Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    609
    сум имала јас сличен проблем на твојот,имав воспаление на бешиката и баш како ти што опиша на крајот од мокрењето силен нагон и болка,затоа ти кажав појди си на лекар најубаво,можеби ти е од јака прехлада
     
  2. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Незнаев каде да го поставам прашањево, па ајде тука.
    Секој ден ми тече крв од нос. Пишувам домашна почнува да ми тече, лежам, почнува да ми тече, од чиста мир. :doh: Незнам што да правам веќе, многу ме нервира. Татко ми и мајка ми ми викаат, ајде сега ништо не ти е растеш нормално е. ОК, ама секој ден, нормално е!? Дали има некој друг со ваков проблем, што да правам? :?:
     
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    ^
    Не е нормално и треба да одиш на лекар да го видат и да ти ја испитаат крвта. Ако треба можеби и ќе те испрати матичниот на специјалист ОРЛ да го види и носот, најдобро е да ти ги каутеризираат артериите што ти пукаат.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anwye

    anwye Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    дали црвени брунки (околу 10) само на нозете што многу чешаат и стануваат како ранички се потенцијален предзнак за леукемија? Изгледаат како алергиски брунки но веќе една недела не се променуваат
     
  5. anwye

    anwye Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    дали црвени брунки (околу 10) само на нозете што многу чешаат и стануваат како ранички се потенцијален предзнак за леукемија?
     
  6. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Под итно на лекар!!!
    Постојаното течење на крв од нос не е последица на растењето. Има луѓе на кои при секоја промена на времето им тече крв од нос. Може да е поради повреда, бременост, поради инфекција, последица на лекови, злоупотреба на алкохол, воспаление на синусите, алергија, аспирин, висок крвен притисок.
    Нејкам да те плашам но исто така тоа е и показател на тумор, значи за да се исклучи можноста под итно на лекар!
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    6.636
    Во последно време, цело време сум уморна и ми се спие, раздразлива сум и нервозна па се случува со домашните да се закарам нешто, и ако околу нешто ме напнуваат да кажам чувствувам како вријам од внатре и понекогаш почнувам да викам, а вака со луѓе од надвор, другарки и луѓе од школо сум смирена и добра, иако ако успеат и они нешто да ме изнервираат, пак го имам тоа чувство на вриење во себе и ми доаѓаат насилни мисли, се да испокршам. А во исто време ми се разви некое чувство на сочувствителност, жал, желба за помагање, носталгија.. Сакам да им помогнам на луѓе што не ги познавам, како на странци, бездомници, многу ми е изразено чувството за жал а од друга страна многу сум и нервозна. Да речете не сум наспана па затоа вака се чувствувам, ама во петокот бев многу уморна заспав во 11 ипол, станав во еден, и цел ден бев несвесна за се што ме опкружува, очите ми се склопуваа, потоа легнав во 12 ипол и денес станав во 11 и 40 и пак се осеќам раздразливо и ми се спие.

    Што ми е? :?:
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Девојче,и брат ми го имаше ваквиот проблем некаде кога имаше 20 години,и беше констатирано дека има вишок на крв,и поради тоа стана крводарител.
    Гледам на профилот имаш 12 години..најдобро е да појдеш на лекар,ние вака може да погодуваме што е,но најсигурно е така.
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Како што ти ми опиша тоа се симптоми на циклотимиа(Cyclothymia), полесна форма на биполарното нарушување. Значи во твојот мозок има дисбаланс на хормони и на органски хемикалии. Значи ова е од хормонално пореметување, сепак си женско. Незнам колку години си, но ако си во пубертет тоа ќе биде уште по изразено. Значи нема "лек" за ова, туку ако отидеш на психијатар(што е доста табу во нашава земја) веројатно ќе ти препише некој вид на анти-депресиви или некои други лекови кои ќе ги урамнотежат хемикалиите во мозокот. Но мислам дека нема потреба за тоа, едноставно контролирај го твојот гнев колку што можеш, вежбај секојдневно и храни се здраво.
     
    На simoncelicius и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    да ве прашам,девојки и момци,имам црвенило на лице,ми се појавува на образите и откако ќе помине ми е сува кожата и понекогаш се лупи...ми дадоа некојси креми на дерматолог,но не смее да се користат долг период,едната од нив беше хормонска и се правеле влакна на лицето ако се користи повеќе од 10дена или нешто така беше,а другава незнам зошто и таа не смее многу да се користи,ниту пак помага многу...купив невеново масло,но имам неколку пати ставено и се сомневам дека би дало некои добри резултати,а не планирам да го користам 10години па дури тогаш да видам благо намалување на црвенилото...една феминка имаше напишано дека бекутан крема во туба со цинк била убава за црвенило...па дали некој има искуство со неа? дали има некои други креми,масла и такви работи што би можеле да ми помогнат,кои даваат видливи резултати,а да не се штетни и да не се од оние кои не смеат да се користат многу долго?
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.095
    Пол:
    Женски
    Девојки, последниве неколку месеци ми искачаат модринки по цело тело. Не се удирам нигде, и плус ми искачаат на чудни места пр. кај препоните неколку сантима подолу. За раце, нозе да не збориме. Големи, темни. Ме чуди кајо така искачаат а не се удирам. И тоа одеднаш на 5-6 места. Има ли некој вакво искуство или да ми каже од што може да е тоа.а да и ова, претежно ми искачаат ма исти места, значи била тука модринка и после некое време пак се појавува на исто место. На рака веќе со години на исто место ми искача
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Го имав истиот проблем и мајками го прашала матичниот тој и рекол веројатно од антибиотици и од аналгин. Повеќе да се спортува и да се води здрав живот.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те плашам, ама одамна (не памтам детали) имам слушнато за некоја болест што предизвикува модринки по телото без никаков удар. Подобро да си отидеш на лекар, тој ќе ти каже најубаво. :)
     
  14. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вака, има само една причина за спонтаното појавување на модринки ,а тоа е проблем со згрутчување на крвта. Е сеа има повеке причини за ова.
    Една од почестите е честа употреба на бруфен, аспирин и други лекарства, посебно ако содржат рибино масло. Значи ако пиеш некои лекарства провери во упатството дали како несакано дејство може да имаат последици врз згрутчувањето на крвта или ако пиеш некои лекарства, престани некое време или замениги со други и види дали ќе има подобрување.

    А кога станува збор за другата причина, таа е посериозна и не треба да се занемари. Овие модринки може да се симптом на болест или некое пореметување поврзано со згрутчувањето на крвта, односно некој кардио-васкуларен проблем. Треба да посетиш специјалист, бидејки овие работи не се за занемарување.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Те болат ли на допир? Ако не те болат можно е да е знам на слабокрвност. Провери си крвна слика. На мене ми излегуваат модринки неќогаш за време на менструација.
     
  16. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Ви благодарам на сите, утре на лекар ќе одам, па ќе ви пишам. Поздрав :)
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.582
    Допаѓања:
    104.223
    Пол:
    Женски
    Значи вака, пред две недели имав Бронхит, испив една доза Аугументин со Далерон и ВитЦ, потоа ми се појави страшен гинеколошки проблем и покрај Пролајфот што го пиев, ја средив со Кансен вагиналетки и мислам дека е ОК тоа. Е сега, после еден навистина напорен викенд повторно се осеќам крш, се осеќам дека имам температура ама мерам и не покажува ништо, грло ме боли, лошо ми е и носот ме пече, а немам секрет уште, само како затнат го осеќам. Претпоставувам имунитетот е крш, деновиве ќе започнам да го пијам лекот од лимон, ѓумбир и мед, денес ќе го направам, но што да правам со новава состојба, многу ми паѓа тешко пак да пијам антибиотик, пак да ја поминувам голготата од пред две недели. Почнав да форсирам со чаеви, млечот го ставив пак на листа за утринска рутина и синоќа се обидов со долга топла бања и најверојатно погрешив бидејќи утрово се осеќам како воз да ме прегазил :( Денес имав систематски на работа, ни зимаа крв и ќе причекам резултати, ама стварно не знам дали ќе ми се повтори зимото од пред 3 години кога бев болна секој месец по два пати :(
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не се чуваш доволно, не ме сфаќај погрешно но најголема улога игра и времево што е катастрофа игра топло ладно. Не значи дека е температура 27 степени да се соблечеш по кратки утре ќе врне пример телото доживува некоја промена од времето. Облекувај се потопло и повеќе одмарај од работа, мислам дека ти е потребен чист воздух замини некаде на планина. Просторот и воздухот кој го дишиме е загаден можеби и тоа е причината за честите заболувања. Посети солена соба верувај многу ќе ти помогне, јас скоро секоја година два пати настинувам годишно но еднаш бев во солена соба и таа цела година не настинав ама ич, помага верувај. Но како и да е почекај ги резултатите.
     
  19. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Дали во Струмица има некоја приватна ординација за уво нос и грло ? :^)
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.095
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорите.
    Лекарства не пијам никакви, па дури ни аналгин, еднаш во 4 месеци можеби.
    Може посериозно е.
    Најдобро да посетам лекар, се надевам не е ништо страшно.