Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.780
    Во моите 9 (10) години од имање на менструација, минатиот месец и ево денеска имам страшни менструални болки. Стигнувам до степен да лежам, да се виткам и да плачам. Како некој да ми ја вади матката, неможам да го објаснам чувството. Зошто после 9 години ова ми се случува, да имам толку ригорозни болки на 21 година кога пред тоа сум немала ич болки? Воопшто никогаш сум немала мака со болки, секогаш ми доаѓало и си завршувало - ни болка ни плач ни апче.
     
  2. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Во горниот предел на задниот дел од нозете, задникот и од страничните делови на нозете имам многу целулит, и кожата ми е толку , како да кажам-олабавена што изгледа како да имам 80 години :worried: Досега никогаш во животот не сум имала целулит, но ова сега што го имам е премногу. Грозно изледа. Инаку не вежбам, а се движам доста и често пијам вода. Што би ми помогнало?
     
  3. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Масажи, пилинзи со талог од кафе и маслиново масло, широка облека (избегнувај да носиш тесно), вода, зелен чај, физичка активност :)


    ПАТЕМ, сакав да прашам, дали ви се случува да чувствувате силно пулсирање во пределот на стомакот? Имам тахикардија често, но не знам дали е поврзана со ова. Чувствувам подуеност, тапа болка во стомакот раздразнети црева и згора на тоа како срцето да ми чука во стомакот, не знам дали убаво објаснив, ама така е. При посилен притисок со раката, точно над папок, се чувствува силно срцебиење.. интензитетот е силен за да кажам дека е само нерв.
    Ептен чудно. Има ли некој со вакво искуство?
     
  4. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Мајка ми и баба ми ги исфрли нешто како сипаница и тоа во исто време :D На баба ми се поретки црвени точки, а на мајка ми ситни црвенки и многу ги чеша. И на сестра ми и се појавија по нозете. Никогаш така не им се појавувале ниту пак имаат алергија. Од што може да биде тоа? И да, целиот град се жали од такви бобици :)
     
  5. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Вака, според календарот овде на Фемина за овулација, овулацијата треба да ми биде на 18ти или 19ти овој месец...Но еве сега кога видов имав некој секрет исто како што го имам при овулација...Нормално ли е вака 2-3 дена порано ова да се случи или не игра некоја голема улога, мжно е пак да си добијам на 28ми или 29ти ден?

    Малку ме плаши вака...Според ова би добила на 26ти ден, а никогаш не сум добила така :/
     
  6. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Да не си случајно под стрес овој период? Можеби е и до времето, еднаш е топло утре е ладно..Па може од тие промени да е нешто...
     
  7. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво. Никој и ништо не ми помогна па решив да се обратам овде.
    Предходниве година-две имам шлајм во грлото итоа многу, неможам ни да дишам, се гушам, никако не се исфрла, значи нема на ден ни 5 мин да го немам.. Значи постојано ми е во грлотоо и мн ми е тешко, и неубаво ми мириса, ми зедоа и бриз од носот и од грлото ми рекоа се било во ред. Доколку знаете некој лек ве молам кажете ми бидеќи не се издржува повеќе оваа. :(
     
  8. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Ми треба совет доколку има медицинско лице тука или пак сеедно...
    Почетокот на месецов примав инекции дексазон, плус со антибиотик мешани. Прашањето ми е дали дексазонот може да го поремети менструалниот циклус, бидејќи еве веќе два дена ми касни, а 3-4 дена по ред стомак ме боли како пред добивање, а не добивам и градите ужасно ме болат. Никогаш во живот не ми каснело и затоа ми е чудно...
    Фала однапред
     
  9. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    пробај со чај од бел слез :) помага при искашлувањето
    можеш да го најдеш во билна аптека и поснабдените маркети.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.432
    Допаѓања:
    103.473
    Пол:
    Женски
    Да, може да го поремети, исто така внимавај и на исхраната овој период, делуваат лошо на хормоните ;)
     
    На cocoa28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    А чајот да го пијам или..? :)
     
  12. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    ^^^
    Ма не :?:
    Сролај го у ризла со амортизер и можеш да го чурнеш.

    Иначе лошо ми е. Who cares |(
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    5.899
    :$ :$
    Пап тест како се прави и што всушност означува,се прегледува/дознава преку него...болно е или не да се направи :$ :$ :$
     
  14. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Знае ли некој нешто повеке за ацетон во мочката ?
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Позитивен наод за ацетон во урина има кај дијабетичари. Прочитај си овде за подетални информации за лабораториска анализа на урина.

    SunnyGirl2 не боли пап тестот,тоа е земање на брис, малку непријатно може да биде кога ќе ти го стави металниот спекулум кој е ладен, за да се направи простор со стапче со памук да земе брис од грлото на матката.
    Прочитај овде за повеќе околу пап тестот.
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Сè за ПАП - тестот
    ПАП тестот е метода за рано откривање на карциномот на грлото на матката. Овој тест го добил своето име по американскиот лекар со грчко потекло, Papanicolau (1883-1962). Со ПАП тестот се врши преглед на можните промени во клетките на грлото на матката. Грлото е долниот дел на матката (uterus), а после него продолжува вагината.

    ПАП тестот може да покаже дали постои: инфекција, абнормални (нездрави) клетки на грлото на матката или рак на грлото матката.

    Зошто е потребно да се направи ПАП тест?
    Папа тестот може да го спаси вашиот живот. Со помош на овој тест може да се откријат најраните знаци на ракот на матката, рак кој е многу чест кај жените. Во случаите кога ракот на грлото на матката се открива во раните стадиуми, постојат големи шанси тој целосно да се излечи. ПАП тестот, исто така, може да ги открие и инфекциите и абнормалните клетки на грлото на матката, кои можат покасно да се развијат во канцерогени клетки. Лекувањето на инфекциите и на овие т.н. преканцерозни состојби на грлото на матката, можат да го спречат развојот на ракот кај голем број на пациентки.

    Ракот на грлото на матката најдобро ќе може да го спречите така што редовно ќе одите на гинеколошки прегледи, при кои, рутински се прави и ПАП тестот. Ракот на грлото на матката е еден од најчестите малигни заболувања на женскиот репродуктивен систем. По карциномот на дојката, тој е најчест во нашата средина. Во нашата земја, инциденцата на цервикалниот карцином се движи 16/100 000 жители.

    Воведувањето на цитолошкиот скрининг во последниве 40 години доведе до значително намалување на инциденцата и морталитетот на инвазивниот рак на матката.

    Дали сите жени треба да прават ПАП тест?
    Многу е важно сите жени да прават ПАП тест, во склоп на редовниот гинеколошки преглед, како дел од својата рутинска здравствена заштита.

    Папа тестот треба го го направите ако сте:

    наполниле 21 година,
    помлади од 21 година, но сте сексуално активни повеќе од три години.
    Не постои старосна граница за ПАП тестот. Дури и жени кои се во менопауза (време кога менструалните циклуси престануваат) треба редовно да прават ПАП тест.

    Колку често треба да се прави ПАП тестот?
    Честотата на правењето на ПАП тестот зависи од возраста на жената, како и од нејзиното здравје.

    Американскиот универзитет за гинеколози и акушери (The American College of Obstetricians and Gynecologists) ги дава следниве препораки:

    ако сте помлади од 30 години, треба Папа тестот да се прави секоја година,
    ако имате 30 години или сте постари, а веќе сте имале три нормални ПАП тестови во текот на изминатите три години, консултирајте се со вашиот гинеколог за можноста во иднина да го правите ПАП тестот на секои 2 или 3 години,
    ако имате 65 до 70 години и веќе сте имале најмалку три нормални ПАП теста, а ниту еден абнормален тест во текот на претходните 10 години, може да се консултирате со вашиот гинеколог да евентуално престанете со правење на ПАП тестот.
    Треба да правите ПАП тест секоја година, без оглед на возраста во следниве случаи:

    ако имате намален имунитет поради трансплантација на орган, или поради примање на хемотерапија или кортикостероиди,
    ако вашата мајка користела Dietilstilbestrol (DES), во текот на бременоста.
    Ако сте инфицирани со ХПВ и ХИВ вирусот.
    Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета каско главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката.

    ХПВ е изолиран во 99.7% од сите цервикални карциноми. Се смета дека овој вирус трансформирајќи ги клеточните протеини кои се вградени со вирусните гени Е6 и Е7 можат да ги блокираат продуктите на тумор-супресорните гени p53 i pRb во клетката и на тој начин да доведат до нејзина неконтролирана, абнормална делба.

    ХПВ се класифицира во група на високоризични генотипови (ХПВ 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (ХПВ 6 i 11).

    ХПВ 16 предизвикува околу 50%, а ХПВ 16 и 18, околу 70% од сите цервикални карциноми. Помеѓу 18 и 24 годишна возраст, со високоризичните ХПВ типови се инфицирани 8-12% од жените, а по 35 годишна возрат, 2-5%.

    ХПВ инфекцијата на цервиксот на матката, која се пренесува по сексуален пат, најчесто е во субклиничка форма, и е присутна кај 7-17% од женската популација. Оваа инфекција има улога на промотор во канцерогенезата.

    Од инфекцијата со ХПВ вурусот до развој на карцином на грлото на матката може да поминат 7 до 10 години, што остава доволно време за превенција.

    Превенцијата се спроведува со:

    ПАПА тест: секои 3 години, доколку претходните последни 3 наоди на Папа тестот биле уредни,
    тестови за идентификација на ХПВ, ако ПАП тестот е уреден,
    колпоскопија, ако е наодот од ПАП тестот нејасен.
    ХИВ е вирус кој предизвикува СИДА. Жените со ХИВ имаат ослабен имунитет и поради тоа полесно го прифаќаат ХИВ вирусот, кој од своја страна е одговорен за појавата на рак на грлото на матката. Научниците сметаат дека имуниот систем е одговорен за елиминацијата и забавување на прогресијата на канцерските клетки. Поради тоа, ракот на грлото на матката, кај жени со истовремена ХИВ инфекција, напредува многу побрзо од истиот кај жени со нормален имунитет. Покрај ХИВ и други состојби. кои доведуваат до слабеење на имуниот систем, исто така, се проследени со зголемен ризик за појава на рак на грлото на матката.

    Американските центри за контрола и превенција на болестите (U.S. Centers for Disease Control and Prevention) препорачуваат да сите жени кои се ХИВ позитивни направат еден ПАП тест, а потоа истиот да го повторат по 6 месеци. Ако е резултатот од двата Папа теста уреден, овие жени треба да прават понатаму ПАП тест еднаш годишно.

    Кој не мора да прави редовни ПАП тестови?
    Единствено следниве жени не мора редовно да прават Папа тест:

    жени кои имаат нд 65 години и кои имале неколку нормални наоди на ПАП тестот и на кој лекарот им советувал дека немора повеќе да прават ПАП тест,
    жени кај кои оперативно е отстането грлото на матката и кои имаат мал ризик да заболат од рак на грлото на матката. Овие жени треба да се посоветуваат со својот гинеколог пред да престанат со редовните ПАП тестови.
    Прашања и одговори
    Направена ми е хистеректомија (оперативно отстранување на матката). Дали и понатаму треба да правам ПАП тестови?

    Се зависи од видот на хистеректомијата и вашето здравје во минатото. Во секој случај, за ПАП тестот треба да разговарате со вашиот гинеколог.

    При хистеректомијата, обично со матката се отстранува и нејзиното грло. Тоа е целосна хистеректомија.

    Жените кои имале хистеректомија од друга причина, а не поради рак на грлото на матката, не мораат редовно да прават ПАП тестови.

    Но, жените кои имале тотална хистеректомија, поради абднормални клетки или рак, треба еднаш годишно да прават ПАП тест ,се додека не имаат три нормални наоди еден по друг.

    Кај жените кај кои е отстранета само матката, но не и грлото на матката, терба да одат на редовни годишни гинеколошки прегледи и на ПАП тест.

    Дури и жените кои имале тотална хистеректомија треба еднаш годишно да одат на општ гинеколошки преглед.

    Како можам да го намалам ризикот од добивање на рак на грлото на матката?

    Покрај редовните Папа тестови, најдобар начин да го спречите ракот на грлото на матката е да се пазите од Хуманиот папилома вирус. Инфекцијата со ХПВ вирусот се смета како главен фактор на ризик за развој на карцином на грлото на матката. Тоа е една од најчестите сексуално преносливи болести.

    Одредени ризични фактори како: рано започнување со сексуални односи (пред 18 години од животот), менување на повеќе сексуални партери (на пример над 6 сексуални партнери), не користење на заштита (кондоми) при сексуални односи, заразеност со сексулано преносливи болести, раѓање на повеќе деца (мултипаритет), повеќе абортуси, живеење во лоши социо-економски услови, значително го зголемуваат ризикот за настанување на карциномот на грлото на матката.

    Што треба да знам за Хуманиот папилома вирус (ХПВ)?

    Хуманите папилома вируси сочинуваат група од повеќе од 100 различни вируси.

    околу 40 видови на ХПВ вируси се пренесуваат во тек на сексуален контакт,
    некои типови на ХПВ вируси можат да предизвикаат рак на матката ако не се лекуваат (ХПВ 16, 18, 31 i 45). Тие се нарекуваат високоризични, онкогени вируси.
    ХПВ инфекцијата е најчесто сексулано преносливо заболување.
    околу 75% сексулано активни лица ќе се заразат со ХПВ вирусот во текот на својот живот (ова се податоци за САД).
    повеќето жени со нелекуван ХПВ вирус НЕМА да добијат рак на грлото на матката,
    некои ХПВ вируси предизвикуваат генитални брадавици, но тие вируси не предизвикуваат рак на грлото на матката. Според најновите сознанија, нискоризичните генотипови (HPV 6 i 11) не можат да предизвикаат инвазивен карцином, туку само бенигни промени како што се гениталните кондиломи т.е. полови брадавици. Тие брадавици може да се појават на вагината, пенисот и анусот, и можат да бидат болни и да крварат.
    често ХПВ инфекцијата е асимптоматска, т.е. не дава никави симптоми, повеќето жени не знаат дека се инфицирани.
    Како можам да знам дали сум заразена со Хуманиот папилома вирус (ХПВ)?

    Повеќето жени нема никогаш да дознаат дека имаат ХПВ вирус. Тој обично останува прикриен и не предизвикува симптоми, како што се половите брадавици. Доколку организмот сам не го победи овој вирус, тој може да предизвика промени во клетките на грлото на матката. ПАП тестот обично рано ги открива овие промени т.н. преканцерозни состојби на грлото а матката.

    Како треба да се припремам за Папа тестот?

    Многу фактори може да предизвикаат грешни резултати на тестот, така што ќе ги исперат или прикријат абнормалните клетки на грлото на матката.

    Затоа, придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање:

    Воздржете се од сексуален однос два дена пред прегледот и тестирањето.
    Не практикувајте промивање на вагината со туширања или користење на некои козметички средства и не користете било какви средства во вагината, како на пример лекови, спермицидни гелови, пени или креми два дена пред тестирањето. Сите овие можат да ги осиромашат или комплетно да ги отстранат абнормалните клетки и со тоа ПАП тестот да не даде точни резултати.
    Не закажувајте гинеколошки преглед и ПАП тетсирање во деновите на менструација. Најдобро време за ПАП тестирање е 10 до 20 дена по првиот ден од последната менструација.
    Како се изведува ПАП тестот?

    Папа тестот се изведува за само неколку минути во рамките на гинеколошкиот преглед. Од вас се бара да ја соблечете долната облека и да се сместите на специјалниот гинеколошки стол. Нозете треба да бидат раширени и полусвиткани во колената и потпрени на соодветни потпирачи од гинеколошкиот стол. Во секоја пристојна гинеколошка амбуланта, за време на прегледот се практикува покривање на стомакот и нозете со соодветна прекривка. Лекарот гинеколог, секогаш во придружба на сестра, го изведува тестот така што најпрво внимателно внесува еден инструмент во вагината наречен спекулум. Тој обезбедува отварање на вагината со што лекарот ќе има подобар пристап до местото од каде треба да се земе примерокот за Папа тестот. Примерокот за Папа тестот се зема со посебно стапче, на чиј врв се наоѓа чиста памучна вата, или во поново време се користат посебно приготвени четкици или тенка спатула со кои едноставно се гребнува по лигавицата на задниот свод на вагината и маткиното грло. Вака земениот примерок се нанесува на посебна стаклена плочка и се праќа во лабораторија.

    Во поново време, модерните гинеколошки ординации користат еден понов начин на земање на примерок за Папа тест. Имено, инструментот со кој се зема примерокот се потопува во специјална течност која ги зачувува клетките за испитување. Материјалот потоа се филтрира во посебна машина со што се намалува количината на крв и слуз. Со ова се овозможува значително полесно и поточно толкување на Папа тестот.

    Кога ќе ги добијам резултатите од ПАП тестот?

    Резулатите од Папа тестот обично се довиваат за околу три недели. Во повеќето случаи резултатите од тестот се нормални. Ако тестот покаже некој ненормалности, лекарот ќе ви закаже термин за дополнителни испитувања. Постојат многу причини за абнормални наоди на Папа тестот. Обично тоа не значи дека имате рак на грлото на матката.

    Што значи абнормален наод на ПАП тестот?

    Може да се јави страв кога ќе слушнете дека наодите на вашиот ПАП тест не се во ред. Но, абнормални наоди на ПАП тест НЕ ЗНАЧАТ дека имате рак. Обично станува збор за некој помалку сериозен проблем со грлото на матката. Некои абнормални клетки можат да се претворак во рак. Но, во повеќето случаи, овие абнормални клетки ќе исчезнат сами од себе или со адекватно лекување. Ако овие нездрави клетки се лекуваат, можно е да се спречи, скоро во сите случаи, ракот на грлото на матката. Ако вашите наоди на Папа тестот не се во ред, треба да поразговарате со вашиот гинеколог.

    Ако моите наоди на ПАП тестот не се во ред, што понатаму следи?

    Постојат многу причини за абнормалени резултати на Папа тестот. Ако се резултатите од Папа тестот нејасни или укажуваат на некои помали промени на клетките на грлото на матката, вашиот лекар ќе предложи да се повтори Папа тестот. Ако со тестот се откријат сериозни промени на клетките на грлото на матката, тогаш лекарот ќе предложи и други дополнителни испитувања. Тука спаѓаат следниве испитувања:

    Колпоскопија
    Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати. Колпоскопијата е раширена метода на преглед на цервиксот, со која се бараат евентуално присутни лезии.
    Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува цервиксот со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.
    Киретажа
    Во мал број случаи може да биде нејасно дали се абнормалниот ПАП тест или симптомите на жената предизвикани од промени во цервиксот, или во ендометриумот (ендометриумот е внатрешниот слој на телото на матката).
    Во тие случаи, лекарот може да направи проширување (дилатација) на грлото на матката и киретажа. Лекарот го шири цервикалниот отвор и со помош на специјален инструмент, кирета, го струга ткивото од површината на матката како и од цервикалниот канал.
    Слично како и кај конизацијата и кај оваа постапка потребна е локална или општа анестезија и може да се изведе во амбуланта или во болница. Материјалот земен со киретажата се испраќа кај патолог за поставување на дефинитивна патохистолошка дијагноза.
    Постапките за добивање на ткиво од матката можат да предизвикаат незначително крварење или вагинален исцедок, меѓутоа тие брзо исчезнуваат. Жената може да почувствува болка слична на онаа при менструално крварење, но таа може да се ублажи со лекови.
    Во САД неодамна е одобрен систем за сликање на грлото на матката (LUMA Cervical Imaging System). Лекарот го користи овој уред веднаш по колпоскопијата. Овој систем може да му помогне на лекарот да ги види деловите на грлото на матката во кои најчесто се наоѓаат прекарциномските клетки. Уредот фрла светлина на грлото на матката и анализира како различни делови на грлото одговараат на оваа светлина. Тој ги анализира ситните делови на грлото. Потоа, уредот креира мапа во боја која му помага на лекарот да одлучи од кои места да земе примерок за биопсија. Различните бои на мапата, му помагаат на лекарот да ги разликува здравите ткива од оние кои можеби се заболени.
    Биопсија
    Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија) со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.
    Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.
    Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.
    И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.
    Мојот наод на ПАП тестот беше „ЛАЖНО ПОЗИТИВЕН“. Што значи тоа?

    Папа тестовите не се секогаш 100% точни. Можни се лажно позитивни или лажно негативни тестови. Ова може да биде збунувачко и вознемирувачко.

    „Лажно позитивни“ резултат на ПАП тестот значи кога на пациентката ќе и се каже дека има абнормални клетки на грлото на матката, а тие се, всушност нормални. Ако вашиот лекар ви каже дека вашиот резултат од Папа тестот е „лажно позитивен“ тогаш не треба да се грижите.

    „Лажно негативен“ ПАП тест е случај кога тестот покажува дека клетките на грлото на матката се нормални, кога всушност со клетките на грлото на матката постои проблем, кој е превиден. Но, одењето на редовни папа тестови ги подобрува шансите да се открие било каков проблем. Ако абнормалните клетки не се откријат во тек на едно тестирање, најверојатно тие ќе бидат откриени веќе во тек на следниот ПАП тест.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    5.899
    луѓе ми се појави спреме брадавиците како поизпупчена коска или некоја полутврда површинка ме боли на допир ако маалку претиснам...?Што би можело да е тоа.. :worried:

    Самопреглед на дојката ќе правам сега...
    Но ќе морам на доктор...
     
  18. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Синоќа си лежам и така од ништо почна да ме боли капакот од окото како модрица да имам.
    Кога се видов на огледало имав линија ко со моливче напрајно над клепкиве и црвено потечено ми е уште (еве 2дена)
    дане знае некој што може да е ова?
     
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Од што може да ме пецка пупакот (некако внатре чувствувам, ама сепак местото е кај пупакот) :tmi: ?
     
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Да не ке ти излегува смичок/јачменче?