Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Се сложувам.Најчесто чир и инфекција со Хеликобактер пилори,ама можи да е и од гастрит,затоа и за тоа треба преглед и рендген,да се утврди од кој оддел е,можи да е од било кој дел од дигестивниот систем (горниот дел-хранопровод,стомак,дуоденум) и што точно е причината. А и важно е каква е крвта,темна или светла,колку пати,колку долго се случува,дали нешто го испровоцирало тоа повраќање,болка дали има,а исто така и други симптоми ако имало освен повраќањето на крв.
    Не се плаши и оди да провериш,ќе ти дадат терапија што и да е и подобро е навреме да се знае што е.
     
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ви благодарам за мисленюата, веке две недели уназат ми е многу лошо, од кревет не можам да станам и не можам да jaдам ништо освен две - три врсти овошje и зеленчук и варен геврек.
    Имав повратено неколку пати од друга храна, но вчера немав што да повракам, повракав плунка и во неа видов мали количини на крв, сигурно беш крв, не беше никаков остаток од храна.
    И jac прво помислив на наjлошото и малку испаничив, но потоа истражував малку и има шанса да се пукнати капилари од нагонот за повраканюе, како и да е деновиве чекам со картончина да се средам и да одам на доктор.
    А имав проблеми со гастритис, но тоа беше мн одамна.
    Ви благодарам на одговорите, се надевам не е ништо страшно, денес еве не сум повратила, но пак ми е лошо цел ден.
     
  3. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Веднаш оди на лекар..најверојатно се работи за инфекција на уринарниот тракт...имаш потреба од антибиотици.Пијај многу течности особено чај од брусница.И јас го имав истиот проблем пред неколку години...мислев ќе ми помине од увиниот чај додека не завршив на болница со температура од 40 степени и воспаление на бубрези.РЕагирај побрзо зошто инфекцијата се шири многу брзо!!!
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Си го изгорев јазикот со многу жешка супа, има начин да помине побрзо или барем да се ублажи непријатното чувство?
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Требало одма од кога си го изгорила да му ставиш ладна вода и сол, мене тоа инстантно ми помага, а ако не ставам (како некља на пример, едната страна oд јазикот ја изгорив) утредента ми трпнеше јазикот, ме стегаше, дури и малку накај болка удараше...пола ден може ми беше така, ако не и цел, се додека не си дојдив дома, и не ставив прво мед, го држев медот на местото кај што го изгорив, и после тоа ставив од тоа густата течност од слатко од вишни, тоа слатко е многу добро, и многу помага, при афти во усната празнина и јазикот.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Одма ставив коцка мраз во уста, помогна во моментот ама краткотрајно имаше ефект. Немам слатко од вишни ама ќе пробам со мед, а прочитав дека и чисто шеќерче помагало.
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам кажете ми лек за модринки на окото. Ми се појавија на спијање и исто ко да сум тепана :D
    Само ве молам за побрзо :worried:
     
  8. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Имам инфекција на едното око, црвено ми е... Освен капки, што друго може да ми помогне?
    Има ли некакви шанси до вечер да ми се смири? :?:
     
  9. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Да прашам нешто многу ми е итно свекор ми лани имаше канцероген на вената незнам точно како беше наведено се наогаше под белит едробови и му кажаа дека било ризично за операција фала богу се излечи со хемотерапија и сега е се добро беше пушач 30 години ноостоп пушеше цигари од кога му с епојави тоа ги остави и сега веке не пуши па понекогаш може да му се случи тешко да се искашли и да исфрли шлајмови ..и како д ане може да земе воздух да ми препорачате некој лек што се прави на природна база или слично ви благодарам однапред....или ако има низ темава лекови на природна база за дишните патишта
     
  10. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Имам читано за мед и гумбур, мислам дека во тегла мед се додава гумбур исецкан во сецко, и се јаде дневно по 2-3 лазици! имав читано дека ова е дури замена за хемотерапија, така несто писувасе! инаку овој лек мозе секојда го применува мн е здраво и корисно и писувасе дека после 3-4дена има резултат во телото, поголема енергичност и ред друго!

    ај сега казете ми несто за искаслуванје слајм, полна сум а немозам теско ми е да каслам засто при касленје ме дере на плуќата и имам болки во стомак! се гусам колку ми е теско, а воедно имам од денеска за првпат во мојот зивот алергија, тоа сигурно на полен! узасно сум болна, и казете некој совет плс!
     
  11. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    пробај со чај за искашлување од бел слез.
     
  12. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    истото го имав и јас како тебе ЛОРИ имав шлајмови неможев да искашлам пиев 1 недела чај од бел слез и наутро една чаша вода со растворен мед и еден лимон па се управив
     
  13. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    ај кај да најдам гумбур на пазар го има ли и колкуи се става? во тегла од кило ли мед ?
     
  14. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    Девојки јас имам слушнато дека за кашлање помага чај од лушпата од кромид и лимон мислам дека заедно дреба да се вари и се пие незасладен лично го немам испробано но една моја познајничка кажуваше дека тоа ја спасило имала бронхит пробајте не е страшно можеби не е вкусно :@
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Еве неколку природни лекови за кашлица кои се прифатени како ефективни:

    Мед. Може да се каже дека медот е најпопуларното и најефикасното средство за ублажување на кашлицата. И медицинските експерти се согласуваат дека консумирањето на мед пред спиење ја намалува кашлицата и го подобрува спиењето.

    Топла лимонова вода со мед. Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и додајте една голема лажица мед. Ова е популарен природен лек и за болно грло.

    Сируп од кромид и шеќер. Сокот од кромид е популарен лек против кашлица. Многумина тврдат дека тоа е единственото нешто што им помогнало да се ослободат од сувата кашлица.
    Еве како да го приготвите:
    Отсечете го дното на една главица црвен кромид. Потоа, отсечете го и врвот и издлабете го кромидот така што ќе направите дупка без да го пробивате дното. Наполнете ја главицата со 2-3 лажички шеќер.
    На дното со нож со остар врв направете мали убоди, поставете ја главицата над филџан или чаша и оставете ја преку ноќ. Во текот на ноќта шеќерот ќе се топи, а во филџанот ќе истече мало количество сок од кромид.
    Утрото земете го преостанатиот шеќер кој стоел во главицата и измешајте го со исцедениот сок. Испијте ја течноста. По желба, можете да засладите и со мед.
    Така приготвениот сируп всушност и нема толку лош вкус како што би си помислиле. Пијте ваков сируп по двапати дневно.

    Сируп од кромид, лук, мајчина душица и мед. Измешајте половина шолја мед со половина шолја вода и во таа течност додајте една главица издробен кромид и една главица издробен лук. Додајте малку мајчина душица и оставете ја смесата да стои преку ноќ. Наредниот ден исцедете ја течноста и пијте ја како сируп. Складирајте го сирупот во фрижидер.

    Варен кромид и мед. Во длабок сад варете крупно исечен кромид додека не омекне. Извадете го кромидот и измешајте го со мед. Јадете по малку на секои 4 часа.

    Чај од мајчина душица или босилек. Чаевите од мајчина душица и босилек исто така ја смируваат кашлицата, а за максимален ефект, додека се топли во нив додајте и по една лажица мед.

    Чај од ѓумбир. Ѓумбирот може да ви помогне за намалување на кашлицата. Пригответе го како чај за да ги искористите и придобивките од консумирањето на топла течност.

    Сируп од рен и мед. Изрендајте 1/8 лажичка рен во ¼ шолја мед. Оставете ја смесата да стои неколку часа, а потоа пијте ја како сируп за кашлица. Освен што ќе го намали кашлањето, овој сируп ќе ви го олесни и дишењето.

    Топли пијалаци – чаеви, топло чоколадо, супа. Кашлицата се засилува кога грлото е суво и кога чувствувате гребење. За да го елиминирате тоа, потребно е постојано да внесувате топли пијалаци. Ќе почувствувате големо олеснување без разлика дали консумирате супа, топло чоколадо или чај по вкус.

    Јас ви ја препорачувам топлата лимонова вода со мед, мене многу ми помага, со оглед на тоа дека имам болно хронично грло, и секоја сезона сум со проблеми, дали кашлица, дали суво грло или па крајници.
    На вас е да си изберете, јас не се осмелив ниту еднаш да ги пробам рецептите со кромид и лук.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас за кашлање би ви препорачала сирупи Мукоплант или па Хербион (ги има и за сува и за влажна кашлица),безбедни се,за возрасни и деца и на хербална база :)
     
  17. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Значи не е некој проблем но можеби настанува од недостаток на некој витамин па сепак да си прашам.
    Значи околу ноктите кожата постојано ми се лупи.Ем изгледа лошо ем кога ке искорнам некоја кожичка после тоа ме боли.Дали има некоја маст,или некој друг проблем е? :?:
     
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Женски сабајлево добив и ме боли стомакот. Немам ни ибупрофен ни магнезиум да се напијам :worried: . Може ли анаглин?
     
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Секако дека можиш, слободни напиј се.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.