Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мојот проблем со уринарните инфекции вклучуваше болки во бубрегот, често мокрење и заматена урина. Ми помина со антибиотици и многу чаеви од брусница или увин.
    Ако имаш дома таков чај пиј го, ако е проблем со уринарниот систем болките ќе поминат, но и понатаму ќе мокриш често бидејќи на овие чаеви такво им е дејството - предизвикуваат често мокрење за ослободување од токсините преку урината.
    Ако немаш моментално чај од брусница или увин напиј се каков било.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    чај од брусница или увин најмалку по 2 литра на ден и антибиотик од типот на цефалексин од 500мг ке ти помогнат за 2-3 дена ке си како нова
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ Антибиотик на своја рака никако. Сепак ако трае подолго ќе си посетиш лекар, па веројатно ќе треба да ја испиташ урината.
     
    На Marilyn-Monroe и sunfemina им се допаѓа ова.
  4. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Поради недостаток на витамин Ц...
     
  5. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Изгледа се работи за прехлада не е страшно,пијај повеќе течности ,чаеви особено од увин и брусница,избегнувај кафе и солена храна,затоплувај го пределот околу јајниците со топли облоги доколку нема подобрување оди на лекар да направиш микро биолошко испитување ако има потреба ќе ти препишат антибиотици, најчесто се работи за бактеријата ешерихија коли...а особено ефикасни на природна база се имуно бор уро за инфекции на урино гениталниот тракт.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уф самошто поминав низ тој пекол, само кај мене ептен се искомплицира работата и инфекцијата односно настинката брзо се пренесе нагоре, тако да слушај бабево шо ќе ти каже :lol:

    Под итно да си купиш увин чај, се препорачува најмалку литар дневно и купи си брусници од Еси - италијанска фирма е тоа, многу се добри. Колку повеќе толку подобро. Дури и 6 апчиња дневно да испиеш, не е страшно!
    Исто така во Зегин имаат добри чаеви од брусница. Имаат еден со сушена брусница - откако ќе го испиеш чајот изеди ја брусницата, ко компотче ќе ти дојде.
    Мораш сега што повеќе да мочаш, за не дај Боже да ти премине во бубрег....е тоа тек се маки :worried:

    Имуно Борот може да се пие исто така, ама повеќе е ко превенција токму за да не ти се јават овие проблеми.

    Чувај се Мерлинке. За час ќе бидеш ко дрен, само брзо спречи ја инфекцијава или настинкава ;)
    Ако не си сигурна, поарно оди на лекар да ти земат мокрача за да откријат да не се работи за ешерихија или слично.

    И воглавно пиј многу многу течности.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Увин чај и чај од брусница апсолутно се препорачливи за такви инфекции, ама не се препорачливи заедно да се комбинираат...или едниот или другиот е најдобро да се одбере да се пие. Јас сум повеќе за брусницата, некако поубава ми е за пиење, а помага несомнено.
    Патем провери си мокрача за да видиш што точно те мачи.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас со брусница се лечам :) Туку сакав да прашам, за контрола сега да одам повторно, не можам од сабајле да однесам затоа што сум на работа, дали би направило многу разлика ако однесам мокрача попладне? во сабота веќе ќе имам добиено :worried:

    И дајте некој лек за болка во мускули, нешто сум се истегнала на ногата, горе кај бутчето под препоните па и околу цела нога ме заболува кога ќе седам подолго време :worried: ако ме разбравте :tmi:
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Мислев да не биде утринска мокрача, туку попладневна, да не биде првата :tmi: :D
    фала, сепак :)
     
  11. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ^ Мислев да не биде утринска мокрача, туку попладневна, да не биде првата
    фала, сепак



    :lol: :lol: можеш,мада највалидна е сабајлешната али ако има пак промени ке покаже и попладневната :lol:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Од колку си на работа? Претходно однеси, ваљда има начин некако...утринската секогаш ја бараат. Не знам зошто ама ја бараат таа, не сакаат попладневна :D

    А за мускули, мене обичен аспирин ми помага и када со вруќа вода. Легни, релаксирај, измасирај, ќе помине.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Да и ѕвонам на докторката пред 7 дома на врата и да и ја тутнам чашката во раце, чао пријатно :D ај ќе ја прашам нејзе што совет ќе даде... :?:
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Што се вагинални глисти? Прочитав за нив прв пат овде на форумов ама не знам што се, од што се добиваат, симптоми итн.. :x
     
  15. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Правев хормонален статус, имам 21 година и зголемен лев јајник континуирано, тумор маркери сосема ок и ај да не се хормоните... Требаше на 3 ден од добивање ама бидејќи беше неработен ден, морав 4, верувам дека не е ништо страшно... Испитани ми се 4 хормони (FSH, LH, Estradiol, Prolactin)... Од страната имам граници мешутоа има неколку фази: фоликулин ф. овулат. врв, лутеринск. ф. постменоп. и о. контраце... Пост менопауза знам дека не сум, ама во која од фазиве сум била дали може да ми помогне некој? Однапред балгодарам :)
     
  16. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Viiip барај го рангот во фоликуларната фаза, или Ф.Ф. ако денот не го пишува во загради. Позз :)
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Ме интересира и ова.. се надевам ке знае некој да ми одговори.

    Немам здраствена легитимација, ми остана кај родителите, неможам да ја земам. Да поднесам барање за нова што треба? колку време трае тој процес?
    Пошто сигурно не ке можам без неа да идам на лекар, ако е подолг период неможам повторно да чекам, на по приватно ваљда може да се помине без здраствена легитимација? :^)
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Приватно не ти треба, не оди ништо преку фонд, па не ти бележат ништо ни во книшката. Е сега што е дупло, ако не и повеќе поскапо.
     
    На AnimeHQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    ОК, ти благодарам за одговорот. А одприлика колку време се чека за нова здраствена легитимација? Да е еден преглед , резултат ке се тера некако, ама нема да биде... Особено пошто ги немам предходните резултати. :( Али пак ако се чека многу за истата, изгледа ке морам оти секој ден ми е полошо. Денеска резервирав карта за Скопје, во понеделник ке одам, та ке видеме. :(
     
  20. MinaHope

    MinaHope Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Правев еег компјутерска... резултатите не беа изглеа добри и ме пратија сеа да правам магнетна. Ја потпрашував докторката за резултатите од еег и ми кажа имам некои избивања на остри бавни бранови :/ Кои може да се резултат од нервирање, некое хормонско пореметување или пак знак на епилепсија, имало 200 вида епилепсија бла бла... Правел некој до сеа еег и што им пишувало во резултатите?, зашто ги имам јас во мене резултатите...