Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    во последната една недела секоја вечер ми тече крв од носот и тоа обилно од ништо наеднаш од левата ноздра, дали некој имал некаков проблем со ова а плус чувствувам некоја топлина во желудникот дурии ме пече на моменти, па неможам ниту да спијам навечер!некој совет, иако испитував и крвна слика па чекам резултати!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски

    Кила не верувам дека е, повеќе ми асоцира дека дошло до проширување и растење на ткивото од лузната, што може да се случи кај многу луѓе. Да одиш на лекар да видиш дали е тоа, или се работи за нешто друго. Може местото да го мачкаш со Контрактубекс или некоја слична маст за да се намали формирањето на сврзното ткиво и да се спречи појава на израсток, но секако и лузната нема да биде многу видлива.

    Почекај ги резултатите од крвната слика, а тоа со желудникот, па можеби нешто на нервна база ти е? Пиј ладно млеко навечер или чај од нане, ама не топол - подобар е млак или ладен.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    anaath,имам и јас едно прашање до тебе,ако можеш да ми помогнеш.не ми е јасно околу поимот циститис,дали е тоа што ми се случува моментално.веке два три месеца осекам дека нешто не е во ред.како да ми се мокри постојано,иако редовно мокрам.печење или слични ствари не осекам,мегутоа осекам дека не е како што треба,како да ми е преладена бешиката.предпоставувам дека е од ладното зошто зимава често работам на отворено.мислев дека ке ми помине со увин чај ама веке втора пакетка пијам и не ми помага.отидов на гинеколог зашо одам редовно и ми рече дека имам задебелување на зидовите на бешиката и дека е можно да се работи за некое воспаление.ми рече да одам кај општи лекар.отидов кај матичниот и ме прати да проверам мокрачата и немам никаква бактерија стерилна ми е мокрачата.докторот вели чим така нема потреба да пиеш апчиња може со чаеви да се среди тоа.ама пошо виде дека некако не сум сигурна ај вели ке ти препишам палин,да не ти е мисла,ама мислам дека нема потреба да ги пиеш.и сега незнам дали да ги пијам,на нив пишува дека се за инфекции од бактерии,а јас бактерии немам.а од друга страна пак не ми се остава така да не го лечам зошо страв ми е да не се влоши повеке.чајот не ми помага утоплувањето само моментално.кога му бев рекла на матичниот дека мислам дека е некоја прелада на бешиката од ладно,он вика не можеме да знаеме може да е друго нешто,може јајниците да се,или на психичка база нешо.глупости :D фала богу не сум луда па да умислувам болести,знам кога нешто не е во ред.а јајниците кога ме болат знам како е,и знам дека не е до нив.мислам дека некако не ме сфати докторот сериозно,може не му бил денот. :) а ми е незгодно пак да одам.читав за циститис и ми е мисла да не е тоа,а не знам што точно значи и како се лечи.
    се извинувам зошто пишав за истиот проблем и во темата циститис и овде,ама пошто видов дека тука им одговараш на прашања на феминките,па реков ај да побарам мислење.
    p.s .сега видов дека си пишала на другата тема у исто време кога ја пишав тука,благодарам многу на одговорот мила.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски
    Циститис е широк поим кај лекариве, а инаку е воспаление на мочниот меур, кое не мора секогаш да биде предизвикано од бактерија. Најверојатно кај тебе е од настинка. Кога ќе се затоплуваш, затоплувај ги и нозете, не само долниот дел на стомакот. Гледај нозете постојано да ти бидат топли. Напиј се од Палинот, земи некое време чај од брусница наместо увин чај (оној што е рефус, не во филтер ќесички). Ако нема подобрување, побарај и второ мислење ;)
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Може да е и од низок притисок. Провери си го
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Страшно ме боли главата се напив и аналгин ама ништо, а ќе излегувам вечер. Изгледа дека ми е од повеќекратните силни удари по главата и синоќа и денес пак, синоќа не ме болеше ама денес ќе ми пукне. Што би можело да ја намали главоболката :?:

    Едит: и џумки имам во главата, која ја шампонирав косата сега си ги приметив :x
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дали на некоја од вас Феминки, јазикот и е испукан,и како ренде?
    Мене ми е таков,и еднаш бев на лекар,ми рече од кашлање.Ама веројатно мислела дека ми е само тие денови,од настинката.
    Многу лошо изгледа... :(
    Ај ако има некоја Феминка со вакво искуство,или некоја која знае за што се работи,и како да го оправам јазичево,нека пише...
    Merci.
     
  8. kukja

    kukja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    сношти имавме однос со жена ми и кога заврши се јас така случајно пенисот си го закачив на нејзиното боди кое и беше облшчено а уште не и беше закопчено и почна да ми тече крв и мислам дека ми се скина таа кожичката што е до дупкичката од каде што мочам и сега незнам што да правам многу се плашам и сакам да знам дали се ке биде како порано ви се молам помогнете ми.однапред ви благодарам. :worried:
     
  9. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Последниве месец и половина ми се случува нешто чудно.Два пати ми се појави херпес,а морам да напоменам дека никогаш сум немала,освен еднаш пред 10 години од преголема температура.Сега ми е чудно што два пати во месецов ми излезе херпес и сакам да прашам од што би можело ова да биде.Малку сум настината,ми тече носот,кивам и тоа многу.Се плашам да не е до имунитетот или?
    Херпесов на устата ме нервира,работам со луѓе и се некако таму им бега погледот :$ Дали да одам на лекар за ова?Инаку не јадам воопшто овошје,а пијам Олигогал Селен,а претходно пиев други витамини,ме интересира и алерго тестот,бидејќи кога се будам,целата сум затната а потоа почнувам да кивам ненормално.А кога сум на работа не ми е ништо.Тоа кивањето ми е само дома кога сум.Ако не па ќе одам кај матичната,ме загрижува ова кивањето :worried:
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Мислам дека нема потреба од доктор, и мене летово ми се појавија два едно по друго, од базен на одмор и многу сончање.
    Може пак да ти се појавил и заради настинката, но и ако не си сменила четка за заби и сл. ;)
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ми беше дијагностицирана стрептокока во носот, на антибиотици сум амоксиклав од 1000мг две недели, а потоа продолжувам со цефалексин 1 недела, сакам да прашам дали се пренесува стрептококата и како, и нешто од околу тоа каде и од што сум можела да ја закачам? :@
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Добро е што ги земаш антибиотиците, бидејќи стрептококата многу брзо се рамножува, формирајќи колонии и може инфекцијата од носот да ја прошири кон подолните делови на респираторниот тракт, па дури и да предизвика сериозни белодробни инфекции. Иначе јас би те советувала да побараш од матичниот лекар да ти даде упат за микробиолошки испитувања на крвта, за да провериш дали бактеријата ти е само локално (во слузницата на носот) или премината е во циркулацијата, па од таму може да предизвика инфекција на некое друго ткиво. А најдобар лек кој делува локално и ја уништува оваа бактерија се капките за нос Цитерал. А, за тоа од каде си ја закачила... - Можно е да ти е пренесена од некој друг кој бил инфициран или преку рацете и сл. Или пак едноставно имунитетот ти опаднал...
    Редактирав за да додадам дека треба и антибиограм да си направиш, за да видат на кои антибиотици е резистентна, а на кои не!
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ти благодарам за одговорот, докторката ми предложи прво да пробам со овие лекарства да видиме дали ќе се излечи ако не ќе пробам со други лекарста, мене ми е толку развиена што ми создала и тахикардија, а јас немав никакви симптоми, и да имунолошкиот систем ми е опаднат па најверојатно поради тоа сум ја закачила.
    И да, многу ми значи тоа некој да ми одговори дали се пренесува и како? :sweat:
     
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Се пренесува стрептококата и тоа многу, посебно преку физички контакт. Во истава тема неколку страници понапред провери имам напишано рецепт за лек за постигнување и одржување на висок имунитет. Лекот е препорачан од доктор специјалист и е само од природни состојки(мед, лимон, ореви,прoполис итн... Сама ќе си го направиш дома и многу ќе ти помогне. И редовно треба да се проветруваат просториите каде што седиме и многу течности се разбира и полесна храна, како и избегнување на јавни места...Во спротивно антибиотикот нема да го постигне своето оптимално дејство. И за да бидеш сигурна, направи ги микробиолошките анализи на крвта и провери преку антибиограм дали амоксиклавот делува против оваа бактерија...Не мора да значи дека ако е јак антибиотик, дека баш е соодветен за инфекции со стрептокока. Јас имам пиено амоксиклав еднаш кога имав обична инфекција на бешиката од настинка најобична и воопшто не ми помогна, ниту малку... Повторно редактирав зашто заборавив да ти кажам дека нема шанси теоретски тахикардија да имаш од бактеријата..Консултирај се ти и со друг доктор за тахикардијата. :|
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Девојки, веќе извесен период имам болки во палците на нозете. На левиот повеќе, десниот помалку. Црвени ми се, не е такво да ми навлегува ноктот во месото туку поточно ме боли во коренот на ноктот. Што би можело да ми биде, треба ли да посетам доктор?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски

    Патогените видови се пренесуваат многу лесно, преку директен контакт со заболено лице. Инаку, доста видови на стрептококи се постојан жител на носната и усната празнина (горни дишни патишта), кожата и се дел од цревната флора. Што значи дека не мора да ти ја пренел некој, може дури и од храна да се фати, посебно ако имаш опаднат имунитет. Како што е кажано претходно, најдобро е да се направи антибиограм за да се утврди на кој антибиотик е осетлив токму тој вид стрептокока што тебе ти предизвикал инфекција.

    Штрумфетке, може да се работи за инфекција, ако навлегле бактерии или габички во просторот меѓу кожата и ноктот. Не би било лошо да одиш на лекар да видиш да не случајно е габична инфекција, оти тие знаат да бидат доста тврдокорни за лекување.
     
    На mims-89 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мене ме болеа еднаш палците, зошто имав едни многу убави кондури и малку ме стегаа кај палецот ама упорно ги носев со надеж дека ќе се рашират. :lol:
    И што си направив? После тоа палците ужасно ме болеа, не можев да носам ни патики. И на доктор ми дадоја канестен да се мачкам, и уште една маст Скопје ми е маста не памтам како се викаше.
    И одма по 2 дена престанаа да ме болат.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Пред неколку саати во ушето ми се појави некаков оток, не е многу голем, но поголем од акна сигурно и не верувам дека е тоа. На допир многу боли.Некаква маст, крема, што може да е?
     
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    значи вака, направив анализа на крвта и се ми беше во нормала, дури вака добра не ми била крвната слика, но течењето на носот секоја вечер продолжува еве веќе 12 дена, интензивно и обилно навечер ми тече лрв, реков да не е од висок притисок- не е! промена на клима од топло на ладно- не е! седам дома цел ден и наеднаш тече, од настинка или надразната ноздра- не е! стварно незнам во што е проблемот??!! веќе секоја вечер очекувам да ми претече носот, дури и моите ,,не реагираат,, кога ќе ме видат со крв од носот, нема смисла ова, баш нз од што ми можело да биде?? искуство некое, знаење плус??
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Можеби имаш плитки капилари.
    Оди на лекар нека проверат.
    Инаку капиларите се горат и колку што знам самата постапка не е воопшто болна.
    Јас имав проблем со плитки капилари, но како помала. Мајка ми не дозволила да ми ги горат капиларите бидејќи со самиот поим "горење" ја преплашиле докторите. :D
    Ми течеше крв секој божји ден понекогаш дури и едвај го запиравме крварењето.
    фала богу сега како по возрасна одамна не ми течело крв од нос. Можеби е тоа случај и со тебе.
    Како и да е доктор нека го дијагностицира твојот проблем. Бидејќи кој знае што навистина е во прашање.