Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Земи си освен увин и чај од брусница и обавезно купувај си вода, немој да пиеш од чешма. Колку повеќе чаеви, толку побрзо ќе излезе :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Kortisaki,купи си ПРОЛОМ вода,и пиј од таа.Многу чај од брусница.И јас сум веќе 2 месеца со болки,само ме тишти,зошто е песок и 2 многу мали каменчиња.Антибиотик не смеев да пијам,нити на ренген,па ете со брусницата,и водата.Земи си брусница од Виталиа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Ме укаса оса на прстот и ми отече дури другиот ден.Бев на лекар и ми дадоа борова вода, маст синопен и таблети авил. Кога дојдов дома мајка ми ми рече дека авилот предизвикувал гушење и не се напив.
    Од маста и облогите отокот не ми се симна и сега се мислам да се напијам апче. Некој од вас дали ги користел овие апчиња и што ми советувате да се напијам или да почекам уште малце да видам како ќе е со маста и облогите? :(
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Авилот тера на спиење а не на гушење. Уствари може да тера на гушење ако си алергична на тој лек. Авил е за алергија и е хистамин, ако сакаш напиј се али ако се ја питам за едно каснување од оса не би конзумирала ништо па ни синопен маст. Тоа само по себе ќе си се повлече. Ептен ако имаш голем оток кој боли или чеша ок, али вака не.
     
  5. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    Мене ме укаса на прстот, ама цела рака ми е отечена. Ќе почекам уште денес да видам како ќе биде. :)
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во последно време кога седам чувствувам болка во пределот на половината и ако се помрднам таа болка се шири надолу и почнува да ме боли десната нога :@ . Проблеми со половината и рбетот имам. Треба да вежбам ама не вежбам, требаше да одам на физикална ама ништо и од тоа... ми е страв да не е нешто сериозно. Имам фобија од одење на болница :rofl:
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Од сабајле ми е лошо и ми се повраќа. Преска ме заболе желудникот, се напив омепразол, ми се смири малку. И главата ме боле, се осеќам малаксано и цела снага ми се тресе. Од што може да е?
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Од жештиниве. Пиј течности и седи на ладно, одмарај.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Цело време сум на ладно, тера ме не спиење и ништо не ми се става во уста. Едвај преска малку јадев. Ќе пијам повеќе вода, белки ќе се стабилизирам малку.
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Тоа е, нашиот организам чувствува се од надворешната клима ... Затоа сака лесна храна и многу вода. И без физичка активност. Но и знаеш дека жешкото влијае на психата па затоа си така без волја, без сила ...
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Да бил лекот опасен докторот немал да ти го препише туку така без да те праша дали си алергична, ако е познато за тој лек дека прави често проблеми. Така да мислам дека треба да си ги пиеш лековите, особено чим немаш подобрување. Ако не земи друг лек за алергија на пример Лоратадин. Консултирај се со мајка ти дали си земала некогаш такви лекови и дали се било во ред. Ако да, тогаш земи чим имаш голем оток.
     
  12. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    кетонал и аналгин :sweat: од инекциите ми помина ама сега пак ми се појавуваат болките,како што пишав во саботата испив 4 апчиња и не ми помина што може да стварно незнам а и мислам дека нема некој важен орган на левата страна,од десната страна е жолчката слепото црево незнам незнам што ке испадне ;( ;(
     
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Како ја намалувате напнатоста и подуеноста во стомакот пред циклус? :(
     
  14. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Мене ми е така скоро еден месец. Се ми се гади, не ми се јаде и кода ке помислам на храна ми е лошо.Не ме боли желудник, ама гадно ми е во грлото. Сите викаат од топлото, ама ако помалку мислиш поарно е.Поздравче...
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Девојки да ве прашам нешто,што ме мачи веќе 2,3 месеци
    Пред исто толку време ми се појави болка од левата страна,под ребрата па надолу се ширеше.Бев на лекар,прво на општ кој ми даде Цитерал,ама бидејќи многу ми се лошеше од нив ми даде Нолицин.Ме гледаше на ехо-немаше ништо.Потоа откако дознав дека сум бремена,заминав на гинеколог кој ми рече осма да оставам антибиотик,така да не ги ни допив докрај,иако тогаш болката ми се смири.
    Заминав на интернист,ме гледаше на ехо,имало демек малку песок и 2,3 ситни каменчиња,ми рече само чај од брусница.Ама ете сега болката пак ми се интензивира :sweat: Ме боли и тишти нонстоп,и многу ми е страв да не е дебелото црево :worried: Некои проблеми од типот на крв во столица,чести дијареи немам,само што порано т.е. од мала си имам опстипација,меѓутоа последните неколку години со исхраната го средив тоа некако.
    Преплашена сум одсабајле,се јавив на маж ми,рече да одиме некаде на интернист.А поима немам кај кој,мислевме Ремедика или Систина.
    Правев крвна слика,урина,имаше малку леукоцити,еритроцити,Ca оксалати,и железото ми беше високо.Бактерии пишуваше ретко.
    Дали овие ситни каменчиња и песок можат да рефлектираат болка напред? Инаку не беа појдени,имаше само малку песок по каналите,така рече докторката :sweat:
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не знам поточна да кажам, не ми е струка, ама мислам да конзумираш повеќе течности и овошје, би ти било поубаво, а и прочистуваат.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    истата болка ја имам и јас во петок ке одам на снимање па ке видеме што ке испадне,но многу се плашам ;(
     
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    maca99 кога поминува каменот или песокот низ мочоводите секогаш боли и од напред. Можно е да е тоа. До сега пишував во темата за камен во бубрег, па отвори и прочитај таму што имаат пишувано луѓево од искуство. Само со фактот што ти си бремена, ќе треба да ги одбегнуваш апчињата, а главно ќе треба да ги применуваш природните лекарства и да се ставиш на одредена диета во однос на исхраната.

    Сепак, да не солиме овде многу памет, оди на лекар за конечна дијагноза, па таму ќе ти кажат најправилна терапија :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Проблемот е што бев на лекар.И на општ и кај двајца интернисти.
    Општиот не виде ништо на ехо,и од ракав ми даде Цитерал.Оти не ги поднесував,ми даде Нолицин.Болката не престана и бев на интернист во Скопје.Ми дадоа упат за крвна слика,урина,и на ехо видоа (2 беа на смена,и 2те ме гледаа) малку песок и 2,3 ситни каменчиња,ама се зачудија за болката оти не беа тргнати да излегуваат.Пишав за крвната слика и урината,и они сами рекоа дека резултатите не се загрижувачки.
    За дебелото црево,ме прашаа дали имам крв во фецес,чести дијареи,кркорење и слично,ама јас немав такви симптоми,па тоа го исклучија,остана на ова,
    Благодарам,сега ќе се префрлам на темата :)
     
  20. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Девојки, ме боли грлото страшно, поточно едниот крајник...Ужасно...Вчера бев на лекар ми дадоа антибиотик, но од вчера приметив дека кога треба нешто да голтнам, вода или храна, ме боли некако надоле, сфаќате, цевката и истовремено на истото место на грбот...Незнам од што ми е така, но се плашам стварно...
    Совет или утеха? :D

    Според описот, ми личи на ишиалгија...Јас бев така пред 2 години, отидов на лекар, ме видоа на ехо таму кај што ме болеше и пак ништо не ми кажаа :D
    Само онака ми рекоа демек ишијас е...Од тогаш фала Богу немам осетено болки :)