Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да нормално е.

    Како побрзо да се справам со модринки? Некоја препорака за крема што е ефикасна?
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Мене ми помага облога од средина од леб натопена во бело вино.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909

    Аускултација на абдомен е слушање на перисталтика на црева,при што се употребува стетоскоп.
    Палпација на абдомен е допирање на абдоминалите органи,нивна местоположба и големина.Се изведува мануелно со рака.
    Испитување на локомоторен систем е испитување на системот за движење,односно коскен систем.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    На средината од лебот може да се налее и црно, наместо бело вино. :)
    Ако некогаш се удрите онака силно, брзо ставете средина или корка лепче натопена со црно вино и нема да ви отече и да се подуе удреното место.
    Бабин лек е ова, делува милион проценти. :wasntme:
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Модринки само со маргарин - веднаш ставање откако ќе се ѕверосате и никакви последици нема да имате :)
     
    На Annath и sunfemina им се допаѓа ова.
  6. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Девојки, мене ми е затнето ушето, немам јаки болки, ама пак ме боли. Е сега, послем ке одам да ми го чистат, со инка и камен :^) и восок. Како се изведува тоа, колку трае и дали боли?
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    A за постари модринки овие работи делуваат? Овие моиве се пред неколку дена направени и тоа дури не се ни модри, туку на места се и црвени од јакиот удар. :(
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Делува.
    Ќе го смали отокот ако го има, исто и болките и модринката побрзо ќе заздрави. :)
    Стави го лепчето потопено со вино и шеќер на некое крпче и врзи го на болнотo место да отстои некое време.
     
  9. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Како може навремено да се открие рак? Мислам, се покажуваат некои промени на крвна слика, урина или треба посебни тестови да се прават?
     
  10. devojka111

    devojka111 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    често имам надуеност во горниот дел од стомакот ми се чини дека неможам да се издишам ,ми се чини ке пукнам ..порано си мислев дека со белите др.имам проблеми ама несе се проверив ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕМИ НЕШТО
     
  11. princess.angie

    princess.angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ако вечерва пијам алкохол и сабајле дадам крв од вена и урина за регуларна проверка, алкохол ќе се покаже?
     
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    во последно време како нагло да ослабев,од сабајле кога сум на работа со една кифла или кроасан сум до 4 часот а потоа до вечерта уште 2 пати јадам ама и порано бев вака и си имав нормална тежина,како и апетитот да ми се намалил,незнам дали е до тоа што премногу се грижам за се или некоја бактерија на желудникот,ама кој и да ме види реакцијата е ииииииии колку си ослабела и јас одам се разочарувам освен да почнам насила да јадам :(
     
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    заборавив да кажам дека на работа сум 7 часа на нога и бргу се изморувам да не е до тоа нешто
     
  15. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Esperansa под итно да ја провериш тироидната жлезда, прекумерно слабеење и брзо заморување се најчести симптоми на хипертироза. Се надевам дека се е во ред :)
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Зависи за каков вид рак, на кој орган. На крвна слика некогаш се покажува забрзана седиментација, ама тоа може да биде од 100 причини, така што не е гаранција. Има т.н. тумор маркери кои се проверуваат преку крв, ама не сум сигурна колку се ефикасни како превенција. Некои ги препорачуваат како превенција, а некаде пишува дека се ефикасни само во контрола на веќе третиран болен од рак. За рак на грло на матка се знае, ПАП тест. За рак на дебело црево се прави превентивна колпоскопија. За проверка на гради се прави ехо, а потоа по потреба мамографија и сл. За промени на бели дробови- рентген. Ако мислеше на универзална контрола, нема.
     
    На bumbi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Мајка ми пред некој ден се здрвила со точакот во врата од кола,некој си таму наеднаш и ја отворил вратата не ја видел и се удрила во него.Ништо сериозно нема ама устата на десна страна и беше расечена.Ја натерав,отиде на лекар,со едно конче ја сошија,сега и внатре има малце расечено ама не колку надвор и и кажале ако сака да ја сошијат и од внатре ако сака, ама немало потреба.Сега прашањето ми е,пошто ужасно и отекува,на сабајле ко бумбар е ,мраз не и помага,за оток друго што да става? :^)
     
  18. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    На татко ми му се најдени хронични застојни промени со декомбензирано срце, наод во регресија...
    Може некој да ми објасни што е ова?
     
  19. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да, мислев за универзална контрола. Имам блиска личност во чие семејство скоро секој има или имал рак, па сакав да знам како може да се открие. Сепак, фала на одговорот, ми разјасни доста работи. :hai:
     
  20. Shoshanna

    Shoshanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Моја блиска особа веќе 6 месеци мака мачи со уртикарија. Значи сите можни испитувања се направени, има лежено на клинички некое време, ама не открија од што се појавува. Читав некаде дека уртикаријата некогаш траела со години и се губела сама од себе. Дали некој знае некој народен лек против тоа бидејќи ниедно лекарство не помогнало досега :worried: