Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ај прочитај резултатот од еег тука бидејки ако има поставено лекарката дијагноза ке ја пишува во тоа извештакот што го има напишано
     
  2. MinaHope

    MinaHope Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Лесно нестабилна основна мозочна активност, реактибилна, во која се регистрираат избивања на остри бавни бранови и спори тета во фронтотемпоралните и темпорални регии, со лесна акцентуација лево. Иритативно променет еег-ам. Јас искрено од ова ништо не разбрав... Сеа новиов упат ми е за на МР-Магнетна резонанса и пишува за снимање на MNR на мозокот до (непознато зборче, докторски ракопис неможам да дешифрирам) за епилепсија.
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    немаш конечна дијагноза со еег затоа те пракаат на мр за подетално да те снимаат тогаш ке имаат конечна дијагноза а ова од еег не ти е дијагноза него некои неправилни активности на мозокот не е страшна мр ке те легнат на креветот и само со глават ке те внесат во тоа кругот и за 5 минути е готово тогаш ке има подетално се напишано и најверојатно ке имаш терапија тогаш од страна на невологот
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Не знам што ми е во последно време многу се изморувам, како да неможам да земам воздух, имам покачен апетит и веднаш одкога ке се најадам осеќам нагон на повраќање, болки во долниот дел на грбот и болки во градите ама не се потечени како пред доагање. Мајка ми вели да не е слабокрвност па пијам витамин Ц, и аналгин за болките ама не поминува. Некое чаре нешто? :?:
     
  5. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Што ми е проблемов незнам.Цел вечер ме пече во желудникот.Кога седам најмногу ме пече.Помош?
     
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Пробај напиј се јогурт.Кога ме боли желудникот,или имам тегоби од некоја храна многу ми помага јогуртот.

    Туку,кажете ми некој домашен и ефикасен лек за болно грло.Од вчера почна да ме боле,не таа стандардна болка туку прво како да ми беше премногу суво и мислев дека е од премногу солени бадеми.Ама ете денес ептен почна,едвај голтам.Кај и да е,и носот ќе почне да ми тече. :(
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ацерола чајче и Парацетамол ,Витамин Ц и овошје.

    Можно е да е некоја бактерија или вирус,не настинка,туку некој грип,а и не е лошо крвта да ја провериш,можно е да е и слабокрвност,а и да има некоја инфекција левкоцитите ќе покажат. А и можат ако има нешто,да те испитаат убаво,треба да те прегледаат прво. Провери и урината како ти е,а и можиш Helicobacter pylori да провериш дали има. А можи ако си пред добивање и тие симптоми да се помешале со останатите. А па можиш и еден тест за бременост да направиш,ако има и таква можност :wasntme:
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ми помина море циклусот пред 2 недели. Како тест за бременост, ај не ме плаши сеа. |( Ке одам др недела ке проверам крв. И гризни таму јазикот да не е бременост, мада сигурна сум дека не е :D Фала инаку.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Значи вријам денес од нашево здравство...
    Ракава - дланката почна да ме боли летоска негде во август, ме болеше 2 - 3 дена и проаѓаше и така на два три пати и не и обрнав многу внимание.
    Сеа еве почна неделава ме боли многу, постојано, и без мрдање, а ме заболува највеќе при мрдање на палецот, нешто таму ми е изместено. Ми дадоа упут за ортопед, бев вчера на дежурен, ме вратија со скршеници работеле само, ми дадоа број за денес да закажам, денес се јавувам ми закажуваат дури за први ноември...
    Не знам дали на своја рака да идам на физиотерапевт приватен, да не не е за таму. Ме боли, а не ми е дојдено да трпам до први ноември.
    Ја завиткав во еластичен завој и ми помина малце од малце, така да денес ако отидам на дежурен па ич нема да ме погледнат.
    Дајте некој совет што да правам што да чинам... :) Десна рака е, ми треба :D
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    отиди си на приватен ортопед нашето здраство веке е со поминат рок не е за употреба
     
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е добро ако викаш нема можност за тоа. Мене овие симптоми ме асоцираа на тоа :D
    Ама штом толку болки имаш и се,би требало да е некоја инфекција. Ок,ко ќе провериш крв кажи ми :D :*

    Теди греј ти или си ја преуморила раката ако си вршела дејности со неа едни исти подолго време или стварно е нешто изместено (ама тоа на ренген можи да се види). Е сега изгледа се мускулчињата и тетивите,па можиш да си земиш ибупрофен ко ќе те боли или некоја маст за мачкање со диклофенак,а и облоги да правиш и добро е што си ја заврзала,да не ја движиш многу и да ти одмори.
     
    На TeddyGrey и creshicka им се допаѓа ова.
  12. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    117
    керка ми имасе проблем ( и се усте има ) со есерикија казете некој нацин како побргу да ја обнови цревната флора
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Провери најдобро во темите за ешерихија, сигурно има совети за тоа.
    alternativna-medicina/lek-za-eserihija-koli-i-drugi-stetni-bakterii-t3761/?hilit=%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0

    zdravstveni-problemi/escherichia-coli-t510/?hilit=%D0%B5%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да прашам дали имал некој вакво искуство да ми каже што може да биде работата, или да си се обратам кај гинеколог.
    Вчера добив- бев да вежбам и кога се пресоблекував видов нели крв ( неколку дена порано од предвидената дата) и си ставив тампон и се` си беше нормално.
    Легнав да спијам - ставив влошка, да не станувам ноќта да го менувам и сабајле кога станав немав ни капка крв.
    Ја сменив влошката и гледам цел ден исто, пак немам ниту капка крв. :worried:

    Ми идело и претходно така порано, ама си течела менструацијата нормално.

    Што може да биде?
    Се мислам ако не да почекам уште некој ден ако не ми дојде на предвидената дата да одам на гинеколог, ама некако ептен сум загрижена па решив да прашам, дали некоја друга имала слично искуство :worried:
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    251.606
    Сеси дали имаш пиено некакви лекарства, било какви, макар и за болка?
    Кај мене се случуваше исто, да имам крв како да имам добиено, ама само локна крв, и другиот ден ништо. Бев и на лекар и се утврди дека е од диклофенак (дикло/дукло џек). Тие се за ревматски, мускулни и болки во зглобовите.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Кај мене се случувало тоа,ќе почне така,ќе го нема еден ден,два и после нормално ќе дојди менструацијата. Почекај малце,ако не ти дојди,оди на гинеколог.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Пијам гел од Алое Вера онака превентивно и други апчиња немам пиено деновиве.
    Некако многу се загрижив :worried:
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случило кога сум била под стрес, или кога сум имала настинка, ако немаш никакви други болки, не е страшно, почекај види со менструацијата, доколку пак вака ти се појави тогаш оди провери..ама мислам дека не е нешто за паника.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Девојки како можам да излечам гној од прстот, кај што расте ноктот. Има крема или нешто за повлекување на гној или треба да се истиска. Ама само црвено подуено е, или да го оставам само да се повлече?
     
  20. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Пробај со црна катранска маст намачкај го и завиткај го,така 2-3 дена и ке збере гној ако има за да не ти се прошири инфектот и ако собере гној истискај го па мачкај хидроциклин-ако не бива а се шири инфекцијата на хирург да ти го сецне малце за да не ти иструли ноктот!!!
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.