Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    JuLIeE јас имам веројатно проблеми со реумата кај мене самата рака се изместува и наместува тоа се страшни болки но никогаш не бев посетила лекар,се се тешев дека е од умора а всушност во раце држев само усб за декодирање,пенкало,понекогаш штрафцигар....се додека не почна да се случува почесто,ми дадоа апчиња,но ми ја уништија служокожата на желудникот толку паднав во депресија
    што сега на се внимавам иако здраво се хранам мислам дека реумата е многу страшна работа............Посакувам никој да не ги доживее тие болки...........Поздрав
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.514
    Допаѓања:
    251.469
    ^
    На ова ќе заборавев, кај луѓе кои патат од дискусхернија и дископатија, се појавува и реума. Ама немора и да значи, некои луѓе имаат и само реума. Болките се слични, ама не се исти. Кај дискусхернијата може да се случи да мора да ви ставаат блокада за да ви ги смират болките.
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Луѓе дедо ми го носевме на клизма во петокот. Се исчисти што се исчисти таму ама еве до денес не престанал да оди во тоалет. Не е нормално ко луд да оди, а ништо не јаде. Што може да му е?
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Можеби ако не се прочистил доволно, сега да се празнат цревата целосно. Мислам, зборувам напамет, не велам дека е точно. Но, во секој случај, МОРА да му дадете електролити за да не дехидрира, оти таквото празнење можеда биде опасно и од тој аспект. Има во аптека секакви, во кесичка, се расвораат во вода и важно е што се пијат голтка по голтка, значи голтка сега, па друга по некоја минута и така додека не се испие. Инаку, многу лесно може да дојде до дехидрирање, малаксалост и др последици. Другарка моја така заврши во болница, на инфузија.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Некоклу дена имам некои нагон за повраќање, не повраќам ама ми се гади и не можам да јадам нормално.Нагонот не ми доаѓа од желудник туку како да ми стои во грлото, како стегање некое осеќам, не знам како да ви опишам. Малку ми е покачен и притисокот,нормален ми е 110-70 а сега оди до 140-95. Кажете дали некој имал сличен проблем и од што може да биде? Пиоздрав...
     
  6. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски

    Јас го имам истиот проблем, кај мене е од стрес и анксиозност. Како стоиш ти со стресот?
     
  7. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Искрено овие две недели имав некои стресови и проблеми по дома.Значи може да биде и од тоа? Ептен сум паничар и се плашам.Елени пиши како се справуваш со проблемот ако може...Поздрав...
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    девојки последен период како да ми се тресат рациве :^) кога нешто ке правам или било што забележувам дека ми се тресат рацеве...може да е од уморна, не доволно спана,трема и слично??
    и порано некогаш ке ми беше вака и еве сега пак :?:
     
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Имам многу ‘нервозни‘ стапала. Ми се случува ноќеска да се разбудам, осеќам како да ми горат, ненормално ме чешаат, особено горниот дел и кај зглобовите и с’клет ми е. Им ставам ракија, ги разладувам со вода, ништо. Ова само ноќеска ми се случува. И не е од жешкото, овде кај што спијам климата ми е веднаш над нозете и цела ноќ е вклучена. Инаку и мајка ми и баба ми го имаа овој проблем, јас од нив го наследив, сестра ми не. Од што може да е ова? И некое чаре?
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.828
    Пол:
    Женски
    Може да ти е од неспиење, преголема количина на никотин или кофеин.
    Доколку рацете ти се тресат постојано и подолго време, би ти препорачала да си ја испиташ тироидата, да не има зголемено излачување на тироидни хормони.
     
  11. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Ќе поставам едно малце глупичко прашање :lol:

    Премногу сонувам. Значи премногу. И на 5 мин. да дремнам, ќе ми се извртат низ глава триста соништа. Премногу ме замараат, многу ми е мачно после тоа. И секој ден кога ќе станам од спиење, мислам дека главава ќе ми експлодира. Не е тоа стандарден бол, туку како да сум спиела наопаку цела вечер, со главата надолу, така се чувствувам :lol: :lol: Е сега сакав да прашам дали ми е тоа и дали е нормално да ми се замори до толку мозоков навечер.. не знам, глупо е. Или да одам на доктор да се проверам, да не е нешто друго.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Жени кажувајте некое чаре, не знам што да направам веќе. :sweat:

    Моите нокти на нозите се многу криви и леви, ми враснуваат во месото. Ајде некако се помирив со фактот дека имам такви нокти, ги киснам со жешка вода пред сечење, им го најдов чарето како да го извадам делчето што враснува (го расекувам ноктот до крајот на прстот и потоа со кружно вртење на исеченото делче испаѓа и тоа делот што е во мевцето).

    Е последниве 10 дена сеќавам како нешто ме буцка кај ноктите. Прво не можам да одредам точно кој нокт е, зимам ги притискам сите прсти, ниеден не ме боли кога го притискам. Земав ги исеков сите нокти така со кружно движење, повторно притискам, повторно не ме боли ништо. А еве сега седам и ме буцка, сеќавам дека ме боли. И не беше баш најпријатно вчера трчањето, на секое стапнување сеќавав болка.

    Прашањето ми е, малку глупаво, ама како да најдам кој нокт ме боли (еден од средните три прсти е, значи со притискање ниеден прст не ме боли), дали е можно да имам нешто влезено под ноктот и тоа да ме буцка (дека лето и се движиме со отворени обувки), дали ноктот ептен ми е враснат во месото што не можам ни да го извадам... Не знам што да правам веќе, стварно. :sweat:
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    За почеток смени ги обувките Дузи.Ако носиш балетанки на пример кое се тесни напред и си одела подолго време во нив можно е да се како да кажам "набиени".Ова и мене ми се случи дури и ноктите променија боја дури да сфатам од што е.Имаше и туп бол кој на притисок беше уште поголем.Одмори ги извесно време со отворени обувки напред.Поздрав и се надевам прстињата ќе оздрават :D
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Вака.. веќе подолг период имам постојани и јаки грчеви во пределот на десното рамо и левата нога... со масажа така така, се смируваат малку али потоа продолжуваат, да не е нешто сериозно..треба да посетам лекар или ?
     
  15. AutumnEyes

    AutumnEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    @Stoimenovska Не би требало да биде сериозно,на секој му се дешава да има грчеви,но ако ти се веќе толку зачестени и силни,тогаш не би ти било лошо да се консултираш со лекар.Подруго е кога ќе слушнеш за сигурно.

    Инаку..пред неколку дена на горниот раб од горната усна забележав 2 црнки |( (од сите места на цело лице баш на устата! :@ )...and I killed them..така безмилосно :wasntme: ..пошто не можев така да се гледам во огледало. :/
    Сега имам две црвени точки.Веќе 2-3 дена ставам јод преку ден ,на вечер паста,сега земав Макропен апче -го иситнав и со вода го залепив прашокот на устата.Ама пак не минува ;(
    Помислив на ацикловир,ама тој е за херпес.
    Дали некој има идеја што би можело нешто друго да помогне? Anyone..? :worried:
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    пред скоро една недела ме буцкаа (ми земаа крв од вената) и сега цела вена што се познава на раката ми е некоја си золто-зеленкаста никава боја, како модрица.. од што би можело ( со оглед на тоа дека прв пат давам да ми земат крв од вена не знам дали ова е нормална појава или треба да се загрижувам :?: ) и како да ја снема што побрзо таа модрица?
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Мачкај со алкохол, барем мене така ми рекоа. Јас последниве 6 месеци сум постојано со модрици, некои поминуваат побрзо и не се некоја чудна боја, а некои споро, па се модри, па зелени, па жолтеникави и ги нема.
    Мислам дека зависи до боцкањето ама не е ништо страшно.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    .

    Ќе помине сама, Можеш да ставаш ладни облоги, мада си требала одма да ставаш. Ама не ја чепкај, ќе помине.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.828
    Пол:
    Женски
    Модрицата најверојатно ти е затоа што не си држела доволно јако на местото по боцкањето. И најсовршено да те боцнале, ако не држиш јако, мало количество крв се излева во околината. Од тоа и модрица се прави.
    За 1 недела од прилика би требало да ти помине.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    Дузи,пробај со кантарионово масло.Сигурно правите дома,или прашај некоја повозрасна жена.
    На маж ми му се случи истото скоро,мачкавме така 3,4 дена и се повлече,а со ништо претходно не сакаше.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.