Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па да,или Валеријана капки,е сега различно ги викаат во аптеките,ама ќе им кажиш така и тие сами ќе ти дадат.Мислам дека имаше Валериал :) Тие се од растение и знам дека смируваат :) Се раствараат во вода.

    Или можиш чај да си свариш,камилица или нане :)
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    251.390
    Девојки во невидена паника сум па ми треба совет, помош, што и да е.
    Пред едно 7-8 години ми се појавија жлезди на вратот (имав повеќе), под пазувите и на препоните. Бев на секакви испитување. Прво на инфективно, каде што не пронајдоа ништо, освен анемија, па потоа ме упатија на хематологија каде ме препратија да ми прават пункција. Резултатите беа во ред. Немаше ништо. Ни тумори, ни масни ткива, ама апсолутно ништо. Единствено објаснување на докторката беше дека таков ми е организмот, дека и при мала промена отекуваат жлездите, а една од причината беше и несоодветната исхрана. Јас многу ретко јадам зеленчук, овошје и сл. Ми кажа доколку сакам може да одам на контроли пак, но дека не е ништо што би требало да ме загрижува, бидејќи сите резултеати беа во ред.
    Жлездите кај препоните и под пазувите се повлекоа. Знам пиев нешто за крвта. Само тоа. И сеа ми текнува дека имав инфекција на бубрезите, ама тогаш сите го занемерија тоа.
    Жлездата на вратот понекогаш се зголемуваше, па се намалува. Обично чуствувам промени кога ќе настинам, кога не сум одморена, на диета.
    Сега, односно денес приметив дека имам топче кај препоните. Ме притиска на некој нерв и ме боли ногата. И испаничев. Во моментот серумското железо ми е ниско и пијам ампули. Тоа е единствената заедничка точка што би ги поврзувала појавата на жлездите сега и тогаш. Под пазувите овој пат немам.
    Бев на лекар, матичниот рече да не паничам, па за секој случај во понеделник да проверам крв со седиментација. Но кој да чека до понеделник, денес сум во лоша состојба, секакви сценарија ми се вртат во главата.
    Доколку некој знае нешто, има било какви сознанија нека сподели. Дали е можно поради анемија да се појавуваат жлездите?
    Инаку и после толку време и секакви испитување јас до денес не се помирив и сеуште се плашам. Психа е знам. А оваа денес ме извади од памет.
     
  3. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Дали некој може да ми наброи ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ кога имате киселини во желудникот? обично сите викаат не треба ова ,не треба она и на крајот испаѓа дека ништо не смееш да јадеш,а никој не кажува што е она што смееш.Навистина веќе незнам што да јадам :worried: инаку пијам капки од прополис се надевам дека ќе ми помине,ме мачи веќе 2 недели ова. Ај ќе ве молам некој да наброи нешто,за да можам да се придржувам кон нешто како би ми поминало побрзо
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако толку ти е сериозна ситуацијата додека не се среди јади лесна храна, варено не пржено и посува храна за да ги впива киселините - двопек, ѓеврек. Избегнувај тешко месо, чоколади, млеко, кисели овошја, кафе никако на гладно ако можеш ич да не пиеш супер, ако не додека пиеш јади и биксвити за да ги упијат киселините што кафето ќе ги предизвика... Газирани сокови не помислувај периодов. И што е најважно испитај од каде се јавуваат тие киселини. Ако испадне дека едноставно имаш таков желудник, придржувај се редовно до исхраната што ќе ти ја препорача доктор. И гледај да избегнуваш апчиња, освен кога ептен мораш да пиеш.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Женски, која знае, ако може да ми одговори зошто сум подисплашена.
    Сабајлево станав и левата жлезда под вилицата ми е малку отечена. Не се приметува на око ама на допир да. Вчера ја поправав горната лева шестка, а во средата долната. И двете се пломбирани.
    Прашањето ми е дали може да ми отече жлездата како реакција од вчерашното поправање на забот? Или нешто друго е? :?:
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    девојки еве веке како 3 дена ме боли главата и имам проблеми со дишејнето :(
    незнам што ке е ова..главата дури и на допир ме боли на одредени места а инаце ме боли цела глава..
    кога дишам не можев слободно да дишам ама еве денес ми е подобро само што главата не ми поминаа воопшто..
    што мозе да е :(
     
  7. Anabela09

    Anabela09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки...
    Вака... кај мене во последно време настанаа некои промени па би сакала да знаам дали вреди да бидам загрижена и да посетам доктор или тоа се само обични промени кои настануваат во текот на животот.
    Имам 17,5 години и сум во врска... Во последно време имаме криза во врската која навистина влијае врз мојот живот а кризата трае нешто повеќе од месец. Многу размислував и се нервирав. И летото бев во ваква слична ситуација поради други проблеми на нервна база од кои добив хормонални пореметувања, тврда столица, потоа хемороиди, проблеми во менструацијата... ама се се среди фала богу и бев многу среќна. Можеби е на нервна база ама знам дека најмногу болести се баш поради таа причина. Многу сум млада да бидам болна од нешто па затоа не ни помислувам на доктор мислеќи дека ќе ми помине.
    Тврдата столица повторно ми се врати, крварам за време на голема нужда по се изгледа и хемороидите ми се имаат вратено, очите ми се необично пожолтени, за јадење немам никаков апетит дури ми се чини дека се ќе повратам се што ќе каснам... имам зачестени трески ама силни и неможам да станам.... ми се случуваат ненадејно ама многу начесто во последно време.... ме боли главата од десна страна одвреме навреме ама тоа се силни болки дури и светкавици ми се гледаат па мора да седнам или застанам да помине тоа за пак да продолжам, дури и видот ми се зема ненадејно освен светкавиците како со блиц да ти светка некој во очите. Ослабена сум 4 кила а тоа ми е многу чудно затоа што никогаш сум немала ваква нагла промена во рок од еден месец....
    Ве молам за совет и однапред ви благодарам за помошта.. :)
     
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Женски ме боли десната града се видов на огледало немам ништо, отечено, модро ме фаќа страв што може да е :?:
     
  9. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Eленушке, може да е преладување(ако не си била добро облечена овие денови :D)или може да е лошо спиење.. :D
     
  10. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Да прашам. Сега смукав септолете па после колку време можам уште едно да земам?
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може после 2 часа, ако не се лажам.
    Провери во упатството, мора да пишува.
     
    На Divinebutterfly и perlaa им се допаѓа ова.
  12. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    не сакам да те плашам ама пожолтени очи,треска итн тоа ми е малку чудно ,па да не нагаѓам сега ова она и да се уплашиш уште повеке, утре сабајле веднаш на доктор ок
     
  13. sencence

    sencence Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Девојчиња сакам да ве прашам дали некој знае можеби од што може да е ме боли левата града поточно под пазувите тапа болка и ме плаши што е не сум пред менструација обиЧно болат градите пред да добиеш
     
  14. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Прашањево не знаев каде да го поставам,не видов тема за ова,па ќе прашам тука.
    Имам проблеми со слухот на десхото уво.Оштетен ми е околу 80 проценти.Бев Скопје во аудиолошкиот центар при клиниките и ми рекоа да направам КТ на темпорална коска.
    Е сега,мене ме интересира какви проблеми може да имам со коската и да може да се излечи тоа со некој третман или со операција?
    Би била благодарна на било какви информации за ова бидејќи не успеав многу да најдам на нет.
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Чупе ти подитно на кај матичен или на болница! ДА ти ги направат сите испитувања на крв и урина,незнам шо си чекала досега,остај тоа,туку мене ми личи на инфекциозно заболување,да не претпоставувам сега,од испитувањата ќе се знае.А можно е од хемороидите ако губиш крв секој ден по малце,крвта да е ослабена и можи и да е придружен симптом. Тоа треба саламно да се лечи,затоа одма да одиш! И не се плаши,за твое добро е тоа,не е страшно.После да не е касно,полошо ќе си направиш :!:
    Ти имаш алармантни симптоми.Не требало да чекаш цел месец.И мани таму дечкото мечкото,земи да јадиш нормална храна и потечна,да не ти е толку тврда столицата,тие хемороиди да не се влошуваат. Е така,поздрав.



    Или е од процес на некој заб или е настинка,и од тоа отекуваат,ама убаво е да направиш една ренген снимка на забот и крвна слика.После можи да ти дадат некој антибиотик или друго лекување.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    251.390
    А моите жлезди од што отекуваат?
    И викендот помина, ок сум, ајде утре испитување на крв, па ќе ја разрешам мистеријата.
    Пукнав мислам, од грижи и секакви мисли.
    Па и градва лева ме заболува. Стално проверувам некоја жлезда или топче да нема :( .
     
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Најверојатно отекуваат како резултат на некоја инфекција. Тоа е одбрамбена реакција на организмот, како на пример покачениот број на леукоцити во крвта.
    А ти со сигурно склона на таква реакција, а тоа и веќе ти го кажал доктор.

    Останува да видиш каде има жариште на инфекција. На пример ако се вратни жлезди отечени најверојатно е воспалено грло, жлезда во препони-можна некоја инфекција од гинеколошка природа.
    Мислам дека нема место за паника, но во секој случај треба да се направат испитувања. И асален лекар да ти даде објаснување зошто вака ти реагира организмот.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    251.390
    Па бев на хематолог, демек таков ти е организмот, реагира на најмала промена.
    Утре ќе одам и на гинеколог, ќе правам ПАП тест.
    Обична крвна слика и седиментација би можела да каже што е?

    Инаку пред неколку години ми беа отечени и под пазуви и на препони и на врат, ме испитуваа на инфективно за секоја можна инфекција, па ми правеа пункција и ништо.
    Единствено бев анемична и имав инфекција на бубрезите.
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Мене онаа првата ситуација која ја опишуваш кога за првпат ти отекле лимфните јазли, ми личи на мононуклеоза. Тоа е вирусна инфекција која често ги фаќа младите во пубертет и затоа се нарекува болест на први бакнежи. Не е воопшто сташно и поминува без последици. Може да било ова, а може не, претпоставувам нели.

    За ова сега, покачени леукоцоти и седиментација се знак дека има некое жариште. Спрема тоа колку се покачени леукоцитите може да се види дали е бактериска или вирусна инфекција. За поспецифично, треба дополнителни испитувања. Во секој случај матичниот лекарот ќе знае што да направи и што да испита.
    Може и ништо да нема, период на лесна настинка, намален имунитет.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    251.390
    Мононуклеоза е првото нешто што испитаа, не беше ни тоа. Инаку во Ск на клиника ги правев сите испитувања. Значи се зедоа во предвид, од најлесни до најтешки заболувања.
    Ајде ќе видам утре, што ќе кажат резултатите.
    Може е и дека ми е намален имунитетот.