Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Ако мислиш на внатрешноста на анусот тогаш мислам дека треба да одиш на гастро, да се направи гастроскопија мислам се викаше (снимање), а ако мислиш на надворешноста некава иритација, израсток тогаш можеш и на матичен да прашаш за совет.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Гастроскопијата е за горниот дигастивен тракт, за езофагус, желудник и дванаесетпалечно црево. Колоноскопија е за дебелото црево.
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Туку јас да прашам. Имам многу гасови, во цревата ми се случува експлозии, војни, бомбардирања и уште што ти не. После секое јадење, а и не јадење, ми се лачат киселини и во желудникот имам такви необјасниви звуци, што надалеку се слушаат. Некое чаре? :?:
    Од хеликобактер да не е? Ама до сега па не ми било вака.
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    напиј се некое апче за пролив а ако имаш дома линекс напиј се две капсули и ќе ти помине. кај и да е ако не ќе те стегне стомак :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ама немам дијареа(пролив), само гасови имам и ми кркорат цревата. Што ми препорачувате да јадам за малку да ми се смират?
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    ^Избегнувај грав, леќа, и слични така да ги наречам зрнести работи. :) Напиј се од оној јогуртот Баланс, мене ептен ми помага во вакви ситуации, јади што полесна храна и мислам дека ќе ти бде подобро.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Девојки Ве молам за помош!!! :?:
    Веќе 2-3 дена имам проблем.... Пред една недела отприлика ми се укочи десната страна од грбот - рамото и плешката, ама сега таа болка почна да ми се префрла на десната дојка кога ќе ја заморам раката (а десната рака ми е постојано активна-работам на компјутер по 10-12 часа дневно) или кога ќе се потпрам на таа страна.
    Ве молам кажете ми дали е можно болката во дојката да е од оваа укоченост - се плашам од се веќе!!!!
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Возможно е. Испиј 1 Волтарен и ќе ја снема укоченоста. Ако толку работиш на компјутер одвреме навреме протегај ги рацете нагоре за да се размрдаш, седи исправено на стол, на саат-два стани земи си вода :) или било штоколку да ги размрдаш мускулите......
     
    На tigarce и eleni27 им се допаѓа ова.
  9. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    ^^сигурно ти е од вкочанетоста .. пробај со масажа ќе ти помине или со алпа намачкај се :)
     
    На eleni27 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Можеш и ибубруфен да се напиеш, не е проблем и од 400мг да е
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Па бактеријата не ја носиш од раѓање, а и да ја носиш некогаш може ќе се активира, а може и не. Така да убаво би било да си испиташ, со плави картончиња е околу 200 денари, проверка преку крв и мирна глава.
    Мене така непријатно кркорење на цревата ми се јави од зимоска, не јадев редовно, понекогаш и еднаш на ден, па после некое време после што и да каснам мене 15тина минути цревата ми свиреа симфонии. Сега ако јадам полека и не сум прегладнета не е толку изразено. Така да пробај и полека да јадеш, ако јадеш брзо голташ и многу воздух. Или па може имаш многу брз метаболизам и брзо огладнуваш..
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас веќе ја имам бактеријата во мене одамна. Јадам редовно и полека, не знам не е до тоа мислам.
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    каде и како се испитува хеликобактер?
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас ја испитував во Здравен дом, на хигиенско. Матичната ми препиша упат, се зема крв од вената. Мислам дека ме чинеше 150 или 200 не се баш сеќавам.
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А примаше ли терапија за бактеријата? Јас како што знам кај 90% после терапијата со два антибиотика нели и со инхибитор на желудочен сок (ако се викаше така) дека е после во ред. Оди провери колкав е титарот може се активирала повеќе па ти прави сега проблеми.
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Пиј јогурт (можеш и овошен) или кисело млеко што содржат пробиотици, ставрно многу добро го регулираат системот за варење. Почни си интензивно, секој ден да ги консумираш, и тоа нека трае недела дена, ќе биде подобро. Секојпат кога имам проблеми со системот за варење, го регулирам на ваков начин. На млечните производи кои имаат пробиотици тоа е нагласено на амбалажата, затоа барај такви.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    43.076
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку месеци на периоди ми се јавуваат грчеви во желудникот.Значи ќе почне некоја вечер и така недела дена кога легнувам кога ми се смири организмот почнуваат болките, пво не обрнував внимание ама така е веќе многу време, синоќа толку ме болеше што одвај отидов до толет.Значи ми се јавува силна болка, почнувам да се тресам ми станува ладно, а во исто време и се препотувам, ме боли половината, боли дури и кога се допирам.
    Да речам дека е од нездрав начин на живот мислам дека не е, зошто не пушам, многу ретко пијам кафе, не јадам строго здрава храна,ама јадам многу зеленчук и овошје и домашно приготвени јадења, спијам нормално и затоа немам претстава од што може да е.
    Знам дека има испитувања на желудникот ама мене страв ме фаќа да ми бркаат преку грлото со црево зошто мислам така се прават.
    Некој има ли вакви искуства, да ми каже некој лек или да има поим барем од што ми се јавува оваа болка?
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    А со стрес, нервоза како стоиш? Можеби е некој гастрит.
    Штом те боли половина можеби е некој напад на бубрези. Провери си мокраќа
    Појди на лекар, не се филмај и за здравје се се` трпи :)
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    43.076
    Пол:
    Женски
    Не сум под стрес сигурно, мирна ми е главата, не е ни до бубрезите, желудникот е сигурна сум.Сепак фала ако продожи морам да појдам на доктор.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Девојки, би сакала некоја ако е во можност и се разбира што-како после оперативен зафат на слепо црево, да ми одговори дали е нормално да се повраќа скоро 15 саати без притоа да не е дозволено ни капка вода да му се даде на пациентот?
    Итно ми е, фала ви однапред :)
    Јас радо би ги пријавила оние ороспии во болницана во Прилеп :@ зашто освен за време на операцијата и едноминутна визита од страна на друг доктор, нема ни п од проверка, ни о од одговор, ситуацијава ме вади од памет ;(