Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Точно, од топлото е, и мене ми отекуваат нозете и тоа долу кај глуждовите најмногу. Секој ден сум отечена и ова секое лето ми се случува, така да не се секирај, ништо не е :)
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Јас пак...
    Пишав за моите жлезди, и таа кај вратот се повлече, мислам таму си е, ама не ниту отечена, ниту ја осеќам. Ама онаа кај препоните си стои. Топче, тврдо е, не се зголемува, ама ме измачува. Не знам дали препоните ме болат од него оти јас имам дискусхернија, па стандард си имам болки во тој дел.
    Крв проверив пак и резултатите се одлични, ПАП тестот исто.
    Докторот ми вели дека нема место за паника, исто се консултирав и со други медицински лица. Ми спомнаа дека може да е и од вежбањето.
    А да не е од дискусхернијата? П
    ред неколку години кога се појави, после неколку месеци само се повлече.
    Ми рекоа дека ако еднаш се појават, пак ќе си се појавувале, а и не е добро да правам често биопсија, освен ако наодите не укажуваат на тоа. А наодите се добри.
    Сега читам на нет дека тврдо топче кое расте и не е подвижно укажува на тумор. И во паника сум. Ме мачи оваа, секакви филмови си правам, мислам дека ќе полудам од грижи. Слушнав дека може место биопсија да се снима, ама не запамтив каде, да не знае некој?
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Јуле, ако резултатите до сега се ок, посебно од крвта тогаш мислам нема потреба да паничиш. Иако не е лошо да одиш пак на анализа. Можно да е некое масно ткиво :?: ... Не верувам да е тумор, скраја да е. Ќе осетиш, ќе имаш сепак некакви симптоми. И добро е да направиш и биопсија за да се осигураш.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Секој месец правам комплетна анализа на крв, последната беше пред 2 недели. Правам баш заради ова, да нема некои промени, ама не, се е во ред. Проврувам диференцијална крвна слика и лимфоците и се друго што оди во комплет со нив.
    Да беше до мене одма ќе одев на биопсија, ама не ме праќаат оти немало ништо на крвта и не ми препорачуваат пак да правам, еднаш правев, демек не се чепкале, па затоа прашувам дали има некој друга метода.
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Тој е најсигурен метод за да се дознае,другиот е од крвта,одма ќе покажеше и ќе се посомневаа.Штом не се мрднати крвните клетки значи е добро.Тоа што те боли е можно ако притиска на некое нервче таму или па и од дискусхернијата пошто болката се придвижува по цел нерв.Можи и да не е од топчето.А на Гугл ако бараш нели знајш дека сите ќе не извади тумори дека имаме :D Не се секирај,не верувам да има нешто,ќе те пратеа одма на прегледи. А можиш да се напиеш диклофенак или ибупрофен да видиш дали ќе помини болката.А и да не се напрегаш многу.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Болката ми поминува од вентор или кетонал, ама од дискусхернијата е, бидејќи ме боли цела нога, колено, кичма итн. Кога одмарам не ме боли, а да и топчето е на нерв најверојатно, кај вена ли е, незнам што е, ама има како линија и таму е. Биопсија е најдобро за да се смирам, ама кај нас на клиника треба да чекаш 6 месеци, освен ако не е итно, што кај мене не е случај бидејќи останатите наоди се во ред. Мава на психа, неможам да се убедам дека не е ништо :) .
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема потреба од биопсија ,а за дискусхернијата мислам дека можам да ти помогнам т.е да те посоветувам ќе ти пишам лп сега :)
     
  8. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Девојки имам проблем. Притисокот ми е многу низок, додека не испијам 2-3 кафиња и сок не можам да го покачам. Многу често имам главоболки, вртоглавица. Исто така не можам да јадам како човек. Бледа сум и често ми иде да повратам. Инаку сите резултати за крвта ми се добри, и крвта ми е супер. Што може да е? Како да ја смирам болката ? Поздрав :)
     
  9. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    МОјата рака вејќе 5 години ми стои превиткана неможам да ја исправам

    Сум била на лекари, кај жена што дава био енергија, по болници кај немам појдено нзн ..
    И уште неможат да ми откријат зошто неможам да ја исправам раката.. ;(
    ЗНачи на левата рака уште пред 5 години ми се фатија прстите еден по еден Така полека со тек на време 5те прсти.. :( После некое време палецот го потватив во автобус станата бев и автобусот школски (со мн деца) закочи и 10тина деца на мене испопаднаа мене ми се свитка прстот абре светки низ очи ми изегоа и така 10тина мин после ми се здрве палецот..и за 1,2 дена ми се опушти..(сеа тој си е океу.)
    другиве 4 прсти.. хД катастрофа показалецот до пола ми е подкренат.. а овие другиве 3 неможам воопшто да ги помрднамм .. ;(
    Сеа приметувам и деснава рака малку по малку ми се фајќа ко левава.. Мн лошо.. :doh:
    А исто така и колената.,неможам да клекнам убаво не ми се превиткуваат..
    Ако знае некој да ми препорача некој лекар,таблети некои за опуштајне коски нешто.. што мисли дека ке биде од корист(имам пиено шумливи таблети за зацврстување на коски но не баш делуваа)да ми даде некој совет,
     
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем ,решение некое посебно нема ,туку ќе си внимаваш на пр обавезно насабајле прво ќе си доручкуваш ,ке си јадеш солено за да си го покачиш притисокот малце кафе газирани сокови ,вртоглавиците и главоболките ти се од нискиот притисок ,мораш и да спиеш доволно бар 8ч и тоа е тоа :)
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Мислам дека невролог или неврохирург ти е најдобро да посетис ако мене ме прасас обрати се во сиситина кај др јовица ѕгриновски 1500 денари е прегледот
     
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СЕ согласувам со Мацушка,а и тие можи и на физиотерапија да те пратат,некои вежби да ти дадат и терапија. Магнезиум можиш да пиеш и Б комплекс витамини,ама тие и во терапијата можи да ти ги вклучат кога ќе ти кажат.
     
  13. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    значи се работи за мојата баба.има 85 години.многу е слаба (мислам телесно) и изнемоштена.последнава недела дена воопшто не јаде и само повраќа.првите неколку дена имаше и течна столица ама сеа нема.само повраќа и не јаде вели стомакот како тапан ми е надуван.едвај ако изеде некоја банана или варено јајце а со триста сили ако касне попара со млеко.не знам шо се случи со женава последнава недела.а до пред тоа нека ми прости господ поздрава беше и од мене.си јадеше се најнормално се си јадеше ништо не пребираше.(можно ли е да е заради жештинава сево ова??)по цели денови сум сама со неа моите излегуваат да работат и јас не знам шо да правам.мајка ми и дава Б6 за апетит и реглан против повракање.стварно не знам.ако знае некој ке ви бидам благодарна.
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Како ја чувате така дома?! Однесете ја жената на лекар, да се испита ... нема врска што е стара. Не може од памет да се нагаѓа што и е. Жештината да, е причина поради немање апетит и др проблеми ама треба да се види на лекар.
     
  15. J.B.007

    J.B.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Како да ги излечам хемороидите??? :(
     
  16. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Вака може ке ви звучи глупо прашањето,ама од што може едното око да е поиспакнато од другото? :$ Значи, приметив од пред неколку дена, ај велам може е од читање ама денеска не читав, а еве сега пак ми е такво, а од сабајле не беше :^) и плус кога го напрегнувам,значи читање, седење пред компјутер гледање тв чувствувам како воздух низ него да ми минува,нз мн чудно чувство...Естетски ,ногу ми пречи ..
    Поздрав :*
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    И јас да си прашам нешто.Значи подолг временски период ме боли левата нога.Имам видливи испакнати вени.Болката ја чувствувам по целата нога,но највеќе од коленото надолу,А зглобот најмногу ме врти народски кажано.Бев да испитам венска циркулација на доплер резултатите се во ред.Направив и тромботест лекарот ми напиша терапија со синтромб ама јас немав никакво подобрување.Потоа ја сменив лекарката таа ми рече да прекинам со лековите по потреба да пијам аспирин и да се мачкам со алвен крем.Сега во втортник имам закажано на ортопед иако се сомневам дека нешто ќе помогне.Значи имам осет како да е отечена,а видливо не е,како да пуслира и ме пецка и сето тоа комбинирано со болка .Ме полудува се отрув од наклофени и не знам веќе што да правам.А да ја снимив и кичмата имам дијагноза
    dyscopatihia lumbalis l5-s1.Можно ли е од кичмата да ги имам овие болки???можеби некој има слично искуство да го сподели или совет.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Од дископатијата ти е, за жал.
    Јас имам дискусхернија на L4 и L5, S1 и S2 втор стадиум, и ги имам истите болки. Секојденвно.
    Не сакам да те разочарувам, ама навикни се да живееш со болки и не пиј толку апчиња. Ако ти се неиздржливи болките ставај кетонал чепчиња што се. Ако не поминува и од тоа оди на болница. Во секој случај е најдобро да идеш на болница, ставаат кетонал и б12 инекции.
    Мора да го промениш начинот на живот.
    Не кревај тешко, значи максимум 1-2 кг, внимавај како се наведнуваш, немој нагло. Не се пренатрупувај со работа, ако имаш кој да ти помогне немој ни да усисуваш. Избегнувај ја правосмукалката.
    Избегнувај долго стоење или седење.
    Знам дека не е возможно ништо да не работиш, ама барем смали ги обврските.
    И вежбај. Најдобро е јога, кај мене нема, ама јас одам на аеробик па комбинирам вежби со пилатес. Има нешто на интернет.
    И оди на неурохирург, а не на ортопед. Би ти го препорачал др. Филипче на клиника.
    Тоа е кратко што можам да ти кажам како би се справила со болката. Лекарот ќе ти каже и за физиотерапија, која на мене не ми помогна.
    Бањи, масажи и слични работи помагаат, ама за наши услови се доста скапи.
    Доколку имаш вишок кг, мора да ги намалеш. Значи болеста бара да си слаб, значи доста слаб, и мора да зајакнеш мускулатура за да не те боли толку. Со оваа и јас имам мака. Немам многу кг, ама сеуште не сум ги симнала.
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Леле Џули како вака ??Ме уплаши баш... :worried: :x
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    Нормално е да се плашеш на почетокот, јас ја имам болеста од 20 години, веќе 4 години. На почетокот ми беше тешко. Верувај дека уште ми е, некогаш се чуствувам толку немоќна и зависна од други, ама тоа е. Факт е дека мораш да бараш помош. И не прави се горда и силна дека можеш, оти неможеш. Ако не ќе се вкочанеш и тогаш да те видам. Оној што не ги осетил тие болки, не знае како е да те боли нешто. Најлошите болки се. Кога имаш болки обавезно да пиеш и диазапам од 2 мг, а секој ден 3 пати на ден Б6. Ќе ти објасни докторот ако му го погодиш денот. Јас сум разочарана од нивниот однос, тие ништо ми немат објаснато, се сама си истражував и се распитував по луѓе и форуми. Во средно кога бев по лекари за жлездите и ногата ме болеше, исто како сега. Имав жлезда. И никој не ми откри дека јас имам дискусхернија. Ми открија после три години. Хаос се кај нас. Ете ме гледаш уште барам одговори на некои прашања, затоа што нашите доктори се никакви. Се надевам дека ќе поминеш подобро од мене.
    И не прифаќај операција. Односно ти можеби и можеш. На мене ми рекоа да било само на едниот пршлен ќе ме оперирале и толку, ама јас сум на 2. Познавам човек со дијагноза како твојата кој се оперира и сега е во ред. Но мора пак да внимаваш бидејќи пак може да се врати. Иди на доктор и пиши како си поминала.