Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.095
    Пол:
    Женски
    Неможеш никаква беља да си направиш.
    Облоги со ракија и слично никако неможат да ти наштетат.
     
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас го имам вториов случај и се влечкам со години и секогаш рзлични дијагнози а се имам се испитано и се ми е во ред.А болките се точно како што ги опиша ти.
     
  3. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.925
    Читав и од повеќе за можни опасности и последици, ама сите се за во случај кога има Igm антитела, односно ако во моментот или неодамна имало инфекција, кај мене се Igg антитела, значи некогаш имало инфекција, само не се знае кога и пак постои некоја опасност. Па незн сепак колкавав е ризикот :(
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ^ Знаеш, треба мудро да размислиш. И можеби да бидеш малце себична. Да немаш многу голема грижа на совест, да не речам - да бидеш рационална. Размисли пред се` дали си спремна да го гледаш тоа дете, она, гледаш во конкретна смисла. Доколку се јави ментална ретардација ќе имаш ли трпение, желба, сила и покрај тоа што се мачи да го чуваш и да се трудиш да допреш до него, иако да допреш до него може да биде и тешко и невозможно. Голем број на родители одлучуваат да донесат на свет такво дете, го оставаат во Топанско Поле или во Дом за слепи, и кога ќе дојде Нова Година и сите идат да си ги земат дечињата, некои со прашалници во очињата прашуваат зошто мама и тато не ги земале. Најверојатно оти болката им е неиздржлива а е многу нечовечно од кога на свет ќе донесеш дете со пречки да го оставиш само на себе.

    Ова од аспект морален, за медицинскиот дел и шансите за ризик, и дали можат да се разграничат, треба да разговараш со доктор. Тешко е да имаш дете до кое неможеш да допреш и да му покажеш колку се грижиш за него, особено кога самото не е свесно оти минува низ многу голема тежина.
    Но пред се, биди спремна на неколку јасни работи од ситуацијата:

    -Или ќе се роди здраво и живо.
    -Или ќе се роди здраво и живо и ќе се појави пречка подоцна во животот.
    -Или ќе се роди со некоја лесна, умерена или длабока ретардација и ќе треба да се грижиш за него, бидејќи какво и да е, тоа е твое дете и ти ќе го донесеш на светов и нечовечно е да го запоставиш.


    Размисли рационално. Вакви работи се случувале и секогаш ќе се случуваат. Не си единствена. Ако решиш да го родиш и има попреченост има луѓе кои можат постојано да работат со него, ама кој ќе биде крајниот резултат никогаш не се знае, може да го има и да биде незабележителен.

    Ти посакувам многу среќа и се најдобро, се надевам дека ќе ја донесеш вистинската одлука и без голема тежина ќе го надминеш овој проблем.


    Посетувај и психолог, бидејќи што и да одлучиш, треба да останеш цврста и со бистра глава.
    :hug:
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Имам сериозен проблем со носот.Во последно време по 2-3 пати на ден ми тече премногу крв од него.И тоа секојдневно.Не знам што се случува.Доколку е од недостаток на витамини,јадам обилно зеленчук и овошје.Што е проблемот доколку некој знае,ако може за помош. :?: :?: :?:
     
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    ови денови ми се случува како да ми пагаат звезди пред очиве и како црни точкички ми се гледаат наокули знае ли некој за сто се работи :D
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Можеби имаш висок притисок, и од тоа може да тече крв од нос. Провери си го притисокот, па ако не е тоа, консултирај се со лекар.
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ахх ништо не е тоа, ми се има мене случувано од умор, или ако малце ми се воспалени очите од шминка и слично, или од јако светло. :D Но штом ти е веќе неколку дена, може си хронично уморна или некоја ситна инфекција да имаш. Јас мислам дека не е ништо страшно, се надевам не грешам. :)
     
  9. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    ti blagodaram pa sigurno e od umor bidejki pred dva dena proveruvav krv i doktorot mi rece deka e se vo red :) pozz
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    ги имам сите симптоми како во вториот случај
    болки низ целиот стомак
    бодежи нај често на десната страна ,
    гадење
    вкочубање на десната нога и сл , од сите симптоми само температура немам и повраќање
     
  11. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Па би можело да станува збор за хроничен апендицит, но тоа е најлошата работа со апендицитот, не постои тест што сигурно ќе потврди дека се работи за апендицит се додека не се направи експлоративна операција на тоа место. Кај акутниот апендицит постојат многу индикации кои можат да посочуваат кон такво нешто но со хроничниот е многу поразлично. Значи мој совет би бил крвна слика и ехо. Ако се е чисто, оди на дигестивна хирургија во државна во Скопје. Значи таму докторите се многу по компетентни за разлика од овие по другите градови(сум имал искуство и со тие и со тие) и закажи преглед со проф. д-р Јанкулвоски или проф. д-р Јаневски, има уште 1-2 добри доктори и објасни им ја твојата ситуација, и се надевам дека ке се разрешат твоите проблеми.

    Голем уддел во воспалувањето на апендиксот има исхраната, нездравиот начин на исхрана односно таканаречената американска диета(газирани сокови, брза храна) знаеш за што зборувам придонесува кон воспалување на апендиксот, додека медитеранскиот начин на исхрана го спречува апендицитот. Затоа САД имаат 7-8 пати поголема стапка на апендицит од приморските медитерански земји.
     
  12. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    здраво девојки. Имам мал проблем. На ципата на едната нога ми се појавуваат често како грутки и ме болат. По одреден период се формираат во мозолчиња и истекува гној. Сакам да ве прашам некоја случајно да не имала ваков проблем или од што може да се појавуваат?
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    90.367
    Пол:
    Женски
    Знаете ли некој лек против киселини ? Сестрами ги има често и сакам да и помогнам :worried: што да проба да ги ублажи знаете ли нешто ?
    Благодарам
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Луѓе викаат оти им се смируваат киселините кога ќе голтнат семка од маслинка, ако се напијат поголемо количество минерална вода,јогурт,ѓумбирот помага, исто така ако се голтнат 3-4 зрнца жив ориз,ладно млеко,јаболка,мед, и има едни таблетки што многу луѓе ги практикуваат, на природна база мислам дека се - РУПУРТ.
    И да внимава на исхрана, да избегнува пржено, тешки лиснати, конзервирана храна, зимница..
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Постојант многу, но најдобро би било сестра ти да посети лекар-специјалист кој точно ќе утврди за што се работи бидејки може да се работи за гастритис/ГЕРБ(гастроезофагијална рефлуксна болест)/чир/хелио бактер. и други заболувања за кој е потребно соодветно лекување. Закажете преглед кај интернист или на клиниката за гастроентерохепатологија(ако сте од Скопје, ако не одделение за интерна медицина или кај приватен интернист во останатите градови).
    Како што ви беше сугерирано од страна на gingerchild Рупурут/рутацид се одлични таблети за џвакање кои делуваат моментално и ја намалуваат киселината и се пијат од 3-5 таблети дневно по потреба најчесто или 30мин-1 час после оброк, несакани ефекти скоро и да нема но бидејки содржат алуминиум прекумерна употреба не е препорачана.
    Ако киселините се појаки може да пие Ранитал од 150 мг(1-2 дневно).
    Да се избегнува мрсна, пржена, преработена и конзервирана храна, алкохол, газирано, цигари и кафе и оброците да бидат помали ,а почести.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    90.367
    Пол:
    Женски
    За некои од овие имав слушнато т.е знаев само за семката од маслинка и за зрната ориз се друго ми е првпат што слушам ... Ти благодарам gingerchild Абе јас мислам дека оваа самата си го направи нагло ослабе (нејадејќи ништо) и сега ако касне нешто ја фаќаат киселини ....
    Ако продолжи така ќе мора да оди на доктор :worried:
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    5.901
    лекарката ми ги даде овие 3 вагиналети кои ме чинеа 15 денари.. поради тоа што сум имала бели дамки на матката...

    ги употребувала некоја од вас или ..?
     

    Прикачени фајлови:

    • pagejjjj.jpg
      pagejjjj.jpg
      Големина на фајлот:
      41,9 KB
      Прегледи:
      220
  18. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Сакам да ве прашам колку време откога престанавте да ги пиете прималут нор сте добиле?
    Еве помина 3 дена денеска 4 ден што ги пијав десет дена а сеуште не сум добил.
    почнав да се плашам од што би можеле дали е касно веќе 4 дена да ми касни а да не добијам?
    Пред терапијата ми каснеше 20 дена бев ме погледна на ехо гинекологот и ми рече нема ништо.пиј ги овие десет дена ќе добијаш после.Можно ли е да сум бремена не знам веќе што да помислам споделете неко искуство?
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    90.367
    Пол:
    Женски

    Јас сум правела таква терапија 3-4 пати до сега и секогаш добивав на 3-иот ден вакво искуство не сум имала :worried: Се надевам дека ќе ја решиш дилемата наскоро но ако не добиеш и утре те советувам да појдеш обавезно кај твојот гинеколог .
     
  20. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.925
    Фала многу на посветеното време за твојов коментар.
    Според матичниот од скринингот зависи што ке покаже, особено скринингот на срце, ако е се ок не треба да има проблем за бебето. Пошто антителата се Igg, значи некогаш сум ја прележала рубеолата, а не се знае кога, најверојатно не е во бременоста. Здравје да ги видиме резултатите па ќе знаеме што понатаму.
    Фала уште еднаш