Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Flixonase не е на природна база, тој е со кортикостериоди за намалување на проблемите кои се јавуваат при алергии. И на мм му се јави истава болка кравче, и со денови го користеше Оперил-от, мислејќи дека се споболува, ама на крај испадна дека полошо си прави со таквите вештачки назални спрејови (Оперилот конкретно во себе содржи токсични материи кои со подолго користење пројавуваат проблеми со вид, главоболки, зашеметеност итн итн, да не навлегувам сега). Освен во потешки состојби на алергија (кога носната слузница ти е ептен отечена и тешко дишеш), овие спрејови не се користат секојдневно.

    Како и да е, јас би ти препорачала да го земиш спрејот на база на диво оригано од Зегин (100 и нешто денари е) и да видиш дали тој ќе ти ја намали болката и „притисокот“ во носот...во секој случај, бош период е овој - премногу промени на времето, ветер, цутење, полени, прав, загаден градски воздух, повеќе јаглерод моноксид од кислород - крај нема на листата, за жал, ама тоа е - повеќе движење во природа, повеќе вода, повеќе сон и многу секс :geek:
     
    На maca99, kravce и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  2. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Бев на ехо и ...
    НЕМА НИШТО! :rock: :rock:

    Многу ви благодарам сепак, вашата подршка многу ми значеше. :* :)
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Јас би ти препорачала да не се грижиш и да видиш дали ќе ти се јавува истата болка редовно ... Ако е редовна тогаш да одиш на лекар. Тука може се си сешто да те советуваат па да испадне погрешно. Не земај на своја рака ништо. Јас пред неколку дена така на два пати осетив исто болка левата страна од главата и баш носот кај коската. Знаеш, ми помина. По мене сепак можно е да се синусите поради нагливе промени на времево, а и можно да е сезонска алергија ... Како и да е прати состојба деновиве и ако продолжи болката на лекар оди.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Девојки ај помош :?: Ми има излезено на ногата одоздола (на стапалото) едно ко жуљ, ко топче е и тврдо е, и ме боли дур газам, мислев ќе се изгуби само ама не, си стои... Имал некој сличен проблем да ми препорача некоја маст или нешто? :?:
     
  5. nena153

    nena153 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Znae li nekoj podetalno da mi kaze za toksoplasma ????
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до алергичните на полен (ако не е соодветна темава, нека го преместат)

    Дали имате поголеми проблеми оваа година со алергијата отколку претходните? Дали повеќе ви пречи поленот? Пред 2 месеци прочитав дека према некои истражувања оваа година ќе имало најголема концентрација на полен и дека алергичните на полен ќе треба добро да се припремат за тешка пролет :sweat: Прво мислев дека нема врска и се надевав дека нема да биде така. Арно ама, јас не можам да престанам да се гушам од поленов, (плус тоа порано реагирав само на полен од липа, сега и на другиве, рано е за липите :sweat: ), ме чеша нос ужасно, кивам.....и како и секоја година, мирисите ми предизвикуваат гушење и гадење.

    Осети некој друг разлика во однос на другите години? Или нешто кај мене е пореметено? :|
     
  7. Iv4ule

    Iv4ule Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1


    Епа фала за подршкава ама некако се повеќе ко да ми искачаат , зарем уште нови, кога ке ги снема веќееее :(..... :( :( :(
     
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    За среќа кај мене ваквата прогноза не се потврди.Очекував влошување на алергијата,но не можам да речам дека е нешто многу поразлично од порано.Имам ужасен јадеж на грлово,очиве,носов,ушиве и ептен кивам,но горе долу ваква е состојбата секоја година.Стандард шема си терам и годинава. :)
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    За алергииве и јас мислам дека ја имам стрндард,или си мислам да не сум настината или алергија :?: како да препознаам што е?носот ми тече,очиве растур-се утепав плачејќи,помалку кивам и тоа
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Е вака сега, моево проблемче..
    веќе десетина дена дена се чувствувам некако подуено, имам болки во јајниците.
    Како да сум прејадена, препиена, како да имам терет во долниот дел на стомакот.


    Да напоменам, не сум имала сексуални односи, да не ми рече некој дека се работи за некакви симптоми на бременост. :)

    Треба да добијам на почетокот на мај. Да не е од тоа? Мада, никогаш не сум имала ваков терет пред да добијам.

    Можда малце глупо опишав, ама.. :$ да си прашам. :$
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    ПМС, кратко и јасно.
     
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Приметив дека имам нешто како афта во уста. Погледнав на огледало и ова не е како што изгледа афта туку е како исполнето со крв, дури и накај црна боја мава :worried: .
    Што би можело да е? :worried:
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Можеби некоја раничка? Или разранета афта :?:
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Да не се имаш грицнато без да сакаш,онака несвесно? Или како полно топче е?
     
  15. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    Mоже каснам со одговоров,ама сакам да те посоветувам-да си испиташ ти хеликобактер во желудник,тој дава такви симптоми
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Мене пак ми се појави како црвенко под очите. :|
    Пак е во иста состојба и на двете очи, само што црвенилото не е толку интензивно како минатиот пат, ами се заруменети области и тука таму по некое малечко точкиче. Заличува на некоја иритација, налик на онаа ко од бричење, а ни ме пече, ниту боли.
    Минатиот пат кога беа многу црвени им мачкав домашна невенова маст и црвенилото се повлече, ама точкичките останаа, не сите, ама имаше некоја неисчистена.
    Да пробам со белогент или ќе ми предложите нешто друго ? :?:
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Неколку пати ми се појави таква иритација минатава година, и ми даваа Афлодерм. Помага, но мислам дека треба да е препишано од дерматолог, иако е блага маст.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    ^ Ливинг, а имаш претстава од што на пример се појавува? Ќе си го најдам јас лекот, ќе пробам со природните препарати со кои располагам дома, ама ете сакав да се консултирам и со некоја која имала слично искуство, да ми каже што користела.
    На дерматолог не би одела, мислам дека не е толку сериозно, а и искрено, овие нашиве во мојот град немаат блага веза. Лани бев за проблемот со акните, па ми дадоа терапија за све паре - сѐ ми испореметија, и за секоја моја забелешка ми одвраќаа со тон као мала, ти немаш појма, јас сум тука докторот. Не би да се маткам пак натаму-наваму. :shake:
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам за дерматолозите скроз. :D

    Инаку не, не знам од што се појавува, а не знаеше ни докторот затоа што не ни испита, ама за среќа маста што ја проба функционираше тој пат.

    Да не си сменала крем за лице? Првиот пат мене од тоа ми се појави, сигурна сум, а за наредните пати не сум сигурна.
    Земи си некој за чувствителна кожа, би требало да ти помогне, и облоги од камилица ставај си за да се смири иритацијата.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.159
    Допаѓања:
    259.290
    Пол:
    Женски
    Имам сува кожа на лицето и телото од секогаш, но од пред недела дена кожата на градите ми стана како на старица. Не сум променила ни гел за туширање ни лосион за тело, баш напротив почнав да се мачкам со Бекутан масло по цело тело.
    Кожата на градите ми се збрчка а на некои места и се лупи и ме чеша. Да додадам дека дојам па не знам да не има некаква врска со тоа иако не верувам. Вчера во 3 наврати се мачкав со масло и после 15 мин повторно е суво, пробав и со Dove крем но не гледам некое подобрување.
    Помагајте :tmi: