Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Епа ако си умислуваш дека имаш некоја болест, големи се шансите и да ја добиеш.

    Ана за залажување на болката секогаш опција се Кетонал, Беналгин, Аналгин и сл, но нема да боли само додека трае дејството на апчето, меѓутоа за подлгорочно ќе мораш да го решиш проблемот. Линексот незнам колку би ти помогнал и дали е паметно да го земеш на своја рака, да не недај Боже ја влоши состојбата. Сепак со здравите и полесни намирници нема да згешиш, така што, консумирај ги.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Ете денес бев да закажам на ехо, но докторот го запознав со проблемот, тој рече дека тоа е нормално освен ако не напипувам некои зрнца, е сега јас незнам дали напипувам или не па останува да видам што ќе каже ехото.

    На арно нека е... :)
     
  3. Iv4ule

    Iv4ule Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Ми кажа кожниот лекар дека ја имам вирусната инфекција Pityriasis Rosea , нешто како цела сум нафрлана се бањам само со вода, несмеам да се потам, ми рече само од себе поминува за 6 недели, па да ве рашам вас, дали некој ја имал оваа инфекција како сте ги прошле 6сте недели итн :)
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Женски ме болат колковите нзче иптен едвај се движам :^)
    што може да е работава :?:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Си ги пробала веќе Линекс. Во врска со гасовите, да пробаш со Еспумисан капки, кои се за бебиња? Мислам дека пишуваше и возрасни може да ги користат.Сепак прашај во аптека, ќе ти кажат. Без рецепта се земаат, околу 300ден се.



    Лошо спиење?

    Туку јас да прашам, дали може зголементата желба за јадење да е поради напнатост (полагам испити периодов)? Ниту пијам апчиња некакви, ниту имам некоја зголемена физичка активност, а јадам МНОГУ!
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Туку јас да прашам, дали може зголементата желба за јадење да е поради напнатост (полагам испити периодов)? Ниту пијам апчиња некакви, ниту имам некоја зголемена физичка активност, а јадам МНОГУ!

    Можно не, мене ми се случуваше кога спремав испити да јадам по три пати на ден,па и повеќе и тоа се квалитетно и количински. Баш како бремена жена. Дури и често пати велев, ај да седнам да јадам, да се одморам од учење. :lol: :lol:
     
  7. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Па мислам дека може, и јас кога сум напната, нервозна, место не ме фаќа и само се вртам околу кујната :D
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мислам да..јас често кога сим нервозна се нешто ми се јаде а највеке благо :)
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ана а да ги пробаш Ланзул, не се јаки апчињата, ги даваат без рецепта, баш се такви за гасови. Се пијат по потреба. Дома татко ми од кога едвај спаси жива глава летоска со чирови и глупости, само овие му ги препишаа дека не се јаки, а многу ги фалат дека се ефикасни. Слободно земи ги, пробај еднаш дали ќе ти помогнат. И јас ги имам пиено кога ми се дуел стомакот.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Jaс имав... Многу е непријатна. Кај мене беше и доста болна со тоа што како да ми падна горниот дел од кожата и кога ќе се притиснев од порите крв ми излагаше :?:
    Кај мене траеше отприлика толку - 6 недели. Не излегувај многу на сонце, дека можно е да ти се појави различна пигментација на тие места. Мене најмногу концентрирана ми беше од внатрешна страна на бутовите и стомакот - не смеев да носам гаќи што стегаат.
    Јас исто се прскав со АЛОЕ....
    Не се знае од што се јавува.. Ама не се секирај, иако можда си мноу нафрлана - и те чеша ( мене многууу ме чешаше ) не остануваат ожиљци.. Ќе си помине се :)
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ана, јас го средив стомакот и желудникот со следнава пракса:

    - секоја вечер по 1 чаша вода во која растворам 1/2 лажиче сода
    - секоја вечер и секое сабајле пијам по 1 чаша млака вода со 1 лажица мед и 1/2 лажичка цимет.

    Верувај, од искуство ти кажувам, истите ама БАШ ИСТИТЕ симптоми ги имав како тебе, и ми требаа некои 5-6 дена да стигнам до состојба на скоро перфекција на стомакот и желудникот :) Пробај, па ќе правиме муабет. (+ во целата ситуација е што комбинацијата на мед и цимет СЛАБЕЕ, т.е. ги топи маснотиите од организмот).

    И во право е докторот, не земај ништо вештачко, лекот лежи во природата само некој треба да ни го посочи ;)
     
    На kravce и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  12. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Незнаев каде да го сместам ова па ќе си кажам тука.За сите што имаат проблем со одење во ВЦ.
    3 кг јаболка се варат во 1,5 литри вода се варат 3 часа и 15 минути точно толку треба зошто така јаболката ослободува нешто што им помага на цревата полесно да се празнат.Можете и шеќер да си додадете по желба,баш е вкусно и со неверојатни резултати јас имав голем проблем ама сега е супер.
    Се надевам ќе ви биде од корист ...
     
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Имам отрпната дланка на левата рака, веќе 1,5 недела! Тешко стегам тупаница!
    Немам навика да спијам на рака, ја исклучувам та можност! ОСеќам дека има слаба циркулација, прстиве ми се ладни изгор!
    Незнам што да мислам..... артритис?
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Девојки, ве молам предложете ми нешто против омалаксаност... Спиена сум доволно, одморена сум а пак се чувствувам омалаксано, за ништо немам волја и сила. :| Ни кафето не ми делува веќе...
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Веројатно ти е од периодов, промена на сезона и променливо време. Да пиеш доста течности се мисли на вода најмногу и да практикуваш физичка активност. Плус движење ама не полека онака малку убрзано за да имаш поголема циркулација. Како и да е ќе ти помине ... додека се прилагоди организмот на промените.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Не знам дали ми е за овде прашањево, ама ајде. :)
    Синоќа бев излезена на една журка, не испив многу алкохол-имав земено само мала лименка Скопско, а и неа не ја допив.. Наеднаш ми стана лошо, како нагон за повраќање, вртоглавица и ме препотуваше - додуша и бааги загушливо беше. Отидов со другарка ми до ВЦ и таму веќе ептен ми стана лошо, почнав цела да се тресам, ми се сврте ептен и ништо не гледав, буквално темница ми беше. Ја слушав другарка ми, а не можев да ја видам.. :worried: После 5минути ми се врати видот и успеав некако да си заминеме. Надвор после подобро ми беше.
    Е сега прашањето ми е, дали е вистина дека ако ти падне пепел во пијачката се опиваш брзо и ти е лошо после? Ова го слушнав денес.. :^)
    Не знам како на друг начин да си го објаснам ова, првпат ми се случува.
    За гладна не бев гладна.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Или притисокот ти паднал многу или се приближиле, а може и шеќерот да ти паднал и плуд загушливо внатре ... Нема врска што не си била гладна. Требало одма да се замиеш со вода и надвор да излезеш.
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ова дома ми се случи.
    И тоа додека бев во купатило заклучена, наеднаш ништо не можев да видам и мислев дека ќе се онесвестам секој момент. Успеав некако да стигнам до вратата и да ја отклучам, па викнав по сестра ми, зошто ако паднев во купатилото, глава ќе расцепев.
    Јас имам низок притисок, и низок шеќер. Најлоша комбинација ever!
    Или беше едното во прашање, или другото, а можеби и двете.
    Се напив после кока-кола, легнав да одморам и ми беше подобро. Во такви случаи само кока кола ми помага/
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ајде мала помош, на работа сум неможам да издржам ова мн ме фрустрира.
    Се разбудив денес со главоболка која мислам дека ми е поврзана со носов. Не сум имала никогаш проблеми со синуси да си кажам однапред. Ме боли кај коската на носот точно на средина, кога ќе се допрам на тоа место, вака константо не ме боли кога не ја допирам, само одвреме навреме ќе ме здоболи и во исто време ме стега и главата (кај челото). Обично иам главоболка кога ми се симнува притисокот, ама ова не е таква болка, комплетно зашеметена се осеќам. Повремено и очите ми солзат и ме печат, но тоа може да е и од компјутеров, а вака порано не сум имала алергии, ниту пак носот ми тече денеска, значи незнам баш дали би можела да е од нигде некоја алергија.
    хелп :worried:
     
  20. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Може да е, алергија може да се јави во било кој период од животот независно дали пред тоа си била или не алергична на истото.
    Многу поверојатно е да е алергија, отколку воспалени синуси или нешто друго кое претходно си го немала.
    Има во аптеките еден спреј на природна база, Flixonase одличен е за алергии, е сега е многу скап без рецепта. Јас го користев пред 2-3 години имав некоја алергија која прв пат ми се појави и ми помогна. Најубаво почекај до утре види дали ќе се смири или не, ако не отиди барем кај матичен лекар.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.