Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Од мрсно јадење се покачуваат а може и да ти е таков резултат ако на пример претходниот ден си јадела нешто мрсно па утредента да покаже на резултат.
    Како се намалуваат- НЕ за јајце, свинско, мајонез, сувомеснати производи...
    Циметот е многу добар за регулирање на маснотиите во крвта (имам некаде прочитано а и зависник сум од него :$ ), исто така и лук :)
    Немој да пиеш некои лекови ако ти даде матичен лекар, гледај по природен пат со исхрана да ги стабилизираш. Од лековите паѓа многу коса а и може да не ти ги поднесе организмот. Ќе ти ги намали лекот не да не ама клучот е во исхраната ;) :!: повеќе овошје и зеленчук
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Епа изгледа тоа е, пошо јас вечерта во 1 по полноќ ме фати криза и ајде си реков малку благичко да каснам :D :D А сабајлето во 8 давав крв |( Од кај да знам дека не се јадело 12 часа пред тоа |( :D
     
  3. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Лакримоса,точно е дека ако си јадела потешка храна претходната ден особено навечер може да ти ги покачат малку триглицеридите,но колку што знам тоа може да влијае околу 20% на резултатот(мислам дека благото толку не влијае ,повеке мрсната храна).Затоа ако е благо покачување не е страшно,доколку е поголема разликата од нормално,стави се малку на диетичка,салати со јаболков оцет,само риба и бело месо,купи си омега3-6-9 суплементи,повеке течности,наместо кечап и мајонез можеш само сенф,црно лепче обавезно и нискомаслени млечни продукти.И јас сум за природно намалување а не со апчиња.
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Јас намерно пред да правам крвна слика и 6-7 саати претходно убаво си се најадувам :D Последно и чипсови јадев и сосови и сокови.. ама крвта сабајлето стално покажувала нормални вредности за масти, шеќери, холестероли. Така да мислам дека треба малку да повнимаваш на храната за да ти се нормализираат триглицеридите зошто не значи дека само поради тоа што си јадела претходната вечер ти се покачиле.
     
  5. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Јас два дена пред да правам крвна слика јадам посна храна-првиот ден по онака (некоја манџичка без запршка и мноогу овошје) а денот пред да ја направам сликата,значи вториот гледам цел ден да јадам овошје.Само овошје без никакви соли да внесувам.
    До сега се ми било ок,без никакви проблеми.
    Инаку,пожелно е 12 часа пред да се прави испитувањето да нема внес на масти и вештачки шеќери. :)
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ние треба здраво и со усул да се исхрануваме постојано, а не само кога ќе затреба или како во случајов пред да се прави крвна слика. Џабе е ние да јадеме свашта секојдневно, а кога треба да се провери статусот одма немрсно, неблаго...Веројатно нема да добиеме вистинска слика така ако само заради анализата на крв, моментално и краткотрајно пред тоа припазуваме што ќе внесеме.
    Затоа јас намерно "се билдам" претходно, за да видам што ми се случува ако претерам. Ако е ок, тогаш признавам дека сум во добра состојба општо :) Иако јас воглавно си имам некој ред во исхранта, па затоа може и никогаш не сум забележала пореметување на масти и шеќери во крвта.
    Може има и посебна тема на форумов за триглицериди, но сигурна сум дека постојат еден куп начини за ефективно намалување на природен начин, разни рецепти, практики и сл. Не е страшно и непоправливо ако се поведе сметка да се среди ;)
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Еве сега видов, пишува дека имам 2,05 триглицериди, а треба да се помалку од <1,09.
    Не е многу ама... следен пат не јадам 12 часа пред да испитам крвна слика, а дотогаш омега 3 природни апчиња, и на исхраната ке внимавам, лекови не прифаќам затоа што не се многу покачени. :)
    И таму ме прашаа дали сум јадела вечерта и кога реков да одма ми кажаа дека не требало да се јаде.
    Ама јас... :wasntme: :D
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Каква крвна слика правеше?
    Обична (основни работи само да испиташ-шеќер,масти...)
    или од оние што се ти се испитува (електролити и такви чуда?)

    пошто ако имаш правно од вторава,тогаш се ќе ти е за малку покачено,и би требала пак да испитуваш.
     
  9. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    и мене ова ме интересира, знае ли некој?
     
  10. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    со обична крвна слика не се открива ама има други испитувања што можат да се направат на крвта преку која што може да се открие
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Што е ефикасно за запирање на повраќање и олеснување на тегобите од стомачен вирус?
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Кока кола и медицински јаглен + Б6
     
    На kravce и sunfemina им се допаѓа ова.
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Како се пие медицинскиот јаглен, на колку часа?
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Офф, на колку сакаш, колку сметаш дека ти треба, од него немаш гајле.
    Јас превентивно го пиев цел одмор во Египет, по 4 во денот, и освен запек, ништо друго не добив :D
     
  15. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    линекс, јагленче, кока кола, пролајф. не мора се заедно да пиеш, нормално :D мене кока кола ме спаси.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    не е за мене, но болниот одбива да јаде и пие зошто многу лошо се осеќа :(
     
  17. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски

    ако толку многу лошо се осека тогаш однеси го на лекар нека прими една инфузија со витамини ке го подигне малце па ке се освежи ке добие желба да пивне и да поткасне нешто суво,геврече,банана,варен ориз,варен компир....
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Да, може една инфузија да прими, а дома дај му и електролити, да надокнади малце од тоа што го изгубил, ќе добие сила веднаш..
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    На лекар ќе мора да се оди ама треба да почекаме смена, во меѓувреме да пробам да му олеснам со советите што ми ги дадовте. Ви благодарам многу!
     
  20. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Можеби прашањево не е за овде ама неможам да најдам соодветна тема . Син ми во летото падна и си го скрши ноктето на палчето од ногата скоро на пола . Никако да му зарасни уствари зараснато е ама е како ќош , грубо .а заприметив и дека на другото палче ноктето како да му се листа, се консултирав со педијатар ама не може да ми даде некоја маст затоа што скоро сите биле за возрасни моето има 1год. и 10 месеци. Ве молам ако можете да ми помогните сте имале искуство со вакви ноктиња, сакам да му ги излечам оти ќе почнат да му сметаат сега во чизмињата ,а нема изгледи дека ќе му поминат.
    Онапред благодарам!