Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.102
    Пол:
    Женски

    Направи си што поскоро подетална крвна слика, од тоа се почнува, и иди на лекар за грлото да ти препишат некои антибиотици за него, зашто нема некоја поврзаност тоа со главата :?: Доколку се работи за слепо црево, имаш болки и во стомакот, и нагони за повраќање и трнење ( болка) на десната нога , но не и отеченост . Сепак најубаво оди си на лекар и кажи ги сите симптоми :)
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Пред некое време правев целосна крвна слика,ништо не ми најдоа,се беше океј...За слепо црево,не ми се верува дека е до толку,ама ај ќе почекам уште малку,па ако не престане скроз ,ќе одам...Иако не ме боли цело време,само кога сум уморна,кога сум стоела...
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    За болката во стомакот може да ти е вопаление на јајник. Исто боли како слепо црево. Провери се и на гинеколог.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Забележав пред некој ден дека ноктите на рацете ми се чудни. Значи, немаат променето боја, бојата им е ок, ама на палците имам како дупчиња, мали вдлабнатинки навнатре и на двата палци. Исто и на малите прстиња имам такви дупчиња, само не се толку изразени како на палците. А на двата показалци имам како линии-вдлабнатини, се протегаат хоризонтално од еден крај на ноктот до друг. На левиот показалец се повеќе такви линии, а на десниот имам само една, но е поизразена и подлабока. На двата прста измеѓу немам ништо. Дали може да е ова причина за загрижување? Или е едноставно недостаток на витамини и сл.? Многу ми е чудно зошто на палците дупчињата се на потполно исти места, како така да треба да биде нормално ноктот. А многу се нерамни на допир, и палците и показалците.
    Ајде некој поупатен да ми даде совет дали да си трошам време на лекар или не е ништо сериозно? Оти некако глупаво ми е да отидам на лекар за ова :wasntme:
     
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    не знам дали баш тука треба да го поставам прашањево ама ако не е за тука модераторите нека го преместат, стварно не знаев каде да прашам :)
    Цетиризин апчињата која функција ја имаат? за што служат? :?: :(
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.177
    Допаѓања:
    156.616
    Антихистамин е цетиризинот.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Недостаток на витамини, не е страшно. Обично во пролет или есен се јавува таа работа и кај мене го имам тоа забележано. Повеќе Б витамини и калциум, цинк
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дечки, значи стварно решив дека морам негде да се обратам (малце смешно звучи, иако одамна не ми е до смеење)

    Пред десетина дена имав мал стрес, додека го совладував тој стрес, ми се деси уште нешто...
    Физички не ми е ништо - сеуште.
    Од тогаш па навака, секој ден имам некои - да ги наречам напади.. на параноја, на нервози, на трескање од земја и плачење... 20 - 30 минути ме држи и после знам дека за глупости сум се изнервирала. Ама во тие 20тина минути цел свет ми се руши, не можам да се контролирам што зборам, што правам, мислам дека ќе останам сама и секакви мисли ми доаѓаат што не можам во моментот да ги контролирам. Насилна, фала Богу сеуште не сум ...
    Тешко ми е да си се поднесам сама ... мислам да можам од кожа би си излегла...

    Претпоставувам дека би било пожелно и убаво да зборувам со психолог или не знам со некој што има претстава што ми е, и како по ѓаволите да си ги контролирам мисливе... знам дека е највеќе до мене, но се плашам дека ова моево ќе излезе од колку толку каква и да е контрола што ја имам... Некој да каже нешто????
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Личностите што мислиш дека се виновни за оваа твоја ситуација т.е оние што те доведуваат до таквите напади-одма ги тргај од твојот живот.
    Секогаш кога ќе се изнервираш пробај да дишеш со длабоко земање воздух и повторувај си во себе дека никој не може да те изнервира.

    А ако ова не упали, посета на психолог нема да ти дојде лошо ;)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Teddy да не те мава ПМС? Јас обично така се чувствувам кога сум во ПМС. Ми се руши цел свет и одеднаш мене никој не сака и јас ќе останам сама и се што правам правам грешка и бла бла бла, секакви глупости ми паѓаат на ум. Ама потоа си ја удирам пресметката и сваќам дека за недела до две треба да ми дојдат ''гости'' и се трудам некако да го истуркам тој период, оти знам дека после ќе си бидам ок.
    p.s. Сега видов дека си 21 година, а некаде имам прочитано дека овие пмс симптоми може да се интензивираат помеѓу 20 и 30 година.
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ако во тој момент осеќаш силен страв и паника и тешко дишење, можно е да е анксио-фобично нарушување...Или ако те тера на плачење...
     
  12. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Сакав да прашам за ова пред извесно време ама сум заборавила па еве сега..

    Забележав дека десната града ми е за нијанса поголема од левата.Читав на гугл било нормално, голем процент од женскиот пол го имале овој проблем, но дека не било ништо опасно.
    Дали некоја има сличен проблем и дали такви ке си останат,нееднакви или пак со тек на времето ке се изедначат,(несакам да одам со една поголема една помала) ? :lol:
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ништо на телото не е пропорционално. Пробај ако можеш да забележиш и дека едното стапало ти е поголемо од другото, едната рака е подолга од другата итн итн итн.
    Колку да те утешам, левата града ми е поголема од десната :) левото стапало ми е поголемо од десното.

    А не се толку познава дека се различни градите како што ти мислиш (освен во такви случаеви каде разликата е гооооолема).
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на одговорот на Блонд, мојата лева града е поголема од десната, впрочем таа прва почна да ми расте во 7 мо одд :lol: Не се забележува многу, освен ако ептен не загледаш, така да не верувам дека сме ние единствени, нормално е тоа.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Денеска на крвната слика ми покажа Триглицериди 3,6 а нормални се до 1,8 , холесеролот и шекерот ми се супер,но матичната ништо не ми посочи за Триглицеридите, дали се многу штетни како холесеролот?или што да правам?Читам на нет дека требало да се припазува на јадење и да не се јаде леб и благо за да се намалат,па сеа незнам што да правам.Ме загрижува што ништо не ми кажа докторката. Helppp :worried: :(
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ај и тука да си прашам, зошто менструацијата е некогаш црна како кафе ??? Знам дека може да е некое хормонално пореметување а др. нешто што би било. Знае некој?
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ти грешка си нешто :^) Нормална вредност на триглицеридите е <2,2, а твоите се 3,6...Покачени ти се малку, ама не е екстремен случај на покачени триглицериди, како што сум имала прилика да видам кај некои...Припазувај на исхраната, со тоа што ќе избегнуваш храна со заситени масни киселини(тоа како приоритет), а да гледаш и многу лимон да конзумираш, посебно на сабајле зошто го забрзува метаболизмот на мастите во организмот. Не е лошо и зелен чај да си пиеш и брокула свежа обавезно..Готви ги јадењата со маслиново масло, ладно цедено и нерафинирано. Сокот од јаболка исто е добар.
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ако при крај на менструалното крварење се забележи темен исцедок (темно-кафен накај црн), тоа е нормално - значи последниот ден, два...Ако сите денови исцедокот е темен, тогаш тоа не е во ред. Побарај мислење од гинеколог и кажи доколку пиеш некакви хормонски препарати(контрацепција и сл.)
     
  19. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Фала многу од утре припазувам дефинитивно ;)
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Секоја пролет имам здравствени проблеми. Најверојатно сум лергична сум на полен, само што мојата алергија се манифестира со кашлање и болки во грлото.
    Почетокот на март пиев амоксиклав и пропратно лоратадин. Сега пред едно 10 дена завршив со алмацин и дексаметазон.
    Ден-два престаа болките во грлото и кашлањето. Од вчера пак сум со болки во грлото и поткашлувам.
    Навистина премногу е ова. Два месеци не можам да се опоравам. Се разболувам еднаш во годината и се овој период.
    Или докторкава не е во ред, неможе да ми ја погоди терапијата или не знам што е работава?
    Ама јас не сум веќе паметна, навистина не знам што уште да направам да го решам ова со кашлањето и болките во грлото. Не се трпи веќе, кога лекарства не помагаат да не зборувам за домашните лекови.
    Што да направам? Чаре? Да ја сменам докторката ако не? :?: