Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Старфишке може да е до синусите :)
    Јас веќе скоро година дена имав таква болка во главата,очите ама периодично.Ќе ми се појави неколку дена па ќе помине ,и после некое време пак.Мислев дека ми е од низок притисок демек ,и све кафиња лупав :^)

    И сега ми правеа некој анализи,и ми ги снимаа синусите,и ете испадна дека имам |(
    И докторката баш ме праша дали сум осеќала такви симптоми ко за низок пристисок :D
    Ама пак џабе открив дека ми е од синусите,еден период несмеам никакви лекарства да примам и затоа ништо не ми дадоа,така да незнам што би можело да ти помогне :wasntme:
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас имам и синуси и низок притисок. Ги имав истите симптоми. И не само притисок на слепоочниците, туку имав и силна осетливост кон светлина или нешто бело (хартија, снег, зид и слично), како и кон светлина надвор, значи морав со очила за сонце да излегувам.
    Користев Сумамед, тие три таблетки што се, после тоа правев инхалации со морска сол и босилек. Можеби ништо од ова не ми помогна колку еден чај увезен од Србија по нарачка, му пишуваше Чај са суве планине. Беше во кесички, го ставав во вода како и обичните чаеви, но во помала количина за да би бил поконцетриран и го користев како капки за нос. Од тогаш до годинава мака не видов пак, ни зиме, ни лете. Зимава почнаа пак кошмарите, но веќе не можам да го нарачам чајот. :(
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    За оние со болни синуси :
    Во една вреќичка (или поголем и подебел чорап) ставете едра сол. Секогаш кога ќе имате болка, ставете го чорапот да се загрее во фурната или врз шпоретот (сепак внимавајте да не ви се запали чорапот), па потоа ставете на болното место.
    На мајка ми единствено ова и помога против јаката болка што и ја предизвикуваат синусите.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Леле Мерлинка, готово, се пронајдов.
    А се чудев искрено, штом излезам на сонце, без наочари нема шанса! Баш последниве денови кога сонце имаше, јас излегувам да шетам, ич не ми е пријатно. Сакам да замижам ако можам!!!
    Псута јас си викам ништо, а ете, може да испадне проблем. Работата е што само последниве денови вака ми се случува. Можеби и од порано било вака, ама не сум обрнувала внимание.

    И сега што да правам женси? Да одам да ми испитаат синуси или да чекам? :sweat:
     
  5. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    да не чекаш ич оди да се испиташ....мој совет ;)
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Да одиш. Ке ти направат снимка на рентген, па после ке ти кажат што треба да правиш.
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Јас ко што знам синусите не се лекуваат,ако ги добиеш еднаш цел живот ги имаш.Е сега постојат некои лекарства или бабски рецепти како да се ублажат моментално :)

    Ако сакаш да провериш за сигурно дали имаш ,и кои синуси ги имаш ,може да си земеш упут од матичниот за во државна на радиолошки ,ќе одиш ќе закажеш и се чека околу недела/две а резултатите се истиот ден кога ќе се снимиш само неколку саати покасно :wasntme:

    Е сеа тоа е ако не ти се брза.
    А ако ти се брза можеш приватно да се снимиш,кога и да сакаш,без упати закажувања и чуда :) Само за цената не би знаела точно да ти кажам,ама бидејќи не ти е ништо итно мислам дека поисплатливо ти е во државна ,таму со плави картони ти е 100ден ;)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пак јас со моиве проблеми |(
    прашав во СДП пред околу 2 недели, ми беа како укочени левата рака и левата нога, до таа мера осеќав слабост на раката што неможев ни чаша со вода да доджам, ми шеташе раката и ми паѓаа предметите, како да немав сила да ги додржам, а со ногата кривев, едвај одев. Посетив лекар во тој период бев и настината, ми рече дека можеби е од прехлада, и да снимам вратна кичма за секој случај, јас не снимав бидејќи ми помина наредниот де, се масирав со коњска маст и ми поминаа и раката и ногата.
    Е сега од вчера почна да ме фаќа како некој грч во раката и да ми се витка сама и прстите исто, и со ногата се случува истко, како да ми се здрвува да ми трнее (но не е она класично трнеење како при престанок на циркулација), осеќам и јака болка при тоа, вчера ми се случи еднаш, денеска веќе 3 пати, трае неколку секунди, од тој грч и болка едвај дишам и се трудам да земам длабоко воздух и ми поминува. Чувството е многу непријатно.
    Значи зборам само за левата рака и левата нога.
    Некој совет? Веќе незнам какво испитување да направам, се имам направено, освен на глава.
    Единствено што ми паѓа на памет е дека тоа ми се случува од намалена циркулација, бидејќи екстремитетите ми се секогаш многу ладни, низок притисок, висок пулс и тахикардија |(
    Епа хелп! Незнам каде да се обратам, а до утре на лекар додека да одам ќе пукнам :@
     
  9. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    најдобро ти е прво да одиш кај матичниот лекар па да те упати после каде да одиш,а до утре ако болките не можеш да ги дотрпиш земи некое апче написе,мислам дека вентор е најдобар за болки...поз ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Мимс, мислам дека се работи за слаба циркулација на крвта. За ова помага Аспирин 100 , ама :!: ништо не земај на своја рака додека не се консултираш со лекар.
    Јас понекогаш го имам овој проблем (го имав де, откако останав бремена-го снема). И ми кажаа кога ќе осетам таква вкочанетост да си го размрдам целото тело, пола час да вежбам и дека ќе се подобри. И ова ми помагаше. А привремено пиев и Аспирин 100.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Девојки вака вчера бев на гиниколог поради тоа што ми се јавуваше чешање докторката ме прегледа и ми рече дека нема ништо страшно и ми препиша маст и апчина canesten првпат ги користам и вчера првпат ги ставив се ставаат што подлабоко во вагината и апчината и маста (така прочитав во упатството) и така ги ставив само денеска цел ден ми течи нешто бело дали тоа е маста или пак нешто друго не знам ве молам некој што има користено вакви да ми кажи дали е тоа нормално или пак нешто не е во ред ве молам девојки пишете
    фала однапред ;)
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    А бе маста е е за надворешна употреба. А апчињата се буткаат длабоко во вагината.
    И да, цел ден ќе ти тече такво бело, тоа е поради апчето што се растворило внатре во вагината (нормално е тоа за сите вагиналетки).
    А маста е за надворешна употреба (ќе се мачкаш околу вагината), неколку пати на ден со тенок слој ќе се премачкаш.
    И секако, овој период обрни поголемо внимание на хигиената (почесто се миј и менувај гаќи).
     
  13. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Во пакечето каде што е маста има и 3 апликатори и во упатството пишуваше да се стави маста во апликаторите да се наполнат и да се стави што е можно подлабоко во вагината така пишуваше и така напраев ..... и сега не знам дали како што пишува во упатството или пак да се мачкам
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    А која е маста? Исто канестен ?
     
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    да да исто канестен е
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Candida е дел оде нормалната вагинална флора.Но во некои случаи(користење на антибиотици,намален имунитет,стрес),она прекумерно се размножува и почнува да дава симптоми-појачан секрет(густ,бел,како густо кисело млеко) и јак свраб.Тогаш треба да се лечи и задолжително се лечат двајцата партнери.Зошто?Кај мажите речисис никогаш не дава симптоми а при следниот сексуален контакт повторно се пренесува кај женскиот партнер.Терапијата е следна-Caps Diflazon 15o mg. по една двајцата.Вие продолжувате со Vag.Canesten 3,по една навечер три дена и маст Canesten и внатрешно и надворешно неколку пати на ден 5 дена.Конзумирајте барем 2 чаши јогурт на ден.


    Превземено од друг форум (совет од доктор е ова). Значи моја грешка (не сум знаела дека маста може и внатрешно да се користи).
     
  17. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    аха значи и надворешно да се мачкам и внатрешно 5 дена ама има само 3 апликатори за 3 дена оти за еднократна употреба се и не сватив онде и партнерот да се мачка или... а нормално е да течи бело така? и деодека се лечиш мислам додека ги користиш можи да имаш сексуални односи или не?
     
  18. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Јас денеска нешто чудно се чуствувам, всушност чуствувам топлина. Наеднаш ми станува топло на некој дел од телото, посебно над колената таму е најчесто, но чуствувам и во мускулите на нозете. Незнам вака не сум се чуствувала досега,инаку се друго е ок, не чуствувам ниту болка,ниту ништо. Туку се мислам да не ми е од апчињата, денес гинекологот ми даде едни апчиња за инфекции па дали е можно од нив така да се чуствувам. Тоа чуство ми се јави час,два откако утринава го испив апчето, еве уште малку треба и друго да испијам. Доколку има некој кој почуствувал нешто слично нека пише... :)
     
  19. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Белото е од вагиналетите, 3 се три вечери по ред пред спиење се ставаат, а со тоа и секојдневна влошка ќе си ставаш да не се валкаш. Маста се става на усните на вагината, ако ти препорачале 5 дена тогаш мачкај се до тогаш, иако според мене со маст треба да се продолжи барем една недела. Сексуални односи за време на терапија НЕ! Ако се работи за Кандида албиканс ( што е причина за кандидијаза во 70% од случаите) партнерот нема потреба да се лечи. Кандидата е габичка која живее во вагината, и при намален имунитет, употреба на антибиотици, дијабет, бременост и др. состојби почнува многу да се размножува при што се јавуваат симптоми на кандидијаза. Значи не се пренесува од партнерот!!! За време на терапија треба да се внимава и на исхраната, особено треба да намалиш со внес на шеќери (јаглехидрати) поради тоа што го потикнуваат растот и размножувањето на габичката. Исто да не внесуваш алкохол бидејќи го намалува имунитетот, а како што кажав пад на имунитетот е причина за развиток на кандидијазата. После терапија да направиш контролен микро брис, за да се види дали е нормализирана или треба да се продолжи со терапија.
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ани-то според мене не е од таблетите ако се за инфекции, ако се хормонални тогаш е веќе друга работата. Ако си после овулација може да се јават вакви тегоби, бидејки после овулација нормално се зголемува базалната температура, па можно е да се јават бранови на топлина.
    Сепак можно е и да се должи на промената на атмосферската температура, овие денови се менува многу па и организмот си наоѓа начин да се прилагоди на идењето на пролетта. :)
     
    На aNy-to му/ѝ се допаѓа ова.