Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Купи си Контерпаин или така нешто беше од аптека, или Алгасан, и тоа помага, ако не помине тогаш си изместила нешто, ама не верувам, веројатно се работи за некаква преоптеретеност, веројатно си имала повеќе напор на колената од вообичаено, можеби повеќе пешачење, повеќе вежби кои вклучуваат нозе и слично.
    Луѓенца, за мене чаре? Изгледа пак го сјебав имунитетот. Имав тешка настинка, бронхит, и се по ред, излекував со антибиотици и се пропратно, па после некаква си алергија околу вагиналниот отвор кој претпоставувам беше реакција од терапијата која ја примав, и ете ме сега со ужасна болка во грлото, едвај подголтнувам, а демек антибиотиците кои ми ги дадоа беа за побргу да се повлече инфекцијата на крајници, ама ништо, пак ме повтори, претпоставувам имунитетот отишол во неповрат и цела зима вака ќе се мачам со лекарства и настинки. Некој домашен лек за имунитет покрај Ехинацеава што ја пијам? Лимони, медови, чаеви? Значи во моментов сум на Брусница, Дива цреша, Аронија, Лимон, од сите по едно во литар вода и плус Брусницата дека е рефус ставам во една газа отприлика колку за еден чај, на крај додавам лимони и мед и пијам топло. Насабајле лажица јаболков оцет, од утре ќе купам и мед. Преку ден ориблети Ехинацеа со прополис, понекогаш и прскам Прополис на грло. Значи има де недели откако прекинав со антибиптиците и пак ме фати грло, а потоа уште една недела бев на сируп од тегавец. Значи историја се понавља, пак по старо ќе си фатам јас, ко во детството.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Angel of Arh, thank you :)

    Мене лично, а и на многу луѓе кои ги знам, најмногу ми помогна гелот од Алое Вера, на времето го немаше во продажба, одеше по нарачка (како со Авон исл. :D ) Гаден е, признавам, но многу помага за зајакнување на имунитетот. Знам како е, и јас имав сличен проблем, и ми помогна ова. Секако, и внесување на што е можно повеќе витамини во вид на овошје и зеленчук. Последен пат кога го пиев (пред 2 години ако не се лажам) чинеше 1500 денари отприлика, но е големко пакување, и трае, ќе си го пиеш :) На природна база е, дури и го препорачувале да се пие и кога се нема некој посебен проблем. И секако, чувај се и облекувај се топло, и внимавај со променливово време |(
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Приметувам повремено после напнатост, нервоза или сл. на крајот од денот кога ќе се стабилизирам малку имам потешкотии со дишењето, ко да имам плоча на градиве ... Освен Б витамини и др таблети за смкрување нешто природно за да не ми се одрази несакано?
     
  4. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    подуен ми е стомакот и кога го собирам и боцкам по малку нежно осеќам болка. од што би било?
     
  5. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Bалеријана чај е добар за смирување,а исто така ефикасен е чај од маточина засладен со мед,природен антидепресив го викаат
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Знам за чаеви ... валеријана имам таблета еднаш испиено ... не можев глава да подигнам. Фала на советче
     
  7. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Во последно време осекам притисок во ушите, и од притисокот ми се затнуваат ушите. Бев на лекар ми кажаа ништо дека не ми е (дека ми е од стрес, кaко во стил да избегавам ситуации, што ми предизвукуваат стрес...) и не ми кажа дали капки да ставам, како да ми помине бидејки неможам веке да се поднесам! :/ Прашањето ми беше дали некој бил во ваква ситуација и што да направам да си помогнам?

    благодарам :)
     
  8. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Девојки кажувајте чаре. Прстот на раката ме боли веќе два дена, потечен ми е веднаш до ноктот, исто како да бере гној. А живецот не ми дава мира, ме пецка цело време,премногу ме боли. Знае ли некој од што може да ми биде вака? И што да ставам, да не одам на лекар, стравови ме фаќаат :sweat:
     
  9. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Купи си шумливи од магнезиум,ама од 300 мг не оние обичните,растворај си навечер,во последно време докторите почесто препорачуваат повисоки дози на магнезиум за ослободување од напнатост,отколку б витаминки.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    девојќи сакам да ве прашам нешто и секако да ми одговорите :) ако има некој сличен проблем нека пише...дали од коа ке ви заврши менструација ги чуствувате истите болки пак во стомакот,денеска е 4-5 ден од кога ми заврши и еве пак ги чуствувам истите симптоми т.е болките во стомакот а и не само денес и минатиот месец кога ми заврши си ги чуствував болките повторно..скоро секој ден имам такви болки
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Да гелот е супер, познавам многу луѓе кои го пијат и им помага за имунитет, јас лично не можам да го поднесам.
    еве како изгледа
     

    Прикачени фајлови:

  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Jaс пред една недела си го купив ова алое вера по цена од 1400 ден.го користиме сите дома и мн.сме задоволни.Ептен лошо мириса и гадно е на вкус но навистина помага.Можеби навистина и цената му е малку солена но сигурно ќе ти трае месец / месец ипол.Пробај!!!
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ке си одиш на општ матичен лекар и ке ти даде антибиотик за да се повлече отокот и да не собира гној во сптротивно ке собира собира гној и ке се пусти гнојот по цел прст и потоа ке зарвшиш на хирургија кај што ке мора да ти го отворат и исчистат прстото а многу е болно верувај значи оди на матичен и освен антибиотик ставај кантарион да го извлече гнојот или ти е поскинат живецот или со боцната однешто и има загноено
     
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ Не ме боли толку попладнево и вечерва, потечено е и мислам дека почнува да се познава малку гној. Е сега баш ме исплаши со ова отворањево, значи такви зафати шокови ми удираат, имам голем страв. Ама многу. Се надевам нема да дојде до тој степен, реков ќе чекам да се потсобере па со алкохол и игла ќе го боцнам и ќе истече, ама штом така тогаш утре ќе одам на доктор. Фала Ева11 :)
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    За сите што прашувате како до подобар имунитет купете си капсули со масло од црн дроб на ајкула. Ги немам лично користено но многу имам читано за таа тема, се посочува како најефикасен природен начин за зајакнување на имунитетот и за да се заштитите од инфекции и настинки, а има и некои витамини.
    Еден екстра интересен факт - Ајкулите се најздрави животни и никогаш не умираат од болести туку од длабока старост.

    Ги има по аптеки неколку видови, цело пакетче е скапо, ама идат и по лентички. Пробајте па кажете :)
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Воспалена ми е подјазичната плункова жлезда, веќе ми се има случено ова пред некои 7-8 години. Тогаш само ми препишаа антибиотик.

    Дали можеби некоја знае што би можело да е причинителот (освен инфекција), татко ми ме советува да почекам да се смири зашто него му се воспалувале од јадење многу солена храна. Јас пак сакам веднаш да си земам антибиотик.
    И дали знаете можеби кој антибиотик по аптекиве го даваат без рецепт? Немам плави картони периодов.
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Какви ти беа симптомите? Мене одвреме навреме ми се укочува една како жлезда под јазикот и дури и жилите под вратот ми се укочуваат, не можам да голтнам или да мрднам било како со целата вилица и врат, како да ми се вкочанети и нешто ме тегне да не можам да отворам уста, се дешаваше порано а сега одамнаше се нема појавено, завчера во поблага варијанта се појави.
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    ^^
    Тешко џвакам (чувството е како да џвакам стакло), тешко голтам, на допир на вратот под вилицата е потечена, дефинитивно е тоа, истите симптоми што ги имав првиот пат.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски

    Може и затнување на каналот на жлездата понекогаш да биде причина за воспаление, посебно кај сублингвалните жлезди. Најчесто настанува поради појава на камчиња во жлездата, па кога плунката се лачи ги носи према надвор, и ако каменчето е поголемо од пречникот на каналот, предизвикува затнување, оток и болка, посебно изразена при јадење. Ама тоа треба да се провери и ако има потреба да се реагира соодветно. Најчесто на максилофацијална хирургија се проверува ова. Ако истекува гној, причината може да е некој бактериски причинител, во спротивно, најверојатно е каменче. Не би било лошо да се направи брис од грло и нос, евентуално од излезот на жлездата, па да се примени соодветен антибиотик. Инаку, мислам дека Цефалексин оди без рецепт.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Денес за чудо ми е смирена, нормално јадам. Татко ми прашал во аптеката до нас, му рекле не мора директива на антибиотик да се оди, помагале лекови како Прополки и Проафтол спрејот. Земав 3 Прополки вчера, се напив еден чај и еве Ок ми е. Ќе видам како ќе бидам деновиве, ако пак имам воспалителна реакција ќе одам на лекар обавезно.