Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Морав да приметам дека само лекови се препорачуваат во скоро секој одговор. МНОГУ МНОГУ погрешно!!!ако имате некој здравстен проблем што ве мачи неколку дена ВЕДНАШ на лекар,они си имаат учено школо и знаат што да направат (најчесто де),а не сами да си препишувате јаки антибиотици,кои можеби ќе ви помогнат.може симптомите ќе се намалат од својата терапија ама болеста или што и да е ќе остане и може да направи многу повеќе проблеми.
    Посебно кога се работи за проблеми down under,не си играјте играчки девојчиња,какви флажил чим тие на рецепт одат значи дека се многу јаки и дека само гинеколог треба да ги препорача,МНОГУ проблеми може да си направите со погрешна дијагноза,подобро еднаш отидете на гинеколог и ќе се среди отколку после погрешната терапија да се маткате со месеци па и со години!
    Се знае што се прави при настинка,чаеви,потење,лимон,мирување,ќе помине и без лекови и следниот пат телото полесно ќе се справи со тоа.Против гадење лесна диета со чај од нане,двопеци и слично,без манџи и тавки работи.За два дена ако не помине правец лекар,со здравјето не се игра,а и дур да чекам некој да ми одговори ќе завршам работа
     
    На Annath и sunfemina им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ајде нечие искуство.
    Ме загрижува грлцево. На десната страна имам некое бело топче. Мислев дека е храна, па што си сторив дупчење со еден тампон за уши, ама не било. Кога го допрев со него, ме здоболе и сфатив дека не е храна.
    Што може да е (гној :^) )?
    Што да правам, зашто ми смета многу :tmi: ?

    Баш нешто слично како на сликава.
    [​IMG]

    Само ве молам не ме плашете :| .
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Серафима, другарка ми има вакви зимно време, полни се со гној, она си ги пука со лажица. :| Можеби е афта или нешто такво, ако е едно и те боли. Трипроцентен хидроген, можеш да жабуркаш со него, само види како се дозира.

    А можно е да и некој стар заб, ако е тврдо. Не знам дали е меко или не, ама ако е тврдо... На сестра ми заб и излезе така назад. :tmi:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Серафима не е ништо страшно крајниците ти загноиле.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Многу е меко, сигурно е гној.
    Сега втора фаза, пукање. Држете среќа.

    Благодарам за одвоеното време и одговорите :* .
    ____________________________
    Морав да се редактирам.
    Зедов една игла ја дезинфицирав со ракија и го боцкав тоа чудото. Ама не сака и не сака, инает, целото на мене :$ .
    Сега не знам што да му правам.
    Некоја друга алтернатива :?: ?
    Помага гаргарењето?
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    На син ми му излегуваа такви и лекарот му ги чистеше со стапче и вата,ама обавезно и антибиотик.Можеш да плакнеш и со чај од камилица.Ама без антибиотик не верувам дека ќе се повлече.Ако имаш и прополис натопи стапче за уши и натапкај го иако ова тешко ќе оди.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Серафимче не ги пукај,не се за пукање тие,гнојта можи да е насегде,се собира во нив,ама тоа сигурно самиот крајник е отечен,не е за пукање :) Тоа со антибиотик ќе се повлечи. Можиш да правиш и гаргара како што кажа Луничка,а и пиј парацетамол ако неќиш да почниш со антибиотик.Ама ако не помини за неколку дена почни со антибиотик,особено ако крениш и температура. И поќе течности и течна храна.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Ако постојано ти се случува така,да те боли грлото или пак да ти е црвено купи си витамин ц од пливит и пиј ги одвреме на време.Јас имам таков проблем и ова ми помага инаку матичната ми рече така,значи не е ова на своја рака поз
     
  9. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Еднаш како мала ми се направија афти по устата,од внатрешната страна и се проширија кон грлото (од сончоглед :( ) не знам дали ми препишаа антибиотик,знам само дека ја плакнев устата со бетадин и со чепкалки за уши натопував во бетадинот и ги стискав ептен полека тие во грлото,после некое време попуштија. Знам и дека гледав еден ептен смешен филм и не се смеев како нормално хахаха туку ради устата морав хохохо,не можев убаво да ја отворам,многу безвезе искуство. Немој со игла,да не се повредиш,ако немаш бетадин дома плакни ја устата со чај од жалфија
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Ми излезе една акна на задниот дел на главата, мене ми личи ко плускавица да е, ко мало топче, не ме боли туку одвреме навреме ке ме зачеша тој дел ,особено кога ке се избањам( не знам дали може да е до шампонот) инаку акнава не ми поминува. Не знам дали да ја мачкам со нешто или да посетам лекар за да ја види?
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665

    Шеќерот и’ бил. Покачен и’ е на 7.
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф, мислам дека треба да одиш, зошто тие некогаш раснат поголеми, па треба мало засекување за да се извади, ништо многу болно.
     
  13. soncogled123

    soncogled123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Веќе месец дена како ми стои ова.
    Ама последниве 2 дена умот ми е во него и не можам да не мисалм на тоа.

    Долу кај вагината имам како бубуљица( баш како нив е) и на притисок ме боли.
    Гледав дали има внатрешно влакно, но немам тука влакненца. А и нема допир со ласикот од гаќичките да речам дека е иритирано местото.
    Со што да го мачкам, да се повлече, да се засуши ?
     
  14. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Фала la-chicka и мене ми дојде чудно дека растам бе -.-
    Сеа бев кај една жена ми рече ништо страшно дека ми било од промаја и ми кажа со некоја маст да се мачкам и сеа ми попушти малце :)
     
  15. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    здраво феминки,
    минатите неколку дена многу бев болна,
    стомакот како камен го осетив, имав страшна подуеност, не можев ништо да јадам, целата истоштена, но последните два дена покачив температура, треска, и вчера кога станав бев цела исфрлена во лицето, вратот и градите.
    Малку се исплашив, бубулиците при температура се вжештуваат, поцрвенуваат уште повеќе и откако лесно ке ги тријам пошто имам и јадеж, малце и ме болат. Кога температурата ми паѓа се смируваат.
    Ги плакнам со ладна вода, никаде не излегувам, пијам многу течности, а да напоменам дека жлездите на вратот околу ушите ми се зголемија и ме болат.
    На почеток мислев да не е некоја алергија (по што земав фолна киселина неколку дена претходно по препорака на лакар пошто планирам бременост) ама пијам лоратадин и нема подобрување.
    Да нема некоја од вас некое искуство со овој проблем или да не знаете некој домашен лек.
    На лекар не можам да одам, надвор од државата сум а приватно е многу скапо :(
     
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас имав такви симптоми кога имав сипаници, варичела. Има ситни бубулици по телото, па стануваат покрупни и болат, а на нозете и рацете нема. Исто така има јадеж и боли. Пробај да не се чешаш, ставај ладни облоги. Има ефикасна маст, растворот го прават во нашите аптеки и е со бела бола. Јас фатив сипаници на 35 години, колку што знам во моментов во Скопје има, па може да е и тоа.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Таму каде што си, пробај да најдеш Sudocream, многу е ефикасен за сипаници, а и секакви иритирања и чешање, веднаш ќе те смири.

    [​IMG]
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Заушки да немаш?
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Мислам дека се зголемуваат и при сипаници...
     
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас прележав и сипаници и заушки. При заушки освен отоци позади ушите и на вратот, немав др. симптоми, освен што не можев устата да ја отворам, а при сипаници само се исфрлав целата по телото, ниту ми отечеа жлездите ни ништо. Ги мачкав со течна пудра од аптеката.