Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Јуле не е страшно ништо. Се јавуваат од слабост или од ослабен имунитет. Ти нели држеше диета, ако си ослабела нагло тогаш можно е од тоа. Ќе се повлечат.
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    251.401
    Се надевам Џули, ниско ми е серумското железо, па со тоа ми е ослабен и имунитетот.
    На тоа се сомнева и матичниот.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Може. И со тоа ти е ослабен организмот, затоа се појавиле. Ќе го појачаш железото и ќе се повлечат, само не паничи. :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    И мене ми се чини дека нема ништо,штом тебе стално ти е така,кога ќе ти падне имунитетот,а испитувања ете направиле,немало ништо,не се плаши.Ете ќе покажат и да ни кажиш што станало,важи? А и да си го накрениш организмот сега,јади правилно и поќе витамини,сега барем ќе има и овошје и зеленчук :)
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    251.401
    Испитувањата беа пред едно 8 години, но цело време ми се појавуваат па ги снемува на вратот. Ете сега и на препони. Дали ја немав забелжено порано.
    Паничам многу. Некако имам трауми од сите тие испитувања па се плашам да не е сериозно. Затоа прашав овде дали има и друг ваков случај.
    Утре секако ќе ви пишам :) .
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се самоцитирам за да кажам дека малиот оток сам се се повлече. И тоа уште вчера вечерта, сосема го снема.
    Имате идеја од што би била таа реакција? И дали сепак да одам на снимка?
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мене знае така да ми се подуе и мислам дека од тоа што устата ми била долго време отворена ,а и од цевчето што всисува плунка.
     
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    На мајка ми негде во интимниот дел и искочило нешто како бемка, ама не личи на бемка. Проба да го потегне и ја боли. Мислев дека е поткожно влакно, ама па и на тоа не ми личеше :worried: .
    Некако црвено е, долу како да е потенко, а горе како да е пошироко :worried: .
    Ќе оди на лекар ама вака ме интересираше што би можело да биде :?:
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.350
    Пол:
    Женски
    Дечки, веќе два-три дена по ред очите ме болат кога ги вртам нагло нагоре, на страна ...
    Немам појма од што ми е, ваљда ќе се разболам во скоро време, зашто синоќа имав и треска. Се средив со Фервекси и Далерончиња, ама болката при вртењето на очите не престанува. Има начин да ја ублажам некако со, еве да речеме некакви облоги? Ко робот се осеќам, не можам главата да ја свртам лево или десно, не дај боже па за нагоре, боли, кине. :worried:
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    251.401
    Ветив дека ќе пишам.
    Резултатите се во ред, одлични се, дури и железото е покачено малце.
    Седимнетацијата е 2 дури, воопшто не е покачена.
    Според крвната слика се е во ред.
    Жлездата на вратот е повлечена, ама тоа топчето на препоните стои. Бев и на гинеколог, го виде и рече дека нема место за паника.
    Така, синоќа кошмари имав, се плашев од резултатите, а тие и повеќе од одиучни.
    Според нив здрава сум :) .
     
    На Divinebutterfly, Sparks и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ти реков? :) Ете добро е се, сега опушти се. :)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Женски не ми се верува од спиење или прелада да порасне толку десната града, ме фаќа паника незнам што е работава, страв ми е да одам на лекар, мајка ми вели дека нормално е бидејќи сеа почнувам пубертет (иако имам 22, заради операции ова она испитувањата покажаа дека хормоните ми се како на 15 години)
    За разлика од вчера денес не ме боли толку али...
    Оффф само да не е нешто страшно... уште тоа ми фали
    :?: :?:
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Имам болки во ребрата на грбот кога вдишувам длабоко или кога ќе се наведнам многу нанапред или наназад, поточно од десната страна, околу 10 сантиметри под плешката. Првпат таму осетив болка пред 2-3 месеци, ама не беше баш болка, туку како некоја непријатност, како да имав заглавено нешто меѓу ребрата и имав постојана желба да ги испукам коските во тој дел, чувствував дека тоа би помогнало, но залудно.
    Последнава недела болката е многу појака, кога вдишувам длабоко ме заболува многу, а забележав и дека најака е приквечер, пред да си легнам и тогаш ми се шири не само на тоа место, туку и на другите ребра, и од другата страна само не е истата болка, иако ме боли и од другата страна најака е болката на местото од кое започнува. Исто така, од пред една недела ме боли и од предната страна, на коските веднаш над желудникот, само двете завршни коски и болката не се шири нагоре по градниот кош. Значи навечер, кога ќе вдишам длабоко и да го задржам здивот, стоејќи исправено, чувствувам истовремено болка под плешката на десната страна, напред на двете коски каде завршува градниот кош и послаба болка на ребрата од левата страна. Исто и кога ќе легнам на грб при секое вдишување ги чувствувам истите болки.

    Насабајле, кога ќе станам е друга приказна. Иако првобитната болка ја чувствувам, не е толку јака како навечер, а пак болките во предните коски останува иста.
    Не знам што може да е, пробав да барам нешто по интернет ама ништо не можев да најдам.
    Не знам дали е од важност и дали е поврзано, но да споменам и дека имам болки во желудникот, сега не толку зошто се трудам редовно да јадам, но некаде околу први мај скоро секој ден ме болеше желудникот, но не се хранев редовно. И сега се случува да ме заболи, значи не смеам да почувствувам глад воопшто, зошто само што ќе почувствувам глад веднаш почнува да ме боли желудникот.

    Јас мислам дека не е поврзано, но сепак да си кажам. Во петок ќе одам на лекар и ќе барам упат и за двата проблеми, ама до тогаш ако некој претпоставува што може да е, нека одговори веднаш, зошто чувството е страшно навечер, како да се распаѓам при секој земен здив :(
     
  14. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Знам дека прашањево не е за овде, би требало да го поставам во темата за церебрална парализа, ама таму би добила одговор после цел месец. И ве замолувам да не ми го бришете или префрлите, барем додека не добијам одговор.
    Сакав да прашам што е тоа инфантилна церебрална парализа?
    Барав по интеренет за ова, ама нигде не најдов. Тоа што го најдов беше само општо за церебрална парализа, не за инфантилна церебрална парализа.
    Ќе бидам многу благодарна ако некој ми разјасни, макар и на кратко.
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Бактерија-Pseudomonas fluorescens

    Го пребарав цел форум ама не најдов ваква тема или барем слична,а итно ми треба било каква информација за бактеријава...Се работи за една пријателка која се породи предвраме поради висока температура која ја предизвикала оваа бактерија :( сеуште се во болница па затоа јас прашувам во нејзино име....
    Дали има некој со слично искуство? :*
     
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Бактерија-Pseudomonas fluorescens

    Јас знам за оваа бактерија дека предизвикува расипување на храна и тоа храна од животинско потекло(месо, млеко, јајца) Така да можеби се заразила преку јадење на ваква храна.
    А што побарав на интернет сега пишува дека ретко се јавува кај луѓе и тоа претежно кај луѓе со ослабен имунитет. Навистина чудно од каде се заразила... :worried:
    И посакувам брзо опоравување, се надевам дека бебето е добро.
     
  17. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Бактерија-Pseudomonas fluorescens

    Бебето е добро за среќа не му се пренела на него,фала ти CrazyStupidLove :* :hai:
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    251.401
    Пак јас, ама ме копка, некако шубе ми со жлездите, иако крвната слика ми е одлична, па да си прашам.
    Дали крвната слика може да покаже дека нешто се случува во организмот?
    Јас не барам да ми покаже од што сум болна, ама барем да ме насочи кон понатамошни испитувања. Мојата е во ред, значи нема никакви покачени ни намалени вредности, освен железото. Ама немирна сум, заради жлездите, неможе туку така да се појават пак.

    Е сега гуглав на нет малце и прочитав дека можат да се појават од лошо пакувана храна, од алергија и тироидна жлезда.
    Тироидна не сум проверувала, ама имам доста сува кожа и коса, замор, поспаност, психичка исцрпеност, слаба концентрација, чуство на топлина, страв итн. Лимфни јазли имам на вратот, ама тие ти се повеќе како вената да е отечена сфаќате, не баш тврди, а безболни се. Ама и на препоните имам која не ме боли на допир туку така, дали притиска некој нерв. Мајка ми се сомнева и на чир.

    Знам дека е глупо вака да се лечам по форуми, ама матичниот ми бог да чува мислам |( , а за други резултати треба да одам до Ск. А планирам да правам пункција на приватно, па и да е од ослабнет организам, нека е, ама барем ќе се смирам. Вака, не знаете како ми е :x .
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.824
    Пол:
    Женски
    Инфантилна церебрална парализa е всушност церебрална парализа на дете. Настанува при траума во раната возраст. Како резултат на ова се јавуваат физички и ментални оштетувања. Може да биде и вродена, доколку има генетска предиспозиција за тоа.

    Јуле, најпрво престани да мислиш толку на се. Психата е многу моќна работа. Второ,не гуглај, јас 300 ракови така си наоѓам.
    Тука ние само ќе нагаѓаме, ама зошто не си направиш хормонски испитувања. Симптомиве што ги чувствуваш се прилично општи. Може да бидат од недостатокот на железо (што е прилично веројатно), а може и да се манифестација на дефицит на тироидни хормони. Ако е тироидата, би требало да имаш зголемување на тежина, зголемени масти, отоци. Доколку е навистина таа, би ги повлекла и проблемите со железото.
    Значи, испитај се, имај црно на бело.
     
    На FortuneTeller.xD и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас мислам спремна сум за ремонт :x

    Избегнувам да гуглам за да не си најдам инстантно рак во сите можни варијанти, а ради работни обврски здравјето си го ставам на второ место :@ , тек утре ќе идам кај матичната моја, па да видиме што ќе ми каже. У меѓувреме да си прашам на форумов, можеби некоја имала исто искуство па ќе ми помогне :(

    Значи, прво јајниците ме болеа, класично како при овулирање. Наредниот ден почна многу да ми се подува желудникот, мислиш цепелинче (ок вистина е дека деновиве ептен малку јадам, а обично тогаш сум цела воздух) и ептен да ме боли со грчеви и све, за вчера да кулминира со страшна болка одпозади и напред, во пределот веднаш под ребрата. Едвај одам, доколку не испијам некој парацетамол или нешто за болка, нема шанси да функционирам нормално ко човек. Синоќа имав чуство како да качувам температура ама проверив немам. Едноставно имам чуство ко се да ме боли, ама најмногу ме боли кога силно ќе стиснам со рацете на половина, значи како што реков веднаш под ребрата. Немам поим што може да биде.
    Си викам, бубрег да не е, ама немам проблеми, а ќе осетев веднаш да бев настината (сакам да кажам дека кога мочкам не ме боли :) ).

    Сериозно сум, ем загрижена веќе, ем...немам апсолутно никаков поим за што се работи. Воглавно најмногу болките ги чуствувам на половина.

    Ако имате некој совет да дадете или ако сте имале слично искуство, пишете ве молам. Може и да сум настинала, накиснав прошлата недела и седев у кафич со мокри кондури и на босо |(