Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Да, за кромид сецкан врзан на рака + можеш
    - леб соџвакај го во уста и стави на место и превржи ја раката (можеби е гадно знам ама помага)
    - леб натопен во црвено вино и вржи на рака или
    - на марамче сипи ракија и вржи ја раката (се сеќавам од детство кога примав инекции така си ги
    лекував модринките)



    Качени леукоцити во крв асоцираат на некое запалење или инфекција. Како што велиш многу високи леукоцити не е шала а д-р да ти препишува лекови за имунитет :^)
    Да не имаш некој бронхит??? Можеби гнојна ангина - крајници, запалење на уши.....Консултирај се со некој друг лекар обавезно.
     
  2. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Решив да пијам повеќе вода со цел дека ќе имам поубава кожа, а и општо за целиот организам, бидејќи реално има денови кога не ставам капка вода во уста :worried: Имам 52 кила моментално и според тоа треба да пијам околу 2 литра вода (нели литар на 25 кила).
    Е сега се прашувам ако одеднаш почнам да пијам поголемо количество вода како на тоа ќе реагираат моите бубрези, да не си направам проблем?
    Дали на пример литар вода на ден е добро за почеток или можеби помалце од тоа?
     
  3. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    На раката ми се појави како чир,гнојаница и кога ќе го допрам ме боли :worried: Некој лек?
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.035
    Допаѓања:
    11.815
    Пол:
    Женски
    Ако бубрезите ти се во ред, сосема нормално ќе реагираат. Бидејќи досега не си пиела толку вода, си имала поконцентрирана урина и претпоставувам дека поретко си мокрела.
    Кога ќе пиеш повеќе вода, ќе мокриш повеќе и урината ќе ти биде поразредена, што е сосем нормално, тоа е и една од функцијата на бубрезите- да концентрираат и дилуираат урина.
    Не е ова некаква шема на терапија па да почнуваш од помалку кон повеќе. Само не претерувај. 2 литра вода дневно се сосем доволно.
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Точно, до сега мокрев 2 пати на ден, ако се напијам некое сокче 3 пати преку сила. Воопшто не ми смета почестото посетување на тоалетот, но еве од пред пола саат осеќам некоја блага болка во бубрезите, после литар испиена вода во текот на денов, т.е. претежно попладнево. Затоа и прашав бидејќи пред две недели исто испив повеќе вода и осетив слична болка, т.е. повеќе е некоја нелагодност. Ќе пробам вака 2-3 дена па ако уште осеќам исто може и треба да проверам да не има некој проблем? :?:
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ме болат многу мускулите на бутовите на нозе. Имам воспаление на мускули добиено, ненормално многу се нервирам. Не можам да одам правилно, а дур седнам ми треба пола саат.
    Некое чаре до утре да не ме болат толку? :?: :sweat:
    Некоја маст, масажа?
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Испиј андол или парацетамол (ги опуштаат мускулите и до утре ќе си како нова)
     
    На Divinebutterfly и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски

    Ако имаш Вик(с) намачкај се и додека се мачкаш измасирај ги малку нозете таман и да ти упие маста. Ќе те стопли и би требало да попушти. И облечи нешто што нема да ти биде гајле дали ќе се исфлека, бидејќи мрсна е маста, може да остави флека ако не е убаво упиена :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Девојки, фала ви многу!
    Се намачкав сега со таа Вицкс маста, ставив убав дебел слој, убаво се измасирав и еве за неполни 5 минути, мускулите ми се опуштија!

    А утре пред да идам во школо ќе се напијам едно андолче за вечерта да не ме болат, на зумба сум.
    Тенкс, уште еднаш!
     
    На la-chicka и slavica999 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.381
    Денес, попладне околу 15 часот ми се затнаа ушите и ете ги никако да се одзатнат :( .
    Малце ме болеше и главата, значи онака како да сум уморна.
    Од што може да е и чарее, оти не се трпи...
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ да не ти е низок притисокот? Мене обично така ми дејствува кога ќе ми се спушти, пробај со повеќе течности, мавни едно јако кафе.

    Едно (смотано) прашање од мене. Поради што мојов организам може да не толерира повеќе јогурт (порано здраво си го пиев, сега дури и на гадење ми оди кога ќе се напијам, макар и пола чаша)?
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.381
    ^
    Низок имам, ама денес не го мерев. Плус ниско железо, плус денес ми дојде, плус времето ме шокира, па се е можно. Кафето е испиено, а ушите сeуште ми се затнати :( .
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ама ти се собрало... :doh: тогаш, правец во кревет, утре може се ќе биде подобро :)
    Освен ако некој друг незнае друга состојба поврзана со затнување уши :^)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Мене ми се случувало да ми се затне ушето од промаја или ако дува ветер, ама многу силно, и јас да сум изложена директно на ветерот(тоа најчесто на планина и тоа во зима) :) ама ми се затнувало или едното или другото уше, никогаш двете во исто време :)
    а за лек, имам ставано топло марамче(стоплено на шпорет) ;)
     
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Ај малку помош , имам 2 проблема

    1.Во Април месец не добив воопшто , не е бременост бидејќи немам доноси дечко ми не е тука , со друг не ни сакам да имам.Е сеа вцера имав како бело прање помешано со крв , и кафенсат исцедок , мислев дека ќе пробие кај и да е ,ама еве денеска ништо ни капка нема . Совет?

    2. Забот што го пломбирав ме боли кога џвакам нешто потврдо , стоматологот не ми е тука , и незнам што да правам , како да си олеснам ?
     
  16. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Мене денеска пак вртоглавици ме тресат...Помагајте...
     
  17. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Како е можно триглицериди за 1 недела да се кренат на 6 а не конзумирам храна тие денови (поради гадење, повракање од хемотерапијата) и уште ме убедуваат дека хемотерапијата не влијаела на тоа?
    Не јадам мрсна храна, во последно време и многу малце јадам (последнава недела скоро ич). Никогаш сум немала проблем околу тоа.
    Што е добро да се консумира за да се намалат, по природен пат?
    Имал ли некој сличен проблем да ми помогне!? :)
     
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Штом си имала кафен исцедок ќе добиеш.Мене така ми е скоро пред секој менструација.Кафениот исцедок ќе с епојави па по ден два ми доаѓа менструацијата.Инаку може да ти доцни и од примање на некоја терапија,промена на клима( мене од ова најмногу ), стрес, нервоза и др.
     
  19. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
     
  20. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Ме интересира подетално што е фимоза. Како се лекува, кај сите ли момчиња се појавува..
    Со кожичката што ја сечат што се прави, надолу ли се шие или се фрла?
    [​IMG]