Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ана,ќе те замолам да ми одговориш на проблем поврзан со мајка ми.Таа има 54 год. и има многу силни главоболки,некогаш целата глава ја боли,ама повеќе е лоцирана болката на левата страна.Беше на снимање на глава со скенер,а и вршеа и некои испитувања ама ништо конкретно не и пронајдоа.Проблемот е што некогаш ја боли со денови и ништо не и помага,пиеше и Кетонал форте+Дијазепам+Скоприл(притисокот и е варијабилен,да напоменам,ама овие редовно ги пие).И пак не и престануваше болката.Има шанси да не е ова доволно што го наведов,ама дали сметаш дека има некоја комбинација на лекови која би била поефикасна или да ми препорачаш некое испитување?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Бидејќи почесто ја боли левата страна, претпоставувам дека се работи за мигрена, дали има некои други симптоми, освен главоболките? Некогаш е навистина тешко да се утврди која е причината за главоболките, без разлика колку испитувања се направени. Некогаш причина може да бидат т.н вратни шилци - тоа се фактички коскени израстоци во вратот, кои притискаат на нервите и крвните садови, па како резултат на тоа може да се јават силни главоболки. Ова се случува кај моја блиска личност конкретно, има мигрени,а а покрај тоа и постојани главоболки од такви шилци, па ти го наведувам како пример. Се откриваат на класична рендген снимка на главата и вратот.
    А за лекови - не му помага секому истиот лек. Ако Скоприлот и' помага за намалување на крвниот притисок, нека го пие и понатаму, затоа што сепак и притисокот многу влијае. Може да зема и магнезиум, во последно време доста го препорачуваат при главоболки кај кои не се знае причината. Препорака е и да се намалат стресовите и нервозите, ама во денешно време колку е тоа изводливо...
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Драга Анатх еве ме пак мене :) Минатата недела ме болеше грлото, имав температура еден ден и пиев оспен. Сега тоа помина , па ми се затна носот. Проблемот е што кога го чистам ми е полн со крв, дури и шлајмот што ми иде од носот во грлото е крвав :( Ми е страв да употребам шамивче што се вели. Инаку крвната слика ми е супер минатата недела ја испитав и со бебето се е ок. Окапав веќе по доктори, некој совет???
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Крварењето од нос е нормално во бременоста, не си единствена со овој проблем. Ако немаш проблеми со крвната слика и со притисокот, немаш причина за грижа. Испирај со физиолошки раствор и повеќе со ладна вода. И мене ми се случува истото од време на време ;)
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Имам еден проблем кој се повторува 2 до 3 пати во годината (Секогаш за време на менструалниот циклус)
    Се случи и утрово.
    Немам никакви проблеми со менструацијата, секогаш ми е редовна и ретко кога ме боли стомакот.
    Можеби не сум навикната на болка, па кога ќе се случи да ме боли стомакот многу тешко го поднесувам тоа.
    Утрово се разбудив околу 6 часот со ненормални болки во стомакот. Само што станав од кревет да одам да се напијам кафетин менструал почна да ми се лоши. Пребледев, рацете почнаа да ми трнат, ладна пот ме обли, почнав тешко да дишам, устата не си ја чувствував мислев дека ќе се онесвестам. Кога видов дека никаде неможам да ги најдам апчињата ме фати уште поголема паника :worried: Малку фалеше да се онесвестам. Конечно ги најдов, се напив се измив со ладна вода: Лице, раце, врат и си легнав.
    Кога водата на мене се исуши пак почна многу лошо да ми станува. Ја разбудив сестра ми да ми помогне. Ми беше страв да не изгубам свест, па да биде за секој случај покрај мене. Таа кога виде колку сум бледа ја фати паника. Зема вода и почна да ме прска и да ме масира. Сето ова помина кога почна апчето да делува. Ми се врати бојата на лицето, ме фати сон и заспав. Еве сега сум во ред.
    Не ми е прв пат ова и цело време мислев дека можеби шеќерот ми паднал. Дефинитивно не е до шеќерот. Утрово не пробав ништо благо, а сепак ми помина. Почнав да се сомневам дека се ми е реакција од силната болка која ја чувствував. Незнам што да мислам. Загрижана сум без разлика што ова не ми се случува секој месец. Среќа што бев дома, ми се има случено и кога сум излезена. Многу ми е тешко во тие моменти. Никогаш не сум се онесвестила, ама како да сум на работ да се онесвестам. Што може да биде? :worried:
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Битер грл вака како што опишуваш на една моја другарка и се случуваше, и испадна дека нема доволно железо во крвта, а нели и дополнително се губи за време на циклусот.
    Направи крвна слика, ќе видиш дали е тоа.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Битер ја имаш ли проверено крвта, да не ти е слаба или да не имаш некаков проблем со тоа???

    Јас имав таков проблем но јас бев анемична и докторите ми рекоа особено кога имам менструација да внимавам повеќе на себе, зашто организмот губи крв и нормално е да реагира по агресивно доколку крвта ти е слаба.
    Значи несакам да те исплашам само и мене ми се случуваше такво нешто, вртоглавица, пребледување, нагони за повраќање и сл. а јас згора на се имав а и сеуште имам јаки болки, но ми препорачаа да внесувам повеќе витамини пред и за време на циклусот, значи овошје, зеленчук и Б-комплекс. Тоа е за појачување на имунолошкиот систем и неверувам дека би ти наштетило, но нема да ти шкоди и да направиш крвна слика и да се посоветуваш со доктор. :)
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    Bitter-girl, како јас да сум го пишувала ова. Тука ќе зборувам од искуство, а не од она што сум го научила од книгите. И мене ми се случуваше вака да колабирам, од многу силни болки, исто при менструација, исто 2-3 пати во цела година. И плус, јас многу крварев, ненормално многу (можеш да замислиш колку е тоа ако ти кажам дека во еден ден трошев едно, до едно и пол пакетче влошки од ноќните, тампони не доаѓаа во предвид, оти никако не се затнував). Ми се смируваше само со кетонал форте и лежење во кревет. Последниот пат кога ми се случи тоа, си направив комплетна крвна слика и хормонски статус. Крвната слика ми беше катастрофа, а хормоните во ред. Пиев Дабростон за да го намалам менструалното крварење, почнав да пијам препарати со железо, да консумирам природни лекови за анемијата и да си ги надополнам резервите. И гинекологот и интернист лекар ми рекоа дека таа ситуација ќе се среди кога ќе се омажам и ќе родам деца :?: Со дабростонот навистина ми се намали крварењето (го пиев 6 месеци), а болки толку силни сум немала оттогаш (пу, пу да не се урочам) - тоа беше пред некои си 7-8 години. А конкретна причина никој не знаеше да ми каже, зошто тоа ми се случува :worried: Ама ми кажаа дека не било ништо страшно, освен ако такви силни болки чувствувам и кога немам менструација.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Ви благодарам многу за советите.
    Инаку крвта ја немам одамна проверено. Дефинитивно оваа недела ќе го сторам тоа.
    Мене крварењето ми е сосем нормално, немам проблем со обилно крварење. Цело време мислев дека можеби шеќерот ми паднал, но дефинитивно не е ни до тоа. Само што ќе престанат болките мене ми станува подобро.
    Ќе ја проверам крвта, за секој случај за ова ќе разговарам и со мојот гинеколог. Да се надеваме дека ќе ми се подобри ситуацијата. Не си го земав ова здраво за готово бидејќи не ми се случува секој месец.
    Денеска ептен се исплашив па си реков сама на себе дека работава морам да ја испитам.
    Ќе почнам со проверка на крв, само незнам дали да чекам да ми заврши или нема тоа никаква врска?
    После ќе одам на гинеколог да се консултирам и со него, да не треба да направам некакви дополнителни испитувања. Уф.. дај боже да не е само нешто сериозно. Ви благодарам уште еднаш!
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И јас го имав речиси истиот проблем како Анатх, но мојата менструација не прекинуваше, туку година дена си се шетав со влошки :( . Не гинеколози, бев на секакви специјалисти и сегде истиот одговор „Ништо страшно сега си во пубертет, менструацијата се средува, телото созрева, само од себе ќе помине“ :?: .
    И се помирив со фактот, арно ама се до еден ден додека не почнав обилно да крварам, значи под обилно подразбирам како да сум не дај Боже ранета, ни за момент не прекинуваше, почнав да губам свест и моите во кола и право кај матичниот гинеколог. Тој пак идиот се обидува да ме смири, да не паничам ни јас ни моите се ќе се средело. Моите видоа дека нема аир од тоа, затоа што тотално изгубив свест и не се сеќавам веќе но ме однеле во Државна, на Гинекологија. Таму кога ме примија одма коагулациски инекции, да се спречи крварењето, инфузии, витамини, крв и што ти уште не, затоа што нивото на крвта ми било опаднато под 50 % што било навистина сериозно, и сум можела да искрварам до смрт. И се среди тоа вечерта, после тоа неколку дена ме маткаа по гинекологија, де ехо, де анализи на крв и никој незнае од што ми е.
    Се одвиваше таа голгота така неколку недели, јас постојано на апчиња, но без дијагноза зашто неможеа ништо да ми дијагностицираат, се додека на асистентот кој беше на пракса не му текна да ме пратат на патофизиологија да ги проверам хормоните. Кога ги добив резултатите, докторите се чудеа како сум успеала да издржам да функционирам со така пореметени хормони. Значи хаос, нешто се лачи максимално, друго воопшто нема, трето на минимум.
    И на крај и покрај 7 апчиња кои ги пиев за анемијата ми удрија една хормонска терапија од плус 4 таблети, како да ме лечат од Сида :( два пати на ден пиев по 11 апчињаа и плус некои киселина за фоликулата на желудникот. :puke:
    Но за среќа еве после неколку години, т.е. 4 години се е во ред, и крв и хормони и менструацијата која ни ден не ми касни.

    Несакам никој да исплашам со постов, туку сакав да укажам на тоа до што може да не доеде не грижата на докторите, едноставно некои од нив не си ја заслужуваат дипломата. :x
     
  11. anelleg

    anelleg Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво..повремено ми се јавуваат болки во пределот под пазувите на десната страна. Болката е остра и кратко трае. Ве молам ако може некоја да ми каже од што би можело да биде. благодарам
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Најдобро да си побараш мислење од стручно лице.
     
  13. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Јас си имам еден проблем уште многу одамна кој ни лекарите не можеа да ми го утврдат. Се работи за некој вид алергија, но алергија на топло ,ладно, нервоза , возбуда имам слушнато за слични случаеви како мојот и знам дека се лекуваат со нешто но незнам со што, како терапија пиев витамини и лоратидин но тоа не помогна и ми рекоа дека не постои никаков лек за тоа :( Некој сличен случај како мене ? :D
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.736
    Пол:
    Женски
    Јас! Сосема исто, само мене и јазикот ми е отечен. Лоратадинот ми помага за алергијата ама за јазикот не.
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Морам да прашам дали е нормално ова моево :|
    Еве веќе три дена како имам добиено. Првиот ден требаше да поминат околу 15-16 часа за да ми пробие како што треба. Во текот на целиот ден се на се имав наполнето пола улошка.
    Утредента беше се супер. Си течеше нај нормално, се стабилизирав. Цел ден се си беше како што треба.
    Денеска повторно како првиот ден. Се на се пола улошка. :?: Изгледа утре воопшто и нема да имам.
    До сега никогаш не ми било вака. Обично ми трае 5 дена. Првите 3 си тече нај нормално и последните два завршува. Последните два дена само по малку кафено тече. Се прочистувам.
    Искрено не знам дали е во ред ова! :worried:
     
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    И јас имам таков проблем душичке... можеби си под стрес
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Mене секогаш ми е така. Ми тече 1,2 дена и после само кафеавко. Не верувам дека има некој проблем, може едноставно си под стрес или овој пат решило помалку да трае :)
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    ево вака да започнам одпред недела ипол чуствувам болки на левата нога поточно на колкот.таа болка ми се влече така да речам и на препоните,а чуствувам понекогаш како да ме фаќа и малку на стомакот.истото ова ми се случи пред неколку месеци бев да го снимам колкот и се беше во ред,докторот рече дека можеби се работи за воспаление на колкот.па одев на дијализа на терапија 10 дена и болката се повлече.но сега повторно го чуствувам истото,а кога ќе ја уморам ногата како на пример денес почнав и по малку да куцам.на некој начин како да сум фатена на левата нога и ме боли.матичната докторка ми рече дека за болката во стомакот мускулите ми се слаби,но не ми препорача ама баш ништо,притоа да напоменам дека не смеам да кревам нешто тешко и го одбегнувам тоа.но тоа што ме нервира е што никој не ми дава ништо за да се спречи таа болка во колкот,значи таа терапија што ја правев не била успешна штом тоа ми се повтори.ке ве молам ако има некој од вас со вакво или слично искуство да ми помогне некако, да ме упати некаде зашто навистина сум многу нервозна и очајна веќе преку глава ми е од проблеми со стомакот. :worried: :worried:
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ана,на работа имаме кварцна греалка и на колешка ми и се појавила како флека која и не била баш со мали димензии,малку поголема од дланка,на страната од која е свртена накај греалката.Флеката била како со цртички прошарана и обоена,верувам дека и е од греалката.Дали има начин да се отстрани?
    П.С. сега јас на работа стојам подалеку од греалката и фрлам вакви :^) погледи кон неа.
     
  20. devi4ka

    devi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Здраво јас патам од мигрена веке 4 години и многу е теско да се справеш со неа, па ако има некој таков проблем да ми каже како полесно да се носам со неа