Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Земи упат од матичен лекар и право во Градска Болница кај д-р Добрила Андоновска. Среда мислам дека од 08 00 до 11 00 претпладне има приемен ден. Нема подобар стручњак за вакви работи од неа. Инаку немој да се клукаш со антибиотици и да ставаш локално триста препарати на прстот - залудно е! Ти кажувам од соопствено искуство! И ќе фрлаш пари залудно по аптеки, ќе си го слабееш имунитетот и пак ништо. Оди кај д-рката и ќе ти каже што да правиш понатаму.
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Мене порано ми се случуваше ова, може не до толку ама сепак ужасно ме болеше :( и ставав домат како само помага, го влече гнојот, од тоа ми помина на мене . Исто така и тегавец имам ставано , ама доматов како ме спасил од операција :tmi: мој другар неколку пати правеше на еден ист прст лошо е ова се повторува :worried: Пробај со домат , значи земи помал и само направи му мало дупче колку да може да го ставиш прстот во него :D Би требало да ти помогне , мене навистина ми помогна :)
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    И јас како помала имав многу проблеми со крајниците. И мене ме праќаа да ги вадам и триста антибиотици сум пиела и инјекции Пеницилин по 10 и залудно пак. Опцијата да ги вадиш крајниците и не е баш најдобра, затоа што крајниците се природни филтри, кои спречуваат разни штетни честички од воздухот да продрат во белите дробови. Ако ги извадиш крајниците, белите дробови ќе ти бидат доста осетливи и ќе бидеш склона на белодробни заболувања. Велиш дека твоите крајници имаат релјефен изглед - значи имаат дупчиња и испакнатини...Гнојот што се акумулира во дупчињата е резултат на остатоците од храна што се задржуваат тука кога голташ и храната грубо кажано скапува и се формираат такви бели формации кои имаат страшно непријатен мирис. Немој антибиотици да земаш зашто си го слабееш имуниот систем! Прави испирање (гаргара) со чај од камилица, невен и сл. Побарај од аптека некој раствор од морска сол, а и прополисот е добар исто. И ќе мораш сама со лажичка мала да ги тргаш чеповите од крајниците - не е воопшто страшно тоа, јас сум го правела...И не е лошо со оториноларинголог да се консултираш, ќе ти даде уште постручно мислење...
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Крајниците штитат ама кога се здрави, а моите се деформирани. :( А околу вадењето на чеповите, Д-р Цекиќ ми рече вадење сама никако. Мора да знам точно како да го извадам гнојот без сила, инаку може и крв да ми протече. Гаргара не ми помага. Прскам од спрејов, сега за сега е добро, ако не помине ќе се простам од нив. :))

    Фала ви и на тебе и на kelly.r. :)
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Wild Child во Австралија е практика ако се воспалаат крајниците 3 пати во текот на една година треба да се вадаат.Мене прв пат ми се воспалија на 25години како мала сум немала проблем со нив,ми се воспалија уште 2 пати и ми рекоа дека се за вадење и ги извадив.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас да кажам мое искуство :) Имав и јас голема мака со крајниците, не смеев ни да помислам на газирано и сл. веднаш гнојни чепови :( . Една од работите кои ми помогнаа е директно мачкање на крајниците со инјекција Рифуцин (така мислам беше, одамна беше ова). Мојот лекар го сметаше ова за глупост, ме отру со антибиотици и во една случајна средба ми го предложи друг лекар. Маката те тера на се, па се согласив... Инјекцијата ја стави на стапче за прегледување грло со вата на него и ми ги премачка крајниците. Постапката е малку :puke: ама мене ми помогна и тоа многу.
    Друго што знам е дека треба зајакнување на имунитетот, за почеток и со додатоци, после само со соодветна храна.
    А ако решиш да се оперираш, слушнав дека во Скопје веќе има ласерска операција на крајници, што, верувај, е многу подобра опција од класичното вадење. Маж ми има вадено класично и вика Господ го видел :sweat:
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Крајниците доколку ја имаат изгубено својата улога како лимфни јазли ,чија улога е првенствено е заштита од инфекции,најдобро е да се извадат,во спротивно самите тие претставуваат место каде се развиваат секакви инфекции.
    Јас за ова пишував во имунитет кај децата.
    И јас и мојот син сме со извадени крајници,и верувај дека е подобро.Подобро е да се оди на операција,отколку организмот да се оптеретува постојано со антибиотици,затоа што со тоа се зголемува функцијата на црниот дроб,што е многу поопасно од операцијата.
    Операцијата е рутинска постапка,со целосна анестезија,за два дена те пуштаат дома,а опоравувањето е околу 10-тина дена.
    А за природен лек,крајници се чистат со НИШАДОР,но треба многу внимателно ,некој кој знае да „ги поткрева„крајниците.Инаку лекот,т.е.прашокот е опасен и не смее да се вдиши.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    сакам да прашам ... кај машко во пределот на стомакот од левата страна. Што е тоа ?? И од што може да боли ??? Потенцирав дека се работи за машко зашто кај женско е јајник ама кај машко ???
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Oбично кај машко болката тука може да е индикатор на кила,барем јас тие што ги знам што се оперирале од кила тука ги болело(брат ми,братучед ми)
     
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Моето претходно мнение во врска со ова го повлекувам :$ , затоа што денес се консултирав со колегата мој од работа и баш разговаравме за крајници - значи точно е тоа дека крајниците ги штитат белите дробови од разни честички и микроорганизми и не се препорачува да се вадат КАЈ МАЛИ ДЕЦА, бидејќи нивниот имун систем сеуште не е оформен. Бидејќи тонзилијарното ткиво кај тебе е веќе болно и оштетено, можеш да ја разгледаш опцијата за вадење на крајниците, но претходно мораш на имунитетот да поработиш малку и крајно внимателно да одбереш кој доктор ќе ја прави интервенцијата :!:
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да прашам две работи.
    Прво прашање: Сеуште ми тече крв од местото каде што го извадив забот. Не тече по многу, но сепак плунката ми е измешана со крв (50:50). Како да го стопирам тоа? Пробав со газа, потрошив цела огромна газа, но не престана. Сега така си седам и си голтам (ме заболе устата од плукање) :(

    Второ прашање: Ми се жали мажулето дека два дена го печело кога мочкал. Горе на врвот само го печел. А синоќа кога пиел пиво и кога отишол во вц, не го печело.
    Дали е можно да му е лута мокрачата, па затоа да го пече? Или пак се работи за некоја инфекција ?
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Блонд и јас денес вадев заб и тоа здрав :( И мене ми тече крв, не сопира од сабајле од 11 саат.
    Пред 2 недели кога вадев заб, ми помина откако се напив голтка кафе (нескафе со многу млеко), после пола саат откако ми го извадија забот. Ни малку не продолжи да крвари после кафето.
    Овој пат кафето не ми помогна, уште ми тече крв.
    За проблемот за мажето твое, многу помага чај од брусница или увин чај. И нека си направи уринокултура обавезно!
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ама мене ме фаќа страв, да не е нешто штетно на бебенцето :( ;(
    Кај мене не сопира од 9 сабајле :(
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Од искуство.
    Кога сестра ми имаше околу 12-13 години исто имаше голем проблем со крајниците. Кога беше на лекар и рекоа дека нема излез и дека мора да се оперира и да и се извадат - итно. Не можеше да јаде, храната не можеше да ја голтне, па дури и водата. Имаше премногу болки. Една доста блиска жена со која живееше мајка ми ни рече да и ставаме НИШАДОР. Купивме од аптека и со малечко цевче од сокчиња ставав на врвот и и дував во грло. Можеби за вас неверојатно, но со 2-3 пати и помина се. Не отиде на лекар повторно и воопшто досега и се нема повторено истото, иако од тоа време па досега има поминато 10 години.
    Не велам дека не е ризик, но од искуство 100% потврдувам дека е многу делотворно. Ако не го направевме тоа сега таа немаше да ги има крајниците.
    Па како што мислите, одлучете сами ;) .
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Со истово (нишад'р) и јас си ги излекував крајниците како помала.
    Додека пак кај брат ми ништо не помогна. И мораше да ги оперира. Пред да ги оперира постојано се разболуваше, добиваше гној на крајниците, а откако ги извади директно бронхит добива :|
    Значи никако не бива :(

    Сепак ова нишад'рот има горчлив вкус, но :!: многу помага.
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Нема шанси, што може да е штетно за бебушот?? Плукај колку што можеш, до утре ке ти помине.
    Само седи си дома и пази се, ипак е отворена рана.
    Пробај со кафе, една голтка, ништо не е штетно. Немој многу топло или многу ладно да јадеш и да пиеш.
    Ке ти помине, немој да се секираш.
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Еве земав сега кафенце да пијам со цефче :D само стоматологот ми рече топло во никој случај, само ладно.
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    :D Ке помине ајде не се секирај. Бебчето ке биде супер, исто и ти. :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pa.ki

    pa.ki Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Јас ќе ви кажам лично искуство со крајниците,ги извадив на 8 год. затоа што повеќе немаше лек моите со се пробале и ништо па ништо нон стоп болна со антибиотици со инекции г**от решето ми беше и после тоа да не претерам до пред 2 3 год. мука немав ќе се разболев тек тук ама не нешто сериозно обични настинки, а сега последниве 2 год. глава не можам да кренам а се разболам одма закачувам пневмонија или бронхит,и без да завршам со висока температура и на брза помош не поминува. Инаку со брат ми во ист ден ги вадевме крајниците еве тој воопшто нема никакви проблеми.