Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ivana.se

    ivana.se Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Можеби смешен ке ви изгледа мојот проблем но мене навистина ми смета. Кога се бакнувам со дечко ми многу кратко издржувам да се бакнуваме, одма чувствувам гушење и мора да прекинам... Инаку 1 год веке имам внатрешна алергија која ми се манифестира со кашлање и ако не примам лекови осекам тешкотии во дишењето. Тоа е нешто како состојба пред астма, пијам лекови како превентива да не дојде до тоа.Можно ли е за тоа што ви пишав прво да е резултат на некој проблем со срцето што вака не издржувам или можеби е од алергијата??? Инаку освен тоа немам други проблеми како стегање или пецкање во делот кај срцето. Што мислите?
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    И на ќерка ми ноктињата на палчињата и се такви повеќеслојни, штом еден слој излезе ќе го средам со ноктарка, пак почнува друг слој одозгора да се прави. Јас не сум ја носела на педијатар и само со ноктарка и ги средувам, а мислам дека и фали некој витамин. Имаме 15 месеци.

    Инаку и јас да поставам едно прашање. Сега е сезона на грип сите што ги знам се разболени па не ми се носи малата на педијатар, ама веќе недела дена и се црвени обравчињата, некогаш само црвенило, некогаш како ситни воспалени брунчиња. Да не е некоја алергија? А само на обравчињата има :worried:
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Да не и` се запчињата? Од нив бувнуваат така обравчињата.
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Леле а јас си помислив на сешто, да и растат горе двете единички наеднаш. Фала многу :)
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Дечки се испоразболев многу пред некое време, Пнеумонија, Бронхитис, мислам се со ред си пројдов, а почнав од обична настинка. Е сеа, демек се уарнив, земав и боловање и стварно убаво ми дојде дома седењето. Не кашлам повеќе, не ми тече носот, завршив со терапијата, арно ама како пак да ме фаќа. Вдишувам и издишувам и го имам она грдо чувство во градите како кога имате грип, како да ме кутнува температурка, како да ме заболуваат коските, ја чувствувам облеката на мене како да ме ежи, очите ми се клапнати, жива премрзната сум. Мислите има шанси да ме повтори, или ова е само привремено, некое лошо чувство ме опфатило. Утре сабајле дефинитвно правам домашна пилешка супа и ќе видам како ќе бидам, не сакам пак да ме врати, никако, не знам веќе и на работа како да кажам, се јас сум болна, непријатно ми е веќе. Штом земам плата одма ќе си земам Ехинацеа за имунитетот ама вака не знам што да правам ако цела зима биде ваква, одамна не сум била ваква, поминаа може 10 години. Совет, чаре, може да ме повтори?
     
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    ^
    Не би требало.
    Пиеше антибиотици?
    Мислам дека овие денови сите така се чувствуваме.
    Не почнаа за џабе на ТВ интензивно да пуштаат реклами за сирупи, апчиња, чајчиња :)
    Паднат ти е имунитетот и ќе треба да се пазиш. Не се изложувај на ладно ако не мораш.
    Пиј чаеви и јади многу овошје.
    Пробај со аспирин шумливите таблети, подобри се од кафетин колд и фервекс.
    Есента изобилува со овошје, оди на пазар и купи си се што ти се допаѓа од овошје да не ги примаш витамините по вештачки пат, жално е во овој период од годината.
    Коските те болат од температурата, напиј се Далерон или Парацетамол.
    Помалку лежи, повеќе движи се.
    Ако не се стабилизираш за 2-3 дена оди на лекар.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Oд пред некое време,можеби има една година или помалку,не ми се случува секогаш ова,наеднаш ке почнам целата да се тресам,значи раце и нозе,да постојам малку на нозе нема шанси ке паднам,ми се поврака,срцето ми чука како ненормално,не ме собира никаде,ни в кревет не можам да лежам,ни надвор на воздух,мизерно и ужасно се чуствувам :sweat:

    Имам проверено крв,се е во ред,нема ништо.
    Hа лекар им кажувам и ми велат само пиј повеке вода,овошје,зеленчук,напиј се панадол... |(
    Cекогаш истото прашање Mожеби си бремена?
    Hе сум бре човече,добив :wasntme:

    Mногу ми е жешко,не можам да опишам како се чуствувам,си имам проблеми и со желудникот ама не верувам да ми е од тоа?!
     
  8. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Дечки итно ми треба одговор ако имате. На мајка миво окото и остана парче од скршено моливче за очи, креонче. Сега и е крваво и ја боли многу. мате некое привремено решение?
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Си имам проблем со прстите на рацете.
    Почнаа да ми отекуваат прстите, да ме болат , во топло ми се вцрвенуваат, а ноќе кога ќе легнам многу ме чешаат.
    На прстите на нозете немам болки туку понекогаш само ме чешаат.
    Во февруари оваа зима малку само ми беа отечени и ме болеа, ме пратија да испитам крв и да видат дали е реума, но резултатите беа нормални. Ми рекоа да носам ракавици , да не фаќам студена вода и сл.
    Сега еве овие денови откако залади повторно истото... :devil:
    Некој совет ?
     
  10. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    173
    А да се консултираш со доктор да не станува збор за псоријастичен артритис, кој ги напаѓа главно малите зглобови и тоа најчесто прстите на рацете и нозете? Имам читано дека постојат случаи каде псоријастичниот артритис се манифестира внатрешно врз зглобовите ги загрева и тие болат, а не надворешно врз кожата. Особено овие симптоми се изразуваат преку зимата, а во летото исчезнуваат.

    Или доколку не е ова, мора да постои соодветна дијагноза не може прстите да болат без причина
     
  11. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
     
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Доколку имате капки за очи Прокулин дома веднаш капни и две до три капки малце ќе и се ублажи болката,но ајдобро е веднаш да одите на лекар бидејќи тоа мора да се извади.
     
  13. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Девојки, последниве неколку дена се напипувам на главата од десна страна некаде над увото во косата имам како топченце, си велам да не ми е бубуличе и ме чеша.. несакам да и кажам на мајка ми да не испаничи беспотребно... Ама сакам совет од вас дали некој друг имал вакво нешто... Загрижена сум... :(
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И мене така ми се случува доколку прстите ми биле ладни и потоа нагло ако ги стоплам на печка или како и да е. Мислам дека не е нешто сериозно. :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Сигурно не е ништо страшно. Можеби е само обично мозолче кое ти се има појавено од потење. Не се плаши почекај ќе видиш како ќе биде утре па ќе знаеш што да правиш.
     
  16. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Веќе 3 дена го чувствувам... тоа е работата... А и ако е мозолче нема да спадне за 1 ден си велам... Ама незнам... Тоа што ме чеша е единствен симптом... :(
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Од пред две - три недели, одвреме навреме чувствувам болка на левата страна од главата. Поточно долу позади, некаде ќе му дојде под увото, над тилот. Болката е блага, не е нешто да не се издржува, ама почнав да се загрижувам... Некогаш чувствувам и болки на левото око, т.е. како нешто да ми го притиска окото отпозади :worried:
    Болкиве сигурно не ми се поради претерано седење пред компјутер и се мислам да направам еден магнет, ама страв ми е :worried:
     
  18. katerina.k

    katerina.k Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    a sto ke ti pomogne b kompleks za narvozata, najdobro e da otides na psihijatar ako ne mozes da se smiris..
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да не имаш случајно проблеми со синуси?
    Затоа што јас секоја зима скоро имам вакви болки, не болки него како благ притисок повеќе. Мене сите ми викаат дека ми е од синусите, под сите мислат и докторката ми има кажано дека поради тоа е. Само идеја... :?:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Да ти кажам право, слабо стојам со имунитетот и периодов сум рашмркана, затната, никаква...
    Се надевам дека е од тоа, а откако ќе ги излечам синусиве болките пак продолжат - под итно влегувам во тоа магнетот, триста глупости ми се свртеа во глава!
    Ти благодарам tigerlady!
    Ако некој има идеја од што би можеле да ми бидат болкиве, би му била благодарна ако пише.