Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    понекогаш осекам остра болка на десната града долу
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да не си кренала нешто многу тешко во скоро време?
     
  3. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    во скоро време не сум кренала,ама немам внатрешна болка туку на самата града,ме заболува 3-4 пати остро и престанува ретко се случува ама боли,си викам да немам некој проблем со градите,тоа ме плаши
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Некоја промена на допир или видлива има на местото?
    Да не те притиска и иритира некој градник што го носиш.. :?: Не знам што би можело друго да биде, ако знае некој што друго би можело да биде сигурно ќе пише ;) .
     
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Девојки, јас постојано, уште од мала имам големи крајници. Не знам кога последен пат крајниците не ми биле огромни и не ми ја допирале ресичката. Вчера-завчера бев да ми земат брис од грло и денес ги добив резултатите. Ми пишува дека имам Streptococcus beta haemolyticus. Читав на интернет, пошто не се разбирам во бактерии воопшто и гледам дека таа е најчест причинител за црвено грло, ама па мене имево ми изгледа ептен страшно и ме интересира колку е страшна бактеријава и како се добива.
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Не се разбирам многу од медицината, но би ти дала еден совет.

    Секој ден, јади барем по двапати дневно лажичка шеќер со 15 капки домашен прополис (не од аптека :!: ). Прополисот е најсилниот антибиотик од кој и организмот не може да стане имун како што може да се случи со антбиотиците кои ги земаме како таблетки. Само биди упорна и не се откажувај само со два - три денови употреба.
    За многу мал период ќе се повлечат крајниците, а најважно ќе се излечиш потполно од бактеријата.
     
    На DAngel и Tenkai им се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    devojki kazete lek,hrana itn za simnuvanje visok pritisok?barav nemozev da najdam nisto za toa.
     
  8. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Офффффф.....Пред 2 дена се удрив толку силно во едно железо и излетав нанапред т.е. се сопнав, но целата нога ми се пресвитка :worried:
    Бев на лекар, ми ја сликаа, нема скршеница ниту пукнатина фаала му на Бога...Но пак ми ја ставија во лонгета.....
    Е сега гледам денеска дека освен отокот има и модреници...Подолу од прстите ми е помодрена, но не ме боли толку многу како вчера....Е сега ме плаши ова помодреното малку....Нормално ли е вака?
    Прееска ми ги виде модрениците докторот но ништо не ми кажа.....
    Но јас еве пак се плашам :sweat:

    Лукот и лимонот многу го намалуваат притисокот...
    Направи си сок од лимон или ако можеш јади го така, но без шеќер...
    Или ако можеш лук исто така...Во некоја салата стави го :)

    Јас ја имав бактеријава кога бев мала и лежев 20 дена во болница. Мислам дека е од нешто загадено....Ќе треба да отидеш кај докторот и ќе ти дадат некои таблети, но не ја исклучувај можноста од болница, најискрено...Мене бактеријата од грлото ми се префрли на зглобовите и целата бев вкочанета, неможев да одам..Ќе ти дадат таблети за заштита на срцето обавезно. Мене ми ги дадоа тогаш. Но не паничи, си знаат тие :)
     
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ми кажаа еден лек кој го намалувал притисокот и холестелорот
    Се ставаат 100 зрна крмус
    [​IMG]
    и 1 лажичка линцура (се купува во билна аптека)
    [​IMG]
    во 1 литар ракија (бела, домашна).
    Оваа смеса треба да стои 12 дена со постојано мешање ( не е важно местото на стоење... не мора на сонце). По 12-тиот ден се пие по една лажица на ден.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас после породувањето ослабев 15 кг. без никаква диета и имам чувство дека уште слабеам. Си јадам трипати дневно најнормално. Со здравјето сум ок. Е сега пред недела дена ми заврши менструацијата и чувствувам болка во матката кога седнувам или кога ќе се допрам. Сабајлево имав секрет на десната града со кафеава боја. Што би можело да биде??? Да не имала некоја вакво искуство???
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Некој да ме информира само, дали микробиологија воопшто не работи поради штрајкот или имаат некое скратено работно време? Морам да направам гинеколошки тестови, немам каде да ги однесам. Се јавив на гинекологот минатата недела, ми вика може за џабе ќе ти ги направам, не работат. Сега ситуација некој,ако бил деновиве, да не знае каква е? Благодарам
     
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Можно е да е хормонално,да ти дадат терапија,ама недај Боже да е нешто лошо,подобро е да одиш на гинеколог да те прегледаат. А од градата некоја болка има? А и матката ќе ја видат убаво на гинеколог,да се знае.Немој да одложуваш за оваа работа.
     
  13. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16

    Без одложување да си појдеш на лекар.
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272

    Најмодерниот лек денес :wasntme: , аронија.
    Настрана смеа, навистина. Од искуство :!: .

    Еден мој близок човек ова лето стигна дури и до болница од ова. Кога си дојде од болница имаше многу дијагнози, меѓу кои и дијабетисот, висок притисок... вкупно со 5 дијагнози. Човекот беше во постела скоро неподвижен и блед. Но започна да јаде аронија, а самиот сега кажува како едноставно не се препознава самиот себе. Како навистина аронијата му помогнала. Зашто и претходно примал исти лекарства, но ништо. А сега и покрај истите лекарствата јадел аронија, а резлултатите беа очигледни. Јас позитивно се изненадив кога го видов пред некој ден. Во летото беше слаб, а сега веќе започнува да личи на оној човек како порано.
    А резултатите, позитивни по толку долго време откако боледувал :) .
     
    На Mama25, ilipili и sunfemina им се допаѓа ова.
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    одма да си се нацртала на лекар сиуацијата е и повеке од озбилна ајде па извести не како ке поминеш
    поздр
     
  16. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Многу сум загрижена незнам што да правам денес кога бев по голема нужда на последното бришење имаше мали и ситни точки бледа крв (ова ми се нама десено никогаш) ве молам ако некој знае нека ми каже што е.....ова ми се имало случено кога сум била мала 3-4 години и тогаш докторите кажале од сува храна...но сега сум голема дали може да е нешто сериозно
    ако некој знае или има искуство нека ми каже
    фала однапред :(
     
  17. plazma

    plazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    16
    Да не имаш хемороиди или да неси јадела црвена храна како цвекло на прмер? Прати дали ке се повтори и ако се повтори појди на лекар.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Може да е и поради тврда столица, повеќе течности пиј, ништо страшно
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ништо не ти е не се паничи. Или си имала тврда столица па од напор пукаат капилари или има некој хемороид ... Не е страшно, штом до сега не ти се случило не се плаши.
     
  20. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е баш соодветна тема за да прашам ама незнам каде. Со се сила лупнав бокс во ѕид и сега ми е подувана таа коска на малиот прст и модро е неможам да ја свиткам раката ме боли а вака можам да ја мрдам, да не ми е скршена, немојте да ми се смеете ама многу се изнервирав добро е што не удрив и со глава... сепак требаше со глава. Ве молам помогнете ме боли многу како да ме штипе, пече....? ;(