1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    А што друго може да се случи така одеднаш? Кај каков доктор да се обратам
     
  2. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    44.881
    Пол:
    Женски
    Јас би тргнала од алерголог прво, да се види алергиска реакција на отров од оса, да си знаеш и за во иднина.
    Инаку може да биде и баш јак паничен напад, или некој бронхоспазам што би објаснило дишење и сатурација.
    Кај матичен секако ќе треба да одиш, па тој ќе те упати понатака.
     
  3. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали има некој искуство со вадење заб кај Борче Ангеловски бо Железара?
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    18.268
    Пол:
    Женски
    Јас д-р Борче за ништо не го менувам, по препорака отидов кај него и оттогаш самата препорачав преку 10 души, и сите се презадоволни. Љубезен, професионален, ефикасен, достапен, имам само најдобри зборови.
     
    На Mumoftwo30 и Paula123 им се допаѓа ова.
  5. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Матичниот ништо посебно не ми рече, 10 дена да пијам апчиња за алергија во моментов не ми се при рака како се викаа а отпосле да правам алерготест дали навистина сум алергична на оса
    А денеска што се осеќам така малаксано, по малку вртоглавици и на моменти жештина и забрзано дишење ништо не рече
     
  6. Paula123

    Paula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Треба да вадам 8ца и искренп не ми се оди на клиника зашто имав лошо искуство и затоа и сеа имам страв кај да одам, а ми го препорачаа едни пријатели па сакав да слушнам и тука мислење.
     
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Мене искрено повеќе ми личи на паничен напад. Алергиските реакции од убоди, се манифестираат одма, често во рок од неколку минути до половина час. Покасно евентуално нешто локално може, важно е дека опасните алергиски реакции (анафилакса), после толку долго време, не се јавуваат. Ако сакаш можеш да посетиш алерголог, ама според ова што го кажуваш, моментално си добра.
     
  8. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    3.049
    Допаѓања:
    18.677
    Доколку примаш терапија за алергија - Лоратадин, Никсар, Рупафин, Цетиризен, летизен и останати алерго тест не се прави одма. Треба да си барем 2 недели чиста, зошто резултатите нема да се релевантни.

    Ко некој што е алергичен на пчели/оси секогаш со мене носам лоратадин и најбрзо што можам одам во брза помош. На пчела побурна реакција имам отколку на оса.
     
  9. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Почнав синоќа со рупафин таблети, ми кажа дека треба некое време да помине па тогаш да видиме со сигурност дали е алергија од оса
    Утрово почна да ме гребе грлото така суво го осеќам и кога плукнав гледам секрет со крв измешан ,дали е можно од тоа да иритира нешто
    Не приметив од непца или заби да е нешто
     
  10. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе пишам тука и не ми се верува дека останав жива.
    Ми се случи истото денеска скоро исто време околу 18часот
    Само што завршив со јадење и после 5 мин станување чувство дека паѓам и ќе се онесвестам, едвај бебето го однесов внатре, трнење на цело тело
    На пат до брза помош се повеќе ми се слошуваше ми се вкочанк цело тело мо се фати устата неможам да зборам ништо не слушам ми се искривија рацете ладни и модри се тресам умирам веќе
    Одма ми ставија некоја инекција после инфузија, цело време се тресам неможат да ме боцнат телото не го осеќам воопшто само им викам да ми помогнат.
    Температура 37.4 притисок 110 60-70 екг добро а јас осеќам како да несум жива веќе, малку се посмирив после некое време едвај ,главоболка и трнење пак осеќам низ цело тело и моменти како да имам нешто во градите и ме стега
    Барав да ме носат за скопје рекоа да видам со матичен доктор утре а сега ме пуштија дома, паничен напад
    Незнам што ми се случува
    Ве молам за совет
    Какви се тие панични напади зошто се случуваат ,јас ништо денеска не осеќав
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Паничен напад е кога остануваш без здив, ти се тресат рацете, срцето забрзано ти чука, мислиш ќе се онесвестиш,мислите ти се во хаос, мислеш готово крај е. Ако е паничен не е страшно, никој не умрел од него. Ќе се научеш да го контролираш. Ама испитај целосна крвна слика на се и консултирај се со доктор макар приватен.
    Јас имам благи панични напади далеку од ова во ПМС не секогаш ама кога хормоните не ми се ок тоа во овулација и ПМС
    Или кога сум под страв и стрес ама исто кога сум во ваков период инаку се контролирам.
    Дали си под стрес, дали имаш поминато стрес, траума?
    Инаку ова може да ти се случува од тироидна, провери хормони, провери репродуктивни хормони и целосна крвна слика, железо, Д витамин, б12..
    Ова почна да ти се случува кога те касна оса?
    Сето ова може да ти се јавува и од некои апчиња, терапија нешто ако примаш. Прочитај несакани ефекти на се што примаш.
    Мене еднаш ми се слоши од едни апчиња за болка во циклус заборавив името како и беше, пред 20 год беше.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Мене ова прв пат ми се случува сега
    Може казнувањето од оса само се поклопи со ова
    Не пиев никакви лекови освен таблетите што ми ги дадоа после осата
    Ова беше многу страшно јас мислев дека ќе умрам се укочив неможев више ни да зборам ниту ништо
    Стрес секојдневен ,како баш голем стрес незнам не се сеќавам дека ми било лошо после тоа
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Нагло притисокот да не ти се симнува? Обавезно оди хормони си испитај, крвна слика, кога си породена?
    Матичниот што ти вели?
    Железото како ти е?
     
  14. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Правев сега крвна слика ќе видам ама пред месец дена правев и беше уредно
    Пред 6 месеци породена
    Екг добро пак ми правеа ,по симптомите ме праќаат на психијатар
    Заради укочувањето
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно и да одиш на психијатар почни да земаш магнезиум бисглицинат и б12 за укочувањето додека си направиш испитувањата. За опуштање на нерви и мускули е.
     
  16. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е ништо страшно јас тоа го прифаќам најнормално и ќе одам само да ми биде добро
    Ќе отидам на било каков лекар
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Јас одма би проверила тироидна хормони и репродуктивни хормони. После порагај се хаос додека се средат и треба година дена, некогаш и повеќе. Психијатар секако терапија ќе ти даде, ама ако ти е од тироидната џабе ќе маскираш симптоми. Секако слушај си доктор ова мое мислење.
     
  18. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Само што завршив кај невропсихијатар
    Рече дека тоа било анксиозен паничен напад ,притисокот 132/80 ме боцна апаурин
    И терапија дијазепам 2мг, елицеа и пропанол
    Ми препиша терапија
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.838
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди штом си почнала да испитуваш.
     
  20. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Незнам, не успеав да јадам само што седнав две залчиња и како да почна да ми се тресе телото