Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Редовно менувај ги бикчињата и не ставај антиперспирант веднаш по бричењето, најубаво избричи се вечерта па остави кожата да се смиридо сабајле. Или барем неколку часа пред излегување..
     
    На snegce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Едно прашање. Кафетин (обичен, не менструал) може ли да помогне за време на менструални болки?
     
  3. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Може ;)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    760
    помага а ако мжиш купи си инекција кетонал и испиј ја во пола кило сок за да не ти горчи јас предходно како мома ког абевимав страшни болки и секој месец одев да ме боцкаат и потоа ми реце докторот дека за да не се малтертирам да ме боцкаат може да си ја земам и да си ја пијам во што поголема доза на сок или јогрут
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Во последно време нешто чудно ми се случува.преку ден раци , нозе , се ми се тресе ..а коа ке ја стаам главата на перница и главата ми се тресе , внатрешно некое трепрење чуствувам ..не знам ..малце можеб и е чудно оваа ..но ..:(
     
  6. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    1.929
    Имам еден проблем, значи на секој 5 мин трчам до вц чуствувам дека мочниот меур ми е преполн, одам до вц и мочкам само две три капки и неможам да се домочкам значи постојано чуствувам потреба за мочкање да не знаете што може да ми е? :(
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Да не си настината?
    Или не дај Боже да не имаш некоја инфекција?
    Јас си се лечам од ешерихиа коли со години и некои периоди ми се јавуваат вакви симптоми.
    Осеќам притисок и не можам да мрднам од веце :worried:

    Ако е настинка - ќе помине.
    Ама ако ова трае подолго време, отиди до матичен и земи упат за микро.
     
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    јас мислам настинка дека ти е пијај повејке чај од магдонос мене од него ми се средува
     
  9. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    На мајками и на сестрами им се случува исто понекогаш . Тие пијат увин чај и одма им прекинува ;)
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    sweetgirl не си играј, по симптомите мене ми личи на ешерихија коли, многу незгодна и досадна бактерија, тешко се лечи. Оди на лекар и види што е работата, направи уринокултура. Може и да е обична настинка ама ти сепак провери си, затоа што можеби треба да пиеш антибиотици. А до тогаш пиј многу течности, увин чај, од брусница итн.
     
  11. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    522
    Имам рана на ногата а имам само раствор за промивање уста и грло - јод на бетадине , незнам дали да ставам на раната па да си прашам :wasntme:
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не, не. Има посебно за кожа, такво ќе си купеш. Ова е само за гаргара.
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65

    Јас го имав истиов проблем, ме боцкаше срцето, како да ме сечеше нешто од внатре и неможев ни да вдишам ни да издишам, а и имав аритмии односно откуцаите на пулсот не ми беа правилни. Бев кај кардиолог таква цела потресена, ми напраи екг и стрес тест и ми рече дека тоа ми е од мускулот односно срцевата шуплина каде што се наоѓа срцето е обиколена со мускулите и доаѓа понекогаш до растегнување и стеснување, и ми препорача да не станувам од кревет одма туку кога ќе треба да станувам да поседам минутка две па после да се исправам.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Што да се напијам ме боли многу грлото,а и денес исплукав шлајм со крв. :(
    Загрижена сум,цело време пијам млеко со мед ама не помага.Дај кажете некој др.лек?!
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    109.898
    Пол:
    Женски
    Значи вака, напишав и во темата со бременост и бев навистина исплашена, но ете сега дознав дека не сум бремена, направив тест и излезе негативен. Проблемот е, осеќам менструални болки и неверојатно лошење, како да ќе повратам во секој момент, се осеќам како да сум попуштила со имунитетот, ноктите ми се кршат, косата ми се мрси, имам некои константни болки, дали бубрезите, дали стомакот. Неодамна имав проблеми со бубрезите, страшни болки, направив уринокултура, стерилна беше, се сомневаше на еширихија коли, но ништо од тоа, а оваа бактерија сум ја имала пред 3 години. Не знам како да се справам со ситуацијава, почна да ми смета на секојдневието, не можам да јадам асално, малаксана сум, на работа сум неконцентрирана, се поправив пак, не знам до што е но јас се чувствувам одвратно. Некое чаре? Додека да добијам картони и да идам на лекар да се справам некако?
     
  16. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Единствено што ми иде е да ти кажам да земеш некои витамини, мене на пример кога ќе осетам дека ми паѓа имунитетот ми помагаат витрум мултивитамин (30 таблети, по едно на ден) Ама направи си крвна слика за секој случај и види нешто овошје, зеленчук, ова-она. А стомакот те боли од сето ова неправилно хранење, 100%.
    И како стоиш со стрес, нервози?
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.849
    Допаѓања:
    109.898
    Пол:
    Женски
    Оф стрес, кој не е под стрес во ова време. Не е дека сум нешто страшно под стрес, нема ни некоја голема причина, додуша живеам сама, сама си се грижам за себе, сама си одлучувам, си имам работа, со дечко ми сме си супер. Што знам дали има врска со стресот ова, но дефинитивно мора да го санирам. За хранењето, веќе некое време се борам со килограми, не дека не, ослаби, накачи, ослабев последно 13 кила и се осеќав фантастично, не знам никогаш не сум се осеќала така задоволно, дали ова што си вратив малку килограми, дали од времево никакво, не знам, не сум паметна. Секако дека ќе си ги почнам пак витамините што си ги пиев, крвна слика правев пред месец дена, поради проблеми со бубрезите имав накачено седиментација и тоа прилично многу. Но сепак мислам дека супава што се крчка на рингла во моментов ќе ме среди малку, ќе ми даде малку енергија. Инаку открив сабајлево дека кисело млеко најмногу ми одговара за појадок, ме освежи и во комбинацијата со Бруфен против болки и Спазмекс против тегоби, сега сум многу подобро. Знам не треба да си бидам сама свој доктор, ама не сум во можност веднаш да одам на лекар, така да ова ми е сега за сега избор.
     
  18. Sanja9911

    Sanja9911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Епа вака девојки ве молам за мислење ... имам постојани болки на десната страна од горниот дел на рбетот, инаку болките се само при длабоко вдушување и тоа само кога сум подгрбавена . Инаку правев рендген на белите дробови , се е во ред, потоа правев и рендген на рбетот и имам сколиотично држење на телото плус искривување на 5 или 6 пршлен... па сакам да прашам дали болката при длабоко вдушување е поврзана со искривениот пршлен ?

    Ве молам за одговор
    Благодарам.
     
  19. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Можно е од тоа да ти е болката,е сега ако не ти дадоа нешто конкретно на болница за тоа што си подгрбавена мој совет тие да си купиш појас за фикоза така се вика или пак некои го викаат пајаче ,тоа е ластик кој те држи да стоиш исправено. Мене ми помага кога така ме боли рбетот. Го купив во аптека пред околу година ипол или две така нешто, беше 850 ден. И да знаеш дека навистина помага со тек на време ќе научиш да стоиш или седиш исправена, на почеток се носи по пола сат првите 2-3 дена ќе го носиш еднаш во денот, после ќе си зголемиш на време на пр по 45мин, па еден сат два пати во денот на сабајле и навечер да има растојание во времето кога го носиш,ќе си испланираш ти сама.
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Вака, пред малце случајно напипав нешто на главата, некаде околу неколку сантими над тилот. Нешто како топче, тврдо мало, ме боли на допир но не многу, предходно не сум го приметила не ме ни болело. Сега се побудалувам, се си мислам мене нешто ќе ми се деси, ќе се разболам не дај боже, дека е нешто страшно....Не знам што може да биде ова. Дали е возможно да се појави вакво нешто од многу стегање на косата.
    Неможам веќе на ништо да мислам, се плашам, доста ми е од болки у животов. Се депримирав скроз.