Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^Зошто се снимаш толку често, тоа е штетно. И кога веќе знаеш дека ти е од промаја среди го тоа, не седи веќе на промаја, напиј се кетонал за болки. Пробај мачкај се со свинска маст кај што те боли или оди на бања.
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.522
    Допаѓања:
    251.534
    Минатото лето паднав и го повредив лактот на раката.
    Имам дискусхернија и морам да се снимам на магнетна. Затоа.
    Пред неколку месеци се снимав, па затоа не сакам повторно.
    Коњска маст купив сега, па да видам колку ќе ми помогне.
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Девојки некој лек за кила??? :?:
    Дечко ми добил кила, ама уште е во фаза на формирање и не може хируршки да се интервенира, а многу го боли, пие некој лек против болка, ама само за кратко му е подобро, после неколку часа пак го заболува :worried:
     
  4. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Да, ми се случува често поточно на секое станување од лежење :( А можеш да ми кажеш повеќе за анемија? каква болест е таа, дали се лечи и од што настанува? или како недостаток на што? Фала многу..
     
  5. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    ^ Анемија не е болест, на кратко -слабокрвност предизвикана од недостаток на железо.

    Внесувај исхрана богата со железо, прво што ми паѓа на памет е спанаќ, цвекло, риба, црвено месо... Oпшто внесувај повеќе зеленук и овошје, а можеш и чисто да си направиш една крвна слика, да видиш како ти е железото во крвта.

    Еве ти еден линк ако те интересира поопширно за анемија :)

    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 0%B7%D0%BE
     
  6. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Љуѓе јас не знаев кај да прашам,па помислив дека тука ми е најпаметно. Пред три четири недели ми се напраја чуда на неколку места на телово,на кожава,реакција ко алергиска. Каснато е не е каснато,те има полазано нешто,ама јас за сета среќа си вервам во наука не во баење и си ојдов си зедов брис. Се испостави дека е Staphylococcus Aureus. Антибиограмот покажа тројка на клиндамицин. Две дози испив,не ми се појавуват појке,ама не сум сигурна дека ми е помината,а колку шо читав по интернети, ја викат супер бактерија зошто е крајно гадно резистентна. А и можи да ти го оконча живото. :| :tmi: Докторот на кожно маст само ми препиша. Матичниот антибиотици. Никој не знаеше да кажи кај сум ја накачила. Ме интересираше дали некој се третирал од оваа бактерија и како? Многу фала. Значи многу. ( не се распрашвам многу многу по луѓето,оти ко лепрозна ме гледат. А и нејќам да го имам оти не можам да спијам,бактреиофобична сум,апчиња за смирвање пијам за да не мислам на то. :emo: )
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Со доаѓањево на есента , ќе почнат моите проблеми со воспаленијата на синусите па после тоа и на крајниците. И сето тоа поради настинки. Годинава покрај исхраната( со многу овошје и зеленчук) сакам да земам и суплементи во исхраната за зајакнување на имунитетот. Почнав да земам Ацерола апченца на Алкалоид ама гледам само витамин Ц имаат во составот.

    Ако некој знае да ми препорача сируп/апчиња на природна база за зајакнување на имунитетот би била бескрајно благодарна. :)
     
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Обетките ги немам носено можеби месец и повеќе. И денеска заприметив дека на едното уше,дупчето кај што влева обетката е поголемо(и има топче внатре), а на другото уше е помало. Кога ќе ставам обетка на ушето со поголемо дупче, боле и неможам да ја ставам. А кога ќе ставам на другото уше не ме боле.
    Ако знае некој во што е проблемот нека пише, бидејќи ми е хитно. :(
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Најверојатно ти е загноено дупчето. Не знам какви обетки носиш ама ако се бижутерија поголеми се шансите за загнојување. Мене ми се имаат повлечено такви топчиња сами од себе ама подолго време не носев никакви обетки. После тоа никако веќе не ставам бижутерија туку само златни обетки (а има и други метали што не предизвикуваат проблеми како на пр. медицински челик). Дополнително по препорака на доктор и покрај тоа што се златни, редовно ги вадам за да ги исчистам со мед. алкохол и нив и дупчињата на ушите и фала богу од тогаш немам никаков проблем. Кога ги вадам за чистење околу нив има зафатено како нечистотија која влијае на создавање на инфекции и чешање, така да фино е да се дезинфицираат. ;)
    А сега можеби не е лошо во аптека да прашаш за некоја крема што би можела побрзо да ти помогне или ако може да се истисне гнојот (ако се работи за гној).
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Echinacea капки, ги има во Зегин и низ другиве аптеки. Има едни на Алкалоид и се 20-30 денари поефтини, ама јас ги земам тие на Dr. Theiss околу 180 денари се. Има упатство внатре, 3 пати на ден се пијат по 20-30 капки најмалце една недела. Јас обично го пијам цело шишенце па правам пауза од некој месец и така. Имунал капките мене ми беа одлични ама за жал веќе не ги носат кај нас или не ги произведуваат, нешто така.
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Случајно скинав мало папиломче од кожата. Може да биде опасно? Знам дека ги отстрануваат со течен азот на лекар, ама јас случајно го поткачив и не знаев ни дека ми се појавило..
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Значи годинава се намачив со синусиве ... Сега со промена на сезоната и на времето пак се активираа. Што да превземам како превентива за да не се малтретирам многу?
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Дали си била во солена соба ?има мн подобрувања после еден добар третман таму,а и можеш да начекаш на попуст од сајтовиве да не ги рекламирме сега :tmi: ..
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Не сум, а имаме во градов. Не ми се воспалени. Мислев на некоја терапија со таблети и сл. ко превентива за да не воспалат.
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Дедо ми си има шише морска вода дома (директно од море донесена) си става во шишенца за капки и пред спиење си капнува во носот. Вели дека му е подобро поради тоа.

    Иначе, прашањево не ми е за тука, ама оваа област ја зафаќа. Освен на клиника има ли негде приватно каде што може да се направи скен на коски?
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ги загрижувам моите, па си реков овде ќе се консултирам со вас.
    Синоќа почна да ме боцка срцето. Цела ноќ осеќав болки, едвај заспав.
    Особено при длабоко дишење чувствував болки.

    Немам некои проблеми со срцето, освен што на моменти добивам тахикардија (ако не сум спиена, а се напијам јако нес кафе). Почнува срцето силно да ми лупа, еднаш за малку ќе се онесвестев.
    Ама брзо ми се смирува.

    Боцкање на срцето скоро и да не сум имала.
    Ама синоќа цела ноќ осеќав болки и не можев убаво да вдишам воздух.

    Треба ли да бидам загрижена? :worried:
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.832
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, срцето не боли. Бодежите што ги имаш, а штом се поинтензивни при длабоко дишење, се најверојатно од прелада. Како и да е, ако за неколку дена не ти поминат оди на лекар.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ај уште еднаш да си препрашам..
     
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Во пределот на препоната ме мачи една болка но нема ништо надворешно, но затоа има внатрешно како две :worried: топчиња, што може да е.
    Не сакам да кажам на моите за да не ме носaт на гинеколог а и знам како ќе реагираат. Некој кој знае нешто од медицина нека ми одговори. Ах баш сум загрижена. :worried:
     
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Колку е нормален пулс?
    Страдам од забрзување и кочење на срце, ама пулсо сама не сум го мерела. Во моментов имам кочење, мерев и 79 ми е.