Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ivana.iva

    ivana.iva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    7
    Девојки, имам прашање околу болките во уво. Последнава недела кај мене дома скоро сите беа настинати и изгледа ме префатило и мене од нив само што разликата е во тоа што јас немам температура туку само ми е затната едната страна на носот (а бидејќи имам воспалени синуси) секогаш ме болат и ушите па така минатиот пат завршив со инекции заради болката. Па исто ми се случува и сега само што ме боли само едното уво и не е толку силна болката ама сепак ме боли. Не знам за што се работи, дали е некое воспаление напоредно или ме боли увото приврмено додека сум затната... Ако има некој со исто искуство или некој совет, нека пише, ве молам :D Ви благодарам.
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Мислам дека повеке од 150 денари не е ...Евтино е не е скапо
     
    На Smaragdna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FullBreathe

    FullBreathe Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво женски...

    Не знам дали проблемов е во ред во оваа тема да го изложам, ама мислам дека оваа тема е најпрегледувана па да видат повеќе луѓе.

    Подолг период имам крв во урината, а лекарите не знаат од што ми е. Лежев една недела на нефрологија каде ми направија чуда од испитувања, уринокултура, длабинско снимање на бубрези, ехо на бешика, бубрези, па дури и компјутерска томографија и сите наоди се во ред. Крвта ми е нормална и другите вредности на урината исто така. Болка не чуствувам. Лекарите дигаат раменици и не знаат за што се работи. Само знаат дека не се камчиња и песок, воспаление, инфекција и тумори. Тогаш што е? Имам ли некоја болест на бубрезите? Се плашам и да мислам. Сепак таа томографија како најпрецизен метод, ваљда ќе покажеше ако имаше нешто лошо.

    Се надевам ќе има некој некаков одговор, предлог, насока...

    Ви благодарам однапред.
     
  4. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањето е за тука или не.. но веќе ме загрижува и мора да прашам.
    Се работи за дечко ми. Секогаш кога ќе легне да спие, мрда со раце, нозе. Значи тоа не е нормално мрдење или вртење, туку нагло, нешто како рефлекси. Вечерва го гледав додека спиеше, постојано му мрдаше некој мускул на рацете, нозете.. Дали некој има сличен проблем и дали треба да бидам загрижена? :worried: :worried: :worried:
     
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    И мојот е ист :rofl: Не се секирај, мрдањето е последица од опуштањето на нервите и мускулите. Обично мажите кои се спортски активни се посклони на ова „мрдање“. Мојов дури потскокнува кога спие, цел кревет го затресува :D Сосема е нормално, не се грижи воопшто :)
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Веќе неколку месеци имам многу сува уста и јазикот ми е прекриен со бело. Освен тоа, немав никакви проблеми. Но пред околу две недели јазикот почна да ми станува многу осетлив, прво мислев дека ми е изгорен од жешко кафе, бидејќи болката знаеше и да ја има еден ден, па потоа да ја снема. Но последните четири дена ужасно ме боли кога јадам, а посебно кога јадам нешто зачинето, и патлиџан кога јадам страшно ме боли. Јазикот ми е целиот прекриен со бели лезии, а на средина има помалку. Кога се мијам заби ми тече крв, и мислам дека почнува да тече кога го четкам јазикот. И болката наместо да поминува станува полоша, сега ми се прошири накај грлото, иако не знам дали е грлото или пак задниот дел на јазикот, тешко ми е да распознаам. А денес приметив и едно како подигнатина на јазикот, но некако многу е внатре, па не можам да го видам убаво како изгледа. Успеав да ја чепнам со прст и не е нешто посебно болна, значи не ми предизвикува значајна болка.
    Што може да биде? И дали да одам на заболекар или на матичен лекар за проблемов?
     
  7. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20

    Очигледно имаш бактерија,не треба да одиш на стоматолог зашто немаш проблеми со забите :!:
    Оди на матичен лекар,зашто си чекала толку..
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Mygirl- Како што велиш дека си го изгорела јазикот со кафе, јас мислам дека ти фали тој површинскиот слој, и сега ти е само мевцето така изложено на се што јадеш. А од патлиџанот секако дека ќе те боли бидејќи е „јака“ храна..(незнам ова како да ти го објаснам но се надевам дека ме сфаќаш, бидејќи и мене ми беше таков јазикот, сум го гризнала на спиење и ми фалеше мевце дури од јазикот :worried: и кога јадев патлиџан премногу ме печеше).
    Јас мислам дека не ти треба лекар или слично, бидејќи така ако ти е на некои местенца како потемно и мазно, и баш таму да те пече,значи тоа е како што велам. Ако е така, немој воопшто да се секираш, јазик брзо зараснува, мене за неколку дена ништо не ми беше, само избегнувај таква храна од која те пече а исто така и не јади многу жешка храна.
    Се надевам дека ти помогнав малку. :)
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Па освен бел јазик и сува уста немав никакви други симптоми се до пред 5 дена, а сувата уста е на листата на несакани ефекти од едни таблети што ги пијам, па затоа не ме загрижуваше воопшто.
    Во други земји знам дека заболекарите се специјализирани и за проблеми со јазикот и усната празнина, не само за забите, ама не знам кај нас како е.

    Миличка, не верувам дека е од изгорено, отпрво мислев така, ама сега не, зошто цел јазик ме боли, не само на едно место и немам такво оголено место како што си имала ти.
    Како и да е, денеска ми се чини подобро ми е, уште ме боли јазикот, ама некако грлото ми опушти, т.е. задниот дел од јазикот. Само уште оваа испакнатина/брунка или што и да е ми стои, и моментално многу ме нервира, не ме боле ама ја чувствувам на грлото.
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    ^ Стоматолозите не се само за заби и јазик, тие се здобиваат со назив Доктор стоматолог, значи тетка ми е стоматолог, го има истото знаење како доктор, плус стручно знаење за забите. Немој да одиш на доктор, оди на стоматолог, сто пати повеќе ќе знае да ти помогне и маст ќе ти препише или ќе ти даде некаков лек во зависнот од болката :*
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Женски имам едно праање. Веќе 3 дена страшно ми се осетливи брадавиците на допир, дури и кога не ги допирам. За добивање ми е рано а и никогаш сум немала вакви симптоми. Не знам што може да биде, за бременост малце тешко, некако не се сомневам на тоа.
     
  12. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Имам едно прашање,па се надевам ќе ми одговори некој.последните 2 дена одвреме навреме кога земам воздух чувствувам мала болка во рамото (поточно делот помеѓу вратот и рамото од предна страна).дали имате слушнато нешто слично,зошто баш се замислив?
     
  13. FullBreathe

    FullBreathe Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Настинка, промаја :)
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Вака досега сум немала никаков проблем со здравјето но почнувам да се плашам. Понекогаш кога спијам престанувам да дишам ама на кратко, не дишам правилно тоа уште од поодамна ми се случува но мислев не е ништо посебно. Пред некои 10 минути ми се случи тоа што ми се случува во сон како да не можев да дишам не знам како да објаснам како да снемувам воздух ама една минута па после дишам и така повторно и повторно. Сега лапнав бомбона ментол и ми престана, дефинитивно ќе одам на лекар да се проверам деновиве но ако имал некој ваков сличен проблем нека пише.

    + пушам цигари па се мислам дали и тоа има врска со моево не дишење.
     
  15. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Брат ми има 16 години , од месец мај па до денес тој нонстоп преку 2-3 недели има покачена телесна температура , главоболки и воспалено грло , во мај му правеа крвна слика од прстот и резултатите му беа супер ... со малку покачени леукоцити пошто тогаш беше мн болен .
    Нема други симптоми .
    Многу сум загрижена , не сака да оди на испитувања не сака да оди на доктор .
    Инаку тој воопшто не се чува , шета пресно искапен , без чорапи или обувки , пие ладни води ....
    Можеи тоа е единствената причина за појава на вопалено грло и тем. ?????? :^)
    Некој совет ?
     
  16. Macushka23

    Macushka23 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки која е нормалната разлика помегу горниот и долниот притисок??
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.807
    Допаѓања:
    11.271
    Пол:
    Женски
    Ноненце не сакам да те плашам најверојатно е од тоа што не се грижи за себе, но температурата може да биде многу опасна и покрај тоа ако не е висока многу на пример 40 не мора да биде, за да направи некој проблем доколку е константно покачена. Направете се што можете да го убедите брат ти, со здравје нема играчки, зборувам од искуство на мој близок, но не сакам да ги кажувам последиците. Со навремени испитувања се ке се среди :)
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Oва се нарекува апнеа. Еве подетално:
    SLEEP APNEA (спиечка апнеа) – прекин во дишењето за време на спиење
    Sleep Apnea е често пореметување каде постои една или повеќе паузи во дишењето или пак плитки дишења додека спиете.

    Паузите во дишењето може да траат неколку секунди до неколку минути, и обично се појавуваат со фреквенца од 5 до 30 пати за време од 1 час сон. Обично, нормалното дишење се воспоставува повторно, понекогаш со гласно ‘рчење или гушење.
    Дијагнозата не се поставува лесно, затоа што лекарите неможе да ја детектираат спиечката апнеа за време на рутинскиот преглед на пациентот. Исто така не постојат ниту тестови на крвта кои може да ја детектираат спиечката апнеа.
    Најчестиот тип на спиечка апнеа е опструктивната спиечка апнеа. Ова значи дека дишниот пат е колабиран или блокиран за време на спиењето. Оваа блокада е причина за појава на паузи или плитки дишења за време на спиењето.
     
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Еве отворив да видам што поточно значи ова затоа што досега не ми беше познато но причините не се многу познати или јас погрешно разбрав стрес, зголемено конзумирање алкохол, апчиња за пиење јас ништо од тоа не конзумирам е сега за стресот е веќе друга тема. Како што прочитав ова и со операција можело да се реши некако ме исплаши ова што го прочитав но фала како и да е.
     
  20. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Веќе неколку дена имам болки во стомакот, најчесто на десната страна. Дали некој знае од што би можело да биде? Благодарам однапред :)