Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    можно е да имаш некоја инфекција,бактерија.Оди на гинеколог провери се :) :)



    Ме интересира кога правите колпоскопија :?: :?: ?
    До сега не сум правела ,околу година дена сум сексуално активна.Дали би требало да го направам ова или нема потреба:?
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас колку што знам не се добри ниту секојдневните влошки ниту интимниот гел. Исфрли ги нив и миј се со камилица некое време, би требало да ти помогне :) А исцедокот нормален ти е?
     
    На kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    од синоќа чуствувам како да имам грутка во грлото кај душникот, знаете она чуство кога ќе ви застане некое апче па неможете да го подголтнете. сеа изгуглав и читам рак на грло ова она се извадив од памет му се има на некој случено ова од што може да е ?
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ма каков рак, с краја да е, на гугл веднаш прво рак излегува за се |( . И мене пред 1 недела како да ми стоеше нешто баш кај гркланот, како да имам нешто, па помина. Може ти е надразнето грлото,може да е крајник, може да се 1000 работи пред да помислиш на рак. Ако толку се секираш, направи си крвна слика со седиментација (седиментацијата покажува и дали има некои процеси во организмот). Ако си навистина засекирана, со крвната слика оди си на лекар, колку да ти престанат филмовите.
    И помалку на гугл :)
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    хахах не бе не , не сум толку засекирана и не помислив на рак одма ама ај си викам да прашам тука да знам бар од што може да е бидејќи многу е непријатно чуството синоќа мислев дека ќе се угушам. ќе почекам до понеделник ако не помине можда тогаш ке прашам доктор. фала многу...
     
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Десната рака ми се треси постојано. Пред да заминам во Ск на факултет ми се тресеше но не толку како што и сега. Вистина поминував низ стресен период, па недоволна исхрана имав. Но секогаш јадев благо и пијав кафе.
    Сакав да ве прашам дали на некоја и се има случувано ова, зошто не ми се оди на доктор баш. Ќе ме малтретираат низ сите можни установи и во мојот град а и во Битола. :)
     
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку недели имам болки во половината кои се шират напред во пределот на стомакот. Болките ми се зголемуваат кога вдишувам. Можно е да се бубрезите? Страв ми е да појдам на лекар.
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    можно е да имаш песок или камчиња во бубрезите и да осекаш болку како менсруални односно како породилни ако има песок или камче ке се размрда и се добиваат такви болки и јас имам песок во бубрезите и по некогаш одникаде кога ке ме стегне незнам каде точно ме боли дали стомак или половина
     
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Па и јас помислив на истото,затоа што една моја другарка имаше камче на бубрегот и ги имаше истите симптоми,но сепак сакав да прашам. Но едно нешто не ми е јасно. Болката ми се јавува само сабајле (значи додека сеуште не сум станала),па откако ќе уринирам болката престанува.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Веројатно е нешто со органите за лачење, бубрезите или урината може имаат некој проблем. Уште вечерва почни да пиеш многу чај, треба од брусница или увин ама бидејќи е касно ако немаш дома такви, напиј се било каков чај. И повеќе вода пиј (ама немој од чешма). И газирана вода сум слушнала помага.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Можеш да си направиш само пап тест, колпоскопија се прави доколку нешто не е во ред со пап тестот гинекологот тоа ќе ти го каже.Засега само пап тест направи си :)
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мене од секогаш ме интересирало,од што доаѓа да тече крв од нос.Посебно кај децата?
    Дали недостаток на витамини,слаб имунитет,подолго изложување на сонце или што? Ни јас ни брат ми го немаме тој проблем,но имам многу познаници што ги имаат овој проблем.И искрено ме интересира,сакам да знам?
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    људи ми треба мала помош
    имам некои апчина б-12, и L-LYSINE
    дали знаете за што се користат? :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Б12 е витамин, влијае на нервниот систем, а лизин мислам дека беше аминокиселина, а тие влегуваат во состав на протеините.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Епа праичините може да бидат различни, сите што си ги навела. И секако ако те удрат по нос
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Неможев да барам соодветна тема, па ќе прашам тука

    Ме боли десното уво и тоа неподнослива болка ;( Што можам да му ставам :| :?:
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Нешто топло... Затопли марамче, или ако имаш од оние за топлење што се полнат со топла вода (не ми текнува името) , или било што што ќе ти го топли увото.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246

    Постирам повторно .. се надевам не сум оф топик. Ајде ве молам ако знае некој да ми каже, хитно е.. :(
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не знам дали се должи на проблем од уринарниот систем, но имам постојани болки долу, од предната страна и забележувам зачестено мокрење.
    Ако некој поминал низ тормозење од уринарни инфекции, би сакала да ме информира како се одразуваат, и дали моево се должи на истото.
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Кога ми беа настинати јајниците, исто така имав таква тапа болка, и мокрев често, и ми дадоа Палин, пиев чај од брусница, и јадев сушена брусница и ми помина.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.