Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Имам на рамото топче едно, ми беше помало, и многу пополека ми се зголемува. Ова го имам може 2 години (или помалку) и сум била само на матичен ми рекоа ништо страшно не е и јас си останав со тоа до денес. Во понеделник ќе одам на лекар, земав упат од матичен кој сега ми кажа дека ми било масно ткиво. Е сега, тука прочитав дека тоа ако е, не расте и не треба да ме боли. Ова ми е 2 пат од кога го имам да ме боли (не е голема болката, само се осеќа кога мрдам). Што би можело да ми е :worried: ?
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    http://www.youtube.com/watch?v=XM2I9BJqbMw :D

    Прави си гаргара со солена вода или раствор со сода бикарбона. Види си на огледалце да не имаш некое бело топче на крајникот, ако болката ти е мн. голема подобро да си појдеш на лекар, може ќе ти треба некој антибиотик...
     
  3. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Стави бибер и ракија на некоја марама и врзи ја околу вратот,ќе те пече ама не е страшно, и кога ќе се исуши можеш да ја повториш постапката. :)
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Paracetamolce :) И витамин Ц.А убаво е и да те прегледаат да видат што е,ако не е само ангина,ако е грип ќе треба и антибиотик. Овие другите лекови се само привремени. Исто така можиш и карамела со млеко да си направиш,малце го гориш шеќерот и кога ќе стане ко карамела,го ставаш и млекото заедно да се варат малце.
     
  5. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    И сестра ми има вакво топче на грбот и и кажаа дека и е масно ткиво . Не знам дали кај сите е исто, но нејзе полека и се зголемува. И не се плаши не е ништо страшно тоа, оди само на редовни прегледи.
     
    На Divinebutterfly и gothchick им се допаѓа ова.
  6. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    девојки пред две недели почна да ме боли стапалото, односно таа жилата од големиот прст до горе. Не можев да се движам, прстот не можев да го поместам, патики не можев да носам зашо ме стегаат од горе. Ми помина на неколку дена, зашо не бев мнгу активна, ама, завчера бев многу во движење и почна пак да ме боли. Имав благ оток, вчера ме однесоа кај една жена да ми ја направи, као шината била, денеска пак ме боли, само што го немам отокот. Моите викаат требало да поминат неколку дена за да помине.....
    Кажете девојки некој алтернативен лек, зошто следната недела бранам дипломска и не можам да си ги носам штиклите што си ги купииииив, не можам ни да ги обујам :(
     
  7. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Велат дека цинкот е многу добар да општата здравствена состојба. За имунитетот.

    Но, како да побарам во аптека апчиња со цинк? Како да кажам? Дали имаат некое име не знам?
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ilusionist не би требало да има посебно име појди прашај а мислам дека и шумливи даблети со цинк да побараш по големиве маркети тинекс,веро :*
     
  9. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Благодарам, kikav.
    Ќе земам шумливи, иако тие баш и немаат некое големо дејство. :)
     
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    126.767
    Точно дека шумливите таблети немаат некое дејство подобро првин прашај си во аптека или потрудисе да го внесуваш преку исхрана еве на пример најзастапен е во црвеното месо, рибата и морските плодови, јаткастите плодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gordekarpos

    gordekarpos Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали може да ми се објасни
    Вчера во еден момент(без чуство на болка )како да ми се избриша меморијата .Не знаев ништо за минатото по 5 минути не можев да се сетам за ништо за последните 30 минути .....по 10 Часови како ништо да не ми се случило .Денеска се чуствувам како да лебдам .
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Дали тоа топче изгледа како некоја голема бубулица за стискање, но не може да се стисне и ако го притискаш се зголемува? Во тој случај ќе се јавите на дерматолог и малку ќе го сецне за да излезе гнојот ;) Татко ми има такво под окото, дури му смета, за болка не знам дали го боли, но непријатно е чувството, сега го убедуваме да оди на лекар.
    Тоа се мали чирчиња (фурункули) и се отстрануваат најдобро со инцизија и дренажа на гнојот и третирање на местото со антибиотски масти (и пиење на антибиотици). Постапката не е болна и се работи во асептични услови на кожен лекар. Не земајте масти на своја рака (како ихтиол бор) бидејќи може да се работи за бактериска инфекција за која задолжително ќе треба да се јавите на лекар.
     
  13. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Моментално сум настината и пијам алмацин,а сакам да почнам со терапија со сумамед од 500 и нео пенетран форте од денес (за вагинална инфекц.)
    дали да чекам да завршам со алмацинот па да почнам со терапијава ,или нема никаква врска?зашто при крај сум со леков ама утре задитре пак ке одам на лекар за нов лек не ми поминува сеуште./ :?: :?:
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Штом ќе одиш на лекар најубаво да се консултираш со него за друга терапија. Сумамедот е доста јак антибиотик и не е добро да го земаш на своја рака, а од друга страна пак не е добро ни сама да си ја прекинуваш веќе постоечката терапија ако не ти е истерана до крај.
    Мора да прашаш и дали смее да се комбинираат заедно тој антибиотик со терапијата за ваг. инфекции.
     
  15. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Масното ткиво како што знам не може да се стисне ниту наликува на бубалица,тоа е поткожно и местото кај што го има изгледа како поддуено во облик на топче или нешто друго, кај секој мислам дека е различно. На сестра ми е топчесто и има големина како на јајце , не ја боли а на лекар и препорачаа да не го засекува се додека не и смета многу бидејки не било убаво да се сече.
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Ако ви прави проблем, можете да го отстраните на пластична хирургија, зафатот не трае долго, со локална анестезија е, потоа го носат материјалот на испитување, а може и пред тоа да ви земат биопсија, да го гледаат на дермоскоп или друга интервенција, во зависност од ткивото и местото.
    Ќе ви дадам еден предлог, масирајте го местото со прстите, разградувајте го, со тек на време можеби ќе се намали. Може и да му ставате облоги од ациди борици 3%.
     
  17. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    сакам да прашам дали ви се има случено во овај период да ви паѓа косата мн. мене да од пред некја недел апоцна поќе д ами паѓа од вообичаеното и некако изречена мие имам нови влакна мали ама незнам дали ке ми се врати косата
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    НЕ ДА МИ ПАЃА ПРЕТЕРАНО МНОГУ КЕ ЗЕМАМ НЕКОИ ВИТАМИНИ ОД АПТЕКА А СЕ ВИКАМ ДЕКА СЕ ПЕРИОДИ .....
     
  19. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    незнам што да правам мн мие изречена
    а имаш ли нови мали влакенца?
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Има периоди кога косата повеќе ни паѓа, таков е периодов и кај мене, не знам од што е, можеби обнова. Но косата паѓа и поради полицистични јајници, променета крвна слика (покачени шеќери, маснотии...) итн...земајте витамини преку овошје и зеленчук, сега е сезона на пиперки, јадете ги свежи, највеќе вит ц содржат тие ;)
    Смени шампон, регенератор.