Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    По се изгледа си добила гастритис, ако сакаш можеш да си купиш и Ранитал апчиња за желудник тие стварно помагаат, и јас имам проблеми со желудникот и ако не ми помине со пиење млеко земам апчиња.Исто така ако почне повторно да ти се јавува болка во желудникот, не е лошо и да си провериш да не имаш бактерија во желудникот Heliko Bakter Pilory, оваа бактерија ја има 80% од популацијата само кај повеќето не прави проблеми се испитува преку крв или фецес со упут од матичен доктор.
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Последниве неколку недели постојано си забележувам модрици за кои не се сеќавам дека сум се удрила но, ги има. Искрено многу ми е чудна целава работа, посебно зошто се појавуваат точно еден ден пред да помине претходната. До сега беа на рацете во делот што е нежен од внатрешна страна (од кај пазувите би дошло), а сега и на нозете исто на по нежните делови.
    Ме загрижи работава па утре одам да проверам крв. Некој со вакво искуство?
     
  3. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Не знам дали е ова проблем, но последнава недела многу ме измачува преголемиот апетит.Неретко а и наеднаш ме факаат кризи за јадење. Јадам доста обилно при секое јадење а ми се јаде на секои 1-2 саати. Ништо не може да ме засити на малку подолго време. Не знам што ми се случува, преку глава ми е нонстоп само тоа да го правам. А инаку не сум пред ПМС ..Како да го регулирам апетитот??
     
    На Rosonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    тоа се периоди,сите имаме такви периоди кога многу ни се јаде.Но за да не јадеш мрсна,калоична храна,и да не покачиш килограми секогаш во фрижидер имај си салата(било каква) и кога ке ти се јаде само извади ја и готово :)
     
  5. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    исто и на мене ми се случува,па доколку некој знае нека ни одговори?
    мене по нозе ми излегуваат модрици,а незнам или сигурна сум дека не сум се удрила,а баш се големи модрици,да е мала па да сум се удрила и да не ме болело,ама со голема модрица нема шанси да не сум осетила,баш чудно?! :^)
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ДА провериш крв,да,особено тромбоцити,а можи да е и недостиг на витамин Ц (а можи и некој друг) Ако е со тромбоцитите,сигурно ќе ти препишат нешто,ако се појавуваат модринките така сами од себе. Баш да одиш побрзо на лекар.
     
  7. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    И јас прашував за истото, и ми рекоа дека можно било да се прават од покачени тромбоцити.. Ретко ми се случува па не сум отишла да проверам..
     
  8. bojananana

    bojananana Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Девојки јас се мачам со главоболки уште одамна, како позади на целата глава така и напред кај челото и слепоочниците. Минатата година бев во некои филмови дека имам тумор на мозокот па ја снимив главата и докторот ми рече да направам и плус снимка на синуси и двата теста беа океј. Е сега проблемот е што ни кафетин ни аналгин не ми помагаат кога ме боли главата посебно кај слепоочниците и челото и морам да пијам кетонал, што мислам дека е многу јако за моите 17 години а веќе година дена при секоја болка го пијам само него... што би ми препорачало друго, нешто послабо ама сепак да дејствува?
     
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    еве на википедија што пишува
    Недоволен број на тромбоцити може да предизвика често крварење од носот, подолго крварење при пресекување, абнормално добивање модринки, или крварење во столицата, урината или на кожата. Во сериозни случаи, кога бројот на тромбоцитите е многу мал, постои опасност од крварење во внатрешните органи или во мозокот.
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Да,а еве и за Витамин Ц:
    Тежок дефицит на витамин Ц доведува до појава на скорбут, болест која во XXVII век била честа кај патниците на бродови поради недостаток на свежо овошје, и други извори на витамин Ц од исхраната. Симптомите на скорбут, вклучуваат слабост, крварење, паѓање на забите, крварење на непцата, модрици и болка во зглобовите. Полесни форми на дефицит на витамин Ц даваат понезабележливи симптоми како, губиток на тежина, замор, ослабен имун систем, хематоми и од многу мала траума кои споро заздравуваат, и бавно заздравување на рани.
     
    На malaka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Повеќе пати ми се случува ова, ме живцира и загрижува.
    Ќе легнам да спијам и мижам нели, и очите како сами да ми се движат и тоа додека мижам, лево десно горе доле и осеќам како притисок некој...
    Зошто? :|
     
  12. hiki123

    hiki123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    девојки имам ме болат многу бубрезите. а кога одам во вц веке последното кога искацаа многуу ме болиии вака ми е 2 дена а денеска кога бев во вц видов крв а немам добиено а не ни треба да добијам....казете сто мозе да биде или некои цаеви мн ми е страв...деновиве не мозам да одам на доктор немам моментално картони
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Пиј увин чај или чај од брусница, на гладно наутро пиј по една чаша пиво, друго не ми текнува во моментов, ама нај важно пиј увин чај сега за сега.
     
  14. Annucka2

    Annucka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Имам црвенило под десното око од пред два дена. Ме пецка. Што е?
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Кажете нешто за херес,ставам ацикловир маст ама не помага,пред тоа ставав еден бугарски маст и тој не помага ;( многу ме боли помагајтее
     
  16. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561

    Земи на прстот мед и стави врз медот сода бикарбона. Истриј го така колку што можеш....Ќе те боли ама ќе ти помине,,,веднаш го загорува :)
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Според тоа што го прочитав секј симптом ме асоцира на синузитис....
    Имам главоболка кај слепооочниците, на средината на челото, очите, коската на носот и си го чувствувам носот како затнат, ама нема секрет...Болката ми се шири кај јаболчниците на лицето исто така....

    Дали ова се симптомите и што би можела да направам....се плашам :worried:
     
  18. denicijaa

    denicijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    188
    Што значи ако некој неможе да ја поднесе хемотерапијата?
     
  19. bojananana

    bojananana Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Не мора да значи, јас ги имам истите болки на скроз истите места и четири години мислев дека имам проблеми со синусите, цело време се зрачев, ставав топли облоги и после четири години една докторка ми рече да го снимам тој дел компјутерски и кога го снимав се покажа дека немам проблеми со синуси воопшто и ми кажа дека едноставно сум почувствителна во тој дел и дека целиот напор мене ми се манифестира преку таа болка, едноставно сум една од тие што често кога се уморни ги боли глава и тоа е тоа. Така да, може да е синузитис ама и не мора :)
     
  20. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Јас веднаш мислам на лоши работи...Значи потсвесно си велам ако е синузитис добро е...Веднаш преоѓам на тумори и слични работи...Но еве малку ме охрабри со ова :D