Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас не сум стручно медицинско лице, ама веќе 10 години редовно страдам од бубрези. Би ти препорачала ако имаш болки да си ја испиташ урината комплет и микробиолошки и едно ехо на бубрези да направиш, така се гледа дали имаш застој ( како што имам јас), камче, песок....
     
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Ми правеа и испитување на урината,тоа ми е некако како рутинска проверка на околу една година,и ми рекоа дека немам никаква инфекција ни било што друго од тие анализи,освен намаленото железо во крвта.Затоа сакав да прашам дали тоа значи и дека немам ништо на бубрезите бидејќи докторката ми имаше запишано комплетна проверка од урина,па анализа на крвта, бубрези,тироида итн...но конкретно ехо на бубрези немам правено.
    Благодарам ciribiribela :*
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    и јас на анализата на урината немам ништо пишува дека е стерилна и дека нема во неа протеини и белковини, ама сепак ме болат бубрезите и на ехото се виде застој во уретрите а лани и песок имав. Ехото не може да ти наштети, бубрезите се многу осетлив и нежен орган, верувај никогаш не болат без причина.
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
     
  5. violeta.stefanova

    violeta.stefanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ve molam, ovde enkade procitav za mast finalgon. Itno mi treba informacija od kade mozam da ja nabavam
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако некој има директно или индиректно искуство со дијагноза Коксартроза (Coxarthrosis), артроза на колкот, потребно ми е да ми препорачате специјалист за операција на колк, каде, што колку чини, дали во Филип 2 имаат договор со фондот во смисла на враќање на средства, и дали знаете распоред на докториве во државна, поточно кој е по распоред утре. Разбрав дека Христов бил добар ама потребно ми е мислење од некој кој поминал низ ова.
    Знам дека делот за колкот по правило треба да го дадат од болницата е сега бидејќи не е се така розево кај нас обично тој приватно се купува. Колку чини делот а колку самата операција. :(
    TY
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Сигурно ти е од менструација. Ако болките и понатаму остануваат и после менструација посети си лекар
     
  8. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Девојки, сакам да ве прашам за ишиасот, дали некој го има овој проблем? Еве јас веќе два дена не можам од кревет да станам. Примам инекции и пијам таблети и малку ми помина, ама не знам дали повторно може да се појави? :worried:
     
  9. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    Мислам дека нема врска со Корновата болест, бидејќи тетка ми беше болна од тоа и имаше нон-стоп пролив, многу ослабе. Сега е во ред, се иѕлеши со терапија. Да, точно е дека немаш апетит и сето тоа што го напиша но мислам дека нема врска со Кроновата болест (Крон). И јас мислам дека ти е од менструацијата. А, ако и по завршувањето на менструацијата ти продолжат болките тогаш консултирај се со доктор. ;)
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Скоро секоја недела (најчесто во вторник) јас имам ужасна главоболка. Ете и вчера, ме болеше, до повраќање дојдов. Пијам парацетамол-далерон, тој повеќе ми помага, ама сепак не е доволен за скроз да исчезне болката. Веќе не можам да издржам секоја недела да ме боли глвата. И денес имав мали болки, пак се напив апче и се поднамалија, ама не е тоа тоа.
    На почетокот, кога ќе ми се појавеше болката, одев на лекар и док. ми велеше дека е од умор, не е страшно. ама не верувам дека од умор би се појавувала секоја недела. И плус кој умор кај мене? Учењето не ми претставува никаква тешкотија, не ме замара премногу. Таа ми даваше аналгин и бедоксин, ама ни тоа не помага.
    Ве молам, ако некоја знае нешто во врска со ова (лек ова она) нека каже. Болките се неиздржливи.
     
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    Да не имаш мигрена ? ама сепак не мала си некако за тоа :(
    И јас имав порано на таа возраст многу големи главоболки кои траеја по 3-4 дена непрекинато ;( и ги оставав така сами од себе поминуваа, бидејќи се отрув со апчиња. Јас би ти препорачала да си отидеш на лекар, невролог, да ти направат нешто како екг на мозокот ( да ја видат) неговата работа, имаше посебно име тоа ама не ми текнува, јас имам такво правено во ремедика, ништо страшно , ама после тоа и после разговорот со неврологот болките како да поднамалија . Испадна дека се било на психичка база. Пробај малце да не мислиш на болката, ако постојано мислиш на тоа, дали ќе те заболи денес, колку ќе те боли, таа псотојано ќе е присутна .
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Па искрено да ти кажам, јас за глава никогаш таблета не земам, ни аналгин, ни беналгин, ни андол, ни парацетамол ни бутур. Факт е дека брзо се станува имун на тие апчиња за болка.
    Сум имала силни и лоши главоболки, што од умор, што од синуси, што од низок притисок, но сум применувала алтернативна медицина. Најчесто кафе, некогаш со неколку капки лимон во него, сум излегувала на воздух да сменам средина, итн.
    Ако ти е константна болката, оди на лекар, провери притисок, направи крвна слика и слично, па ако мора и нека ти направат рентген снимка. Барем ке знаеш од што ти е.
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски
    нема потреба од магнетна резонанца одма, да се изложува на зрачење, прво се прави EEG ( пробуричкав во резултатите и најдов како се викало :D ) исто ти прави и еден обичен преглед , со пенкалце или нешто друго го движи тоа пред тебе да види дали може да го следиш, и потоа ако не дај боже нешто не е ок со ова, тогаш ти прават снимка. :worried:
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    White Angel ќе отидеш кај матичаната и ќе те упати она, најверојатно на ЕЕГ ќе те упати, нема шанси да те прати на магнетна одма, а за тоа се чека по 2 месеци ако несакаш да си платиш приватно околу 10000 ден :^)
    И јас мислам дека треба ЕЕГ да направиш, не е ништо страшно тоа.
    Јас сакам да прашам ако има некоја докторка на форумов што би знаела да ми прочита резултат од ЕЕГ да ми се обрати по ЛП неможам да чекам до наредна недела да идам кај докторката да ми каже што значат резултатите.
    Фала.
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    И јас имам размислувано дека е можеби мигрена, имам и од кого да ја наследам. Ама имам неполни 16години, зар не е прерано за мигрена? :^)
    На магнетна резонанца не сакам да одам за да не ја изложувам главата на зрачења за ништо. Инаку, како што веќе кажав, матичната секогаш звучи незаинтересирано за моите главоболки. Постојано вели дека ми се од умор и од срес, но зар секоја недела ќе се повторува силна главоболка од умор?!
    За ова со кафето и јас се обидувам, штом ја почивтсвувам одма варам, ама ретко помага. Пијам и кока кола па кога болката е помала исчезнува, ама ако е поголема нема шанси од кафе или кока кола да помине. Лекови се трудам да не пијам често, ама понекогаш морам...сепак ретко помагаат.
    Ќе разговарам со мајка ми, па со докторката, во поскоро време можеби и ќе направам еег(ако нема некое негативно влијание врз очите, бидејки имам оштетен вид)

    Сепак фала ми многу девојки!! :*
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Имала ли некоја од вас проблем со хроничен конјуктивит? Не е од бактериска природа ниту е од алергиска природа, а страдам од константно "розеви очи". Чаре? :?:
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    WhiteAngel и мојата матична на моите сомптоми реагираше со такви изговори као од нервоза ти е, ти си многу чувствителна, од грижи ти е, ти си мн осетлива ..... толку ли и беше тешко еден упат за на невролог да ми напише???? Ја менувам под итно, со молење ми напиша упат....
    Мој совет е да ја смениш, ништо не ја кошта да ти даде упат за ЕЕГ тоа не е ништо страшно, само ќе ги испита функциите и реакциите на мозокот, па според тоа ако има потреба за магнетна или други испитувања ќе те упатат...
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    Уф, значи сите матични исти се. И јас имам проблеми со мојата матична и следно одење ке си го земам картонот. Не дава упат (ке и се потрошеле), не дава антибиотици (скапи биле), и секое одење кај неа ми вика Ништо не ти е, си замислуваш :devil: Глупаци.

    Грил1985.
    . Мора да има причина за коњуктивитот. Можеби прашина, или пак постојано седење пред компјутер ги заморува очите, ги зацрвенува и ги солзи.. Сега е сезона на алергии (полен), па иако порано не си била алергична, може за прв пат да ти се појави алергија .. На чичко ми на 40 години, му се појави алергија и тоа баш преку очите примети.
    Ставај си капки за прочистување и сепак те советувам алерго тест да направиш.
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски

    Бидејќи имаш оштетен вид , ќе си кажеш и прашаш дали може , затоа што они ти ставаат заштита на очите но постојано пуштаат различна светлина за да се види мозокот како реагира на неа.
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Пред 3 дена,почна да ме боли главата , имам големи болки во грлото,но не ми се кашла,ни ништо,само боли.Ми се врти на моменти,некогаш и ми се гади,ако не сум јадена,и ме боли стомакот,но не многу.
    Десното колено ми е многу отечено,и од тоа колено,мислам дека цела десна страна ме боли :^) Ме болеше под стомакот,измеѓу колкот и стомакот,но не би требало да е слепо црево...За коленото бев на лекар,ми рекоа ништо не ти е,ќе спадне.
    Ај за тоа,ама што е со главоболкиве,и омалаксаноста,знае некој? :?:

    П.С Пијам Б-комплекс,јадам зеленчук...