Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Во последно време, кога спијам и кога се преметнувам од една на друга страна, кога ги отворам очите се` ми се врти пред мене..Тоа најчесто се случува кај 5-6ч. наутро. Значи ми се врти во главата, се потам целата, ми се лоши, ми се повраќа...И наутро кога ќе станам ми е исто. Откако ќе измијам лице, ќе појадам, ќе излезам малку надвор во двор да ме фати воздух, почнува да ми станува подобро. Потоа целиот ден сум добра, да не речам како нова. Ова е веќе трето утро така да ми се случи, почнувам да се плашам...
    Што ми е?
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да прашам од што би можело да ме болат жилите , кај рамењата (вратот) цело време. Ако се стиснам од болка ми иде да вриснам. Посебно ме боли левата жила , зашто спијам на лево, и како навика ми е да спијам на лево! Многу ме нервира!! :@
    Бев на лекар ми кажаа дека растам ме болело, точно е или?! :?: :|
     
  3. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Дека растеш па те болело!? Прв пат слушам. Да не си седела на промаја нешто, па си се укочила и сега те боли тој цел предел? Земи намачкај се со Вик или кинеска маст да ти пушти малце, ако не поминува по 2 дена мачкање, трк на (друг :D ) лекар.
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е здравствен проблем и дали е проблем, ама ај собрав сила па ќе си прашам - едната дојка ми е подолу од другата (не многу, ептен, малку,доволно да ме вознемирува).Чаре?
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Леле докторот хахаха, па и јас растев ама не ме болеа коските и мускулите од растење |(
    Со оглед на тоа дека оваа недела нагло ќе се снижат температурите (процес веќе започнат) нормално е да те болат коските и мускулите, јас пред два дена не можев да го мрднам вратот и десното рамо, не давав дури ни да ме масираат од болка. Дека сме навикнати да спиеме со отворени прозорци поради топлите ноќи, и сега кога залади од навика или дека е загушливо внатре, пак си спиеме со отворени прозорци (а јас дури и со мокра глава). Но еве две ноќи спијам со затворен прозор и подобро ми е, иако спијам и гола :lol:

    eleni27 немој да се грижиш, општо познато е дека нашите две половини не се идентични, дали микро, милиметарски или нешто повеќе, двете очи се разликуваат едно од друго, исто и ушите, дојките итн. Кај градите можеме да ја видиме разликата поради тоа што се покрупни и таков им е обликот, а и ние сме такви да и таму кај што нема бараме некој проблем :lol:
    Додека си здрава и жива, немој да се грижиш за ништо.
     
    На eleni27 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    притисокот и шеќерот во крвта ти е низок и затоа наутро ти се врти . велиш дека штом ќе појадиш се ти се нормализира! сега незнам дали навечер јадиш или не? или може имаш добиено? па затоа овие симтоми ти се поизразени наутро.. не се плаши и мене ми се има случувано ако сум слабо јадена и ако имам добиено...секое добро белла
     
  7. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Веке три недели одвреме навреме ме печи долу во бешиката. Цело време како да ми се оди во вц но неможам да појдам ... почнав да пијам увин цај и купки од чај од камилица си правам за да се подсмири малку ... си купив и вагиналити но не сетив некое подобрување . на доктор немам појдено
    Што моши да е некоја бактерија во урината или кандидата е ?
    Немам уште сини картони не сум земала од работа за да појдам затоа немам појдено
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да не имаш цистит? Циститот не се решава со вагиналети зошто проблемот не е во тој "отвор" :), а ако е кандида не знам дали може да дава такви симптоми (ако некој имал такво искуство може да каже).
    Можеш да испиташ урина за да видиш дали имаш некоја бактерија, не знам колку е на приватно без картончиња ама мислам дека не би требало да се прескапо.
    Друго што можеш да пробаш е чај од брусница (да не е од филтер ќесички, туку од тие што се прецедуваат со плодови од брусница) ама не ги пиј комбинирано со увиниот.
    Ако е цистит во прашање мене ми имаат дадено Палин и за 1 ден ситуацијата се смири.
     
    На tockaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ешерихија Коли имаш, 100%. Јас ја имав и баш ова што си го опишала и мене ми се случуваше. Мака невидена, болка во бешиката, имав чувство дека ќе експлодирам од што ми се моча, а кога ќе отидев во WC, само една капка и толку. Кандида не е, таа не дава вакви симптоми, туку чешање и печење. Штом земеш картони право на лекар. Не си требала да чекаш три недели, ама што е тука е. Ќе треба да пиеш и антибиотици, само со увин чај не се решава. Јас пиев едни апчиња (Нолицин мислам дека се викаа, ама мора да ти ги препише лекар, антибиотици се). Вагиналети не си требала да земаш на своја рака, зошто постојат различни вагиналети за различни проблеми. Значи, штом можеш, одма на лекар.
     
    На tockaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264

    Се согласувам. Кандида нема шанси да е. Не мораш да идеш на гинеколог, појди кај матичен да ти даде упат за испитување на урина. Братучетка ми го имаше истиот проблем некои 2месеци, не можев никако да ја убедам да иде на лекар. После почна и болки да чувствува, и' се појави и крв во урина па дури тогаш отиде. И нашле бактерија и и' дале некакви антибиотици, не знам точно какви, испи 2 дози и сега иде на контроли. Сакав да кажам - не си играј, не чекај толку многу и ти туку иди одма на лекар!
     
    На tockaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не знам како толку долго време го трпите тоа чувство на постојан нагон за мокрење и болки :| :worried: Мене ме излуде од 1 ден само, не можев од дома да излезам зошто во секој момент имав потреба од лажно мокрење, а камоли со недели или месеци да трпам такво нешто.
    Одма ќе ви дадат терапија и ќе се стави под контрола.
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Да, и јас испив две дози антибиотици, и откако ми се среди, морав на секои три месеци да правам контрола (испитување на урина) за да се види да не случајно се вратила бактеријата, зошто е многу резистентна на антибиотици. Досега правев 4 испитувања, на секои три месеци по едно и фала Богу, ја немам веќе. Цела година се акав по болници со таа проклета ешерихија коли. Не ми е намерата да те плашам, туку само да ти кажам дека мора да се реагира што поскоро, зошто може да стане и посериозна ситуацијата, како што пишала Glow. Позз :*
     
  13. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    601
    Луѓе, крајниците ми се загноени и многу ме болат. Ме болат кога голтам нешто, кога зборувам..
    Какви не апчиња испив - цефалексин, фервекс, лизопакт, чај од кантарион, сок од лимон и никако да ми поминат.
    Што да им правам?!
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    така и беше на сестра ми и качи температура 39,8 и на неа и беа загноени и прими неколку инекции и пиеше амоксиклава ама треб да идеш на матичен тоа така ти сама н еможеш да си средиш :)
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Ве молам доколку некој знае,да ми каже понародски што значи оваа дијагноза. :sweat:
    Направен МРИ на Ц рбет во стандардни рамнини и пулс секвенци,Т1 и Т2 слики.Изгубена физиолошка лордоза на Ц рбет.Дорзален надув на дискот во ниво Ц4-Ц5 и Ц5-Ц6. со лесна компресија на дуралниот сакус.Во тие сегменти дискусите покажуваат знаци за почетна дехидрација Медула со уреден сигнал без патолошки промени.
    Ви благодарам многу...
     
  16. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Штом ти се загноени крајниците тоа е веќе знак за бактериска инфекција ( во многу ретки случаи е вирус ама тоа треба само крв да си провериш и се гледа дали е бактерија или вирус) што мора да се лекува со антибиотици и најдобро ти е веднаш да се јавиш на лекар и да по4неш со терапија... И не земај антибиотици на своја рака бидејќи треба да ги земеш вистинските антибиотици (бидејќи само ќе си го ослабниш имунитетот а инфекцијата ќе остане)... оби4но за гнојна ангина се дава оспен или панцеф мислам ама ти да си одиш на лекар најдобро ти е ...
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Имам бемка од мала на слабината, но денес приметив дека е порасната за една третина. Мора да значи нешто или...?
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Доколку е порасната повеќе од 5-6 mm во дијаметар подобро е да одиш да ја провериш на кожен лекар.Ако не,не ја чепкај и внимавај на неа,исто и ако можиш не ја изложувај многу на сонце,солариум па никако.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Фала срц. Ке пратам што ке се случува периодов па ако нешто ептен порасне ке посетам доктор. :*
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Многу ме боли грло, неможам да голтам.. некој домашен лек да ми казжете или пак некое апче ? :(