Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Нема проблем, секогаш кога сум во можност да помогнам, се чувствувам среќен. Иначе сеуште не сум доктор. :D

    А тоа што ериторицитите не се намулувале со поголема брзина дава индикации дека крварењето не било обилно. Не мора да се плашиш толку, веројтано проблемот е среден до сега но за секој случај направи ехо и крвна слика.
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Лек, вака. Престани да јадеш нездрава храна. Односно намали или ако можеш престани со храната(што американците би ja нарекле како "junk food"): чипсови, брза храна, пржена храна и т.н.
    Вежбај редовно, посебно кардиоваскуларни вежби и јогата е доста добра исто така.
    И еден народен лек за нозете, миј ги во леген со млака вода и едра сол.

    Колку што те разбрав, ти нашле проблем со згрутчување на крвта, така?
    Андол покрај своите примарни употреби, служи и за намалување на ризикот од срцев удар и аспирин протект ја има истата улога па ако тие повеке ти одговараат можеш и аспирин да користиш и ако јас би те советувал да се придржуваш кон препишаната терапија. Верпамилот е блокер на калциумовите канали и служи за третман на хипертензија, аритмии и служи за превенција на срцев, мозочен удар и т.н.
    Немој да бидеш "worried", а првата недела-две од почетокот на земање на верпамил може да имаш некои благи нус појави како што се чувството на уморност и на депресија, би требало да помине.
    За сега држи се на препишаната терапија и не престанувај да ја земаш се додека докторот не ти каже бидејки тоа може да биде опасно за твоето здравје.

    А природни лекови, како и кај многу други болести, нарушувања и така натаму, најдобро е да не: пиеш алкохол, пушиш цигари, избегнувај мрсна и пржена храна и вежбај редовно.
     
  3. sementa

    sementa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    фала на советот инаку не пушам цигари, ни алкохол не пијам а за вежбајне немам многу време бидејки сум мајка на две деца 4 и 13-годи немама баш многу време со нив се бавам .А што се однесува до храната често имаме на маса сервирана пржена храна ама со многу салати.И не ми нашле згрутчување него густа крв едали е тоа исто или не незнам а инаку препишаната терапија секако дека ке ја продолжам верапамил заедно со дијазепам од 2мг и андол 100 .
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    А да дадеш крв? Стани крводарител, ќе видиш како ќе ти се смени цел организам :)
    Од искуство на сопругот ти го кажувам ова, се спаси од густата крв откако почна да дава крв на секои 3 месеци, БЕЗ ИСКЛУЧОК.
     
    На sementa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    значи веќе 7 дена имам температура и тоа варира од околу 37.0 до 38.8 ама најчесто е до 37.8
    Пијам парацетамол само ама пред околу 15 дена почнав да пијам едни капки на хомеопатска база и зеолит за прочистување на организмот од апчињата што ги пиев веќе 7 години за кои мислиме дека се погрешно дадени
    и сега што да правам ке се напијам парацетамол 2-3 саата неам температура и после пак имам и се така цела недела веќе
    дали ми е од тоа што сум ги оставила апчињата и сега организмот произведува од тие бактерии и сега за да ги уништи ја крева температурата или пак ми се чисти организмот??
    случајно некој да не имал ваков проблем?
     
  6. Miss-Sinner

    Miss-Sinner Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Zdravo devojki, ve molam za mislenje..
    Precesto imam urinarni infekcii, se
    manifestiraat so naduenost na stomakot, silni
    bolki, pecenje pri mokrenje i precesto
    mokrenje gi lecam so antibiotici i caj od
    brusnica no me zagrizuva sto stanuvaat mnogu cesti. Citam nesto po forumive deka
    toa bilo mozno od premnogu redoven seks, ima nekoja
    od vas so slicno iskustvo? Vi blagodaram
    odnapred.
     
  7. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Аа, се извинувам моја грешка :D, ми беше малку чудно и на мене бидејки јас те разбрав проблем со згрутчување ,а не ти дале лекарства за коагулација. Под густа крв, веројатно мислиш на зголем број на еритроцити, или еритроцитоза. Е сега вака, тоа се случува кога е намалена количината на крвната плазма, има многу причинители, но во твојот случај тоа најверојатно е високиот крвен притисок, па затоа и терапијата со верпамил.

    Види вака еден совет за животниот стил, вака немора да одиш да вежбаш во теретани, фитнес центри и т.н.
    Одвој 40 минути во текот на денот за некои кардиоваскуларни вежби и вежби за истегнување(ако имаш стационарен точок, орбитрек) или пак ако си во можност џогирај 30 минути во денот, ќе видиш каква промена ќе внесе тоа во твојот организам. Е сега вака, во однос на храната, една грешка што сите ние ја правиме е тоа што јадеме салати заедно со главниот оброк. Колку повекеобразна храна јадиме наеднаш тоа го тера нашиот организам да лачи повеке видови на ензими што не е во корист на организмот, затоа салатите најдобро 15-20 мин пред или после јадење, а во однос на храната, колку што можеш помалку пржена и зачинета. А поради тоа што имаш и висок крвен притисок, најдобро би било и кафето да го намалиш или ако можеш да го прекинеш.
     
  8. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Случајно апчињата да не се бета-блокери(атенолол и т.н.) или пак ако не се што апчиња пиеше?
    А еден совет, можеш ли да прекинеш со капките и зеолитот на ден-два и види дали ке ти се симне температурата, бидејки може да се некој вид на реакција и на капките или зеолитот или пак одговор на прекинатата терапија на претходните апчиња што си ги пиела, затоа ме интересира што апчиња си пиела.. :D

    Нека ти земат брис, може да се работи за е. коли или некоја друга бактерија, или пак да се работи за некоја сексуално пренослива болест, па затоа и една крвна анализа со спб панел би било добро. И ако сите овие се вратат негативни, на крај би можело да биде и габична инфекција(најверојатно кандида) па се појавуваат често бидејки пиеш антибиотици ,а тоа го промовира размножувањето на габичките, иначе прво исклучи ја можноста за првите две па потоа ова третово.
     
  9. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Здраво ,

    Имам еден проблем. На левата нога капачката трета ден постојано без прекин ми се ужестува многуу и наеднаш изладува и се така. Дење - ноќе , без прекин.

    Се осекам како да запалиле на тоа место 3 кубикаа дрво :( Тек во петок можам да одам на лекар, прво не обрнував внимание но како не прекинува со денови почнувам да мислам што е.
     
  10. sementa

    sementa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    :Dфала ти NIKOLA ке го земам во предвид советот со одвојувајне од 40 мин на ден за вежбајне за да си посветам малку време бидејки сум млада има само 30год и некам да бидам зависна од лекови на ова воздрас инаку многу по добро се чуствувам откако почнав ,да се искажам во форумот. :D :D
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.320
    Допаѓања:
    12.241
    Пол:
    Женски
    На десната страна на грбот, најгоре, веднаш под рамото, ми се јавува бодење како со нож, трае неколку секунди а се јавува на 10-15 мин ама сепак болно е :| , веќе 4,5 дена ми е вака. И претходно ми се јавуваше ама на пример во 3,4 месеца 2,3 пати. И секогаш боцкањето се наоѓа во иста точка на исто место, што може да е, почна да ме загрижува :sweat:
     
  12. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Може да станува збор за истегнат мускул или можеби за камен или некој друг проблем во жолчката.
    Би требало да се консултираш со лекар. Ако се работи за мускул, најдобро да ја посетиш Шинка, веројатно си слушнал жената се наога близу Струмица и се занимава со истегнати мускули и т.н.

    Ако се работи за жолчката или евентуално црниот дроб, твојот доктор ќе те упати кај соодветен специјалист.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Постојано ми излегуваат модреници, ту на раце ту на нозе, ту на грб....
    А не се удирам никаде. Можно е да е нешто од крвта или не?
    Се чудам дали има некои посебни тестови за откривање, затоа што досега сум немала проблеми со крвта и воопшто не сум слабокрвна :(
     
  14. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вака има еден куп причинители за тоа, најдобро би било да отидеш на лекар и да ти направат комплетна крвна анализа, може да ти набројам неколку причинители но без намера да те исплашам, затоа најдобро да отидеш на лекар.

    -Преголема изложеност на сонце(но тоа е малку веројатно)
    -Лекарства(Аспирин, Бруфен, Андол и други НСАИЛи, лекарства што содржат омега 3 масни, лекарства за намалување на триглицериди и др.)
    -Проблеми со коагулација(згрутчување) на крвта
    -Скорбут( доста сериозно заболување се јавува поради недостаток на витамин Ц, други симптоми: лесно крварење, меки и крвави или непца што крварат, проблеми со скелетниот или мускулниот систем.
    - И други.
     
    На Victory15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Devojki imam eden problem..utrovo mi se odese golema nuzda no nemase izmet samo kako beluzlikava gusta tecnost I malku krv..od sto moze da e toa? Mnogu se isplasiv :worried: izvinete za fontot od tel sum..
     
  16. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пред да почнам, што јадеше вчера?

    Нејкам да те плашам, но тоа не е добар знак.
    Сега вака, белузликава течност? Изметот/течноста беше со бело-сива боја така? Тоа посочува кон проблеми со жолчката или црниот дроб. Белиот измет е најчест при обструкции на жолчните канали. Сивиот измет посочува кон проблеми со панкреасот.
    Имаш ли некои други симптоми? Болка во горниот дел од абдоменот или болка околу или над желудникот, болка во горниот десен квадрант? Било што друго што не е вообичаено за тебе?

    Е сега вака крвта, крвта е показател кон крварење во долниот дел од интестиналниот тракт, односно дебелото црево, ректумот или аналниот отвор. Може да се работи за хемороид, чир, колитис(воспаление на дебелото црево), дивертикулоза и мн. др. и како најстрашен канцерот(иако доста редок, скоро невозможен на твоја возраст).
    Затоа уште еднаш имаш ли некои други симптоми(болка, повракање, вртоглавица, било што) и секако види дали ова ќе ти се повтори утре и обавезно на лекар.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    162.833
    Сега малку глупаво е да прашувам,ама извадена сум од памет.
    Не знам колку е возможно ама мене прв пат ми се случува.
    Забележав на левото палче на ногата пред еден месец како темно сина, лилава флека. Прво си помислив карцином на кожа, нели постои таков, ама откако се соземав, ми текна дека тие денови се скапав од трчање лево десно на штикли кои напред се потесни и викам сигурно е пукнат капилар или сум се удрила,па потемнело. Арно ама сега баш викам чекај да видам што се случува и гледам дека малку сменило боја,побледо кафеаво, со темно виолетово во една точка, но се уште е таму...
    Прашањето ми е, дали ви се има случено од удар да имате промена на некој нокт и колку обично ви траело? Хематом на друго место од телото и хематом на нокт сигурно не е исто... па дури и ако има крв избиено, под нокт не може да истече.
    Во понеделник прво нешто што ќе направам е ќе одам на лекар, ама до тогаш само ќе гуглам и ќе го мислам. И пред еден месец го гуглав и имаше споредба хематом или канцер, никогаш не си на чисто, ама канцеров беше темен, сив, црн, ова мава на виолетово...не знам,ме плаши да бидам искрена.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Не разбрав , ноктот ти е виолетов така ? Ако е така веројатно е повреда и ќе ти падне за некоја недела. Ми се нема случено на ногата ,ама на раката да , беше потемнет ноктот ,менуваше боја баш како што опишуваш за да на крај да падне . Не се сеќавам точно колку време ама знам дека подолг период си носев виолетов нокт :D
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Ушите да си јадеш!
    Не гуглај така, од кондурите е. Не мора да се удреш за да потемнее ноктот, доста е ако кондурите ти биле тесни или створиле доволно притисок подолго време на ноктот. Модреница е. Самото тоа што уште мава на виолетово, модреница е, може со време и да пожолтее каде е побледо кафено. И да не те боли на допир веќе, ноктот се офарба од крвта што избила под него, па ќе си стои таму додека ноктот не израсне, зависно колкава е модреницата, ако е низ целиот нокт тој евентуално ќе падне и нов под него ќе израсне, ако е на мало место само ќе си израсне постепено и ќе го исечеш. Ќе постои таму некој месец, ноктите на нозете бавно растат во споредба на рацете.

    Да видиш ти стапала на некој кој истрчал маратон, веднаш ќе ти олекне дека кај тебе е само на еден нокт. Не му се плаши.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    162.833
    Не, не ме болеше ни тогаш, ни сега.
    А и не е цел, туку 5-6 милиметри од целата плочка, од страна. :worried:
    Не ја има сменето позицијата и ме нервира, а ноктот си расте.

    Се надевам дека е модрица. Се воздржувам да не гуглам зошто ќе си починам од срцев удар ако не од рак.