Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Често ја посетувам страницата За здравје и ги читам статиите кои се објавени во различните категории...Скоро под секој текст пишува дека од некој доктор -специјалист итн...Но, многу работи кои сум ги прочитала таму ми се контрадикторни и неприфатливи :^) Некако целиот сајт ми личи како да е извадено се од Википедија и сл. Има и интересни работи....Но.... :^)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Можно е од промајата да ти е... освен ако не си се гризнала, ама тоа сигурно ќе го паметеше. Не е ништо страшно ;)


    Некоја настинка, или како што ти кажа форумџиката GiaMarie, можно е да ти влегла вода при бањање. Ама ај, да си прашам... да не си имала проблем некогаш со виличните зглобови? Некогаш, ако постои мало исчашување, поточно сублуксација (кое не е сепак ништо страшно) може да се јават вакви симптоми.


    Кога ја движиш ногата те боли, или и кога мируваш? Најверојатно се работи за мускулно воспаление (од физички напор, стоење на штикли и сл.).

    И послушајте ја Трендафилка, не барајте ги на Гугл симптомите што ги имате... секогаш прво најтешките болести ги вади.
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Го поставив прашањево и во „Интимни проблеми и совети„ зошто доаѓа до крварење ако се имаат односи за време на овулација?Бев на гинеколог и тој рече дека не е страшно,но не сакав да ја проширувам темава со него,ми беше непријатно.Значи не е обилно крварење и не ми се случува постојано,само неколкупати до сега,но пред некој ден ми се случи и љубопитна сум зошто е тоа така?
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.754
    Пол:
    Женски
    Ана во последниве два месеца јазикот ми е многу потечен, ми создава и проблеми при зборување, а и претерано плунка имам. Кога бев на лекар за топчето и спомнав на докторката ама ми рече со Амоксиклавот ќе ми се повлече. Од тогаш ни јазикот ни топчето се повлекоа. Ги испив апчињата, секој ден пијам и јадам витамини ама нема никаков лек. :( Што велиш да ја сменам јас докторкава моја, зошто цело време Амоксиклав ми дава? :D (ова сериозна сум)
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    И мојата цело време амоксиклав ми препишува. 5 години наназад а паднам болна амоксиклав пијам. Не знам дали научиле на факултет дека се станува имун од пречеста употреба на едни исти апчиња.
    Можеби тебе веќе не ти ни делуваат. И јас сум со намера да ја сменам мојата матична.
    Пожали и се за амоксиклавот нека ти ја разгледа книшката, нека види колку време едни исти апчиња пиеш.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Колку што знам, тоа крварење е од зреењето и прскањето на фоликулите, а не е од сексот. Веројатно е коинциденција, ако тие капки крв што се јавуваат при овулација се јавиле после односот.



    А дали топчето се' уште е болно на допир? Јазикот може да отече (обострано) од некаква алергија, некое воспаление, или хормонски нарушувања во организмот (ама ова последново е ретко). Да побараш и второ мислење, вака и јазикот, и тоа топчето (мислам некоја жлезда ќе да ти е) да испиташ од што може да бидат? Како да спомна некаде дека си се исфрлала од некои тестенини - да не имаш ти некоја алергија која на тој начин се манифестира? А алергија не се лекува со антибиотик.
     
    На marama и Theodora им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.754
    Пол:
    Женски
    Топчето, да болно е на допир. Подложна сум на алергии , кога и побарав алерго тест ми рече нема потреба. Пијам Лоратадин, ми препиша еднаш таа и од тогаш си ги купувам сама за да имам при рака, бидејќи не знам на што сум и секогаш на различна храна ми излегува.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене многу ме боли рамото, веќе доста долг период има повеќе од година.Ама повремено ме боли, но на периоди многу се укочувам и ако не ме масираат неможам да спијам.Мислам дека ми е од неодволно загреани што шутираме јако на тренинзи.Бев во Струмица на Шинка, ако сте слушнале таа за изместено за навинато мајстор е .Ми болеше и ногата истовремено па веднаш ми ја намести, а кога ми го допре рамото т.е плешката поточно ми кажа за снимање е ова.
    Бев да се снимам и џабе, одам со снимките кај докторот што ми кажаа овој уште пред да ги види вика терапија |( После кога отидов на терапија ми вика тој млада си многу за терапии еве ти една крема, поточно гел беше Фастум :x Ама ништо од него, мене сега цел грб ме боли, се укочувам и големи болки имам по цел ден сама се масирам.Ми крца многу, како стара застава сум..дури и другарките кога ќе земат да ме масираат се чудат како толку ми крца, ми пука рамото и целиот грб.
    Баш денес променето е времето и ептен ме боли, неможам да се исправам дури.Веќе незнам и што да правам и кај да се обратам а моментало колку ме боли значи не го чувствувам грбот :|
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски

    Искрено, подобро е да си направиш алерго тест, чисто да си видиш на што конкретно си алергична, за да го избегнуваш тоа во иднина. А за топчето, ако било инфекција ќе ти поминеше од антибиотикот. Јазикот може да е од алергија отечен, ама тоа топчето штом ти е уште тука, ме насочува да мислам на тоа дека е затнат канал на некоја плунковна подјазична жлезда. Ама вака да нагаѓам, не сакам, може и јас не сум во право. А да те види матичниот стоматолог, да видиш што ќе ти каже?


    Карина, а да одиш некое време на физикална терапија? Или баш за тоа ти рекоа дека си млада? Убаво е секојдневно да правиш вежби со кои ќе се загреваш пред тренинзите. Со гелот само моментално ќе ти поминува, после пак е исто. А знаеш ли некој добар доктор по спортска медицина, па да одиш кај него, да видиш што ќе ти каже? Спортистите многу често имаат вакви проблеми.
     
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Малку глупаво може ќе е прашањето, ама мене ми претставува голем проблем. Анатх, овој пат не барам дијагноза, туки чаре :)
    Не можам да ставам насабајле за на факултет. Најсериозно, навивам аларми и сите до еден ги исклучувам, а потоа не памтам. Првин мислев дека телефонот не ми звони, ама еве сега сум со друг телефон и еве и ова утро не се разбудив. Значи да не сум го слушнала алармот, тој ќе си звонел подолго време и ќе стои како неисклучен кога ќе станам. Ама кога ставам гледам дека алармот веќе е исклучен, а јас поима немам за ова, не памтам воопшто кога сум го исклучила. Треба да легнам во 9 часот, за да станам во 7 без аларм. А тоа не е возможно, па затоа барам некое друго решение, предлог, помош? Претходно немав вакви проблеми, најмал шум ме разбудуваше, сега не знам што ми се случува, ама ова остава сериозни последици на моето образование :lol: Не се шалам, навистина, пропуштам многу предавања заради ова.

    Едит: Анатх, сакам уште нешто да те прашам, а ми текна од постот на Марама за алергиите. Во средното имав многу време бронхит, секоја зима и лето, а еднаш ми траеше 7 месеци :o Заради должината на болеста, како и безуспешното третирање со амоксиклав, инекции линкоцин, сумамед, салбутамол, инхалери од два типа, едно за во нос,а едно за во грло, разни други терапии на кои што не се сеќавам, ме испратија во Велес на алерго тест. Таму ми најдоа дека сум алергична на многу работи,млеко, пилешко месо, полен, влакно од мачка, влакно од куче...Сите овие работи сега јас ги конзумирам и немам никакви алергиски реакции, ама баш никакви. Всушност, тоа ми беше последен пат да фатам бронхит, оттогаш наваму може само по некоја настинка. Прашањето ми е, колку се алерго тестовите точни? Зошто без проблеми конзумирам се од тоа што ми кажаа дека сум алергична, па дури и куче чувам сега?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    За тешкотиите со будењето, не знам што да ти кажам. Можно е да го слушаш алармот, да го исклучуваш, па да не паметиш, можеби затоа што несвесно, во сонот го правиш тоа (исклучувањето). Можеби ти е само период. Најдобро решение би ти било некој од твоите да те буди наутро, ако живееш со нив, или пак цимерот/цимерката. Друго чаре не знам.
    А што се однесува до алерго тестовите - па би требало да се точни во голема мера, ама имај предвид дека како што се појавуваат алергиите (во било кој период од животот, неочекувано), така можат и да исчезнат. Можеби твојот алерго тест бил позитивен на многу алергени поради состојбата во која си се наоѓала во моментот, после 7 месеци бронхит и постојана терапија.
    Штом немаш никакви проблеми сега, нема што да мислиш за тоа што поминало. А што се однесува до спиењето - можеби некој друг има чаре?
     
  12. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Се мислев да го пишам прашањето во СДП, ама смешно ми е малку, затоа не го пишав таму, ама сега ќе го пишам. А инаку, јас сум сигурна дека го исклучувам, зошто ако не сум го исклучила ќе покаже дека не бил исклучен. Ама како може да не памтам? :(
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Па во сонот... кога ќе го слушнеш звукот, автоматски го исклучуваш телефонот, будилникот или што и да е. Ама спиеш, затоа не паметиш. Барем така мислам :?:
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Еве ме и мене во улога на пациент, ама немам повеќе идеа што да направам. Веќе 4 дена имам страшен, ама буквално страшен предменструален синдром. Не се страшни физичките симптоми, ама психички сум катастрофа. Буквално се искарав со сите, плачење, вриштење, кршење способна сум од секој збор да направам кавга. Ноќеска во 4 сабајле во полу сон ми текна дека не знам кај ми е чупалицата, мислата ме изиритира до толку што станав и цел стан го превртив буквално и после 2 сати нервозно барање почнав да вриштам и да плачам на цел глас. Најбанални работи предизвикуваат страшен бес во мене. Самата повеќе не се поднесувам, а камоли тие околу мене. Свесна сум дека реагирам ирационално и нелогично ама е посилно од мене. Се предозирав со Б6, магнезиум, чај од магдонос, се напив и дијазепам сношти пред спиење ама единствено ме заспа на кратко и ништо друго. Треба на 25 да добијам и ако сум ваква уште 3 дена не знам што ќе се случи, посебно кога гледам дека секој ден се полоша сум. Ајде феминки ако знаете некои бабини деветини или не знам што, ве молам помагајте. :(
     
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Анатх мене за физикална терапија ми рекоа дека сум била млада немало потреба. Е сега докторот вика ништо не е , жената кај што бев да ми ја намести плешката вика за снимање е и незнам на што ред сум. А се повеќе и повеќе ме боли, денес баш не си го чувствувам грбот ама страшни болки имам не се издржува вака.
    Мајка ми и едни таблети на природна база ми зема, демек коските да не ме болат 1000 денари таблетите беа ај ќе почнам да пиам да видам ама тешко од нив ова да се подобри. Масажа џабе е само моментало малку ме опуштува.
    Инаку јас добро се загревам пред тренинг ама се случува да имам 7ми час кога сме втора смена и да касна 15 мин да го пропуштам целосното загревање па само некои вежби да направам бидејќи мора да започнам со работа со топка. Тоа е спортистите ги гледаат како средство преку кое нивната екипа ќе победи, додека ептен сериозно не се повредиш е тогаш си потрошен материјал и никој нема да те ферма :|
     
  16. zagrizenadevojka

    zagrizenadevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Vo posledno vreme zabelezav cesanje okolu i vo vaginata,napocetokot ne bese mnogu strasno no poslednive nekolku dena se zgolemuva.Denes zabelezav deka naokolu imam crvenilo i sitni brumcinja.... Citav deka toa moze da bide od cesto koristenje na intimni gelovi koi gi koristam i jas veke nekolku meseci na sekoe mienje....

    Dali e strasno toa i dali treba da se obratam kaj ginekolog ili da pocekam uste nekoj den?? :worried:




    I majka mi go ima istiot problem i koristi kuterid mast bez recepta e i pomaga... :)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Zagrizenadevojka, оди на гинеколог. Може да ти е од геловите, но не мора да значи. Не спомнуваш дали имаш обилен исцедок и каков е. Прекини со користење на геловите, испирај се со млак чај од камилица, или пак со раствор на калиумов перманганат (го има во аптеки, како кристали кои се раствораат во вода).
    Можеш да земеш превентивно и маст Канестен, за мачкање на црвените делови (не внатре во вагината, само надворешно).


    Карина, не знам зошто ти рекле дека си млада за физикална терапија, ако не грешам средно си, и тоа матурантка. Јас во 8 одд. одев на физикална еден период, а после тоа продолжив дома со вежбите. Земај и калциум и витамин Д, и ете, тие таблетите ако има некој ефект од нив.
     
    На zagrizenadevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Мене ми се чини дека на тој докторот кај тепраија му беше само да се отараси што побрзо :tmi: Нешто проговори абе зошто терапии кога може и со гелот да помине, имаш ти време за терапии. Инаку точно е 4та сум средно мислам дека воопшто не е проблем за терапии, ама тоа е. Ако продолжи вака да ме боли секако ќе одам, ќе му кажам ништо од гелот. Ај пијам калциум од денес па ќе видиме што ќе биде. Фала и Анатх :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Последниве неколку дена, односно ноќи имам проблеми со дишењето. Имам отежнато дишење и тоа само кога ќе легнам да спијам. При вдишувањто осеќам болка во градите и во желудникот, а кога издишувам целото тело ми трепери ( не знам како поубаво да објаснам ) и плус некако при издишувањето како да крчам, a кога ќе легнам на страна осеќам некој силен притисок во градите. Имам чувство дека ќе се угушам, дека ќе снемам воздух и започнувам да кашлам ама всушност испуштам воздух, не е она вистинско кашлање. Мака ми е бидејќи не можам да заспијам, вчера не сум можела воопшто да спијам, а наутро треба да станувам рано. А инаку преку ден немам апсолутно никаков проблем, слободно си вдишувам и издишувам. Што може да е проблемот? Страв ми е да не е нешто со срцето проблем, бидејќи порано имав проблеми со срцето имав тахикадрдија и аритмија и претходната недела бев кај матичниот ( бидејќи бев болна ) и тој ми рече дека имам мала тахикардија и навистина ме исплаши. Некаков совет? :?:
     
  20. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    И јас последниве денови имам проблеми со отежнато дишење и болки во градите, повремено во текот на денот не само пред спиење. Дали некој знае што може да биде?