Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас имав стрептокока кога имав 8 години. Ја закачив на олимписки базен. Неможеа да ме излечат 3 месеци, незнаеја каков лек да ми дадат зошто еден ден се појавување на плуќа, наредниот пат во носот, па во грлото итн. Правев инхалација со капки од ментол и после инхалацијата 40 мин зрачење со црвена ламба.
    Ништо од се што пиев и правев не ми помогна, на мајка ми и дојде преку глава и преку ноќ одлучи да одиме на море. Бевме во Турција и откако се вративме, бев на микробиологија, стрептококата ја немаше, и се заарнило на море па си останала таму :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.758
    Пол:
    Женски

    Затната ти е пора на некоја од лојните жлезди, па затоа е отечено, не е акна. На самата ушна школка и во ушниот канал има доста лојни жлезди, па се случува да се воспалат. Обично се работи за мала инфекција, не знам додуша каде точно ти е поставено, ако е достапно, убаво да го исчистиш местото со некој дезинфициенс и да се намачкаш со антибиотска маст или пак капки за уво на база на антибиотик да ставиш. Ако не ти е многу достапно, оди на лекар, ќе ти ги исперат ушите и ќе ти го средат отокот. Обично бргу поминува, важно е отокот да спадне.


    Лина, најверојатно е до капиларите, убаво ти кажала bitter-girl. Дали си земала некакви капки за нос на база на кортикостероиди (против алергија)? Може да нема врска додуша. Внесувај повеќе цитрусно овошје (посебно заради вит. Ц и биофлавоноидите - тие помагаат во зајакнувањето на капиларните ѕидови).
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Да направиш обавезно снимка на главата. Подитно!
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да не си алергична на домашна прашина??? или имаш нешто дома што те иритира и треба да откриеш. Херпесите многу тешко се лечат. Кога еднаш се појават херпесите потоа тешко се елиминираат. Се јавуваат како резултат на паднат имунитет. Има масче за нив, кое ќе ти го каже лекар или аптекар.
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Лина крварење од нос или медицински епистакса потекнува од крвните садови лоцирани во предниот дел на назалниот септум или ретко подлабоко во назалната шуплина. Најчесто е предизвикано од:

    -Чепкање на носот
    -Удар во предел на носот или оштетувања на мукозната мембрана
    -Настинка или грип
    -Носна алергија
    -Сува мукоза во носната шуплина за време на изложување на сув атмосферски воздух
    -Висок крвен притисок – поретко
    -Некои видови на лекови, на пример, продукти кои го намалуваат вискозитетот на крвта (аспирин, и нестероидни анти-инфламаторни лекови)
    -Експозиција на хемикалии кои можат да ја иритираат мукозната мембрана
    -Девијација на назалниот септум (вродени или по повреда-скршеница на носот)

    Мој совет бидејќи е долго време крвавењето да одиш на оториноларинголог ( на ОРЛ клиниката), и прво значи се користат вазокострикторни супстанции кои ги стегаат крвните садови. Ако така не се спречи крварењето, потоа се користи тампонада ( се ставаат тампони во носот). Во ретки случаи, може да биде индицирана операција на делот од крвните садови кој е одговорен за крварењето.
     
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Подолго време имам алергиски ринитис, и носот скоро цело време ми е затнат. Тоа страшно ме нервира, и ептен често користам капки за нос, Бенил, Оперил, Нафазол и слично. Бев на доктор, ми рекоа од ринитот ми отекува слузницата, и да пробам со Flixonase, ама ни тоа не ми помогна, буквално без капки не можам воопшто да дишам, дури и ушите ми се затнуваат. Направив брис, се беше ок. Што би ми препорачале? Да се консултирам со некој подобар доктор ако знаете да ми препорачате не би било лошо.
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Инхалации со морска сол. Стави 2-3 големи лажици морска сол во нецел литар вода и кога ке зоврие диши низ нос од пареата.

    Капките може да ти помогнат привремено, но создаваат навика во слузницата, а повеќето од нив и ја оштетуваат трајно. После извесно време не ке можеш да живееш без нив. Ако не ти одговара инхалациите да ги правиш, прашај друг доктор.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Бенил, Оперил, Нафазол се деконгестиви и не е препорачливо да се користат долго време. Истото е и со Фликсоназот, тој е специфичен за алергиски воспаленија ама содржи кортикостероид кој исто така не е препорачливо да се користи во долг временски период. Моја препорака да си земиш некој од спрејовите на база на морска вода, а во покритични денови можиш и инхалација да си правиш сама дома. За доктор колку што знам проф.д-р Докич на клиника за Пулмологија посебно се занимава со алерголошките заболувања на дишните патишта.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    од се ова горе наведено ништо не правам, ниту капки сум сатавала ниту алергија ниту некакви лекови сум примала, ама добро е еве веќе 2 дена не ми тече крв, пијам вигор комлит витамини и минерали и ц витамин од 1000 и добро сум , последниот пат искрварив многу дури црна крвта беше! фала ви за одговорите :*
     
  10. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Можиш и морската сол да ја користиш ко капки за нос,татко ми ми кажа оти тој доктор е,и рече дека убо е ќе пушти носот... ;)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Лина често се случува крвавењето да нема етиолошки фактор т.е некој посебен причинител. Мала повреда на предните крвни садови или на слузокожата може да предизвика епистакса. Многу често и причината поминува со прекин на крвавењето, па затоа се препорачува испитувањата да се вршат за време на активно крвавење. Не го чепкај носот. Не го дувај воопшто барем 12 часа после последното крвавење. За време на епистаксата затни ја само ноздринката што крвари и подигни ја главата нагоре. Може да ставиш и облоги од мраз. Ако продолжи крвавењето, на ОРЛ да одиш обавезно. :)
     
  12. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    јас знам дека херпес излегува така ако си настинат и наеднаш ако ти здостуди т.е те стресе....а може ти е и грозница исто е ко херпесот јас па некогаш не можам да ги разликувам...ако се имаш згрозено нешо....ацикловирот ти е најдобар за тоа...
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    ^^ За ова не сум знаела. Всушност треба да се направи раствор од морска сол со вода?
     
  14. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    да да и после можеш како капки да ја користиш....
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    259.121
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли некоја од вас искуство со пиење метформин(глукофаж) при проблеми со зголемена тежина, инсулинемиа и нерегулирани менструални циклуси? Јас пијам веќе 3ипол месеци и со слабеењето ми оди навистина добро но циклусот никако да го регулирам...ако некоја знае да ми каже колку време е потребно за нормализирање би ми било од помош, да не се нервирам секој ден од доцнењево :swear:
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ти ги препорача доктор? :^)
    Ако ти ги препорачал пиј ги, но посети друг доктор.
    Ако не си била на доктор - оди, зашто симптомите може да бидат врзани ако имаш проблеми со јајниците, т.е. цисти.
     
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.146
    Допаѓања:
    259.121
    Пол:
    Женски
    ^Секако од доктор ми се препорачани. Ги направив сите можни испитувања се е под контрола (односно примам терапија да биде) но прашањето ми беше со конкретниве апчиња за колку време обично се регулира ако некоја од вас има искуство. Јас во меѓувреме бев повторно кај докторката и и кажав за проблемот но ми рече да поминат барем 6 месеци за да има целосна слика за однесувањето на организмов мој :tmi: А јас во тие 6 месеци ќе шизнам :devil: Од апчињава имам цело време предменструални хистерични изливи :$ болки во градите итн итн но никако да добијам!
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Седнувам да учам, и никако не можам да се сконцентрирам од што ме боли главата. Имам така благ притисок во слепоочниците. Вака три дена веќе...
    Прво мислев дека ми е од диоптерот, ама не е, зошто посотјано си носам леќи или наочари, а не забележувам промена. Од замор не е, зошто спијам и повеќе од доволно.
    И од што може да биде?

    Сериозно, проблем ми е, се чувствувам како ме бутка само во кревет.
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Старфиш, можеби ти е низок притисокот ? Пробај да пиеш газирани пијалоци и кафе пред да седнеш да учеш. Па види дали има разлика.
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    ако имаш проблем со синусите може и од тоа да боли глава,купи си апчиња "Ginko biloba" помагаат за главоболка а исто така и за концентрација...јас ги користам за концентрација коа учам....ама не знам дали одат на рецепта или приватно пошо мајка ми ми ги даде и нз како ги има таа земено...позз ;)