Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Феминки,дали некоја од вас знае кој се симтоми за бнатрешно влакно и дали е вистина дека се остранува само по хируршки пат???
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Зависи колку е загноено, ако не иде никако друкчие мора да се оперира хируршки. Е сеа зезнато е што најчесто на загноено не фаќа анестезијата, така бар знам јас, и прилично го осеќаш зафатот. Додуша сестра ми има извадено многу сама, најчесто позади уво, на лице и слично. Пробај со Ихтиоли да ја извадиш гнојта па ако успееш само да си излезе добро ќе биде, ама да го чепкаш немој сама, пробај стисни го благо, ако излезе добро ако не остај го и иди на хирургија, ќе те средат бргу, нема зошто да трпиш, колку повеќе одолговлекуваш толку поболно може да биде, да загнои повеќе и да боли. Од искуство со сестра ми, таа ги вади сама со стискање, ама после остануваат лузни и рани, па мака мачи и со нив.
     
  3. srcuskata5

    srcuskata5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    девојки, вчера цел ден ме болеше главата но само од левата страна над увото и зад него..сега вечерва почна пак да ме боли и како да ме притиска нешто на градите ми се сопира воздухот од што може да биде? Се плашам мн :(
     
  4. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    пушиш цигари ?
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.593
    Пол:
    Женски
    Провери си го крвниот и очниот притисок. Од климата е највеќе, и јас маки мачам со главоболки, само што мене најчесто ме боли над левото око и кај челото. Обично имам низок притисок, но пред една недела при таква главоболка го измерив дома, големиот ми беше 150, се исплашив. Полесно е со низок, ќе може да го дигнеш со пиење вода, сол, мрсно, ама високиот е малку зезнат, ќе мора рамиприл.
    Го мразам времево, наутро ладно, после затоплува, па навечер пак ладно. Еден ден сонце преку ден, наредниот ден облаци, па пак сонце, па облаци. Еве гледате како и денес сонцево се јавува, а вчера беше облачно. :?:
     
  6. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Ако некој има искуство со Хеликобактер пилори го замолувам да ми помогне околу тоа што да конзумирам во исхраната а што не.Thank youu ! :wasntme:
     
  7. srcka2002

    srcka2002 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    16
    за секој е индивидуална исхраната, зависи на што се осеќа мака најмногу, јас лично најмногу патам од тесто, пециво, краставици, пудинзи, гризови....на ова сега ми текнува, некогаш и без причина на некоја храна реагирам. е сега се трудам овие работа да ги исфрлам од исхрана, и да јадам секои 2-3 часа, да не се лачи HCl непотребно во организмот и тоа. инаку терапија има со lanzuli, omezoli, ranitali, ама мора доктор да ти препише
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Фала ти срцуш,еве сега се растрчкав што да пијам плус природна превентива,Про хербис капки,ги има во Автокоманда во аптека базилика,или втора варијанта прополис 35% три пати на ден по 20 капки врз коцка шеќер пред јадење.Ајде сега на лечење...Поздраав. :*
     
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    126.788
    Jas gi pijam tie kapki,znaci ima rezultat no moras redovno da gi pies 2 do 3 pati na den.Pozz
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    здраствен ли е проблем или што ли е косата ми се преполови мн ми паѓаше сега некако поднамале ама мие е ретка што мислите ке ми се врати или таква ретка ке ми остани
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас имам, па можам да кажам долго искуство со оваа бактерија. Не внимавам многу на исхраната да ти кажам право, се’ си јадам. Ма да не се препорачува лута, солена и зачинета храна, мрсни јадења, да се јаде повеќе течна, варена храна, алкохол и цигари не. Стресот е многу битен.
     
    На Puflice му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Може да е здравствен проблем кај женските посебно може да е причина анемија или можеби проблем со штитна жлезда, а може да е и недостаток на витамини или многу важно за косата е намален внес на протеини. Исто така можно е да опаѓа од многу пеглање, фенирање, врзување и стегање на косата...
    Ако имаш нагло голема загуба на косата, не е лошо да се посоветуваш со лекар и да направиш некои испитувања за да се открие причината и колку побрзо го спречиш опаѓањето толку полесно ќе може да си ја обновиш косата.
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    На сестра ми последните денови многу и варира притисокот. Пред 2 недели и беше многу висок, пред неколку дена горниот и бил 75. Крвната слика и е во ред, докторката и рекла дека има и на друг да даде. Сега има закажано на кардиолог. Дома мислат дека е од премногу стрес, ама не е на одмет да се провери, нели :)
    Туку, мене ме јаде сега мислата... Можно ли е да е само од стрес или пак сигурно има некоја друга позадина... Не можам да чекам резултатите... Како што ни е тргнат периодот, што и да слушнам одма на најлошото помислувам...
     
  14. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Веќе добри 3 недели, а може и повеќе имам интензивна кашлица пропратно со шлајмови. Неможам да се соземам од кашлање, воздух неможам да си земам. Пиев некои антибиотици, пиев сируп на база на мед и прополис, пиев чаеви (па дури и од оригано), но залудно, не поминува. Што да правам, што да чинам?
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Луѓе, потхитно кажујте. :sweat:

    На левата града ми се појави едно раниче со одлупена кожа одоколку, згрутчена крв и малце набабрено.
    Се наоѓа десно, еден сантиметар малце дијагонално над брадавицата, и од околу кога притискам ме боли.
    Исто околу раничкава има ко испукани капиларчиња. :sweat:

    Никогаш претходно не ми се појавило вакво нешто, ептен ми е шубе. Што би можело да биде?
    Да напоменам, денес ми дојде, можно ли е од тоа да е, или да шибам на лекар веднаш? :worried:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.970
    Допаѓања:
    123.568
    ^Ми се има такво слично појавено,и јас се преплашив пошто и ме болеше,а одоздоле беше како грутка тврдо,веднаш заминав на лекар,рече било некоја акна :^) ,ама како и да е за 2 дена се излупи и помина само.Инаку и јас бев пред добивање тогаш,можно е да е од тоа,секако за да ти биде мирна душата појди си веднаш на лекар.
     
  17. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Најверојатно имаш развиено посериозно воспаление на белите дробови. Да не нагаѓам сеа, можно е бронхопнеумонија или нешто слично. Штом до сега не ти поминало од тие антибиотици (по можност кажи какви :D ), треба да одиш повторно на лекар и речи дека сакаш да направиш антибиограм, нека ти земе брис за да ги земеш точно тој антибиотик кој е за таа бактерија. Да не се труеш со апчиња и антибиотици кои апсолутно не ти помагаат така е најдобро. Ако имаш температура земи Ибупрофен или парацетамол. А за кашлањето под итно на лекар и инсистирај за брис!
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Го стиснав брунчето и истече гној од него, најверојатно е акна, ако не се повлече ќе посетам лекар... :x
     
  19. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Здраво,дали знае некој каде може да се најде масло од пченични никулци?хитно ми е!
     
  20. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Па пиев амоксиклав една недела и нема некој резултат. Престанав да ги пијам и состојбата пак ми се влошува. Температура немам, немам ни симптоми на настинка. Само си кашлам ко туберколозна. Можно е да е некој бронхит, ќе одам пак на лекар да видам што чаре ќе најдат.