Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Blondie14 тоа е сериозен проблем, па посети доктор обавезно, не чекај решение тука.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.921
    Тоа им се случува најчесто на жените во поодминати години кои имаат родено. АКо е за таа болест што мислам.
    Се решава со операција многу едноставно. Значи ....за 20 минути?
    АКо не ти се оди на доктор односно на гинеколог, и највероојатно болеста, бидејќи си млада ке се излечи со апчиња.
    Е сега, на тебе останува, дали ке отидеш на доктор и ке кажеш, се одмочувам, дајте апчиња (околу саат време ке ти одземе од животот) или ке си се убиеш. Немаш многу опции. Или, можеш да им кажеш на тие што те смеат, да бидат крајно сериозни со тебе.
    Мајка ти да ја поздравиш многу, и да и кажеш дека досега требало да знае дека нешто се случува со тебе, особено ако си сечела вени. Нека дојде и она на доктор со тебе.
    Можно е да ти е само обична настинка - која ја имав и јас на 6 години и бев во болница една недела.
    ЗНаеш, ако се убиеш, ке пишуат по весници - се убила заради настинка. Ке бидеш интересна вест.
    Затоа, да не ти се смее цел свет, отиди бе дете на доктор. Отиди. Подобро ли е да умреш?
    Да сум ти дечко, досеа ке ти раскинев за сечењето вени. За одмочаното ке мислив дека се влажниш.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Значи вака,пред неколку дена имав воспаление на мускулите и сега ми помина.Ама сега пак качив темперетура 38,4..немам ни болки во грлото ни ништо,само мала болка во вратот.Што би можело да биде?
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Сакам да ве прашам од што се состои алерго тестот? Каде ми препорачувате да го направам?
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Јас поодамна правев алерготест, од оние поедноставни- со посебна игла те боцкаат 8 пати (на подлактицата, незнам како да објаснам- оној дел каде што нема влакненца- ваљда ќе разбереш) и те тестираат на полен, зеленило, домашна прашина, и најчести бактерии... Го правев во државна болница и не е многу скап- мислам дека е околу 200 денари... А има и алерготест на крв, ама првин се прави овој, а ако има потреба тогаш докторот препорачува од тој да правиш :)
     
  6. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Не сум била на доктор..планирам да соберам храброст и да и кажам на мајка ми но ми е срам.. :(
     
  7. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Дечко ми знае за сечењето и ми помогна да го совладам тоа..А незнам како да и кажам на мајка ми ..мислам ќе потонам од срам :(
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.921
    Девојче бре...од настинато ти е. Може само бешиката ти се преладила, ништо посебно. АКо си била на одмор, на базен и си била во вода и ти студело. ЗНачи мене на 6-7 год ми се случи тоа. Сум почнала и крв да имам од бешиката. не се зафркавај, кажи си. Воопшто не е срамно. Може и да е нешто наследно, ке ти каже мајка ти ако е така. ОД МАЈКА НИШТО НЕ СЕ КРИЕ. Ке видш по некое време. Срам нема од болест, па уште ваква банална.
    Значи, луѓе од болести се посираат, смрдат, крварат...срамно е да не се лечиш у 21 век.
     
  9. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Но веќе ми трае 2-3 години можно ли е да е од настинка?
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.921
    Е тоа ке знае доктор, јас не знам. Може само ке треба да пиеш апчиња. Како додржа толку години да не се пожалиш? Не е срамота воопшто. Можеш и сама на доктор, земи книшката и оди. Ти кажав, се се лечи.
    Кажи ми, што е срамното?
    Мајка ти те видела гола, те видела и прв пат кога си мочала и во раце си и мочала. Сосема е нормално да и кажеш. Ке те тепа? Оти си болна? Ке те кара? Срам те било, си се разболела.
    А докторот, веруј ми, се има видено. Мајка ми работи воо болница, веруј ми, сите гадитии на веков ги има. Ти не си за срамови ич. Срамота е да не се лечиш.
    Ајде, мечка страв, тебе не, оди кај мајка ти одма и кажи и дека у последно време не можеш да се воздржиш. Прашај ја дљ ли знае што е. И полека се ке се реши.
    Деца се дрогираат па дома кажуат и ги штитат родителите, не па ако си болна од сосема друго нешто.
    Ајде со среќа и чекам да кажеш како си поминала.
     
  11. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Уште утре ќе зборувам со мајка ми..ми дадовте храброст морам некогаш да го направам тоа ако се случи сега ќе си ги скратам маките..Фала ви ..ќе ви пишам што како поминало
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.921
    Ајде, тука сме, чекам да кажеш како си поминала со мајка ти, и кога ке оздравиш да споделиш со нас, за и друга ако има несигурна како тебе, да се спаси и она од маки :)
    Ајде, голема си и можеш еден муабет да напраиш.
    Само да знаеш кои муабети те чекаат у животот. :)
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    Зошто не си направиш тест ако постои сомнеж, ќе знаеш на што си, но не е на одмет и гинеколог да посетиш, затоа што не дај боже една инфекција која не се третира на време може да искомплицира, најдобро се на време :)
     
  14. marija.gligorovska

    marija.gligorovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Би ве замолила да ми дадете информација каде е најдобро да се направи магнетна резонанца на глава кај нас.Дали е тоа на државна или на некое друго место?Бев видела дека во Воена болница има многу побрзо може да се направи отколку на пример во Државна.Зашто е тоа така?
     
  15. macyshka

    macyshka Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Имам проблем со многу често мокрење, т.е. отсекогаш го имав тоа но во последниве месеци ептен ми се зачести , на периоди ми се случува на секои 15 мин да одам во ВЦ и при секое мокрење исфрлам голема количина. Освен тоа немам никакви други проблеми, ниту болки некакви ниту било што друго. Проверив крвна слика , направив уринокултура неколку пати и ме гледаа на ехо но немаше ама скрос ништо, се најнормално. Неколку дена пиев сок од боровинки и се мачкав со топла ракија и после тоа ми се потсмири неколку недели ссе си беше ок и ете сеа пак ме фака понекогаш тоа одење на секои 15 мин. Некогаш ми е и неиздржливо, ко да немам контрола. Кога ја направив крвната слика имав само покачени АЛТ и АСТ а за тоа пијам лекови некое време па направив и дополнителни испитувања зошто ми се покачуваат пак( бидејки ко мала имам прележано хепатит б ). Ај ова ок, но тоа со мокрењето ме загрижува , се мислев да не ми се појавува од стрес ( а сум често склона кон тоа) или пак не се чувам доволно од времево. Ама што и да се чувам, летно време беше, топло...не знам... Што би можело да ми е, некој ваш совет?? Поздрав и се извинувам за долгиот пост.
     
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    Мене долго време лани зимата ми се случваше така. Имав инфекција некоја на мочните канали и онака на 5 минути одев во вц. Пиев чај од брусница и јадев многу сушени брусници има кај шо се продават семки сончоглед и ми помина од то. Јас од шо одев на секое дури почнував и по малце крв да мочам. Ама чим тебе не те ни печи ни крв има мислам дека немаш гајле освен то шо можи е досадно да мочаш 150 пати дневно :D
     
  17. macyshka

    macyshka Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Oк, фала :) А како ти открија тебе дека имаш инфекција?Преку крв, мокрача и.т.н.... ?
     
  18. Blondie14

    Blondie14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Девојки,сабајле зборував со мајка ми..Се спремав за школо и бев настината и уште сум и требаше да одам на доктор..и и викам мамо јас ќе ја прашам докторката за уште нешто и она ми вика за што и јас почнав да треперам и викам за тоа што често мокрам во гаќи кога се смејам премногу и она ме гледа вака :^) и ми вика па настината си нормално е..и јас и викам ама веќе е од лани полани и она вика како бе зашо не си кажала до сега и викам срам ме беше..и она ми вика како сакаш така прави..мислам дека не ме сфати сериозно незнам што е работата можеби погрешно сум сфатила шо сакала да ми каже..Инаку не сум била на доктор не стигнав од школо ќе идам утре задутре и сигурно ќе зборам со докторката па ќе видам она што ќе ми каже. :tmi:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.178
    Допаѓања:
    135.921
    Блонди, ти кажала како и секоја мајка - дека е нормално ако си настината(знае оти и нејзе и на сите ни се случило), те искарала оти не си кажала порано, што секоја мајка би го сторила, и на крај ти рекла да правиш како што сакаш, оти сфатила дека ти е срам и те оставила да размислиш, оти смета дека си паметна и голема. Сфатила сериозно, не бери гајле. Сигурно го мислела тоа денеска и пак ке проба да разговара кога ке знае што да ти каже. Знаеш, некогаш мајките не знаат се во моментот.
    Мило ми е што го направи првиот чекор.
    Сега кажи и на докторката, она ке ти даде лек и ти за недела две ке бидеш супер, здрава и жива и без ваков проблем. Ајде чекаме да кажеш како си поминала на доктор.Таму уште послесно е, дека доктрката слушнала и учела за таква болес, сигурно десетици истото и го кажале, и не е емотивно врзана за тебе. Плус, докторка е, мора да знае што да каже. Ајде, со тебе сме.
     
    На Blondie14 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    907
    Пробај со уве микс, чајот на Алкалоид.