1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    9 месеци постпартум сум. Пред 3-4 дена бев на гинеколог ми правеше ехо и ми рече дека бешиката ми е задебелена, најверојатно е цистит, да се направи крвна слика, да се види колкаво е црп. Јас не направив крвна слика зошто знам дека црп ќе искочи високо заради воспалението на жолчката бидејќи имам камења и треба да се оперирам. Оставив мокрача, резултатите се добри, нема бактерија. Крвна слика правев пред 6 месеци, црп искочи високо и ми кажа матичната докторка дека е поради жолчката. Исто така докторот на ехо виде слободна течност во абдомен, ми рече дека не е страшно. Породена сум со царски. Некој совет, искуства…?
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.520
    Пол:
    Женски
    Последниве 3- 4 месеци на една иста точка на лицето неколку пати ми излегува акна, ама баш на истата и не поминуваше, таман изгледаше ќе ја снема , ете ја пак излезена. И уште пред месец ипол, ја стиснав, се направи како раничка, малку прокрваре и ајде викам ќе помине. Ама еве месец дена стои буквално исто. Значи баш изгледа како мала отворена раничка, не крвари, ама не е ни коагулум да речеш ќе падне со тек на време. Неќам да ми иде паметот на лошо ама дали вакво нешто бара преглед од дерматолог?

    Акни ми минувале увек за 2 недели максимум, ова стварно ме секира што ИЧ не се менува.
     
    Последна измена: 13 февруари 2026
  3. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    195
    Да,знам секаде прочитав ижфека обично јасно е познава кога станува збор за фиброаденом.Но еве докторката овде во Германија ме збуни кога рече ќе те пратам на биопсија,да сме 100%сигурни,можеби видела нешто сомнително,затоа сум уплашена.И не ми спомна каква биопсија ќе се прави.Имам термин за еден месец
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.966
    Допаѓања:
    202.592
    Можеби видела дека си исплашена, па затоа те праќа, како што прочитав погоре. Биопсија е една, не знам да има повеќе типови биопсија, па да спецификува каква.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално уште од минатата недела да ми почнат алергиите на полен? Или да не е нешто друго? И тоа дома со затворена врата и вклучен прочистувач на најјако ми се симптомите. Има ли уште некој?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    12.220
    Пол:
    Женски
    Последниве 3 4 год ги чувствувам симптомите уште во Февруари, за разлика од порано, од Март па натака почнуваа симптомите :worried: какви симптоми имаш моментално?
     
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Очите ме чешаат многу и црвени ми се, носот ми тече и ми е затнат :( ти? како да почнува порано и порано секоја година. Па после и полошо ќе стане со осип, плици по цело тело.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    12.220
    Пол:
    Женски
    И мене носот ми се затна и знае да ме "чешка" грлото(сега уште не почнало) и да се подзакашлувам суво...а чешање очи, осип итн тоа сум немала до сега. Ако пиеш терапија дадена од доктор, почни си порано, јас секако сум со терапија заради алергиска астма.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    IMG_20260214_211030.jpg
    Дали со вакви резултати, може да се има замастен црн дроб?
     
  10. katce patce

    katce patce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Здраво би сакала да ги прашам тие што се породиле со царски ама не со целосна анестезија, туку со спинална анестезија. Ме интересира дали има некој до вас дали е тоа медицинска сестра или било кој додека сте будни за да ви зборува или пак не. Јас сум навистина исплашена од тој момент.
     
  11. evinaevina8

    evinaevina8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Женски
    Има обична, а има и кор биопсија.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    42.330
    Пол:
    Женски
    Анестезиолошка сестра те боцка, во тој момент има доктор анестезиолог, има сестри инструментарки, гинеколози. Штом те боцне сестрата веќе започнува царскиот
     
    Последна измена: 15 февруари 2026
  13. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Здраво, како да препознаам дали болките ми се од желудник или од жолчката? Читам дека гастритисот и проблем со жолчката имаат слични симптоми.. и сеа се исплашив да не е проблем со жолчка. Правев крвна слика пред две недели ама добро беше се, ваљда ќе покажеше нешто ако имаше
     
  14. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Здраво, како да препознаам дали болките ми се од желудник или од жолчката? Читам дека гастритисот и проблем со жолчката имаат слични симптоми.. и сеа се исплашив да не е проблем со жолчка.
     
  15. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Обично кај гастрит болката е на гладен желудник, а кај жолчка на најадено особено ако е помасна храна. Јас имам гастрит и подждригнувам кога имам мака.
     
    На Paula123 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  16. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    И јас имам гастритис и ме боли и на најадено и на гладно.. ама прв пат прееска така на десна да ме боли и кај грбот горе. На ехо се гледа ли ако имаш некој проблем со жолчка?
     
  17. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Никој ли не знае да каже :wasntme:
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    9.988
    Пол:
    Машки
    Дали и на некој друг периодов притисокот му е повисок од вообичаено?

    Последнава недела мерев чисто онака од проверка и гледам ми го дава висок. Знае и 150 со 107, 143 со 93, сега во моментов 129 со 100 а срцето 63 пулс. Ме загрижува фактов како вака а во средни 20ти години сум, а притоа не ме боли ни глава, не се осеќам лошо, не чувствувам замор, вежбам, се храна така балансирано не јадам глупости, не пушам, не пијам ни кафе ни алкохол ни сокови, редовен сон од 7-8 часа. Во нормални околности ми бил 115, 123, 125 со 75, 88, 83 и пулсот повисок 77, 78 до 84.

    А сеа пулсот низок а притисокот се крева. Да напоменам ако нешто значи и ова, имам и доста јака крв, хемоглобинот е над референтите вредности и железото 28-29 од 32ка
     
    Последна измена: 15 февруари 2026
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 123mmm123

    123mmm123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2025
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    zdravo, nekoj da se soocil so refluks vo grloto LPR? nemam zezenje vo gradite samo vo grloto, sluz vo grloto i otezato disenje
     
  20. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Жолчката боли во обрач под граден кош најчесто под десната страна и рефлектира на десното рамо. Се случува најчесто по многу мрсен оброк или по прејадување. Нема шанси да ја смешаш со нешто друго, нападите се интензивни.
     
    На Paula123 му/ѝ се допаѓа ова.