како домашен јогурт, чај од нане, чај од ким и не сакаше да ми препише никакви таблети. Ама мене ми е преку глава од природни лекови, зошто кај мене не делуваат! Со месеци секојдневно пиев Баланс јогурт, јадев најразлични житарици со не знам ти какви влакна добри за цревната флора, дури и линекс пиев, ама џабе! :worried:
    Сега сум ставена на диета со исклучиво црн леб со диетски влакна, чоколадото ми е заменето со житни плочки, газираното не доаѓа во предвид и секојдневно треба да пијам по неколку чаши јогурт.
    Прашањето ми е, дали можам сама да си купам некакви таблети од типот на линекс и да пробам да го средам желудникот? И кои таблети можам да ги пијам на своја рака?
    Затоа што денес такви болки трпев што не ни сакав да се расправам со мојот матичен кој ме третира како бебе и ми препишува чајчиња од нане |(